потпорен ѕид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Nov 2020 06:52:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потпорен ѕид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По уривањето на потпорниот ѕид, ВМРО-ДПМНЕ бара мораториум за градба во Црниче и Пржино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/#respond Thu, 19 Nov 2020 06:52:01 +0000 https://kurir.mk/?p=431483

Потпорен ѕид на куќа во Пржино во чие непосредно соседство се градат дури четири повеќекатници се урна вчера попладнето. „Падна ѕидот во Пржино! Ова е втор ѕид што падна во Пржино! Браво градоначалник!“ се првите коментари за урнатиот ѕид во Пржино на социјалните мрежи. Граѓаните бараат одговорност за загрозување на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во Пржино и бараат премиерот Зоран Заев да ги повика на одговорност оние кој издале одобрение за градба на големи згради на толку мал и пренаселен простор. На повик на граѓаните, вчера на лице место излезе и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода. -Урбаната мафија продолжува со поддршка на локалната власт да го практицира нивното самоволие, од кое за среќа вечерва по паѓањето на потпорниот ѕид нема жртви. Како советничка група бараме вонредна седница на која ќе биде донесен мораториум за градба во Црниче и Пржино, но и ќе запрат и ќе се ревидираат сите сомнителни градби веќе отпочнати изминатиов период, истакна советникот Орце Ѓорѓиевски. Минатата недела граѓаните кои живеат во непосредна близина на градилиштето го блокираа приодот кон парцелата на која, според нив се градат премногу големи објекти кои според својот габарит не одговараат на локацијата, каде доминираат индивидуални куќи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/po-urivanjeto-na-potporniot-dzid-vmro-dpmne-bara-moratorium-za-gradba-vo-crniche-i-przino/feed/ 0
Целосно урнат потпорниот ѕид на Коридорот 10 кон Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/#respond Mon, 20 Aug 2018 12:37:22 +0000 https://kurir.mk/?p=89925

Бетонскиот потпорен ѕид кој вчера делумно се урна на Коридорот 10 во Грделичка клисура, денеска поради лизгање на земјиште целосно е урнат, јави МИА. Овој потпорен ѕид, кој се наоѓа на Коридорот 10 на делот од автопатот во изгрдба кон Македонија, на делницата Горно Поле- Царичина долина, во изминативе пет месеци паѓаше дури трипати. Попорната конструкција вчера во должина од 50 метри и дестабилизација на делот од заштитната косина со вкупна должина од 725 метри, со што се уништени околу 500 квадратни метри галерија над местото каде се гради десната лента на новиот автопат. За време на паѓањето на бетонот, земјата и камењата во близина немаше работници. Србија, после вотрото паѓање на бетонскиот потпорен ѕид го ангажираше стручњакот на Светската банка Мариноса Скемпаса, експерт за косини за да го реши овој проблем, но сепак повторно дојде до уривање на потпорниот ѕид. Со оглед на тоа што степенот на физичката реализација на оваа делница достигна 90,5 проценти изведени работи, работите на овој дел од трасата на Коридорот 10 ќе продолжат и покрај неопходната реконструкција на оваа градба, се истакнува во соопштението за јавноста, во кое не се наведува колку овој проблем ќе го пролонгира пуштањето во употреба на новиот автопат кон Македонија. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/celosno-urnat-potporniot-dzid-na-koridorot-10-kon-makedonija/feed/ 0