потпретседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 24 Jan 2022 11:43:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потпретседател – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-potpretsedatel-na-evropskata-narodna-partija-vo-ps-na-sovet-na-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-potpretsedatel-na-evropskata-narodna-partija-vo-ps-na-sovet-na-evropa/#respond Mon, 24 Jan 2022 09:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=622401

Во периодот од 24 до 28 Јануари се одржува зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа во хибриден формат заради состојбата со корона пандемијата. На сесијата која почна утрово пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е избран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија во Парламентарното Собрание на Совет на Европа, информираат од ВМРО-ДПМНЕ. Овој избор значи дека Николоски ќе биде еден од лицата кои ќе координираат со работата на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа. Покрај Николоски на оваа значајна позиција избрани се и Бернард Фурние од Франција сенатор со најдолг стаж една од најзначајните фигури на француската политика, Дора Бакојани од Грција поранешен министер за надворешни работи, Улрих Вокер од Германија, Луис Рамос од Португалија и Ингерд Шо од Норвешка. Николоски во својот ангажман секогаш ќе стои во промоција и одбрана на интересите на Македонија, како и на националните и јазични малцинства во регионот, како и правото на македонците на самоопределување во сите балкански држави, како што тоа го правеше и во минатото. ЕПП е најголема политичка сила во Европа, со најмногу пратеници во Европскиот Парламент и во ПС на Совет на Европа, како и најмногу премиери и претседатели на држави, а од ЕПП доаѓаат и првите луѓе на Европската Унија пред се претседателката на Европската Комисја, Урсула фон дер Лајн, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aleksandar-nikoloski-izbran-za-potpretsedatel-na-evropskata-narodna-partija-vo-ps-na-sovet-na-evropa/feed/ 0
„Костадинов, како Заев и Ковачевски, наместо за народот и државата, кажа дека работи за лични и партиски интереси“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/#respond Fri, 14 Jan 2022 07:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=619205

СДСМ е партија која владее заради остварување на личните и партиските интереси, а не за интересите на Македонија и на народот. Тоа го признава и самиот потпретседател на СДСМ, Перо Костадинов кој самиот изјави дека „Се наоѓаме во период кога партиските интереси и кога личните интереси мора да се стават над државните интереси и навистина сум човек кој го протежира тоа“, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата додаваат и дека не е ова само лапсус, туку потсвесно признание говорат фактите. -СДСМ заради бизнис интересите на фирмите врзани со партијата дозволи Македонија да западне во најтешка енергетска криза. Заради криминалот, корупцијата и личното богатење на функционерите во власта народот потона во сиромаштија и сме најкорумпирана држава, најсиромашната земја во Европа и сме најнесреќна нација. Заради провизии и бизниси на власта најлошо се справуваме со здравствената криза и сме црни рекордери по смртност во светот и Европа. Признанието на Костадинов е само потврда на тоа кое што сите го знаат, дека СДСМ се водат исклучиво од личниот и партискиот интерес. Тоа го правеа и го прават Заев и пиунот Ковачевски,тоа го прават и останатите функционери на СДСМ. Тие се сметаат како елита која природно треба да владее на грбот на граѓаните, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kostadinov-kako-zaev-i-kovachevski-namesto-za-narodot-i-drzavata-kaza-deka-raboti-za-lichni-i-partiski-interesi/feed/ 0
Ново крвопролевање: Талибанците го убија братот на поранешниот потпретседател на Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-krvoprolevanje-talibancite-go-ubija-bratot-na-poraneshniot-potpretsedatel-na-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-krvoprolevanje-talibancite-go-ubija-bratot-na-poraneshniot-potpretsedatel-na-avganistan/#respond Sat, 11 Sep 2021 10:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=562310

Талибанците го убија Рохула Азизи, братот на поранешниот авганистански потпретседател Амрух Салех, како и неговиот возач во северната провинција Паншир, изјави денеска братучедот на Салех. Шуреш Салех рече дека неговиот вујко Азизи заминал во четвртокот, кога бил запрен од Талибанците на контролен пункт, пренесе АП. - Слушнавме дека Талибанците го убиле во моментот кога тој и неговиот возач биле контролниот пункт - додаде тој. Шуреш Салех рече дека не е јасно каде отишол неговиот вујко, борец против Талибанците, кога бил фатен од Талибанците. Тој додаде дека телефонските линии не функционирале во областа каде што се случил злосторството. Потпретседателот Амрула Салех ги предводеше силите на отпорот против Талибанците во Паншир, провинција која беше последна што им се спротивстави на новите владетели на Авганистан, додава АП.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/novo-krvoprolevanje-talibancite-go-ubija-bratot-na-poraneshniot-potpretsedatel-na-avganistan/feed/ 0
Ќе биде ли Филипчe заменик потпретседател на СДСМ, од надежен министер, личен пријател на Заев, па се до негов партиски полтрон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-bide-li-filipche-zamenik-potpretsedatel-na-sdsm-od-nadezen-minister-lichen-prijatel-na-zaev-pa-se-do-negov-partiski-poltron/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-bide-li-filipche-zamenik-potpretsedatel-na-sdsm-od-nadezen-minister-lichen-prijatel-na-zaev-pa-se-do-negov-partiski-poltron/#respond Sun, 16 May 2021 10:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=510937

Од наши блиски извори дознаваме дека денеска на 26 Конгрес на владејачката СДСМ за нов заменик претседател ќе биде избран министерот за здравство Венко Филипче. На ова место Филипче доаѓа откако наводно министерката за одбрана Радмила Шеќеринска пред скоро еден месец се повлече од функцијата, изјавувајќи дека на политичката сцена и на СДСМ им е потребно продуцирање на нови кадри. Но, нашиот близок извор брифира дека незадоволството во СДСМ се зголемуваат откако претседателот Зоран Заев почнал да го фаворизира Филипче како свој близок човек. Несогласувањата во СДСМ растат бидејќи како што вели изворот не се согласуваат министерот за здравство Филипче да биде поставен на ваква висока партиска функција бидејќи не бил човек од партијата. Тензичната атмосфера се влошува, откако медиумите споменаа неколку имиња сите се разочаравме околу информацијата за поставување на Венко Филипче за нов заменик претседател на СДСМ. Која е неговата заслуга во партијата, зошто од вчерашен советник на поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, денес ќе го избираме за нов заменик претседател на никој не му е јасно. Разочарувањата навистина се големи, има многу позаслужни стари членови кои ги знаат политиките на СДСМ и биле во СДСМ и во време на опозиција кога било најтешко, но и сега, вели изворот. Претседателот Зоран Заев не може сам да ги креира политиките во СДСМ, недозволиво е високите партиски функционери да се бираат врз основа на лично познанство и пријателство, сепак имаме ние високи партиски органи на кои мора да ги дискутираме идните чекори на партијата, од организација па се до тоа како ќе делува. Партијата стана човек партија и далеку е од она што се обидуваат да го претстават во јавноста како демократска партија, додава изворот. Дали ќе се потврдат шпекулациите останува да видиме до самиот почеток на 26тиот Конгрес на СДСМ, а како што вели изворот се прават последните калкулации околу имињата. Медиумите пак пренесуваат дека покрај министерот Филипче, грбот на Заев ќе го чуваат и уште двајца негови заменици а како можни имиња се спомнуваат директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ Бужаровска. Со овие шпекулации се отвора прашањето дали некои од досегашните потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, и Коста Петров ќе успее да ја задржи оваа висока функција. Конгресот на СДСМ ќе започне во 13 часот, но дали новите имиња ќе успеат да ги смират превирањата и несогласувањата околу менаџирањето со партијата, а членството ќе го прифати Филипче за нов заменик потпретседател на СДСМ, останува да чекаме. Но, за сега само едно е јасно, а тоа е дека со возење на мотор, летање со хеликоптер со претседателот Зоран Заев најмалку што можеш да станеш е потпретседател на политичка парија, како во случајот Венко Филипче, кој од надежен министер во здравството, до омразена личност поради лошото менаџирање на здравствената криза станува нов партиски полтрон на претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-bide-li-filipche-zamenik-potpretsedatel-na-sdsm-od-nadezen-minister-lichen-prijatel-na-zaev-pa-se-do-negov-partiski-poltron/feed/ 0
СДСМ на онлајн конгрес ќе бира заменик-претседател и членови на Централниот и Надзорниот одбор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-na-onlajn-kongres-kje-bira-zamenik-pretsedatel-i-chlenovi-na-centralniot-i-nadzorniot-odbor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-na-onlajn-kongres-kje-bira-zamenik-pretsedatel-i-chlenovi-na-centralniot-i-nadzorniot-odbor/#respond Sun, 16 May 2021 07:07:24 +0000 https://kurir.mk/?p=510878

Социјалдемократскиот сојуз денеска на онлајн конгрес треба да избере заменик-претседател на партијата, членови на Централниот одбор и членови на Надзорниот одбор. По конгресот следуваат состаноците на кои ќе се бираат потпретседателите на партијата, генералниот секретар, организациски секретар, секретар за меѓународна соработка, Извршниот одбор на партијата, односно управното раководство. Во моментов, заменик-претседател на Социјалдемократскиот сојуз е Радмила Шекеринска, генерален секретар на СДСМ е Љупчо Николовски, а потпретседатели Мила Царовска, Оливер Спасовски, Коста Петров и Мухамед Зеќири. Вчера, премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев не сакаше да говори за тоа кој би се нашол во новото раководство. Партијата, рече тој, е отворена за нови луѓе, а во новиот конгрес влегуваме со нови политики. Министерката за одбрана Радмила Шекеринска која досега ја извршуваше функцијата заменик-претседател на партијата вчера уште еднаш повтори дека не треба да биде дел од раководната структура на СДСМ во следниот период и тоа, како што истакна, се однесува на сите функции. Таа потврди дека останува во СДСМ. Како што рече, не е од оние луѓе кои веруваат во вредности и припаѓаат на некоја партија само како фунционери. -Верувам во работа и сработено, а не во функции. Не мислам дека треба да помогнеме на државата само ако носиме значка на функционер, партиски или државен, рече Шекеринска. Вчера на новинарски прашања поврзани со конгресот одговараше и министерот за здравство Венко Филипче кој истакна дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев досега не разговарал за негово евентуално назначување на местото на Радмила Шекеринска – потпретседател на партијата. Филипче верува дека Заев повторно ќе го направи најдобриот тим и дека ќе продолжи да ги спроведува, како што рече, успешните политики. -Не сум разговарал на таа тема со претседателот Заев. Преокупирани сме со менаџирање на овој процес, на кризата и вакцинацијата. Верувам дека ќе го направи најдобриот тим исто како што беше и до сега и дека ќе продолжи успешно да работи на полето на имплементирањето на сите успешни политики исто како и досега, истакна Филипче. На 21 март годинава Зоран Заев со 59.240 гласа „за“, 865 „против“ и со 277 неважечки ливчиња беше избран за претседател на СДСМ на првите непосредни внатрепартиски избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-na-onlajn-kongres-kje-bira-zamenik-pretsedatel-i-chlenovi-na-centralniot-i-nadzorniot-odbor/feed/ 0
Шекеринска повеќе нема да биде потпретседател на СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-povekje-nema-da-bide-potpretsedatel-na-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-povekje-nema-da-bide-potpretsedatel-na-sdsm/#respond Wed, 21 Apr 2021 15:37:36 +0000 https://kurir.mk/?p=500451

Министерката за одбрана и актуелен потпретседател на СДСМ, Радмила Шекеринска на денешната церемонија во Касарната „Илинден” во Скопје, по повод турската донација од 7.400 комплети гортекс униформи за припадниците на Армијата, соопшти дека нема да се кандидира за заменик претседател на СДСМ по Конгресот на партијата во мај. – Добив прашање од мојата Општинска организација дали сум кандидат, кажав дека не сум, затоа што сметам дека и СДСМ и политичката сцена на Република Северна Македонија, одат напред кога постојано продуцираат нови кадри. Апсолутно, пристапот кон Конгресот треба да ни биде да формулираме и нови политики, а тие да бидат подобри, изјави Шекеринска. За шпекулациите дали е таа кандидат за амбасадор на земјава во Вашингтон и дали би ја прифатила таа позиција доколку и биде понудена Шекеринска рече дека за такво прашање не се дискутира преку медиуми. – Во ниту еден момент не сум учествувал во дискусија по ова тема. Таа тема долго време беше интересна за јавноста, имаше информаци, дезинформаци, деманти. Мислам дека е тема кој не треба вака да се дискутира. Се работи за многу важно место, се работи за место кое што особено станува значајно имјаќи предвид дека новоизбраниот претседател (на САД) доаѓа со една нова поактивна политика и на Балканот. Тоа е прашање за кое не се дискутира преку изјави, туку во рамките прво на Министерството, па на Владата и во соработка со претседателот. Јас се чуствувам заморено да дезинформираме, па да демантираме. Мислам дека е срамота за едно такво место да се игра медиумска игра, истакна Шекеринска. рече Шекеринска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-povekje-nema-da-bide-potpretsedatel-na-sdsm/feed/ 0
Потпретседателот на Партизан поднесе оставка – Вулетиќ ги напушти црно белите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potpretsedatelot-na-partizan-podnese-ostavka-vuletikj-gi-napushti-crno-belite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potpretsedatelot-na-partizan-podnese-ostavka-vuletikj-gi-napushti-crno-belite/#respond Wed, 10 Feb 2021 08:33:30 +0000 https://kurir.mk/?p=466634

Потпретседателот на Партизан - Владимир Вулетиќ денес поднесе оставка од позицијата потпретседател и го напушти клубот од Хумска по пет години работа во најблиското раководство, пренесуваат српските портали. Вулетиќ беше на оваа позиција во последните пет години, а по состанокот во клубот, тој реши да го остави своето место на некој друг и да го напушти клубот. Во последните години, Владимир Вулетиќ беше некој што често даваше провокативни изјави во медиумите, особено на сметка на лидерот на ривалскиот клуб - Црвена звезда. За време на додека беше во Партизан ја почувствува сладоста на титулата во 2017 година, кога црно-белите се украсија со двојна круна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/potpretsedatelot-na-partizan-podnese-ostavka-vuletikj-gi-napushti-crno-belite/feed/ 0
Потпретседателот на Европската Комисија, Схинас позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potpretsedatelot-na-evropskata-komisija-shinas-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potpretsedatelot-na-evropskata-komisija-shinas-pozitiven-na-kovid-19/#respond Tue, 27 Oct 2020 09:57:07 +0000 https://kurir.mk/?p=421135

Потпретседателот на Европската Комисија, Маргаритис Схинас, на Твитер, соопшти дека е позитивен на Ковид-19. – Штотуку дознав дека мојот редовно закажан тест за Ковид-19, пред Колеџот на комесари, е позитивен. Отсега ќе бидам во самоизолација како што е правилото, останете безбедни, твитна Схинас. Еврокомесарите се тестираат за Ковид-19 пред секоја редовна средба на Колеџот која се одржува обично секоја среда. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potpretsedatelot-na-evropskata-komisija-shinas-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0
Вељаноски: Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-nema-ekonomska-opravdanost-i-prichina-za-tolkav-broj-na-potpretsedateli-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-nema-ekonomska-opravdanost-i-prichina-za-tolkav-broj-na-potpretsedateli-na-sobranieto/#respond Tue, 25 Aug 2020 07:30:43 +0000 https://kurir.mk/?p=394921

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски се огласи во врска со закажаната седница за бројот на потпретседатели во Собранието. Вељаноски објаснува каква била ситуацијата за време на претходната власт, а како е сега. Во време на претходната власт: 2006-2008 година - 3 потпретседатели 2008-2011 година - 3 потпретседатели 2011-2014 година - 3 потпретседатели 2014-2016 година - 3 потпретседатели За време на сегашнава власт: 2016-2020 година - 5 потпретседатели 2020-2024 година - 5 потпретседатели Примери во други држави: - САД - 435 пратеници - 1 потпретседател - Велика Британија - 650 пратеници - 3 потпретседатели - Словенија - 90 пратеници - 3 потпретседатели - Италија - 630 пратеници - 4 потпретседатели - Германија - 709 пратеници - 5 потпретседатели -Демократијата е скапа играчка, но изгледа само во Македонија важи правилото, што поскапо тоа е поголема демократија. Нема економска оправданост и причина за толкав број на потпретседатели на Собранието, нагласува Вељаноски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veljanoski-nema-ekonomska-opravdanost-i-prichina-za-tolkav-broj-na-potpretsedateli-na-sobranieto/feed/ 0
Претседателот на Гамбија во самоизолација, а потпретседателот позитивен на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gambija-vo-samoizolacija-a-potpretsedatelot-pozitiven-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gambija-vo-samoizolacija-a-potpretsedatelot-pozitiven-na-kovid-19/#respond Thu, 30 Jul 2020 08:36:18 +0000 https://kurir.mk/?p=383542

Претседателот на Гамбија, Адам Бероу замина во самоизолација, откако неговиот потпретседател потврди дека е позитивен на новиот коронавирус. Потпретседателот на Гамбија, Исату Турај во соопштение наведе дека не се чуствува добро и дека заминува во карантин. Владата на Гамбија ги советува граѓаните да носат заштитни маски и да одржуваат растојание, за да го спречат ширењето на вирусот. Во Гамбија досега се потврдени 326 случаи на Ковид-19, а починати се осум лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretsedatelot-na-gambija-vo-samoizolacija-a-potpretsedatelot-pozitiven-na-kovid-19/feed/ 0