потпретседатели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 04 Mar 2022 11:48:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потпретседатели – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ССК ќе добие тројца нови потпретседатели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-kje-dobie-trojca-novi-potpretsedateli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-kje-dobie-trojca-novi-potpretsedateli/#respond Fri, 04 Mar 2022 11:48:36 +0000 https://kurir.mk/?p=640876

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија м-р Трајан Ангелоски утврди предлог до Управниот Одбор за избор на нови потпретседатели на Сојузот, м-р Горан Ѓорѓиевски претседател на Агро-бизнис комора, проф. д-р Орце Симов, претседател на ИКТ Комора и д-р Тања Дејаноска претседател на Комора за приватно здравство. Измените во раководните структури се дел од поширок процес на реформски активности за внатрешно реорганизирање и зајакнување на капацитетите на Сојузот со цел следење на современите трендови и текови на делување, во насока на подобро застапување на интересите на членовите и остварување на нивните потреби за раст и развој на бизнисите. Новите потпретседатели се истакнати и докажани бизнисмени и претприемачи кои преку нови и свежи идеи ќе дадат значаен инпут во планирањето и спроведувањето на новите активности. Тројцата нови потпретседателите доаѓаат на местото на досегашните Драган Митковски, Александра Андреева, Ивица Јаќимовски и Владимир Граматиков чиј мандат се прекинува. Сојузот на стопански комори на Македонија е најголема деловна организација која ги промовира и застапува интересите на сите стопански субјекти кои се негови членови. Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, ССК во своето делување посебен акцент става на развој и поддршка на малите и средни претпријатија. Сојузот овозможува застапување, пристап до информации, бази на податоци, едукација, правни совети, помага во идентификување на нови деловни партнери, овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-kje-dobie-trojca-novi-potpretsedateli/feed/ 0
Горан Мисовски и Фадил Зендели предложени за потпретседатели на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/#respond Thu, 26 Nov 2020 10:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=434689

На денешната 22. седница се очекува избор на двајца потпретседатели на Собранието на предлог на владејачкото мнозинство. Предлозите, според информациите од Собранието, се Горан Мисовски од НСДП, кој и во претходниот собраниски состав беше на оваа функција и Фадил Зендели од Беса. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, а засега нема ниту предлог од Алијанса на Албанците и Алтернатива. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека нема да гласаат за предлозите за потпретседатели на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/goran-misovski-i-fadil-zendeli-predlozeni-za-potpretsedateli-na-sobranieto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Владата должи објаснување какви обврски имале Заев и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/#respond Fri, 23 Oct 2020 12:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=419769

Акт на непочитување и вистински скандал е што на свеченото положување на цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Скопје не најде за сходно ниту еден пoвисок претставник на владата да се поклони и оддаде почит на великанот, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Жално е што тие кои што треба да го бранат делото и заслугите на Гоце Делчев во преговорите со источниот сосед не најдоа засходно да се поклонат пред неговиот споменик на Денот на револуционерната борба 23 октомври. Тоа покажува дека премиерот Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров се статисти во процесот и немаат елементарна почит кон заслугите на револуционерното движење и херојот Гоце Делчев. Имаме Влада која не ги почитува дејците кои дале живот за денешната слобода, државност и темелите врз кој што овие вредности почиваат. Владата на Заев должи објаснување какви обврски имале премиерот и нејзините бројни потпретседатели што не можеле да оддадат достојна почит на херојот Гоце Делчев, стои во соопштението на партијата ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vladata-dolzi-objasnuvanje-kakvi-obvrski-imale-zaev-i-nejzinite-brojni-potpretsedateli-shto-ne-mozele-da-oddadat-dostojna-pochit-na-herojot-goce-delchev/feed/ 0
Џафери доби 5 потпретседатели, тие ќе добијат плус 20.000 денари на платата и за сите кабинети со службеници и трошок плус од буџетот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-dobi-5-potpretsedateli-tie-kje-dobijat-plus-20-000-denari-na-platata-i-za-site-kabineti-so-sluzbenici-i-troshok-plus-od-budzetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-dobi-5-potpretsedateli-tie-kje-dobijat-plus-20-000-denari-na-platata-i-za-site-kabineti-so-sluzbenici-i-troshok-plus-od-budzetot/#respond Tue, 25 Aug 2020 18:36:25 +0000 https://kurir.mk/?p=395386

И покрај критиките од опозицијата за непотребен број заменици и дополнителен трошок, Талат Џафери, кој досега имаше четири, сега доби пет заменици на претседателот на Собранието. Опозицијата оцени дека бројот од пет потпретседатели е преголем и не служи за рационализирање на финансиските трошоци во време на криза. Но, мнозинството во Собранието ја донесе одлуката. И во претходниот собраниски состав имаше одлука за пет потпретседатели, но само четворица ја вршеа оваа функција, односно земаа надоместок плус за истата: Горан Мисовски, Фросина Ременски, Зекир Рамчиловиќ и Весел Мемети. Ниту еден од нив, освен Мисовски, не седна на претседателската фотелја за да го замени Џафери на пленарните седници. Потпретседателите добиваат од 75.000 до 80.000 денари месечно, односно 15.000 до 20.000 денари повеќе од пратениците. Но, освен овој надоместок, треба да им се обезбедат кабинети и службеници, што значи дополнителни трошоци од буџетот на Собранието. Од 2006 до 2016 година, Собранието на Република Македонија имаше по три потпретседатели, откако тој број беше намален оти и претходно имало меѓу четири и пет потпретседатели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzaferi-dobi-5-potpretsedateli-tie-kje-dobijat-plus-20-000-denari-na-platata-i-za-site-kabineti-so-sluzbenici-i-troshok-plus-od-budzetot/feed/ 0
Собранието ќе го утврдува бројот на потпретседатели, можно е и констатирање на оставки на идните министри https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/#respond Tue, 25 Aug 2020 05:25:18 +0000 https://kurir.mk/?p=394880

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која на дневен ред е Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседатели. Пред седницата се очекува да биде констатирана и оставката на пратеникот Фљорин Бесими, брат на предлогот за министер за финансии Фатмир Бесими од ДУИ, а можно е до пред почетокот на седницата оставки да пристигнат и од други пратеници за кои е најавено дека ќе бидат дел од новата Влада на мандатарот Зоран Заев. Претседателот на Собранието Талат Џафери предлага законодавниот дом да има петмина потпретседатели. Во образложението на предлогот, Џафери повикувајќи се на Деловникот и на Законот за Собрание наведува дека „бројот на потпретседателите го утврдува Собранието, по предлог на претседателот на Собранието. Потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“. Потпретседатели на Собранието се очекува да имаат СДСМ, опозициските ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива… Засега се уште официјално не се соопштуваат информации која парламентарна партија ќе добие потпретседателско место во Собранието. На денешната седница, пратениците само ќе гласаат за Предлог-одлуката, а потпретседатели на Собранието ќе бидат избрани на друга седница. Во Собранието е пристигната и оставката од пратеничкото место на Фљорин Бесими, брат на Фатмир Бесими за кој ДУИ соопшти дека ќе биде предложен за министер за финансии. Тој уште пред неколку дена преку соопштение најави повлекување од пратеничката функција, по реакцијата на Антикорупциската комисија. Според информации од Собранието, можно е денеска до пред почетокот на седницата закажана за 11 часот, да пристигнат и други оставки од пратеници кои мандатарот Заев најави дека ќе ги предложи за составот на новата Влада. Покрај мандатарот Заев, тоа се Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Мила Царовска, Љупчо Николовски, Оливер Спасовски, Јагода Шахпаска од СДСМ и Насер Нуредини од ДУИ. Според членот 57 од Деловникот, Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата. Собранието потоа ја информира Државната изборна комисија, која пак треба да го информира Парламентот кој е следниот на листата што го прифатил пратеничкиот мандат и потоа тој да биде верификуван. Лидерот на СДСМ Заев вчера најави дека ќе го поднесе предлогот за состав на нова влада во Собранието откако пратениците кои треба да бидат министри ќе поднесат оставки, ќе бидат верифицирани мандатите на тие што ќе ги заменат и ќе биде донесена одлука за бројот на потпретседатели на Парламентот. Владината коалиција што ќе ја сочинуваат СДСМ и другите партии од коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, и во Собраните има парламентарно мнозинство од 62 пратеника.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-go-utvrduva-brojot-na-potpretsedateli-mozno-e-i-konstatiranje-na-ostavki-na-idnite-ministri/feed/ 0
Собранието ќе има пет потпретседатели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-ima-pet-potpretsedateli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-ima-pet-potpretsedateli/#respond Thu, 18 Jan 2018 18:18:33 +0000 http://kurir.mk/?p=12952

Собранието на Република Македонија на денешната 12. седница ја усвои Предлог-одлуката за утврдување на бројот на потпретседателите на Собранието на Република Македонија. Според одлуката, Собранието ќе има пет потпретседатели кои се избираат од редот на пратеници кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието. Бројот на потпретседатели го утврдува Собранието по предлог од претседателот на Собранието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sobranieto-kje-ima-pet-potpretsedateli/feed/ 0
Мицкоски: Новите потпретседатели се силно мотивирани луѓе, кои што ќе додадат вредност во самата ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој доаѓа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novite-potpretsedateli-se-silno-motivirani-lugje-koi-shto-kje-dodadat-vrednost-vo-samata-vmro-dpmne-vo-periodot-koj-doagja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novite-potpretsedateli-se-silno-motivirani-lugje-koi-shto-kje-dodadat-vrednost-vo-samata-vmro-dpmne-vo-periodot-koj-doagja/#respond Fri, 12 Jan 2018 21:39:06 +0000 http://kurir.mk/?p=10181

Во интервју на телевизија Телма, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека новите потпретседатели на партијата, Митко Јанчев, Владо Мисајловски и Александар Николоски, долго време имаат поминато во партиските структури, почнувајќи од УМС, потоа својот активизам го продолжиле откако прешле и во сениорите на партијата. -Дел од нив биле ангажирани и во централните органи на партијата, како што се процесите кога ние имаме регионални односно републички изборни штабови пред изборите. Мислам дека станува збор за луѓе кои имаат исклучително значење за партијата од минатото, луѓе кои што се силно мотивирани, луѓе кои што претпоставувам ќе бидат предвесник на многу идеи, луѓе кои што ќе додадат вредност во самата ВМРО-ДПМНЕ во периодот кој што доаѓа, изјави Мицкоски. Тој кажа дека ова го очекува како човек кој што ги предложил, бидејќи во периодот кој што следува ВМРО-ДПМНЕ мора да застане против штетните политики на актуелната власт предводена од СДСМ, на сите полиња. -Станува збор кои што имаат голем минат труд во самата партија, за искусни луѓе. Нормално тука можеби од искуството во партиската хиерархија, можеби потпретседателот Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци, не е така долго време искусен, но секако бил блиску до партијата, блиску до политиките на партијата. Моментално е градоначалник на градот Кавадарци, избран од граѓаните на Кавадарци, а предложен од ВМРО-ДПМНЕ. Тој кажа дека од нив очекува подобри предлози и идеи, со кои ќе дојде до подобрување на животот на граѓаните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-novite-potpretsedateli-se-silno-motivirani-lugje-koi-shto-kje-dodadat-vrednost-vo-samata-vmro-dpmne-vo-periodot-koj-doagja/feed/ 0