потрошувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 12:13:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потрошувачи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕСМ Снабдување со топлина ја презема базата на податоци за потрошувачите во Автокоманда https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-snabduvane-so-toplina-ja-prezema-bazata-na-podatotsi-za-potroshuvachite-vo-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-snabduvane-so-toplina-ja-prezema-bazata-na-podatotsi-za-potroshuvachite-vo-avtokomanda/#respond Mon, 27 Feb 2023 12:13:35 +0000 https://kurir.mk/?p=805624

ЕСМ Снабдување со топлина соопшти дека во законска постапка ја презема базата на податоци од претходниот снабдувач со топлинска енергија ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на дел од општината Гази Баба, населба Автокоманда, во Скопје. - Правниот основ за преземање на базата на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите на подрачјето на дел од Општина Гази Баба населба Автокоманда потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга согласно Законот за енергетика, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Подружница Енергетика – Скопје, Одлуката за менување на лиценца за вршење енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија на носителот ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија, Лиценцата за снабдување со топлинска енергија на ЕСМ Снабдување со топлина, како и Договорот за купопродажба на топлинска енергија, се наведува во соопштението. ЕСМ Снабдување со топлина посочува и дека во иднина ќе биде Контролор на личните податоци и ќе ги обработува согласно важечките законски прописи и Законот за заштита на лични податоци, за што потрошувачите на топлинска енергија- субјекти на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на лични податоци во однос на обработката на нивните лични податоци. Сите неопходни информации и совети за сите прашања поврзани со нашата дејност и услуги, како и за пријави на дефекти и рекламации за квалитетот на греењето потрошувачите можат да ги добијат во Центарот за грижа за потрошувачи, на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-snabduvane-so-toplina-ja-prezema-bazata-na-podatotsi-za-potroshuvachite-vo-avtokomanda/feed/ 0
Агенцијата за енергетика на Словенија побара од потрошувачите да внимаваат на потрошувачката на природниот гас https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/#respond Tue, 12 Jul 2022 07:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=703688

Од потрошувачите во Словенија е побарано како мерка на претпазливост, да внимаваат на потрошувачката на природниот гас. Словенечката Агенција за енергетика објави ниво на рано предупредување како дел од кризниот план за информирање на јавноста за можни прекини во снабдувањето во иднина, во случај на намалено снабдување со гас од Русија, јави словенечката новинска агенција „СТА“. Во моментов непречено е снабдувањето со гас за Словенија и снабдувањето на потрошувачите, наведува Агенцијата за енергетика. Засега не се знае дали ќе има прекин. Министерот за инфраструктура Бојан Кумер рече дека тоа е само „фаза за рано предупредување“, бидејќи испораките на гас за Словенија продолжуваат непречено. – Испораките на природен гас се на ниво од минатата година, испораките се вршат врз основа на однапред склучени договори и не очекуваме проблеми на краток рок, рече тој. Минатата година вкупната потрошувачка на природен гас во Словенија се зголеми за шест отсто на 10.163 гигават-часови, што е најголема вкупна потрошувачка од 2010 година, соопшти Агенцијата за енергетика. Вкупната потрошувачка е зголемена за сите корисници на гас. Потрошувачката на домаќинствата што сочинува околу една третина од вкупната потрошувачка, се зголемила за речиси 12 отсто, додека потрошувачката вон категоријата домаќинства се зголемила за повеќе од девет отсто во споредба со 2020 година, јави „CTA“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/agencijata-za-energetika-na-slovenija-pobara-od-potroshuvachite-da-vnimavaat-na-potroshuvachkata-na-prirodniot-gas/feed/ 0
Во Словенија пад на индексот на доверба на потрошувачите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-pad-na-indeksot-na-doverba-na-potroshuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-pad-na-indeksot-na-doverba-na-potroshuvachite/#respond Fri, 20 May 2022 14:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=679609

Вредноста на показателите за доверба на потрошувачите во Словенија во мај е намалена за четири процентни поени во однос на претходниот месец и е за 9 процентни поени пониска од долгорочниот просек, соопшти денеска Централниот завод за статистика. На годишно ниво вредноста на овој показател паднала за 13 процентни поени. Очекувањата на потрошувачите за развојот на цените во следните 12 месеци остануваат песимистички. Уделот на оние потрошувачи кои очекуваат побрзо зголемување на цените се зголеми за два процентни поени на 57 проценти во мај, ново второ највисоко ниво во историјата на мерењето, при што 30 проценти веруваат дека цените ќе растат со иста брзина, додека други проценуваат дека инфлацијата ќе се забави или дека цените ќе почнат да паѓаат. На годишно ниво, сите четири компоненти на овој индикатор за доверба на потрошувачите се влошија: очекувањата за подобра финансиска состојба во домаќинството паднаа за 21 процентен поен, за економската состојба во земјата за 17, за зајакнување на куповната моќ за десет, а за подобрување на моменталната материјална состојба во домаќинството за три процентни поени. Вакво ниво на индекс на доверба на потрошувачите во земјава последен пат е забележано во 2012 година, соопшти Заводот за статистика на Словенија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-slovenija-pad-na-indeksot-na-doverba-na-potroshuvachite/feed/ 0
Сашко Коцев и „Нептун“ во нова авантура полна со иновации и изненадувања за потрошувачите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/#respond Tue, 22 Feb 2022 10:48:38 +0000 https://kurir.mk/?p=634766

Првиот избор на потрошувачите, кога е во прашање најширокиот избор на иновативни технологии и сеопфатни решенија за подобрување на квалитетот на животот, „Нептун“, отпочна соработка со популарниот актер Сашко Коцев. Компанијата, која што е лидер во својот сегмент на нашиот пазар, заедно со еден од најпознатите глумци на сцената во регионот, во периодот што следува ќе реализира низа активности што ќе бидат особено интересни и атрактивни за купувачите.
- Нашата визија отсекогаш била на сите индивидуални клиенти да им овозможиме што поголема селекција од производи во што повеќе категории, но во исто време, и да им посветиме време и енергија, како и да споделиме знаење, со цел тие да го направат изборот што е најсоодветен за нивните потреби. Сашко, преку своите најразлични улоги, меѓутоа, и како човек, настапува на ваков, искрен начин и затоа сме убедени дека соработката ќе биде и забавна и корисна за нашите ценети потрошувачи - истакна генералниот директор на „Нептун“, Горан Цветинов.
Актерот, покрај преку улогите на редовниот репертоар на својот матичен театар, годинава ќе се појави и во новите долгометражни филмови „Снежана на крајот умира“ и „Мими“. На соработката со компанијата гледа како на можност за воспоставување комуникација со потрошувачите со цел да им помогне да ја донесат најдобрата одлука кога е во прашање технологијата.
- Иновациите за кои што секојдневно читаме, слушаме или ги гледаме на нашите смартфони не би имале никаква вредност доколку не ни користат за да го подобриме животот. За мене „Нептун“ отсекогаш бил првиот и единствен избор, за сè, од големи уреди како телевизори или бела техника, до ситни „гаџети“ кои што неверојатно го олеснуваат секојдневието. Преку оваа соработка токму ова искуство ќе го доближиме го купувачите. Нормално, притоа и ќе се забавуваме - вели Коцев.
„Нептун“ неодамна ја презентира револуционерната петгодишна стратегија со која што ќе воведе многу новини на домашниот пазар. Компанијата во 2022 година има во план да реализира низа проекти, меѓу кои ќе биде и реновирањето на неколку продажни локации со цел тие да бидат во согласност со брендот „Нептун“. Се очекува релокација на дел од продавниците, формирање академија за продажба, како и унапредување на талент-програмите за вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sashko-kocev-i-neptun-vo-nova-avantura-polna-so-inovacii-i-iznenaduvanja-za-potroshuvachite/feed/ 0
Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-na-amerikanskite-potroshuvachi-padna-na-najnisko-nivo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-na-amerikanskite-potroshuvachi-padna-na-najnisko-nivo/#respond Wed, 01 Dec 2021 07:36:50 +0000 https://kurir.mk/?p=602264

Довербата на американските потрошувачи падна на најниско ниво во последните девет месеци во ноември под притисок на растот на цените и тековната загриженост за пандемијата на коронавирусот. Конференцискиот одбор (Conference Board) соопшти дека неговиот индекс на доверба на потрошувачите паднал на 109,5 поени овој месец од 111,6 поени во октомври. Ова е најниската вредност на индикаторот откако падна на 95,2 поени во февруари и не го вклучува ефектот од појавата на варијантата Омикрон на коронавирусот. Загриженоста за растот на цените, и во помала мера сојот Делта, беа главните фактори за трендот на опаѓање, соопшти Конференцискиот одбор. Оваа недела, индикаторот за доверба на потрошувачите, составен од Универзитетот во Мичиген, падна уште повеќе – на десетгодишно ниско ниво од речиси истите причини.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/doverbata-na-amerikanskite-potroshuvachi-padna-na-najnisko-nivo/feed/ 0
ДРАСТИЧНО ПОСКАПУВАЊЕ: Цените кај храната ќе растат и до 50 отсто, бизнисот обвинува дека државата нема слух https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichno-poskapuvanje-cenite-kaj-hranata-kje-rastat-i-do-50-otsto-biznisot-obvinuva-deka-drzavata-nema-sluh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichno-poskapuvanje-cenite-kaj-hranata-kje-rastat-i-do-50-otsto-biznisot-obvinuva-deka-drzavata-nema-sluh/#respond Mon, 04 Oct 2021 10:29:17 +0000 https://kurir.mk/?p=572690

Драстично поскапување на храната, во некои сектори и 40 – 50 отсто, најавуваат преработувачите. Тие бараат итна средба со вицепремиерот Фатмир Битиќи за изнаоѓање соодветни решенија кои би го ублажиле ударот од ценовниот шок врз потрошувачите. Како што беше речено денеска на прес-конференција во Стопанската комора, со оглед на светските трендови поскапувања секако ќе има, но колкави ќе бидат, најмногу зависи од државата и од тоа, какви одлуки ќе се донесат. Цените само на сувомесните производи се очекува да се зголемат за 20 – 40 проценти, но зголемување на цената ќе има и кај лебот. Комората ќе предложи повторно да се активира кампањата за купување домашни производи. -Целата прехранбена индустрија бара од Владата да и се помогне за да може да функционира, а и потрошувачите да бидат заштитени. Ако суровините минатата година поскапеа до 40 отсто, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40 – 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите. Додека домашните малопродажни синџири кај нас се уште молчат и тивко покачуваат цени, супермаркетите во САД и Велика Британија отворено објавуваат дека цените на храната ќе растат наесен. Комотни се и големите синџири на маркети, но на крајот ќе мора да реагираат, истакна Васко Ристовски од Комората. Домашните компании од преработувачката индустрија, потенцира, се соочуваат со зголемување на цените на суровините. На фармерите основните производни трошоци им се зголемени за 70 – 80 проценти, поскапени се и фолиите, енергенсите. За 10 – 11 отсто се зголемени директните трошоци во млечната индустрија, а од друга страна и фармерите притискаат. Слична е ситуацијата и во месната индустрија. Сите се залагаат за плаќање по квалитет, но засега ваквата трансформација оди бавно. Тој додаде дека драстично поскапеа житарките и маслодајните семиња. Нивните цени во моментов се повисоки за 20 до 100 проценти отколку пред една година. Со оглед дека житарките и маслата се составен дел на многу прехранбени производи, се стравува дека скокот на нивните цени ќе предизвика бројни поскапувања на храната во продавниците, што би го загрозило животниот стандард на граѓаните. Ристовски обвини дека државата нема слух за укажувањата на секторот. Проблем е, рече, и тоа што примарното производство (суровините) се во ингеренции на Министерството за земјоделство, а преработките во Министерството за економија, па наместо на еден, проблемите мора да се решаваат на два фронта кои често не се усогласени. -Во Албанија Владата ги субвенционираше извозниците на земјоделски производи и денес домашниот пазар е преплавен со земјдоелски производи од соседството, а во Србија, како резултат на лош род и намалени приноси, се забрани извоз на голем дел од суровините, посочи Ристовски според кој, крајно време е компаниите и трговците да креираат заедничка ценовна политика. Неопходна е, дополни, средба со Битиќи во проширен состав – со претставници на големите синџири маркети. -Вицепремиерот Битиќи најави нови мерки за да се заштитат потрошувачите. Ако се мисли на замрзнување на цените како минатата година, тоа ќе биде катастрофално и ќе доведе до загуби кај компаниите. Минатата година беа замрзнати цените на одредени домашни производи додека на оние од увоз не беа, со што се направи голема штета кај домашните компании, рече Ристовски. Претседателот на Групацијата за месо и месни преработки, Гоце Трајчев дополни дека едно обезбедување поддршка, а сосема нешто друго нејзино реализирање во реалноста. -На поскапувањето укажувавме неколку пати од почетокот на годината. Поскапувања ќе има, но колкави ќе бидат, тука можеме секако да влијаеме. Поскапувањето на месните преработки се очекува да биде 15 отсто колку што е на глобалните пазари, но може да е и повеќе, 30 – 40 проценти ако државата продолжи да ја игнорира поддршката. Само 20 – 30 отсто се царинските давачки за увоз на смрзнато свинско месо за преработка. Значи, од државата зависи колкави ќе бидат поскапувањата, подвлече Трајчев. Бројките покажуваат дека пченицата во жетва лани чинеше 10 денари за килограм, а годинава е 12 денара што е зголемување од 20 отсто. Јачменот минатата година се купување за 8,5 денари, додека годинава цената е зголемена 23,5 отсто и се купува за 10,5 денари. И кај пченката има забележливо зголемување на цената – лани се купуваше за девет денари, а оваа година производителите ја купуваат за 13. Сојата минатата година се купуваше за 340 – 380 евра за тон, а на почетокот на годината скокна до 500 евра. -Како држава сме зависни од увоз според потребите и тоа од 120.000 тони пченица поради квантитавиен и квалитативен кусок, како и пченка од 70.000 тони. Во исто време цената на превозот се зголеми за 20 отсто, додека електричната енергија за правните лица кои купуваат на слободен пазар за 100 проценти. Брашното поскапе 20 проценти за 12 месеци. Во исто време, цената на увезеното српско брашно, од 212 евра за тон во 2020 година, се зголеми на 280 евра оваа година или за 68 евра. Многу производители на млеко со ужас забележуваат дека цената на килограм добиточна храна се приближува до цената на литар млеко, што да биде уште полошо, се намалува во последните месеци, создавајќи се поголеми загуби за нив, истакна Ристовски. Стопанската комора смета дека се наметнува потреба од интервенција на државата во делот на субвенции, но ако тие имаат краен ефект. Во оваа смисла предлага, наместо на производителите, поддршката да се дава на преработувачите, но тоа да биде контролирано. -Општ впечаток е дека агросекторот изминатите децении е во втор план. Субвенциите растат, но треба да се измени методологијата за нивно давање. Наместо по површина, да се даваат по класи, односно квалитет и предадено на домашни откупувачи. Во спротивно, многу лесно ќе дојдеме наскоро во ситуација кога ќе немаме домашно производство и целосно ќе зависиме од увоз на храна, истакнуваат домашните преработувачи, предупредија од Стопанската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/drastichno-poskapuvanje-cenite-kaj-hranata-kje-rastat-i-do-50-otsto-biznisot-obvinuva-deka-drzavata-nema-sluh/feed/ 0
Најмногу поплаки од потрошувачите за технички производи, бела техника, но и мебелот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-poplaki-od-potroshuvachite-za-tehnichki-proizvodi-bela-tehnika-no-i-mebelot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-poplaki-od-potroshuvachite-za-tehnichki-proizvodi-bela-tehnika-no-i-mebelot/#respond Mon, 24 Aug 2020 06:44:28 +0000 https://kurir.mk/?p=394390

Техничките производи, белата техника и производите во домот, се меѓу најзастапените производи за кои се жалaт потрошувачите. Податоците на Организацијата на потрошувачи на Македонија покажуваат дека кај техничките производи најактуелни меѓу оштетените потрошувачи биле мобилните телефони и телевизорите, кај белата техника, најмногу се жалеле на машините за перење, инвертерите и фрижидерите. Како најзастапен производ во домот, на што се пожалиле граѓаните, во текот на минатата година, а за кој се поднесени најголем број поплаки е издвоен и мебелот. Од категоријата општо во која потрошувачите ги пријавуваат проблемите со попустите, недоставените производи, барањето на информација и слично, најголем број поплаки се однесувале на категоријата „недоставен производ“, односно се работи за ситуации кога на потрошувачите не им бил доставен нарачан и платен производ на време. Меѓу услугите најзастапени се поплаките за туристичките кои се однесуваат на изгубени куфери при трансфер со автобус. Кај јавните услуги – телекомукациските, електрична и топлинска енергија, имало проблеми во сите, кај телекомуникациските граѓаните се жалеле на сметки, а кај електричната и топлинската енергија за сметки и за застарени сметки. Во делот на специјалистичките советувања, најзастапени биле проблемите со осигурувањето, додека поплаките за храна и домување се сведени на минимум, имајќи го предвид, наведуваат од Организацијата, фактот дека АХВ има бесплатна линија за поплаки и Одделение за заштита на потрошувачи. Според ОПМ иако бројката на поплаки за финансиски советувања била мала, дел од советите се однесуваа на проблемите со кредитите, каматната стапка и трошоците за заверување кај нотар кои дополнително се наплатуваат. Најголем дел од советувањата на граѓаните се остварени во советувалиштето на ОПМ во Скопје, односно 58 отсто. Во советувалиштето во Скопје се евидентирани и поплаки од 199 потрошувачи од други градови. Во вкупниот број совети се евиднтирани осум отсто од ОП Охрид, осум отсто ОП Битола, осум отсто ОП Штип, а 11 отсто од вкупниот број советувања се остварени од страна на Организацијата на потрошувачите на Кочани. Организацијата нуди и ИТ механизми за електронско водење на советувања и статистичка анализа. Зголеменото користење интернет како канал за комуникација создава потреба од развој на онлајн алатки за подобрување на комуникацијата со корисниците на услуги од ОПМ. За таа цел е креирана апликација за електронско поднесување поплаки од потрошувачи која е поставена на веб-страницата на ОПМ (www.opm.org.mk), https://mantikor.mk/opm_temp/indexpublic.php/. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najmnogu-poplaki-od-potroshuvachite-za-tehnichki-proizvodi-bela-tehnika-no-i-mebelot/feed/ 0
Француското Здружение на потрошувачи бара од осигурителните компании да им вратат на граѓаните околу две милијарди евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-zdruzenie-na-potroshuvachi-bara-od-osiguritelnite-kompanii-da-im-vratat-na-gragjanite-okolu-dve-milijardi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-zdruzenie-na-potroshuvachi-bara-od-osiguritelnite-kompanii-da-im-vratat-na-gragjanite-okolu-dve-milijardi-evra/#respond Mon, 27 Apr 2020 12:17:16 +0000 https://kurir.mk/?p=338031

Здружението на потрошувачи „УФЦ-Ке шуазир“, бара од осигурителните компании да им ги вратат на своите автомобилски осигуреници уплатите бидејќи се намалени сообраќајните несреќи поради мерките на ограничување на движење поради новиот коронавирус, јави дописникот на МИА. Здужението наведува дека од почетокот на рестриктивните мерки на 17 март, бројот на телесните повреди во патниот сообраќај е намален за 91 отсто. Намалувањето на повредите доведе до заштеда од 1,4 до 2,3 милијарди евра. Ако сообраќајот стане нормален во јуни, тоа ќе претставува заштеда од 1,8 милијарди евра. Наспроти буџетската криза со која се соочени домаќинствата поради ограничувачките мерки, здружението „УФЦ-Ке шуазир“ побара од Министерството за економија и финансии да им наметне на автомобилските осигурителни компании да им ги вратат на осигурениците заштедите, со што ќе биде зајакнат буџетот на домаќинствата. Здружението бара намалување на уплатите за 50 евра за автомобил и 29 евра за мотоцикл. Ова намалување е легитимно, бидејќи законот за осигурување предвидува дека осигуреникот може да добие намалување на уплатата во случај на намалување на ризиците за времетраењето на договорот. Здружението, исто така им советува на осигурениците да им се обратат на своите компании со писмено барање за намалување на нивната котизација. Во меѓувреме, три осигурителни компании веќе најавија дека ќе им вратат дел од уплатите на своите осигуреници, поради намалениот ризик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskoto-zdruzenie-na-potroshuvachi-bara-od-osiguritelnite-kompanii-da-im-vratat-na-gragjanite-okolu-dve-milijardi-evra/feed/ 0