потрошувачка кошничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 06 Oct 2023 16:07:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потрошувачка кошничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бесими: Нема промени за основните производи од потрошувачката кошничка, ако има оправдани реакции ќе се реагира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/#respond Fri, 06 Oct 2023 16:07:43 +0000 https://kurir.mk/?p=886186

Пристапено е многу внимателно во однос на заштитата на стандардот при подготовката на Одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, што стапи во сила денеска. Нема никакви промени во однос на минималниот стандард и не ги опфаќа основните прехранбени производи од потрошувачката кошничка, оцени денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. На брифинг со медиумите тој посочи дека листата на производи опфатени со Одлуката била долго време на расправа и на увид кај засегнатите страни, досега немало реакции, но можни се пропуст, како што рече, кај минорен број артикли. Поради евентуални технички пропусти и ако има проблеми при практичната примена со оглед на дилемите околу тарифирањето ќе се интервенира за што разговара со Царинската управа. -Целта на одлуката е јасна, основните прехранбени производи остануваат со пет проценти даночна стапка. Тоа е јасна цел, позиција и политика на Владата. Со оваа одлука остануваат со пет проценти прехранбените производи што се во потрошувачката кошничка. Што се однесува до минималниот стандард нема никакви промени, вели Бесими. По стапувањето во сила на Одлуката, според МФ, има реакции и дилеми кај тарифирањето бидејќи досега беше една даночна стапка и тарифирањето било поедноставно. - Сега на пример за некој кашкавал којшто бил увозен во истата тарифна ознака влегува и некој од домашните. Тоа се одредени дилеми кои можеби се нејасни, но ќе ги исправиме, но не се повеќе од две или три тарифни ознаки. Имаше пример за урда и моцарела со ист тарифен број. На моцарелата и нула проценти да и ставиме цената и е висока и не може секој граѓанин да си дозволи. Тарифниот број бил ист и не можел да се издвои затоа што досега немало потреба. Ќе гледаме со Царината ако може да се изменат тие тарифни броеви, велат од МФ и истакнуваат дека ако има реакции за нешто што е оправдано ќе се реагира. Во однос на другите држави во регионот и во Европската унија, според МФ, и со оваа Одлука и сега сме со најширока листа на производи со најниска повластена тарифа. Целата одлука, појаснуваат, се однесува на повластена тарифа, 2 600-те производи не се на 18 проценти, сите се под 18 проценти, а тие што се основни, 1600, остануваат на пет проценти, додека околу 1000 одат на 10 проценти. -Споредено со другите држави од регионот ние сме со најниска основна стапка на ДДВ од 18 проценти, кај останатите е 20, 23, 25, 27... И во таква ситуација сме и со најниска повластена стапка за разлика од некои што имаат само една повластена стапка ние имаме две. Со оваа мерка е пристапено многу внимателно во однос на заштитата на стандардот, особено за тие со пониски примања и за основните прехранбени производи и нема да влијае на тие што се на листата на времената мерка на Владата за гарантирани цени, вели министерот Бесими. Од МФ претходно и во соопштение појаснија дека со Одлуката, над 1600 производи ќе продолжат и понатаму да се оданочуваат со најниската даночна стапка од пет проценти. Тука спаѓаат месо – говедско и свинско, кланични производи во саламура, чадено и сушено, риба – пастрмка, крап, други слатководни риби, ослич, млеко, павлака, кисело млеко, јогурт, ќефир, сирење, најголем дел од кашкавалот, путер, јајца, природен мед, желудници, зеленчукот и овошјето, урми, смокви, агруми (портокали, лимон, мандарина, грејфрут), брашно од пченица и и брашно од жита, пченица, јачмен, рж, ориз, пченка, соја, кикиритки, сончогледово масло, маслиново масло, пченкарно масло, маргарин, колбаси и други конзервирани производи од месо, конзервирани риби – туна, сардина, сардинели, паплини, шеќер, какао во прав, тестенини, леб, бисквити, ајвар, конзервирани кратставици и корнишони, кисела зелка, конзервирани печурки, слатки пиперки, џемови и слатка, ќечап и други сосови од домат, супи, оцет, сол, ореви, костени….. На листата меѓу другото се и семенски материјал, ѓубрива, земјоделски алати и механизација, а истата е дополнета со менструални производи а додека пак прометот на пелетите за греење останува да се оданочува со пет проценти. Листата на производи, наведоа од Министерството, коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка од 10 проценти се производи кои не претставуваат производи за основна исхрана односно имаат карактеристика на производи кои не се дел од секојдневната трпеза и производи, а дел од производите не се препорачуваат за човековото здравје. На оваа листа меѓу другите се различни производи од лососи , козјо месо, , посебни видови на туна кои се ретки, и кои не се во општа употреба, бадеми, индиски ореви, бразилски ореви, тропско овошје, некои видови зачини, палмино масло, кавијар, посебен вид на кашкавали кои не претставуваат традиционален производи и се од растително потекло и слично. Исто така, укажува ресорното Министерство, поместувањето на некои од производите на оваа листа се со цел и заштита на домашното производство и заштита на економијата. Направените измени се дел од пошироката даночна реформа, која претставува усогласување со европската легислатива, согласно препораките од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд и е за поголема правично, праведност и заштита на стандардот на граѓаните, наведе Министерството за финансии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/besimi-nema-promeni-za-osnovnite-proizvodi-od-potroshuvachkata-koshnichka-ako-ima-opravdani-reaktsii-ke-se-reagira/feed/ 0
Минималната синдикална кошница во мај изнесува 49.025 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-maj-iznesuva-49-025-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-maj-iznesuva-49-025-denari/#respond Fri, 09 Jun 2023 12:14:18 +0000 https://kurir.mk/?p=844032

На едно четиричлено семејство во земјава во мај годинава му биле неопходни 49.025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), 19.532,54 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13.392,85, односно 30,41 отсто отсто за домување, 3.196,9 денари за хигиена, 3.720,1 за превоз, 2.315,759 за облека и обувки, 1.067,86 за култура и 821,47 денари за одржување на здравје, или вкупно 44.047,52 денари. -Кога на нив ќе се додадат 4.977,37 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49.024,89 денари, прецизираат од ССМ. Нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-sindikalna-koshnitsa-vo-maj-iznesuva-49-025-denari/feed/ 0
Стојаноски: Потрошувачката кошничка укажува дека власта не може да ја заузда инфлацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-potroshuvachkata-koshnichka-ukazhuva-deka-vlasta-ne-mozhe-da-ja-zauzda-inflatsijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-potroshuvachkata-koshnichka-ukazhuva-deka-vlasta-ne-mozhe-da-ja-zauzda-inflatsijata/#respond Fri, 10 Mar 2023 19:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=810622

Ние побаравме систем кој ќе функционира на подолги патеки, затоа што и денешното замрзнување на цените е со времен карактер до 31 мај, а потоа по она што се бројките секогаш кога имало ограничувања, откако ќе заврши таа мерка, цената се качувала неколкукратно, изјави патеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител. Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ има предложено неколку антикризни мерки кои ги укажува и смете дека треба да се направи партнерство помеѓу оние кои се купувачи, односно граѓаните , помеѓу оние кои произведуваат и тие кои продаваат за да се направи нивелација на цените која ќе го издржи тестот на времето. - Конкретно предлагавме замрзнување на цените но за да нема празни рафтови да се ослободат стоковите резерви, да се реагира со акцизата да се намалат горивата, да се анулира транспортниот ефект, односно при транспортот да не се качува цената. Потоа активирање на уште дополнителни капацитети за производство на електрична енергија со цел да се нуди евтина, а вишоците да се продаваат кон домашен пазар, како и намалување на царинските тарифи и намалување на данокот на додадена вредност, рече Стојаноски. Стојаноски истакна дека потребно е системско решение затоа што сега потрошувачката кошничка покажува дека не може да се заузда инфлацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoski-potroshuvachkata-koshnichka-ukazhuva-deka-vlasta-ne-mozhe-da-ja-zauzda-inflatsijata/feed/ 0
За МИНИМАЛНИ месечни трошоци во јануари биле потребни 50.799 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/#respond Wed, 15 Feb 2023 11:33:41 +0000 https://kurir.mk/?p=800771

На едно четиричлено семејство во јануари му биле потребни 50.799 денари за минимални месечни трошоци, покажуваат пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија. Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари. Државниот завод за статистика вчера објави дека инфлацијата во јануари изнесува 17,1 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-minimalni-mesechni-troshotsi-vo-januari-bile-potrebni-50-799-denari/feed/ 0
Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-potroshuvachka-koshnichka-vo-noemvri-51-714-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-potroshuvachka-koshnichka-vo-noemvri-51-714-denari/#respond Wed, 07 Dec 2022 14:43:00 +0000 https://kurir.mk/?p=772328

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во ноември изнесувале 51.714 денари и се за 200 денари зголемени во однос на октомври, а за 1.490 денари во споредба со септември. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, за храна во ноември биле потребни минимум 19.518 денари, а за режиски трошоци 12.983 денари што е повеќе од половина од синдикалната минимална кошничка. Останатите средства, односно 3.668 денари се минимум потребни за превоз, 2.986 денари за хигиена и 2.250 денари за облека или обувки. За културни активности, според синдикалната минимална кошничка, остануваат 1.067 денари, а за здравствени услуги само 799 денари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnata-potroshuvachka-koshnichka-vo-noemvri-51-714-denari/feed/ 0
Инфлацијата надвор од контрола, кошничката за септември со рекордно достигнување од 50.224 денари – ССМ обвинува дека Владата доцни со мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-nadvor-od-kontrola-koshnichkata-za-septemvri-so-rekordno-dostignuvanje-od-50-224-denari-ssm-obvinuva-deka-vladata-docni-so-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-nadvor-od-kontrola-koshnichkata-za-septemvri-so-rekordno-dostignuvanje-od-50-224-denari-ssm-obvinuva-deka-vladata-docni-so-merki/#respond Fri, 07 Oct 2022 13:15:58 +0000 https://kurir.mk/?p=742502

Инфлацијата излезе надвор од контрола и таа според последните пресметки достигна високи 18,7 проценти, а Владата не презема ништо во изминатиот период да се спречи ваквиот галопирачки раст. Трендот на осиромашување на работниците и граѓаните никој не го спречува, туку напротив газдите се закануваат со откази, реагираат од Сојузот на синдикати на Македонија. Синдикалната минимална кошница која ја пресметува ССМ, за септември, потенцираат оттаму, достигна 50.224,00 денари. -Владата и работодавачите го честитаа 07 октомври, Меѓународниот ден за пристојна работа со непристојни плати и непристојна работа, со сиромашни работници и граѓани кои веќе не можат да си ги дозволат основните потреби за егзистенција. Поради се поевидентното зголемувањето на цените, имаме тренд на осиромашување на работниците и граѓаните и итно е потребно зголемување на платите со кој ние работниците без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница, се вели во денешното соопштение од ССМ. Според синдикатот, бизнисот и газдите и во време на економска и енергетска криза направиле милионски добивки, додека работниците едвај преживуваат и го чувствуваат на сопствена кожа најголемото зголемување на трошоците за живот од 18.7 отсто. -Тоа што им е потребно на работниците е едноставно, поголеми пристојни плати и пристојни услови за работа. Не може да се справувате со зголемените трошоци за живот без зголемување на платите на работниците, поради тоа ССМ инсистира платите во државата да го следат порастот на инфлацијата од 18,7 проценти, но и порастот на синдикалната кошница која ја изработува ССМ, велат од Синдикотот. Затоа бараат доследна примена на одредбите од колективните договори за усогласување на платите согласно порастот на инфлацијата, продолжување на важењето на досегашни анти-кризни мерки со замрзнување на маржата кај досега определените продукти, како и проширување на повеќе прехрамбени продукти, но и бесплатен градски превоз до и од работа. Исто така, ССМ бара да се воведе повторно мерката за право на платежна картичка за купување домашни производи и плаќање на сметките за електричната енергија за одредена категорија на работници и граѓани кои се најзагрозени и најпогодени од економската криза односно да се поделат вредносни картички за купување храна и плаќање на сметките за електрична енергија на одредена категорија на семејства, особено на оние чиј вкупен приход е во износ под просечна плата (31.812,00 денари) во едно четиричлено семејство во висина до разликата од синдикалната минимална кошница (50.224,00 денари). Од ССМ апелираат на одговорно однесување на Владата и бизнис секторот, и велат дека е време за солидарност и поддршка пред се за ранливите категории на работници и граѓани. Во спротивно, нагласуваат од ССМ, социјалните немири нама да може да ги спречи никој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/inflacijata-nadvor-od-kontrola-koshnichkata-za-septemvri-so-rekordno-dostignuvanje-od-50-224-denari-ssm-obvinuva-deka-vladata-docni-so-merki/feed/ 0
За речиси 3.000 денари зголемени минималните месечни трошоци на четиричлено семејство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-rechisi-3-000-denari-zgolemeni-minimalnite-mesechni-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-rechisi-3-000-denari-zgolemeni-minimalnite-mesechni-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo/#respond Wed, 08 Jun 2022 09:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=688263

Минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во мај се зголемиле за 2.980 денари во однос на јануари, покажуваат пресметките што секој месец ги прави Сојузот на синдикати на Македонија, изработувајќи ја синдикалната минимална кошница. Според објавените податоци, синдикалната кошница во мај изнесувала 38.791 денар и е зголемена за 8,32 проценти во споредба со јануари годинава. За една година, односно во споредба со мај лани зголемувањето е за 4.635 денари или за 12,78 проценти. Според анализата на ССМ, најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците. – Од месец во месец, драстично се зголемуваат трошоците за живот на едно четиричлено семејно домаќинство, а платите не го следат истиот раст. Истото го покажува и самата пресметка на синдикалната минимална кошница што ССМ ја пресметува секој месец. Затоа ССМ со право бара зголемување на платите на сите вработени, како во јавниот, така и во приватниот сектор и покрај евидентните противања на одредени субјекти кои се против зголемување на платите на работниците, велат од ССМ. Синдикатот бара оваа пресметка на синдикалната минимална кошница, како и зголемувањето на трошоците за живот, да бидат причина за веднаш да се пристапи кон склучување на Општиот колективен договор за јавен сектор со зголемување на платите на работниците согласно порастот на минималната плата и платите да се зголемат за најмалку 2806 денари во нето износ. Во спротивно, како што посочува ССМ, ќе бидат приморани да стапат во генерален штрајк кој е најавен за 22 овој месец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-rechisi-3-000-denari-zgolemeni-minimalnite-mesechni-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo/feed/ 0
Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари во однос на септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/#respond Fri, 12 Nov 2021 11:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=594588

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка. Според овие податоци, синдикалната минимална кошничка во октомври изнесува 34.584 денари. Храната учествува со 42,7 проценти во вкупната структура на кошничката или за храна и пијалоци потребни биле 14.779 денари. За режиски трошоци биле потребни најмалку 10.879 денари, а за хигиена 2.390 денари. – Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од Синдикатот. Оттаму оценуваат дека е оправдано барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и линеарно зголемување на останатите плати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/minimalnite-troshoci-na-chetirichleno-semejstvo-vo-oktomvri-zgolemeni-za-200-denari-vo-odnos-na-septemvri/feed/ 0
Синдикалната кошница во април зголемена за 204 денари во однос на март https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sindikalnata-koshnica-vo-april-zgolemena-za-204-denari-vo-odnos-na-mart/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sindikalnata-koshnica-vo-april-zgolemena-za-204-denari-vo-odnos-na-mart/#respond Mon, 10 May 2021 14:12:57 +0000 https://kurir.mk/?p=508558

Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март. Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент. –  Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците. Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалоци, обивки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница, нагласуваат од ССМ. Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу или 14.332  денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sindikalnata-koshnica-vo-april-zgolemena-za-204-denari-vo-odnos-na-mart/feed/ 0
За 122 денари во март зголемени основните трошоци на едно семејство, просечната плата недоволна за минималните трошоци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-122-denari-vo-mart-zgolemeni-osnovnite-troshoci-na-edno-semejstvo-prosechnata-plata-nedovolna-za-minimalnite-troshoci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-122-denari-vo-mart-zgolemeni-osnovnite-troshoci-na-edno-semejstvo-prosechnata-plata-nedovolna-za-minimalnite-troshoci/#respond Fri, 09 Apr 2021 05:31:26 +0000 https://kurir.mk/?p=494611

За 122 денари се зголемиле основните трошоци на едно четиричлено семејство во март во однос на јануари, а за 70 денари во однос на февруари, покажуваат најновите податоци на синдикалната кошничка што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија. Минималните трошоци на едно четиричлено семејство, според пресметките на ССМ, во март изнесувале 33.772 денари. Од нив, речиси 42 проценти одат за храна и пијалоци, 32 проценти за подмирување на режиските трошоци, 7,4 проценти за превоз, 7,2 проценти за хигиена и 6,2 проценти за облека и обувки. Останатото е за здравствени услуги и за културни активности. Согласно пресметките на ССМ, минималните трошоци на едно четиричлено семејство не можат да се покријат со просечно исплатената плата во земјава. Така, во јануари според објавените податоци на Државниот завод за статистика, просечната плата изнесувала 28.272 денари, додека вредноста на синдикалната кошничка за истиот месец е 33.650 денари, односно минималните трошоци на едно четиричлено семејство биле повисоки за 5.378 денари од просечната плата. Сојузот на синдикати на Македонија повеќепати досега бараше зголемување на минималната плата за 60 проценти од просечната, а согласно тоа, да се изврши и скалесто зголемување кај останатите плати. Последното усогласување на минималната плата беше направено во март годинава и од овој месец таа ќе изнесува 15.194 денари. Синдикатите реагираа на ова усогласување на минималната плата, несогласувајќи се околу реалниот пораст на БДП кој е еден од трите параметри за усогласување. – Претставниците на Владата и работодавачите сметаа дека реалниот пораст на бруто домашниот производ може да биде и во минус, односно, иако Законот за минимална плата укажува на користење на терминот пораст, за претставниците од МТСП, Министерството за економија, Министерство за финансии и работодавачите истиот како таков во минус мора да се земе во пресметката – иако тоа никаде не е напишано во Законот за минималната плата и со тоа на таков начин усогласувањето на минималната плата по нивните пресметки ќе биде пониско за 211,00 денари и истата ќе изнесува околу 15.190,00 денари, информираа тогаш од ССМ. Од Владата, пак, оценија дека се работи за позитивно решение донесено во услови на криза. Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи неодамна изјави дека направен е исчекор во време на криза и зголемена е минималната плата за 1,7 проценти. – Не можеме само заради политички поени да ги занемариме критериумите, кога истите се пропишани со Закон. Имавме различно гледање на еден од критериумите во Законот за минимална плата, каде стои дека минималната плата се усогласува според процентот на зголемен пораст на бруто домашниот производ. Синдикатите ценат дека БДП може да биде само позитивен, а ние тврдиме дека реалниот раст на БДП којшто ДЗС го дава како податок, може да биде и позитивен и негативен. Ние имавме негативна стапка на раст минатата година, за жал, од минус 4,5 проценти и тука беше разликата на толкувањето. Синдикатите велеа дека треба да земеме 0 како единица за реалниот раст на БДП, но факт е дека имаме официјален податок за БДП од Државниот завод за статистика, изјави неодамна Битиќи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/za-122-denari-vo-mart-zgolemeni-osnovnite-troshoci-na-edno-semejstvo-prosechnata-plata-nedovolna-za-minimalnite-troshoci/feed/ 0