потрошувачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Mar 2023 09:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потрошувачка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ ја намалува потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/#respond Fri, 10 Mar 2023 09:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=810339

Европскиот совет денеска соопшти дека Претседателството на Европскиот совет и преговарачите на Европскиот парламент постигнале прелиминарен договор за намалување на потрошувачката на енергија за 11,7 отсто до 2030 година на ниво на ЕУ. Горната граница за финална потрошувачка во ЕУ ќе биде 763 милиони тони еквивалент на нафта, а горната граница за примарна потрошувачка ќе биде 993 милиони тони нафтен еквивалент, се наведува во соопштението. Границата за крајна потрошувачка ќе биде обврзувачка за земјите членки на ЕУ, додека границата за примарна потрошувачка ќе биде индикативна, додаваат од Советот на Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-ja-namaluva-potroshuvachkata-na-energija-za-11-7-otsto-do-2030-godina/feed/ 0
Рекордна потрошувачка на гас во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-potroshuvachka-na-gas-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-potroshuvachka-na-gas-vo-evropa/#respond Wed, 01 Dec 2021 21:30:54 +0000 https://kurir.mk/?p=602710

Повлекувањето на гас од подземните складишта во Европа во ноември достигна рекорд од 2011 година, покажуваат податоците на Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ). Потрошувачката на гас од складиштата во Европа во ноември изнесувала околу 11,68 милијарди кубни метри. Ова е втор врв од 2011 година, а првиот беше во 2016 година, кога од европските складишта за гас беа повлечени 11,78 милијарди кубни метри. Така, вкупното полнење на европските складишта на крајот на претходниот месец се намали на 68,05 проценти и сега изнесува околу 73,46 милијарди кубни метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordna-potroshuvachka-na-gas-vo-evropa/feed/ 0
Европските земји ја намалуваат потрошувачката на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/#respond Tue, 12 Oct 2021 13:58:16 +0000 https://kurir.mk/?p=577800

Индустрискиот сектор во Европа започна да ја намалува побарувачката за природен гас бидејќи рекордни цени го направија тој енергенс недостапен за многу корисници. Просечната потрошувачка во октомври беше 12 проценти помала отколку пред пандемијата, според податоците собрани од консултантската агенција со седиште во Париз, Engie EnergyScan. Потрошувачката на гас веќе почна да опаѓа во септември, а потоа беше пет проценти помала отколку во истиот месец во 2019 година, јави Блумберг. – Во индустрискиот сектор во Европа, постои тренд на намалена потрошувачка и побарувачка за гас, вели директорот на Engie EnergyScan, Жулиен Хоарау. Според него, досега намалувањето на потрошувачката е најочигледно во Германија, Холандија и Велика Британија, но треба да почекаме неколку недели за да видиме дали навистина ќе биде така кога ќе се зголеми побарувачката во грејната сезона. Непосредно пред почетокот на зимата, цените на природниот гас достигнаа рекордни нивоа. Одредени енергетски интензивни компании привремено престанаа да работат бидејќи нивното одржување станува прескапо. Кризата ги зафати и снабдувачите со енергија и влијае врз потрошувачите во Европа. Референтниот договор за гас неодамна беше повлечен со надеж дека Русија ќе го зголеми износот на испораките. Сепак, цените на гасот се и понатаму четирипати повисоки. Високите цени може да го забават економското закрепнување во Европа, бидејќи одредени гранки на индустријата веќе се тешко погодени, заклучи Оаро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/evropskite-zemji-ja-namaluvaat-potroshuvachkata-na-gas-2/feed/ 0
Светот испил најмалце вино во последните 20 години – пандемијата ги покоси и лозарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-ispil-najmalce-vino-vo-poslednite-20-godini-pandemijata-gi-pokosi-i-lozarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-ispil-najmalce-vino-vo-poslednite-20-godini-pandemijata-gi-pokosi-i-lozarite/#respond Wed, 21 Apr 2021 20:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=500577

Светската потрошувачка на вино во 2020 година падна за три проценти во споредба со 2019 година, на најниско ниво од 2002 година, се вели во извештајот објавен од Меѓународната организација за лозарство и енологија, пишува порталот SEEbiz. - Светската потрошувачка на вино во 2020 година се проценува на 234 милиони хектолитри, што е за три проценти помалку од 2019 година и е најниско ниво на потрошувачка од 2002 година, се наведува во извештајот. Во исто време, светското производство на вино се зголеми за еден процент во споредба со 2019 година и достигна 260 милиони хектолитри. Според експертите, падот на потрошувачката на вино е под влијание на пандемијата „ковид-19“, поради што властите на разни земји мораа да затворат барови и ресторани и да го ограничат влезот на туристи. Потрошувачката најмногу паднала во Кина, со 17,4 проценти и во Јужна Африка, со 19,4 проценти. Падот на областа за одгледување вино, производството и потрошувачката на вино во Кина веројатно сигнализира пад на стапката на брз раст на пазарот на вино, што започна пред 20 години, проценува извештајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-ispil-najmalce-vino-vo-poslednite-20-godini-pandemijata-gi-pokosi-i-lozarite/feed/ 0
Еве зошто ви пристигнува висока сметка за струја: Веднаш исклучете го овој уред – ќе ја преполови цената на половина https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-zoshto-vi-pristignuva-visoka-smetka-za-struja-vednash-iskluchete-go-ovoj-ured-kje-ja-prepolovi-cenata-na-polovina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-zoshto-vi-pristignuva-visoka-smetka-za-struja-vednash-iskluchete-go-ovoj-ured-kje-ja-prepolovi-cenata-na-polovina/#respond Sat, 06 Feb 2021 18:17:47 +0000 https://kurir.mk/?p=465224

Покрај заштеда на пари, исклучувањето на уредот од струја е побезбедно во случај на грмотевици кога сите вклучени уреди се изложени на ризик од удар на гром. Дали знаевте дека вашите апарати за домаќинство водат „таен живот“ додека се исклучени? Еве список на уреди кои трошат електрична енергија дури и кога се во режим на мирување: Полнач за мобилен телефон Многумина го оставаат полначот во штекерот дури и по завршувањето на полнењето. Значи, се чини попрактично, и ние често сме премногу мрзливи да го повлечеме кабелот. Трошоците направени од самиот полнач не се големи, но постојат. Се проценува дека оваа практика троши 1,2 вати на ден. Дигитален ТВ приемник Малкумина се свесни за работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да добиваат сигнали дури и кога телевизорот е исклучен. Значи, кога го исклучувате телевизорот, го исклучувате и ресиверот, ако го имате одделно. Додека работи непотребно, тој троши 22 вати на ден. Телевизор Дали знаевте дека со притискање на копчето за исклучување, телевизорот се става во мирување? За жал, така е - може да го исклучите целосно само ако го исклучите од струја. Инаку, ТВ што не работи троши 24 вати на ден. Компјутери и лаптопи Дури и кога се исклучени, работната површина и лаптопите во позадина работат. Ако не сакате да ви украдат 96 вати на ден од вас, подобро е да ги исклучите од струја. Непотребно е да се каже, ако ги одржувате овие уреди во режим на мирување, потрошувачката е уште поголема. Уреди со тајмер Секој има барем еден во домаќинството. Радио будилници, микробранови печки, музички линии, ДВД плеери - сите тие го покажуваат времето додека се исклучени. На тој начин тие трошат дополнителни 108 вати на ден. Како и за сè друго, единственото решение е целосно да се запре нивното снабдување со електрична енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/eve-zoshto-vi-pristignuva-visoka-smetka-za-struja-vednash-iskluchete-go-ovoj-ured-kje-ja-prepolovi-cenata-na-polovina/feed/ 0
Кои автомобили имаат најмалa потрошувачка? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koi-avtomobili-imaat-najmala-potroshuvachka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koi-avtomobili-imaat-najmala-potroshuvachka/#respond Thu, 27 Dec 2018 15:08:29 +0000 https://kurir.mk/?p=145792

Една од клучните карактеристики на автомобилот која се гледа кога се купува секако е горивната економичност. Тимот на How To Cars тестирал речиси 700 автомобили за да направи листа од 100 најштедливи модели. Ние ви пренесуваме кратка листа на десетте најекономични автомобили, од кои осум имаат дизел погон, а два се хибриди, по еден со дизел и бензин варијанта. Освен моделот и моќта на погонската единица , наведена е и почетната цена, фабричките податоци за потрошувачката и потрошувачката забележана за време на возење по посебно одбрана тест патека долга 155 километри. „Патеката“ ја чинат 61 километар автопат, 40 километри град и 54 километри возење магистрален пат, при што строго се почитуваат сообраќајните прописи и ограничувања на брзината, вклучувајќи и дел од 20 километри автопат без ограничувања. Mercedes B 180d (дизел, 109 КС) – 29.375 € производител: 4,1 l/100 km; тест: 5 l/100 km Renault Scenic dCi 110 Hybrid (хибрид/дизел, 110 КС) – 28.490 € производител: 3,6 l/100 km; тест: 5,1 l/100 km Opel Meriva 1.6 CDTI ecoflex (дизел, 136 КС) – 25.670 € производител: 4,4 l/100 km; тест: 5,1 l/100 km Ford B-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 95 КС) – 21.800 € производител: 4 l/100 km; тест: 5,2 l/100 km Ford Grand C-Max 1.5 TDCI Titanium (дизел, 120 КС) – 28.700 € производител: 4,4 l/100 km; тест: 5,3 l/100 km Toyota Prius + (хибрид/benzin, 136 КС) – 31.500 € производител 4,1 l/100 km; тест: 5,4 l/100 km VW Golf Sportsvan 2.0 TDI (дизел, 150 КС) – 31.475 € производител: 4,3 l/100 km; тест 5,4 l/100 km BMW 216d Gran Tourer (дизел, 116 КС) – 30.900 € производител 3,9 l/100 km; тест 5,4 l/100 km Kia Venga 1.6 CRDi (дизел, 128 КС) – 22.140 € производител 4,7 l/100 km тест: 5,5 l/100 km Citroen Grand C4 Picasso Blue HDi (дизел, 120 КС) – 30.080 € производител: 4,1 l/100 km; тест 5,5 l/100 km Целата листа на следниот линк]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koi-avtomobili-imaat-najmala-potroshuvachka/feed/ 0
Се помала потрошувачката на пиво во Македонија, а акцизата највисока во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pomala-potroshuvachkata-na-pivo-vo-makedonija-a-akcizata-najvisoka-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pomala-potroshuvachkata-na-pivo-vo-makedonija-a-akcizata-najvisoka-vo-evropa/#respond Mon, 01 Oct 2018 10:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=108912

Акцизата на пивото да се намали од четири на три денари за литар алкохолен степен и наместо 32,5 да изнесува 24,4 евра, бара Стопанската комора на Македонија. На прес-конференција денеска, Комората укажа дека производството и продажбата на пиво изминатите десет години бележи негативен тренд, а најголеми причини за тоа се токму зголемената акциза од 2013 година, но и воведувањето на лиценците за продажба на алкохол во 2008 година, како и временото ограничување на продажбата што до скоро беше во сила. - Македонија има најмала потрошувачка на пиво во цела Европа. Од 33 литри по жител во 2008 година, сега и во последните четири до пет години е сведена на 28 литри. Падот на вкупната потрошувачка, пак, од 2008 година до сега е 110.000 хектолитри годишно или 16 отсто. Во 2008-ма сме трошеле 680.000 хектолитри, а сега бројката е 570.000, рече в.д. извршната директорка на Стопанската комора Билјана Пеева - Ѓуриќ. Според пресметките на компаниите, ако акцизите не се зголемеа и ако не се воведеше временото ограничување на продажбата, растот на потрошувачката ќе останеше 1,5 – 1,8 проценти и од 2009 до 2014 година на Македонија ќе и донесеше 23 – 30 милиони дополнителен приход. - Доколку акцизата се врати на три денари за литар алкохолен степен, цената на пивото ќе биде подостапна, а потрошувачката ќе се врати на 680.000 хектолитри. Разликата од тие 110.000 хектолитри ќе значи 2,5 милиони евра плус приход во Буџетот, нагласи директорката. Таа укажа и дека пивската индустрија е поврзана со многу чинители, поради што придобивките би биле повеќекратни, особено од социо-економски аспект. Би ги тангирало земјоделството, добавувачите, туризмот, транспортот, тровијата на мало и на големо,..., што, меѓу другото подразбира отворање нови работни места. За споредба, Пеева – Ѓуриќ наведе дека потрошувачката на пиво во Бугарија и Романија е 75 литри по жител, во Хрватска над 81 литар, а во Чешка која држи рекорд, 140 литри. Акцизата, пак, за разлика од македонската која достигнува 32,5 евра во моментов, во Романија е 8,6 евра, во Германија 9,44, во Чешка 14,69 евра, а во Хрватска 25,89. Анализите на Светската здравствена организација покажуваат, како што дополни извршната директорка, дека високите акцизи придонесуваат за зголемување на нерегистрираното производство и трговија. Пеева - Ѓуриќ предупреди и дека следната година се очекува поскапување на пивото за најмалку 5 отсто во светски рамки поради сушната година и раст на трошоците. Во Македонија по воведувањето на лиценците за продажба на алкохол во 2008 година, над 5.500 помали трговски објекти од вкупно регистрираните 13.000 се откажале од оваа дејност со што драстично се намалил вкупниот промет во трговијата на мало. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-pomala-potroshuvachkata-na-pivo-vo-makedonija-a-akcizata-najvisoka-vo-evropa/feed/ 0