потврди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 Mar 2021 06:54:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png потврди – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Хојс: Потврдите за вакцинација се дискриминирачки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hojs-potvrdite-za-vakcinacija-se-diskriminirachki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hojs-potvrdite-za-vakcinacija-se-diskriminirachki/#respond Tue, 16 Mar 2021 06:54:36 +0000 https://kurir.mk/?p=482960

Словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хоjс предупреди дека предлогот на Европска Комисија за издавање на сертификати за вакцинација против Ковид-19 е дискриминирачки кога поголем број граѓани немаат пристап до вакцината. – Мислам дека ова е многу, многу дискриминирачки, нагласи тој на виртуелен разговор со новинари од словенечките медиуми во Брисел. Според него, тоа би значело дека привилегираните ќе бидат вакцинирани, ќе имаат сертификат за вакцинација и ќе можат да патуваат, додека повеќето луѓе немаат ниту пристап до вакцината. Хојс оцени дека тоа би бил лош потег, со оглед на брзината на вакцинирање во Словенија поради ограничените резерви на вакцини. ЕК утре ќе претстави предлог за дигитален зелен сертификат, што ќе го олесни патувањето за време на пандемијата со Ковид-19 во рамките на ЕУ. Сертификатот треба да содржи информации за вакцинација, негативен тест или потврда за имунитет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hojs-potvrdite-za-vakcinacija-se-diskriminirachki/feed/ 0
Егзодусот на докторите продолжува: Од јануари досега 163 доктори побарале потврди за странство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodusot-na-doktorite-prodolzuva-od-januari-dosega-163-doktori-pobarale-potvrdi-za-stranstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodusot-na-doktorite-prodolzuva-od-januari-dosega-163-doktori-pobarale-potvrdi-za-stranstvo/#respond Mon, 30 Dec 2019 11:44:43 +0000 https://kurir.mk/?p=283844

Во изминатите пет години бројот на поднесени барања од доктори на медицина за издавање на потврди за странство изнесува 794 и тоа во 2015 година – 171, во 2016 година -162, во 2017 година -120, во 2018 година 178, а до декември годинава -163, покажуваат податоците за кои денеска информира Лекарската комора. Шеесет проценти од вкупниот број доктори на медицина кои го положиле стручниот испит годинава, посочуваат од Лекарската комора, се изјаснале дека своето вработување ќе го бараат во државава, а во последната испитна сесија од 171 доктор на медицина, 100 доктори навеле дека ќе бараат вработување во државава. Од Лекарската комора наведуваат дека не располагаат со прецизен податок за бројот на доктори кои заминале да живеат и работат во странство, а согласно со своите надлежности им издаваат потврда (good standing) на докторите дека се членови на Комората и оти против нив не се води постапка пред Судот на честа при комората. Овие потврди, како што се потенцира, им се неопходни на докторите за едукација во странство, стручен или студиски престој во странство, обука и доусовршување, меѓународни проекти како и на оние кои заминуваат да живеат и работат надвор од државава. Во изминатите пет години во Комората стручен испит положиле 1.820 доктори на медицина од кои во 2015 година – 315 доктори на медицина, во 2016 година -395 доктори на медицина, во 2017 година 299 доктори на медицина, во 2018 година – 413 доктори на медицина и годинава – 398 доктори на медицина. Според евиденцијата во Комората и податоците кои се дадени од докторите на медицина кои по полагањето на стручниот испит се стекнале со лиценца за работа во 2018 година 136 доктори се вработиле во здравствени установи низ републиката, а годинава до ноември нивниот број изнесува 98 доктори, истакнуваат од Лекарската комора.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/egzodusot-na-doktorite-prodolzuva-od-januari-dosega-163-doktori-pobarale-potvrdi-za-stranstvo/feed/ 0