поука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 20 Sep 2022 20:01:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поука – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Запомнете ја оваа куса реченица: Таа е најмоќната порака во светот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zapomnete-ja-ovaa-kusa-rechenica-taa-e-najmokjnata-poraka-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zapomnete-ja-ovaa-kusa-rechenica-taa-e-najmokjnata-poraka-vo-svetot/#respond Tue, 20 Sep 2022 20:01:16 +0000 https://kurir.mk/?p=735416

Сите постојано трагаме по животната вистина и мудрост. Човекот по природа е многу љубопитен и жеден за нови знаења кои би му помогнале да си го подобри животот и да ја постигне својата цел. Па, која е најмоќната порака на светот што сите би требало да ја знаеме? Прочитајте ја следнава приказна за да дознаете… Си бил еден крал кој ги собрал сите негови мудреци и им наредил да направат прстен на којшто ќе изгравираат натпис со најмоќната порака на светот. Натписот требало да му помогне во тешките животни моменти и секогаш да го потсетува на доброто кога се чувствува лошо. Мудреците долго време размислувале што да изгравираат и на крајот кога прстенот бил готов, на него го пишувало следново: „И тоа ќе помине…“ Звучи многу едноставно, но најчесто убавината и моќта лежат во едноставните работи, се согласувате? Без разлика низ каков период поминувате и што ви се случува моментално во животот, најважно е да запомните дека и тоа ќе помине. Ништо не е вечно. Болката што сега ви се чини неподнослива, утре ќе се претвори во насмевка. Никогаш не заборавајте дека сѐ е минливо во животот. Тоа е најголемата мудрост што треба да ја знаете за да можете да живеете среќно и безгрижно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zapomnete-ja-ovaa-kusa-rechenica-taa-e-najmokjnata-poraka-vo-svetot/feed/ 0
„Спуштете ја чашата“: Ова е најкратката лекција за стресот која многу ќе ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spushtete-ja-chashata-ova-e-najkratkata-lekcija-za-stresot-koja-mnogu-kje-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spushtete-ja-chashata-ova-e-najkratkata-lekcija-za-stresot-koja-mnogu-kje-vi-pomogne/#respond Sat, 31 Jul 2021 11:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=544370

Ова е најдобрата и најкратката лекција за стресот, запомнете ги овие мудри зборови. Еден професор по психологија им го одржал на своите студенти следното предавање: „Секој ден се соочуваме со предизвици и препреки кои ни помагаат да растеме и кои не дефинираат. Но, кога стресот ќе се вовлече во нашите животи, работите може да станат невозможни. Стресот може да нѐ парализира и да нѐ спречи да ги направиме работите кои мораме да ги направиме.“ Тогаш  ги прашал своите студенти: „Колку е тешка оваа чаша вода?“ Студентите давале разни одговори: „Два децилитри“, рекла една од студентките, а потоа и другите сугерирале: „Три децилитри, пет децилитри, итн.“ Професорот на крај им го одговорил следното: „Апсолутната тежина на оваа чаша не е важна. Таа зависи од тоа колку долго ја држам. Ако ја држам една минута, ништо нема да се случи. Ако ја држам еден час, ќе почне да ме боли раката. Ако ја држам цел ден, мојата рака ќе се укочи. Тежината на чашата не е променета, но што подолго ја држам, толку потешка станува. Стресовите и грижите во животот се како оваа чаша вода. Ако некое време мислите на нив – тоа не е проблем. Ако малку подолго мислите на нив, тогаш почнува да боли. Ако по цел ден мислите на нив, ќе бидете парализирани и неспособни да направите што било друго. Запомнете: Спуштете ја чашата!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/spushtete-ja-chashata-ova-e-najkratkata-lekcija-za-stresot-koja-mnogu-kje-vi-pomogne/feed/ 0
ПОУЧНА ПРИКАЗНА: Како треба да реагираме на зависта, злобата и навредите од другите луѓе? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:51:09 +0000 https://kurir.mk/?p=543009

Некогаш многу одамна си живеел еден стар, но мудар самурај. Тој имал група млади ученици кои ги подучувал на воени вештини, но и на мудрости. Еден ден, за време на обуката, дошол еден млад војник кој бил познат по својата грубост и суровост. Неговата омилена тактика била провокацијата: Го навредувал противникот кој го губел трпението, го прифаќал предизвикот, но во бесот правел грешка по грешка и секако, на крајот ја губел борбата. Така се случило и овој пат: Војникот извикал неколку навреди и започнал да ја набљудува реакцијата на самурајот. Самурајот мирно продолжил со своето предавање. Ова се повторило неколкупати. Кога самурајот никако не реагирал ниту по трети пат, војникот луто си заминал од предавањето. Останатите ученици внимателно и со љубопитност ја набљудувале оваа ситуација. Откако војникот си заминал, еден ученик не издржал и почнал да зборува: „Учителе, зошто ги толериравте неговите напади и навреди? Требаше да го предизвикате на борба!“ Мудриот самурај одговорил: „Кога некој ќе ви донесе подарок и вие не го прифатите, тогаш чиј е подарокот?“ „На тој што го донел подарокот“, одговориле учениците. Самурајот се насмевнал: „Истото важи и за зависта, мразењето, навредите и злобата. Сѐ додека не ги прифаќате, тие ѝ припаѓаат на личноста која ги носи во себе!“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/pouchna-prikazna-kako-treba-da-reagirame-na-zavista-zlobata-i-navredite-od-drugite-lugje/feed/ 0
Мудра поговорка: Има само 15 зборчиња, а може да ви го промени животот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudra-pogovorka-ima-samo-15-zborchinja-a-moze-da-vi-go-promeni-zivotot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudra-pogovorka-ima-samo-15-zborchinja-a-moze-da-vi-go-promeni-zivotot/#respond Tue, 08 Jun 2021 19:35:02 +0000 https://kurir.mk/?p=520731

Ова е една стара арапска поговорка. Не се знае ниту авторот ниту периодот на настанување, но во една реченица се крие универзална и безвременска вистина! Си бил еднаш еден арапски мудрец. Сите негови ученици ги учел само на една работа Поговорката има 15 зборчиња, а ако сте доволно мудри, истата ќе ви го промени животот. Четири работи не можат да се вратат: -изговорениот збор, -фрлената стрела, -младоста и -пропуштената прилика !]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudra-pogovorka-ima-samo-15-zborchinja-a-moze-da-vi-go-promeni-zivotot/feed/ 0
Куса приказна за птиците – важна лекција за луѓето https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/#respond Wed, 26 May 2021 14:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=515350

Оваа куса приказна за птиците е голема поука и за луѓето. На препелицата ѝ се случила страшна несреќа - ѝ се запалило гнездото. Долетал гавранот и видел што се случило. „Така ти е кога не внимаваш“, рекол и во огнот фрлил една сува тревка. Потоа од некаде долетала и ластовицата. Видела што се случува и во клунот донела капка вода и ја испуштила во огнот. Од сувата трева, што ја фрлил во огнот гавранот, пожарот не станал поголем. Ниту пак од капката вода што ја донела ластовицата пожарот не станал помал. Но, затоа препелицата дознала кој ѝ е непријател, а кој пријател.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kusa-prikazna-za-pticite-vazna-lekcija-za-lugjeto/feed/ 0
„Вака се чува љубовта“: Од одговорот за љубопитното дете, можете и вие многу да научите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-se-chuva-ljubovta-od-odgovorot-za-ljubopitnoto-dete-mozete-i-vie-mnogu-da-nauchite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-se-chuva-ljubovta-od-odgovorot-za-ljubopitnoto-dete-mozete-i-vie-mnogu-da-nauchite/#respond Sun, 14 Mar 2021 15:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=482010

Едно љубопитно детенце сакало да дознае нешто повеќе за љубовта, па решило да ја праша својата мајка, а нејзиниот одговор со сигурност и вие добро ќе го запаметите. Мајката и детето си шетале на плажа. Во еден момент детето ја запрашало: „Мамо, како се чува љубовта?“ Мајката го погледната и одговорила: „Земи малку песок и стисни го во дланката.“ Детето тоа го направило. Ја стегнало дланката и колку повеќе стегало толку повеќе песок му испаѓало од неа. „Но мамо, песокот ми бега.“ „Знам, сега повторно отвори ја дланката.“ Детето ја послушало мајка си, но во тој момент дувнал ветар и го однел песокот од дланката. „Ни вака не успевам да го задржам песокот.“ Детето се пожалило, а на тоа мајката му одговорила. „Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката во облик на лажица, доволно затворена да го заштитиш песокот, но и доволно отворена за да биде слободен.“ Детето тоа го направило и песокот останал на дланката, доволно заштитен од ветрот и доволно слободен за да не протече низ прстите. „Така се чува љубовта.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vaka-se-chuva-ljubovta-od-odgovorot-za-ljubopitnoto-dete-mozete-i-vie-mnogu-da-nauchite/feed/ 0
Мудроста на животот, совет кој многу ќе ви помогне https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudrosta-na-zivotot-sovet-koj-mnogu-kje-vi-pomogne/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudrosta-na-zivotot-sovet-koj-mnogu-kje-vi-pomogne/#respond Tue, 03 Nov 2020 08:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=424114

Еден студент отишол кај својот професор на консултација. „Професоре“, почнал тој. „Ме мачи нешто деновиве и се прашував дали би можеле да ми помогнете.“ „Тука сум за што и да треба, слободно кажи ми… можеби би можел да ти помогнам некако…“, одговорил тој трпеливо. „Постојано размислувам за својот живот…“, почнал да објаснува студентот. „Се плашам што ќе бидам и каде одам. Сакам да бидам среќен во моето патување и што е најважно, да бидам здрав. Бидејќи кога ги гледам луѓето што ме опколуваат, тие се замислени, болни, загрижени… Скоро како да имаат исти мисли како и јас!“ „Имаш сосема нормални прашања, можеш да бидеш сигурен во тоа. Сега се наоѓаш во оној период од животот кога сакаш да направиш нешто од себе, знаеш каде одиш, па сакаш да бидеш среќен и здрав додека патуваш во таа насока.“ „Во право сте. Но како може да бидам мирен во својот ум и да го постигнам тоа што го сакам?“ „Јас не можам да ти дадам одговор на ова прашање“, продолжил да објаснува професорот. „Патот по кој ќе чекориш е само твој, но можам да ти одговорам на твоето прашање на малку поинаков начин…“ „Но, како ќе ми помогне тоа? Јас дојдов со конкретно прашање на кое ми треба одговор…“, се загрижил студентот. „Верувај ми, и јас на времето си ги поставував истите прашања, со денови и ноќи ме мачеа овие мисли и не можев да дојдам до одговорот што би ме направил среќен. Се обидов да ги побарам одговорите во други луѓе, но ни тоа не ми успеа. Никој не сакаше да ја сподели тајната со мене. Но сепак успеав да најдам решение…“ „Не би сакале да ми помогнете сега, да не се мачам како вас на времето?“ „Слушај ме внимателно“, продолжил трпеливо професорот. „Дали некогаш си готвел, подготвувајќи храна што планираш да ја изедеш?“ „Да. Но каква врска има ова со моето прашање?“ „Дали за време на готвењето си го замислувал вкусот што си сакал да си го понудиш себеси, па и на оние околу тебе откако јадењето ќе биде готово? И дали бараниот вкус го доби за време на готвењето или на самиот крај?“ „Па, за време на готвењето постојано пробував за да откријам дали вкусот е онаков каков што треба да биде и што недостасува за храната да биде повкусна.“ „Токму така“, извикал професорот. „Кога готвиш, концентриран си на целосниот процес, од почетокот, до самиот крај. Сè што сакаш во животот, од здравје, радост, внатрешен мир, благосостојба и наклонетост на оние околу тебе, ќе добиеш само ако во секој момент си присутен во тоа што го правиш и додадеш љубов онаму каде што има бол, радост кај тагата, мир каде што е војната – сè останато ќе си дојде на своето место, исто како и храната што си ја подготвувал.“ Поука: Бидете присутни каде и да сте. Минатото е потребно за да израснете во силни луѓе, а за иднината ќе размислувате кога ќе дојде време. Најважното нешто е во секој момент да бидете тоа што сте и да не се откажувате од вас!]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/mudrosta-na-zivotot-sovet-koj-mnogu-kje-vi-pomogne/feed/ 0
Една минута ќе ја читате, цел живот ќе ја помните: Кратка приказна за тоа како се чува љубовта! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/#respond Tue, 23 Jun 2020 09:54:18 +0000 https://kurir.mk/?p=361360

Момче сакаше да добие совет од мајка си, за како да ја одржува љубовта. Начинот на кој таа му го објасни тоа е нешто кое ќе ве замисли: Мајка и момче шетаат на плажа. Во еден момент момчето ја прашува: „Мамо, како се чува љубовта?" Мајката го погледна и одговори: „Земи малку песок и стисни го во тупаницата.“ Момчето ја стегаше тупаницата и колку повеќе стискаше, толку повеќе излегуваше од неa песок. „Но, мамо, песокот ми бега." „Знам, сега потполно отвори ја тупаницата.“ Момчето ја послуша, но во тој момент дувна ветер и го однесе целиот песок од дланката. „Ни вака не успевам да го задржам песокот“. Мајката му одговори со насмевка на лицето: „Сега земи малку песок во раката и држи ја дланката во форма на лажица, доволно затворена за да го заштитиш и доволно отворена за песокот да биде слободен“. Момчето направи како што му беше кажано и песокот остана на дланката, доволно заштитен од ветрот и ослободен од лизгање низ прстите. „Така се чува љубовта.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/edna-minuta-kje-ja-chitate-cel-zivot-kje-ja-pomnite-kratka-prikazna-za-toa-kako-se-chuva-ljubovta/feed/ 0
Ужасна исповед на наркозависничка: Поминала низ пекол, нејзината приказна треба да е совети за младите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/uzasna-ispoved-na-narkozavisnichka-pominala-niz-pekol-nejzinata-prikazna-treba-da-e-soveti-za-mladite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/uzasna-ispoved-na-narkozavisnichka-pominala-niz-pekol-nejzinata-prikazna-treba-da-e-soveti-za-mladite/#respond Fri, 31 Jan 2020 14:42:11 +0000 https://kurir.mk/?p=297597

Една млада наркозависничка раскажува низ каков пекол има поминато. Била зависна од дрога и правела ужасни работи. Се надеваме дека нејзиното лошо искуство ќе биде поука за младите дека по тој пат НЕ СМЕАТ да тргнат. „Како што обично се случува, во пубертетот хормоните дивеат. Знам, ова не е оправдување за следново во продолжение на моето признание, но можеби приказната ќе биде поучна за некого, наменета за сите деца, тинејџери, но и родители. Еве како се станува зависник, а мислите дека не може да ви се случи вам. И, како што вели Бора Чорба, а така и започна: „С'дванаес сам попушио прву пљугу“… Сега кога го водам овој дневник и додека ракописот ми станува појасен и почитлив, кога минаа оние најлошите кризи, можам да се видам гадната себе. Бев на третман во една установа и минаа скоро десет месеци, а јас зад себе имам 14 години зависност и хаотично искуство. Кога семејството нема контрола, кога мислите дека сте независни и доволно зрели и кога мислите дека сте фасцинирани од некои луди потези, тогаш сте добра цел за улични дилери. Пропушив на дванаесет, како што реков, многу брзо и алкохолот не ми беше непознат и додека се зашеметував низ училиштето, мислев дека сум кул, а несвесна дека другите ме гледаат со згрозување. Тие беа безнадежни случаи и глупави бубалици за мене. Со остварен просек, на крајот од основното образование, навистина немав избор за средно училиште, така што се случи да бидам на местото каде што се повеќето од оние што не ја сакаат книгата. Така започна, мирисот на џоинтот се ширеше низ училишниот двор, а брзо се поврзуваш со луѓето кои ви нудат нешто посилно. Хероинот на почеток го шмркав и ги сметав наркоманите кои се боцкаат за жестоки будали што тоа си го дозволуваат, а не бев свесна дека по првото земање стануваш зависник. И нека не ве лажат дека е поинаку. Секој пат ќе ми требаше поголема доза и почеста употреба. И завршив на игла. Инјектирав хероин во мојата вена и чувството што ми го даваше беше илузија и бегање од самата себе. Сè повеќе, престануваше да биде задоволство, тој стана потреба за да можам да функционирам. Станав бело робје, спиев со дилерите, бездомниците, темните сили, само за да добијам грам од мојот тивок убиец. Моите родители се откажаа од мене, бегав од дома, имав секс по јавни тоалети, моето тело повеќе не ми значеше ништо… Јас бев личност без идентитет, без пријатели, бев никој, бев зависник од наркотици! Соочена со фактот дека повеќе не припаѓам на никого и дека никој нема да ме сака, немам пари или јадам, само донесе несреќа, дека луѓето бегаат од мене, дојдов на лекување во институција што некогаш сум ја слушнала од некој кој бил последниот грч на добронамерност. Признав, болна сум, јас сум хероински зависник. Тоа беше единствениот исправен чекор да избегам од канџите на пропаста, но и последната шанса да се спасам. Сега сум на клиника за болести на зависност, чувствувам дека целото зло е зад мене, дека почнав да дишам кислород, се чувствувам слободно, ме плаши да излезам во светот и да се соочам со реалноста. За некој месец ќе го напуштам овој објект, и сè уште не знам ништо, освен дека ќе мора да се борам и да се справам со сопствените духови од минатото. Извор: КумановскиМуабети]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/uzasna-ispoved-na-narkozavisnichka-pominala-niz-pekol-nejzinata-prikazna-treba-da-e-soveti-za-mladite/feed/ 0
Оваа реклама е забранета, а крие моќна порака: Предупредување за родителите и децата (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-reklama-e-zabraneta-a-krie-mokjna-poraka-predupreduvanje-za-roditelite-i-decata-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-reklama-e-zabraneta-a-krie-mokjna-poraka-predupreduvanje-za-roditelite-i-decata-video/#respond Mon, 03 Dec 2018 12:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=135038

Рекламата било планирано да се појави за божиќните празници како дел од еколошка кампања, но е цензурирана. Сепак таа го нашла својот пат и трогнала милиони. Анимираната реклама прикажува мал орангутан кој влегува во собата на едно девојче. На девојчето тоа му пречи, се додека не ја дознае причината зошто тој се наоѓа кај неа. Приказната за девојчето и мајмунчето треба да ја подигне еколошката свест, како и да го охрабри човекот да се обиде да го запре уништувањето додека сè уште не е предоцна. Акцентот е ставен на уништувањето на палмите со цел изработка на палмино масло. За палминото масло во многу истражувања е докажано дека е исклучително опасно за здравјето на човекот, а за жал сè повеќе се користи во продуктите кои секојдневно ги конзумираме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovaa-reklama-e-zabraneta-a-krie-mokjna-poraka-predupreduvanje-za-roditelite-i-decata-video/feed/ 0