повици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 22 Apr 2022 18:37:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png повици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гугл ги отстранува сите апликации за снимање повици https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-gi-otstranuva-site-aplikacii-za-snimanje-povici/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-gi-otstranuva-site-aplikacii-za-snimanje-povici/#respond Fri, 22 Apr 2022 20:31:34 +0000 https://kurir.mk/?p=666920

Во рамки на оперативниот систем Андроид 10, Гугл ги отстрани сите опции за снимање повици, а од 11 мај компанијата ќе имплементира и нови правила за Плеј Стор. Со новите правила кои ќе бидат воведени се спречува ектерни апликации да користат Accessibility API за снимање на аудио повици. Променетите услови во рамки на политиките за користење се имплементирани за да се подобри приватноста и безбедноста на корисниците, а особено поради фактот дека законите за снимање на повиците варираат од држава до држава. Исклучок се однапред инсталираните апликации кои веќе имаат дозвола за пристап до Accessibility API и на нив ова отстранување нема да се примени. Тоа се однесува на Pixel и Xiaomi уредите кои имаат сопствени апликации за снимање на повици. За овие уреди се смета дека имаат изворна функција за снимање повици, но постои можност во иднина да бидат имплементирани некои дополнителни правила за вакви ситуации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/gugl-gi-otstranuva-site-aplikacii-za-snimanje-povici/feed/ 0
ЕУ ги одбива повиците на Велика Британија за испорака вакцини од „АстраЗенека“ произведени во Холандија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-odbiva-povicite-na-velika-britanija-za-isporaka-vakcini-od-astrazeneka-proizvedeni-vo-holandija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-odbiva-povicite-na-velika-britanija-za-isporaka-vakcini-od-astrazeneka-proizvedeni-vo-holandija/#respond Mon, 22 Mar 2021 09:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=485966

Европската унија ги отфрла повиците на британската Влада за испорака на вакцините „АстраЗенека“ против Ковид-19 произведени во фабрика во Холандија, изјави претставник на ЕУ. -Британците инсистираат дека фабриката „Халикс“ во Холандија мора да ги снабди со таму произведената лековита супстанца. Тоа не функционира, изјави синоќа официјален ЕУ претставник за британските медиуми. Фабриката „Халикс“ во Лајден е наведена како снабдувач на вакцини и во двата договори што „АстраЗенека“ ги потпиша и со Велика Британија и со Европската унија. Поранешната членка на Европската унија, Велика Британија, досега вакцинираше многу повеќе луѓе отколку земјите на ЕУ, пропорционално на населението. -Тоа што се произведува во Халикс мора да оди во ЕУ, додаде официјалното лице. Велика Британија инсистира на тоа дека договорите мора да се почитуваат. -Европската комисија знае дека остатокот од светот гледа како таа се однесува за ова прашање и доколку ги прекрши договорите и обврските, тоа е многу штетна слика за Унијата, која е горда на своите закони, изјави британскиот министер за одбрана, Бен Валас, претходно за „Скај Њуз“, одговарајќи на прашање во врска со заканата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен дека го блокира извозот во Велика Британија. Официјален претставник на ЕУ рече дека Унијата не прекршува ниту еден договор. Европската унија во средата се закани дека ќе го блокира извозот на вакцини против Ковид-19 во Велика Британија за да го заштити скромното количество дози за нејзините граѓани, а Фон дер Лајен рече дека епидемиолошката состојба се влошува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-gi-odbiva-povicite-na-velika-britanija-za-isporaka-vakcini-od-astrazeneka-proizvedeni-vo-holandija/feed/ 0
Распишани повици за чартер летови за враќање македонски граѓани од Малта и Хрватска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/#respond Wed, 25 Mar 2020 10:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=321859

Владата денеска објави јавни повици за организирање авионски превоз за македонски граѓани со моментален престој во странство за враќање во земјава од Малта и од Хрватска. Повикот е отворен до вечер до 22 часот, а летовите треба да се организираат најдоцна до петок 12 часот напладне.
-Владата на Република Македонија денеска (25 март 2020 година) објави јавен повик за организирање авионски превоз за пренесување на македонските граѓани на територија на Република Македонија, по претходно прибавена листа од Министерството за надворешни работи на пријавени патници, македонски граѓани со моментален престој во странство. За дестинации за чартер летови се утврдени Малта – Скопје (148 патници) и Загреб – Скопје, (226 патници). Крајниот рок за организарање на летовите треба да биде до 27 март 2020 година (петок) до 12:00 часот, информира владината прес-служба.
Право на учество има секоја авио компанија или туристичка агенција која ќе организира чартер летови од градовите во Европа до земјава. Критериум за избор на најповолен понудувач е најниска цена. Генералниот секретаријат ќе склучи договор и ќе изврши плаќање на избраната најповолна понуда врз основа на дадениот критериум за избор, се вели во соопштението од Владата. Понудите треба да се достават електронски, заверени, потпишани од страна на одговорно лице и во скенирана форма на следната е-маил адреса: [email protected].  Јавниот повик ќе трае 12 часа од моментот на неговото објавување на веб страната на Владата, односно понудите треба да се достават најдоцна до вечер до 22:00 часот. Понудите кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани. -Лицата кои ќе се пријават на повикот, при влез во авионот ќе потпишат договор помеѓу нив и Владата на Република Македонија во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република  Македонија и ќе пополнат Изјава дека се согласни по пристигнување на територија на Република Македонија да бидат сместени во објектите за државен карантин во траење од 14 дена. Лицата ќе бидат преземени од Меѓународниот аеродром Скопје, со организиран превоз до местата определени за државен карантин. Лицата кои ќе патуваат имаат рок од 15 дена од денот на пристигнувањето да извршат уплата на сумата за авиобилетите согласно склучениот договор, информира владината прес-служба. Враќањето на средствата треба да го извршат на образец ПП-50 во кој треба да ги внесат следните податоци: Назив на примач: Буџет на Република Северна Македонија Транс.сметка 100 000000063095 Сметка на корисник   630010001963019 Приходно конто   725939  00 Во цел на дознака:  Враќање средства на сметка 040010007863713, расходно конто 420220 потпрограма 10. Договорот помеѓу патниците и Владата на Република Македонија, во кој гарантираат дека ќе ја исплатат сумата определена за авионскиот билет на сметка на Владата на Република Македонија има својство на извршна исправа и може да биде предмет на извршување во случај на неисполнување на обврската од договорната страна. За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Владата на Република Македонија – Генерален секретаријат на телефон 02/3118-022.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/raspishani-povici-za-charter-letovi-za-vrakjanje-makedonski-gragjani-od-malta-i-hrvatska/feed/ 0
Зголемен бројот на повици и интервенции на Брза помош, се повеќе колапси на јавно место поради топлото време https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-i-intervencii-na-brza-pomosh-se-povekje-kolapsi-na-javno-mesto-poradi-toploto-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-i-intervencii-na-brza-pomosh-se-povekje-kolapsi-na-javno-mesto-poradi-toploto-vreme/#respond Mon, 12 Aug 2019 09:00:43 +0000 https://kurir.mk/?p=228817

Поради топлотниот бран што ја зафати земјата со многу високи температури од портокалова фаза, бројот на повици кон службата за Итна медицинска помош (ИМП) во изминатиот викенд е зголемен, како за интервецнии така и за совети. Во неделата екипите на ИМП имале околу 80-тина интервенции, а во саботата 76 интервенции. Како што информира за МИА др. Весна Неделкоска, шеф на смена во ИМП, покрај тоа што се јавуваат на бројот 15123, пациенти се јавуваат и на 194 за совети во врска со нивната здравстевна состојба. – Најчесто се јавуваат хронично болните како и во колкава мера да ја кориостат својата терапија. Главно тоа се срцево болни со кардио-васкуларни заболувања, хипертензии, мозочни удари, вели др. Неделкоска. Во врска со акутните проблеми предизвикани од топлото време во ИМП е регистриран зголемен број колапси на јавно место. – Бележиме зголемен број на колапси на јавно место околу десетина за едно деноноќие. Се бележат и зголемен број сообраќајни нерсеќи, што може да биде и последица на влијанието на високите темепратури врз способноста на возачите, вели др. Неделкоска. Препораките за справување со горештините остануваат исти. Особено, нагласуваат од ИМП, треба да се придржуваат на препораките на Министерството за здравство, за топло време и топлотни бранови и луѓето што се хронично болни, а не се во групата лица на возраст над 60 години. Заради превенирање на последиците од топлотните бранови Министерството за здравство донесе препораки да се ослободат од работните обврски најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот, сите правни субјекти кои вршат активности на отворено во посочениот период да ги запрат активностите, што особено се однесува на градежните работници. Во текот на екстремно топли денови се препорачува да се остане подолго време во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор, да се прават почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, при директна изложеност на Сонце да носат заштитни очила и капа, при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, како и помало количество храна, главно овошје и зеленчук, да се избегнуваат алкохолни пијалаци, при влегување во возило тоа одреден период да се проветри, а хронично болните редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-povici-i-intervencii-na-brza-pomosh-se-povekje-kolapsi-na-javno-mesto-poradi-toploto-vreme/feed/ 0
Нова измама преку телефонски повици од странство, не кревајте слушалка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-izmama-preku-telefonski-povici-od-stranstvo-ne-krevajte-slushalka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-izmama-preku-telefonski-povici-od-stranstvo-ne-krevajte-slushalka/#respond Fri, 01 Feb 2019 07:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=158947

Граѓаните да не одговараат на непознати странски телефонски броеви. Агенцијата за електронски комуникации апелира граѓаните да бидат многу претпазливи. Кога добиваат повици од странски оператори кои не им се познати, да не одговараат, ниту пак да вртат назад доколку до пропуштиле повиок. Од АЕК знаат дека голем број граѓани добиле вакви повици што им ги набилдале сметките. Велат дека телекомуникациските оператори работат на систем за одбивање на јавувањата. Според проценките, досега околу 1000 граѓани одговориле на повиците што значи дека сметките им се зголемени. Од Агенцијата велат дека добиле уверување дека тоа нема да им биде наплатено. Во случај пак да платиле треба да побараат од опареторите парите да им бидат вратени. АЕК стои на располагање за помош на сите кои нема да можат да си ги добијат парите назад. Експертите предупредуваат дека ваквите повисци освен што се скапи за граѓаните можат да бидат опасни затоа што преку нив можат да се крадат и податоци од мобилните телефони посебно оние кои се поврзани со банкарските сметки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nova-izmama-preku-telefonski-povici-od-stranstvo-ne-krevajte-slushalka/feed/ 0
Ограничена цената на повици и СМС пораки меѓу земјите членки на ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/#respond Wed, 06 Jun 2018 16:16:38 +0000 https://kurir.mk/?p=63022

Во Европската унија е постигнат договор за ограничување на максималните трошоци за телефонски повици и СМС пораки меѓу земјите-членки.

Европската комисија и националните влади се согласија да ги ограничат цените на телефонските разговори во ЕУ на 19 центи за минута, а текстуалните пораки на шест центи. Договорот беше постигнат денеска, по 12 часа разговори.

Андрус Ансип, потпретседател на Комисијата задолжен за единствениот дигитален пазар, рече дека договорот е од суштинска важност за исполнување на се поголемите потреби на Европјаните за поврзување и за подобрување на конкурентноста на Европа.

- Ние ја поставуваме основата за воведување мрежа од 5Г низ цела Европа, рече Ансип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ogranichena-cenata-na-povici-i-sms-poraki-megju-zemjite-chlenki-na-eu/feed/ 0