повик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 14:18:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png повик – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Јавен повик за пријавување штети од невремето што го зафати Берово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javen-povik-za-prijavuvane-shteti-od-nevremeto-shto-go-zafati-berovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javen-povik-za-prijavuvane-shteti-od-nevremeto-shto-go-zafati-berovo/#respond Thu, 29 Jun 2023 14:18:09 +0000 https://kurir.mk/?p=850908

Општина Берово објави повик до граѓаните кои имаат причинета материјална штета од невремето предизвикано од поројниот дожд и излевањето на водотеците, кое ја зафати територијата на општината на 24 јуни 2023. Материјалната штета, како што стои во Јавниот повик, треба да се пријави до Комисијата за проценка на штети на Општина Берово која ќе ги земе предвид сите барања, кои по овој основ се поднесени до Општина Берово во период од 24 јуни 2023 до 10 јули 2023 година. -Во барањето потребно е да се опише настанатата штета и точната локација која се пријавува. Покрај барањето, секој барател треба да достави копија од лична карта за користење на потребните лични податоци, копија од трансакциска сметка на барателот и други потребни документи кои се објавени на општинската веб-страница, информираа од Општината. Пријавувањето на штетите како што додадоа може да се изврши во рок од 15 дена, односно најдоцна до 10.07.2023 година. -Барањата ќе бидат обработени од страна на Комисијата и ќе биде изготвен Првичен извештај, кој ќе биде проследен до Влада на Република Северна Македонија, додадоа од Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди на Општина Берово. Барањето за пријавување на штета пополнето со бараните податоци и документи се доставува до архивата на Општина Берово ул. „Димитар Влахов” бр.10 во Берово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/javen-povik-za-prijavuvane-shteti-od-nevremeto-shto-go-zafati-berovo/feed/ 0
Разговор кој не се одбива: НБА ѕвездата доби повик од мајка си среде прес-конференција, неговата реакција е хит (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/razgovor-koj-ne-se-odbiva-nba-zvezdata-dobi-povik-od-majka-si-srede-pres-konferentsija-negovata-reaktsija-e-hit-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/razgovor-koj-ne-se-odbiva-nba-zvezdata-dobi-povik-od-majka-si-srede-pres-konferentsija-negovata-reaktsija-e-hit-video/#respond Sat, 13 May 2023 08:04:46 +0000 https://kurir.mk/?p=833723

Кошаркарите на Мајами Хит го совладаа Њујорк Никс со 96:92 и се пласираа во финалето на Источната конференција со конечни 4:2 во серија, а по мечот во центарот на вниманието беше Бам Адебајо, асот на Мајами. Во тимот на Мајами најефикасен беше Џими Батлер со 24 поени, а брилијантниот Адебајо додаде 23. Тој се појави пред медиумите и ја воодушеви публиката, бидејќи на сред прес-конференција доби телефонски повик кој не можеше да одбие. Додека 25-годишникот даваше изјава, заѕвони неговиот телефон, а повикот беше од мајката. Кошаркарот им се извини на новинарите и одговори на повикот, по што имаше краток разговор со неа. -Здраво мамо, јас сум на прес- конференција, со насмевка изјави кошаркарот. Неговата реакција погледнете ја во видеото во продолжение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/razgovor-koj-ne-se-odbiva-nba-zvezdata-dobi-povik-od-majka-si-srede-pres-konferentsija-negovata-reaktsija-e-hit-video/feed/ 0
Објавен нов повик за финансиска поддршка за нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/#respond Wed, 01 Mar 2023 10:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=806516

Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023 - 2025 година. Неговата објава следува по поништувањето на претходниот тендер за таа намена откако Комисијата за евалуација на понудите што ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација. -Јавниот повик е отворен, транспарентен и на него можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следниве критериуми: да поседуваат уверение за работа издадено од земја членка на Европската Унија согласно прописите за издавање на уверение за работа на авиопревозници, да имаат превезено најмалку 10 милиони патници во 2019 година, да имаат остварено профит од минимум 25 милиони евра во 2019 година и да достават изјава заверена на нотар, дестинацијата за која добива финансиска поддршка од државата и по завршувањето на финансиската поддршка да продолжи да ја оперира за период за кој ги добивал субвенциите. Во спротивно ќе биде должен да го врати целиот износ на средства што ги добил како финансиска поддршка, соопшти Министерството за транспорт и врски. Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира и број на седишта понудени на продажба Во однос на износот на финансиската поддршка, таа ќе изнесува седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународен аеродром Скопје и 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Краен рок за доставување на барањата за учество во постапката е 31 месецов до 12:00 часот, во архивата на Министерството за транспорт и врски. Јавното отворање на барањата за финансиска поддршка ќе се одржи 3 април годинава во 12:00 часот. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/objaven-nov-povik-za-finansiska-poddrshka-za-novi-aviolinii/feed/ 0
Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponishten-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponishten-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii/#respond Fri, 10 Feb 2023 15:13:21 +0000 https://kurir.mk/?p=799044

Поништен е повикот за субвенционирани летови од двата аеродрома во државава и ќе биде распишан нов. Комисијата за евалуација на понудите што на повикот ги доставија авиокомпаниите „Виз ер“, „Луфтханза“ и „Ејџиан ерлајнс“ констатирала дека не ја доставиле пропишаната комплетна документација и го поништила повикот. -Од страна на Комисија составена од членови од неколку државни институции се изврши евалуација на доставените понуди и притоа Комисијата констатира дека авиокомпаниите не ја доставиле комплетната документација пропишана во условите од јавниот повик. Согласно тоа, Комисијата донесе одлука за поништување на јавниот повик, соопшти попладнево Министерството за транспорт и врски. Оттаму очекуваат во најбрз врменски период Комисијата да распише нов јавен повик за финансиска поддршка за нови авиолинии за период 2023-2025 година. Најавуваат дека јавниот повик ќе се објави во согласност со политиките на фер и конкурентски услови согласно регулативата на Европска унија. - Целта е да се поттикне и развива воздушниот сообраќај во Република Северна Македонија и да се овозможи поголем број на дестинации за граѓаните, стои во соопштението. Ресорното Министерство потенцира Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски е силно посветена на реализација на програмската определба за развој на авиосообраќајот. -Нашата цел е да ги искористиме капацитетите што ги нуди Меѓународниот аеродром Скопје и Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле и да овозможиме квалитетни услуги со поширок спектар на дестинации за граѓаните преку конкурентни цени на авио билетите, посочуваат од Министерството за транспорт. Со поништениот повик, што траеше од 20 декември лани до 26 јануари годинава, за разлика од претходните, можеа да се изберат повеќе авиокомпании што ќе добијат субвенции за нови авиолинии. Се предвидуваше да се доделува субвенција од седум евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од Меѓународниот аеродром „Скопје” и од 4,5 евра во денарска противвредност по патник во заминување превезен од аеродромот „Св. Апостол Павле” – Охрид. За годинава се предвидени 1,1 милион евра за финаниска поддршка за нови авиолинии. На 1 март минатата година заврши последниот од трите договори за субвенционирани летови со унгарскиот нискобуџетен авиопревозник „Визер”.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ponishten-povikot-za-subventsii-za-novi-aviolinii/feed/ 0
Повик до млади поети за учество на „Отскочна даска“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-do-mladi-poeti-za-uchestvo-na-otskochna-daska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-do-mladi-poeti-za-uchestvo-na-otskochna-daska/#respond Wed, 03 Aug 2022 08:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=713308

Скопскиот поетски фестивал, чиешто второ издание ќе се одржи од 29 август до 1 септември, годинава организира преднастан „Отскочна даска“. Станува збор за поетско читање што ќе ги собере сите млади, надежни, познати или помалку познати поети и поетеси од домашната книжевна сцена. -Настанот ќе има натпреварувачки, но ферски карактер. Ние ќе ги избереме учесниците, а тие ќе си го одберат победникот што ќе отскокне до отворањето на второто издание на СПФ, на 30 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје, и ќе чита заедно со другите учесници на фестивалот, соопштија од фестивалот. Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат свои две песни на мејлот „[email protected]“ најдоцна до 10-ти август. Имињата на одбраните натпреварувачи ќе бидат објавени на фејсбук и инстаграм страниците на фестивалот, а читањето ќе се одржи во кафе книжарницата „Буква“ на 29 август, со почеток од 20 часот. Фестивалот е поддржан од Град Скопје, од кафе-книжарница „Буква” и од Младинскиот културен центар – Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/povik-do-mladi-poeti-za-uchestvo-na-otskochna-daska/feed/ 0
„Разбери, прифати, сакај“: Повик за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/#respond Thu, 31 Mar 2022 11:38:28 +0000 https://kurir.mk/?p=656293

Повик до сите општини, институции, општествено одговорните компании, маркети, банки и сите услужни компании за вклучување во иницијативата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“ со што ќе ја препознаат инклузивната лента, ќе внесат посебна каса/ шалтер за посебните. Официјалниот повик, КУРИР го пренесува во продолжение: Почитувани, Здружението на граѓани Куќа на Среќата ги повикува сите општини, институции, општествено одговорни фирми, компании, музеи, ресторани, кино сали, маркети, болници... да ни се придружат во кампањата „Сончогледи кон сонцето за видлива и невидлива попреченост“, да станат пријателски прилагодени кон лицата кои носат инклузивна лента, да ги разберат, прифатат и сакаат и да им дадат предност. Вклучувањето во овој проект не подразбира никакви посебни финансиски импликации, потребно е само:
  1. Да се има добра волја да се вклучат во оваа иницијатива, да бидат инклузивни;
  2. Да прифатат да бидат обележани со логото на оваа иницијатива „сончогледот“ и пораката „разбери, прифати, сакај“
  3. Да обезбедат „посебна каса/шалтер за посебните“ - односно кога лице кое ќе носи инклузивна лента (лента со сончогледи), да му дадат предност пред другите и да му го отстапат редот.
Сите заинтересирани организации кои сакаат да бидат инклузивни и дел од оваа иницијатива, да им дадат предност на лицата со видлива и невидлива попреченост ќе ги замолиме да не контактираат на следната е-пошта: [email protected].  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razberi-prifati-sakaj-povik-za-vkluchuvanje-vo-inicijativata-sonchogledi-kon-sonceto-za-vidliva-i-nevidliva-poprechenost/feed/ 0
Локалните власти со повик до граѓаните на Киев да останат во домовите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lokalnite-vlasti-so-povik-do-gragjanite-na-kiev-da-ostanat-vo-domovite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lokalnite-vlasti-so-povik-do-gragjanite-na-kiev-da-ostanat-vo-domovite/#respond Mon, 28 Feb 2022 10:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=637863

Градските власти на украинската престолнина ги повикаа граѓаните на Киев да не излегуваат од своите домови освен во случаи на крајна нужда. „Борби и натаму се водат практично во сите делови на градот”, се наведува во соопштението лиферувано преку апликацијата за размена на пораки „Телеграм”. Притоа се советуваат луѓето да излегуваат од домовите само за набавка на храна или лекарства. „Синоќа беше релативно мирно во Киев, иако се регистрани престрелки со диверзантски извидувачки групи. Активностите во градот се воглавно насочени во подготовки за одбрана”, стои во соопштението. Продавниците и јавниот превоз низ градот утрово работаат, со тоа што возовите од подземната железница соорбаќаат поретко од вообичаеното. Во сила останува полицискиот час во периодот од 22 до 7 часот. Властите истовремено повикаа на грижа за соседите, особено за постарите лица и оние чии членови се вклучени во одбраната на градот и земјата. Исто така се упатува апел до јавноста да обрне внимание на домовите на луѓето кои го напуштија градот, односно да спречат кражби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/lokalnite-vlasti-so-povik-do-gragjanite-na-kiev-da-ostanat-vo-domovite/feed/ 0
Град  Скопје објави јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-objavi-javen-povik-za-poddrshka-na-proekti-na-organizacii-koi-rabotat-vo-oblasta-na-socijalna-detska-i-zdravstvena-zashtita/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-objavi-javen-povik-za-poddrshka-na-proekti-na-organizacii-koi-rabotat-vo-oblasta-na-socijalna-detska-i-zdravstvena-zashtita/#respond Sat, 12 Feb 2022 14:15:48 +0000 https://kurir.mk/?p=630614

Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година. Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:
  1. Остварување социјална заштита на лица со попреченост
  2. Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги
  3. Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани
  4. Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности
  5. Унапредување на здравствена заштита
Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог - проект се достапни на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/ Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.02.2022 година, до 15:00 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/grad-skopje-objavi-javen-povik-za-poddrshka-na-proekti-na-organizacii-koi-rabotat-vo-oblasta-na-socijalna-detska-i-zdravstvena-zashtita/feed/ 0
Мицкоски: Вратата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е широко отворена и за Левица, и за сите други граѓани и партии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vratata-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-e-shiroko-otvorena-i-za-levica-i-za-site-drugi-gragjani-i-partii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vratata-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-e-shiroko-otvorena-i-za-levica-i-za-site-drugi-gragjani-i-partii/#respond Wed, 20 Oct 2021 12:27:11 +0000 https://kurir.mk/?p=582558

„Јас ја отворив широко вратата и на ВМРО -ДПМНЕ и на Коалицијата „Обнова за Македонија“. Секој оној кој сака да види во една напредна, чесна, честита Македонија, во која ќе има напредна економија, во која нема да броиме починати од КОВИД, нивното место е овде. Со политичари кои ја направија Македонија најкорумпирана, со најмногу починати од КОВИД, тоа се регресивни политичари затоа ги повикувам сите без разлика дали се леви, десни, конзервативни, центар, либерални да ни се придружат во овој нов блок за Македонија за сите луѓе“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешната изјава. Мицкоски информираше дека е подадена рака и кон Левица и оти остава тие да одлучат. „Нашата рака е подадена, оставам тие да изберат каква сакаат соработка со блокот дали тоа ќе биде во рамки на формална коалиција, дали ќе ги поддржат кандидатите, оставам нека одлучат тие. Протесните гласови, гласовите против коалицијата на власт се во поголем број и се најмалку два пати поголеми од оние кои ја поддржуваат коалицијата на СДСМ. Затоа местото на гласачите на Левица е во најголемата коалиција и ги повикувам да дадат поддршка за да ја направиме Македонија пристојно место за живеење“, рече Мицкоски. Тој рече дека во текот на вчерашниот ден разговарал со Африм Гаши и го поканил да биде дел од новото мнозинство во општините каде ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата имаат мнозинство. „Утре ќе се видам и со Зијадин Села. Дополнително ги повикувам сите да се приклучат во оваа најголема коалиција и да работиме со и за народот“, заклучи Мицкоски. Според него мора да се вратиме енергијата кон народот, а тоа може само со работа и без корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vratata-na-vmro-dpmne-i-koalicijata-e-shiroko-otvorena-i-za-levica-i-za-site-drugi-gragjani-i-partii/feed/ 0
Путин ги повика Русите да се вакцинираат против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-rusite-da-se-vakciniraat-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-rusite-da-se-vakciniraat-protiv-kovid-19/#respond Sun, 28 Mar 2021 17:09:24 +0000 https://kurir.mk/?p=488914

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска ги повика своите сограѓани да се вакцинираат против Ковид-19. – Ако некој сака да се чувствува сигурно, не сака да се разболи и да има тешки последици после болеста, тогаш најдобро е да се вакцинира, наведе Путин. Тој во вторникот се вакцинираше, но не пред камери и не откри која од трите вакцина развиени во Русија ја примил, истакнувајќи дека сите се ефикасни. – За да се укинат рестрикциите, околу 70 проценти од населението треба да се вакцинира. Ако вакцинацијата продолжи со истото темпо како досега, верувам дека до крајот на летото ќе ја постигнеме таа бројка, посочи Путин. Речиси четири месеци од примената на вакцината Спутник В, што е одобрена во 56 држави во светот, Русија и понатаму има потешкотии да ги вакцинира своите 144 милиони жители. Според анкета од почетокот на март, две-третини од Русите оцениле дека Ковид-19 е „биолошко оружје“ создадено од човекот, а 62 проценти од испитаниците изјавиле дека не сакаат да се вакцинираат. Досега само четири милиони Руси ги примиле двете дози од вакцината, а два милиони само првата, што е околу четири отсто од населението. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/putin-gi-povika-rusite-da-se-vakciniraat-protiv-kovid-19/feed/ 0