повисоки плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Jun 2022 05:22:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png повисоки плати – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Синдикатот на УКИМ бара повисоки плати, Шаќири вели од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ukim-bara-povisoki-plati-shakjiri-veli-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ukim-bara-povisoki-plati-shakjiri-veli-od-septemvri/#respond Thu, 02 Jun 2022 05:29:34 +0000 https://kurir.mk/?p=685277

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’ ги повика вработените, наставниот и ненаставниот кадар на УКИМ, денеска со предупредувачки протест пред Ректоратот да изразат незадоволство зашто не им се зголемени платите и не е потпишан Колективниот договор. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на нивната најава за протест одговори дека пари за повисоки плати се предвидени од септември и апелираше да не се наруши јунската испитна сесија. – Заеднички да го изразиме револтот и незадоволството од игнорантскиот однос на надлежните органи кон Универзитетот и непотпишување на Колективниот договор на УКИМ за остварување на нашите барања за покачување на платите, се вели во соопштението на Сојузот на синдикати на Скопскиот универзитет, кој предлогот за мирен протест го усвоил на седница одржана на 27 мај. Мнистерот Шаќири повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, рече тој, ќе има од септември и дека тоа е предвидено со ребаланс на буџетот. – Во ребалансот на буџетот, и од претходната министерка има почнато постапка, предвидени се средства за повисоки плати и во високото образование. Тие најавија дека ќе имаат мирен протест првиот ден, потоа очекувам, идната недела, да имаме состанок за да видиме пред јунската сесија да немаат последици студентите и да има разбирање за овој процес, рече Шаќири вчера на настан во ОУ „26 Јули“ во Шуто Оризари. Тој нагласи дека е отворен за соработка и исто како што имаше социјален дијалог за основно и за средно образование, очекува така да биде и со репрезентативниот синдикат за високото образование. Според Шаќири, треба да се разговара за начините на финансирање, посочувајќи дека тие се различни на високообразовните институции и дека ако добро се организираат буџетите може, како што рече, да се постигне поголем успех. На прашањето што доколку протестот во високото образование прерасне во штрајк или бојкот на јунската сесија за полагање на испитите, Шаќири одговори дека како и за штрајкот во училиштата, е против закани за прекин на наставата. – И ова не го гледам како добра постапка на Синдикатот затоа што никогаш, ни од мене, ниту од Владата, не е кажано дека нема да има разговори и прекин на разговори и дека нема да имаат подобри услови. И во преговорите со СОНК баравме разбирање заради некои економски показатели кои не беа и не зависеа само од образованието, туку и од економските движења кои не се само во нашата земја, туку и во регионот и подалеку. Така што, ако ова се закани, нека бидат предупредување, нека се реализира испитната сесија, апелираше Шаќири.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-ukim-bara-povisoki-plati-shakjiri-veli-od-septemvri/feed/ 0
СОНК и МОН постигнаа договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mon-postignaa-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mon-postignaa-dogovor/#respond Tue, 17 May 2022 18:45:43 +0000 https://kurir.mk/?p=678044

По неколкучасовни преговори вечерва Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и Министерството за образование и наука (МОН) ги приближија ставовите и се договорија платите на вработените во образованието од септември да се зголемат за 15 проценти и да нема кратење на платите за периодот додека траеше штрајкот. Истите работи ќе важат и за вработените во градинките. На средбата, што се одржа во Министерството за образование и наука, се допрецизирани и колективните договори и договорено е во иднина при креирањето на буџетот заеднички да се разговара со синдикатот. Препораките од помирувачот ќе бидат претставени пред членството на Синдикатот, а претседателот на СОНК Јаким Неделков се надева дека ќе бидат прифатени по што најдоцна за 10 дена треба да биде потпишана спогодба меѓу СОНК и МОН. – Се надевам дека членството ќе ги прифати препораките од помирувачот, изјави Неделков по состанокот. Со ова на истекот на законскиот рок, двете страни со потсредство на помирувач назначен од Министерството за труд и социјална политика, најдоа заедничко прифатливо решение за барањата на Синдикатот. Штрајкот во градинките и училиштата почна на 11 април со барање за зголемување на платите од 18,4 проценти. На 28 април штрајкот беше ставен во мирување откако синдикатот доби известување од Министерството за труд и социјална политика дека МОН бара мирно решавање на работниот спор со потсредство на медијатор. По назначувањето на медијаторот, почна процесот на помирување меѓу СОНК и МОН кој на истекот на законски утврдениот рок од 20 дена заврши со усогласување на ставовите на двете страни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sonk-i-mon-postignaa-dogovor/feed/ 0
Со предлогот на Мицкоски 30.000 вработени во образованието до повисоки плати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-mickoski-30-000-vraboteni-vo-obrazovanieto-do-povisoki-plati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-mickoski-30-000-vraboteni-vo-obrazovanieto-do-povisoki-plati/#respond Fri, 11 Feb 2022 13:24:15 +0000 https://kurir.mk/?p=630234

Над 19.500 наставници и стручни соработници во основното образование, 8.200 во средните училишта и над 5.300 негователки и воспитувачки од детските градинки ќе добијат усогласување на платите односно порамнување на коефициентот и бодот согласно пропишаното во колективниот договор кој што Синдикатот го има потпишано со Министерството за образование и наука, доколу се прифати предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за минимална плата кој вчера го најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски на презентација објаснувајќи детално рече дека со овој предлог закон и со почитување на Колективните договори кои се на сила ќе се овозможи покачување на платите во јавниот сектор, барајќи усогласување на коефициетот на сложеноста на работната сила. Имено, доколку се прифати предлог амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш платите не само на наставниците, професорите и негователките од детските градинки, туку и на административно техничкиот персонал ангажиран во овие установи ќе се зголемува. -Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, вели Мицкоски. Според она што беше објавено, ако до сега вработено лице во детска градинка на позицијата перачка - пеглачка садомијач-сервирка, помошник во кујна со 269 бодови се изедначи со износот на коефициентот, минималната плата од 15.067 денари сега, со измените во законот ќе зема 18.694 денари или тоа значи над 24 проценти покачување. Ракувач на парни котли, ложач на парни котли со бодови од 273 и моментална нето плата од 15.279 денари би земале 18.972 денари. Понатаму, изедначување би имало во целокупниот персонал во градинките, но најмногу кај негователките и воспитувачките каде што ако сегашната минимална нето плата изнесува 18.821 денар или 24.902 денари за воспитувач, со усвојување на овој амандман истатак ќе порасне од над 25 проценти, односно над 26 проценти во зависност од бодовите, или во предвод ова би значело дека платата на негователките ќе порасне на 23.629 денари, или 31.621 денар за воспитувач. Во основното образование каде што според статистиките има некаде над 18.000 просветни работници, со овој предлог амандман на измени на законот за минимална плата од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната минимална нето плата би се искачила за над 81 процент, или еден наставник со бод од 2.503 согласно сложеноста на работни обврски од 24.782 денари би земале нето плата 45.054 денари. Согласно сложеноста на работната сила и другиот персонал како општ работник, хигиеничар, чувар, перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, економ-домаќин, готвач, хауз мајстор, возач, благајник, технички секретар, како и наставник приправник. Додека пак во средното образование професор со бод 2.533 согласно сложеноста на работните обврски од сегашната минимална нето плата од 25.838 денари би пораснала за 76.46 проценти или тоа би значело над 19.756 денари повеќе од сега, односно еден професор ќе зема 45.594 денари. И тука покачување пресметано согласно коефицинетот на сложеност на работната сила ќе има и за другиот персонал вработен во јавниот сектор, па така професор приправник со 2.319 бодови и моментална нето плата од 23.726 денари би земал 41.742 денари односно истата би се искачила за над 75.93 проценти. Ова не е прво вакво барање од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за тој уште во 2019тата година оцени дека власта не го почитува Колективниот договор и усогласување на коефицинетот и бодовите, барајќи платата на наставниците и професорите да е во согласност со законот и истата со тогашната минимална плата да изнесува 36.700 денари. Мицкоски вчера од партиската говорница побара поддршка од сите парламентарни партии во македонското собрани, синдикатот, работниците и јавноста, потенцирајќи дека не е важно на чиј предлог доаѓа ова, туку дека платите навистина треба да се покачат. -Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на владата, од страна на парламентарните партии истиот амандман да биде прифатен затоа што секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација. За ова наше барање, бараме поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност. Не важно по чиј предлог ќе се добијат повисоки плати, туку тие навистина да се покачат, истакна Мицкоски. Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на секој начин се борат да се дојде до решение каде што конечно просветните работници би го добиле она што им следува согласно законските прописи и колективниот договор, од владејачката СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски нема никаков одговор дали би го прифатиле предлогот од страна на опозицијата. И претседателот на СОНК Јаким Неделковски по соопштување на одлуката дека е постигнат договор помеѓу Владата, организацијата на работодавчи и ССМ за покачување на минималната плата на 18.000 денари во приватниот сектор, реагираше објавувајќи дека платите во јавниот сектор се катастрофални, но и дека доколку нема отпочнување на преговори за усогласување на платите со колективните договори тогаш ќе донесат одлука за најрадикални легални и легитимни синдикални активности се со цел одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласно со постоечките закони. Последниве 14 часа бројни се коментарите во однос на изедначување на платите на голем број работни места во иста дејност, со различна сложеност на работата, со различни бодови или коефициенти. Класична “урамниловка”. Во градинките, дури десет групи на различни работни места, со различни бодови, ќе земаат иста плата. Во основното и средно образование “само” пет групи на работни места со различни коефициенти ќе земаат иста плата, односно 18.000 денари. Ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции кои го третираат овој проблем. За волја на вистината, на синоќешната средба не беше негирано дека ќе има зголемување на платите и на другите работни места во различни дејности (образование, детски градинки, администрација, здравство итн.), но тоа треба дополнително да биде ставено на дневен ред на Економско – Социјалниот Совет (ЕСС) и да се преговара и договара….. СОНК и КСС се единствени во ставовите, кои беа и јавно презентирани пред членовите на ЕСС, дека доколку веднаш не почнат преговорите за усогласување на платите со колективните договори, во тој случај органите на одлучување на овие организации ќе донесат одлуки за најрадикални легални и легитимни синдикални активности, во одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласност со постоечките закон, напиша Недлековски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-predlogot-na-mickoski-30-000-vraboteni-vo-obrazovanieto-do-povisoki-plati/feed/ 0
Синдикатот на Полиција бара поголеми плати за полициските службеници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-bara-pogolemi-plati-za-policiskite-sluzbenici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-bara-pogolemi-plati-za-policiskite-sluzbenici/#respond Thu, 12 Nov 2020 10:11:22 +0000 https://kurir.mk/?p=428412

Синдикатот на Полиција во Македонија бара од Владата и од Собранието во најбрз можен рок да се преиспита нивното барање за покачување на платите на полициските службеници. – Секој вработен во полицијата со нетрпение ја очекуваше веста за буџетот за 2021 година. Овојпат секој се надеваше дека конечно Владата се сети за вработените во полицијата. Посебно знаејќи го фактот како секојдневно полицијата се справува со предизвиците од кризата на терен. Но за жал не е така, се наведува во денешното соопштение од Синдикатот на Полицијата во Македонија. Презентацијата од страна на премиерот Зоран Заев на Буџетот за 2021 година, констатираат од Синдикатот на Полицијата на Македонија, е невреднување на трудот на вработените во Полицијата. – Зошто во Буџет над 4 милијарди евра да нема пари за плати во Полицијата? Со оглед на тоа сметаме дека ваквата одлука на Владата е страмна. Се сеќавате до пред извесно време пред неколку години токму од министерот Спасовски беше измислена паролата „Задоволна полиција – безбедни граѓани“. Да се запрашаме а и запрашајте се Вие господа од Владата сега дали после оваа срамна одлука ќе имаме задоволна полциија, стои во соопштението од Синдикатот. Сметаат дека вработените во МВР заслужуваат многу повеќе од предвидените, како што се посочува во соопштението, нула денари кои ги предлага Владата за покачување на платите. – Барем да предвидевте исто колку и здравствените работници, Можеби се малку но сигурно ќе оставеа трага за задоволство во овие тешки и макотрпни времиња како една награда за секојдневниот ризик кој го преземаат работниците во Министерството за внатрешни работи, се подвлекува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sindikatot-na-policija-bara-pogolemi-plati-za-policiskite-sluzbenici/feed/ 0
Предупредувачки штрајк за повисоки плати на возачите во ЈП „Чистота и Зеленило“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-za-povisoki-plati-na-vozachite-vo-jp-chistota-i-zelenilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-za-povisoki-plati-na-vozachite-vo-jp-chistota-i-zelenilo/#respond Fri, 24 Jul 2020 12:53:44 +0000 https://kurir.mk/?p=380857

Педесетина возачи на камиони за изнесување на смет во ЈП „Чистота и Зеленило“, втор ден штрајкуваат. Тие бараат повисоки плати и заштитна опрема во време на пандемија, но и опрема за во зимските услови како што се ракавици, јакни и квалитетни чевли. -Неколку години наназад, платите ни се намалуваат, наместо да ни се зголемат. Секојдневно напорно работиме, а имаме најниски примања. Да не зборувам и за омаловажувањата кои ги трпиме. Можеше секој месец по малку, за да немавме ваков проблем. Јас имам 16 илјади денари плата, а мојот колега од ЈП „Водовод“ има поголема плата за 9.000 денари. Секогаш ни велат дека нема услови, дека има голем број на проблеми. 30 години работам на ова место, навистина е срамота, вели еден од вработените. Тие бараат платите да им бидат изедначени со вработените во другите јавни претпријатија кои се под ингеренција на Општината. Тие тврдат дека се редок случај, бидејќи дури и во најмалите општини во државата имаат подобри услови за работа и далеку повисоки месечни примања. -Исто така, се жалиме и на условите кои ги имаме во просторијата која ја користиме како место за одмор и појадување. Немаме заштитни ракавици и маски, ниту средства за дезинфекција. Преку 50 работници седат во една соба. Зарем тука не треба да се почитуваат протоколите? Не можеме сами да се финансираме, додаваат останатите вработени. Штрајкот започнал вчера, а ќе трае и утре, по што вработените очекуваат до понеденик да добијат конректни одговори на своите барања, за да не продолжат со протестот. Од вчера камионите собираат смет само во приоритетните места низ градот. Дали ќе се исполнат барањата на вработените не е познато, бидејќи не успејавме да стапиме во контакт со надлежните во претпријатието.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predupreduvachki-shtrajk-za-povisoki-plati-na-vozachite-vo-jp-chistota-i-zelenilo/feed/ 0
Мицкоски: Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, се обврзуваме за поголеми плати за медицинските и просветните работници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/#respond Tue, 07 Jul 2020 07:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=370598

Доста е од неправди и измами, време е да се исправиме и да исправиме се. Ќе го вратиме достоинството на вработените во здравството и образованието, кои се сржта на државата!, вели во своето најново видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Се обврзуваме за поголеми плати за медицинските работници и овозможување за дополнителни часови работа во приватното здравство. За образовните работници, наставниците и професорите ќе извршиме усогласување на платите со Колективниот договор во образованието, што ќе значи плати од 36.000 денари за просветните работници во основното и средното образование и плати од 100.000 во високото образование, додава Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-kje-go-vratime-dostoinstvoto-na-vrabotenite-vo-zdravstvoto-i-obrazovanieto-se-obvrzuvame-za-pogolemi-plati-za-medicinskite-i-prosvetnite-rabotnici/feed/ 0
„Пристојна плата за пристоен живот“: КСС почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristojna-plata-za-pristoen-zivot-kss-pochna-kampanja-za-pogolemi-plati-vo-javniot-sektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristojna-plata-za-pristoen-zivot-kss-pochna-kampanja-za-pogolemi-plati-vo-javniot-sektor/#respond Wed, 06 Jun 2018 11:34:10 +0000 https://kurir.mk/?p=62883

Конфедерацијата на слободни синдикати денеска почна кампања за поголеми плати во јавниот сектор „Пристојна плата за пристоен живот“ која ќе се одвива на социјалните мрежи, посети, собири и конференции во повеќе градови зависно од барањата на членството. - Ќе кажеме стоп на потценувањето и игнорирањето на јавниот сектор кој веќе стана социјална  категорија, стоп за дискриминација и политички притисок во јавниот сектор, за отпуштање од позиција на моќ и вработување на други лица, за притисоците врз синдикалните лидери, рече на прес-конференција  претседателот на КСС Благоја Ралповски, не исклучувајќи активностите да прераснат во радикализрано синдикално делување. Како што истакна, нема да отстапат од барањата за усогласување на платите во јавниот  сектор согласно процентот на покачување на минималната плата, покачување на платите во јавната администрација без дискриминација на одредени сектори при следниот ребаланс на Буџетот, за почитување на колективните  договори особено во делот на коефициентот за исплата на плата. Како синдикат, потенцира Ралповски, сме загрижени од притисокот со кој  се соочуваат наши членови за зачленување или отчленување од синдикати, закани за казнени мерки ако не се постапува според наредби од моќници, деградирање, манипулирање, психичко  вознемирување, упад во синдикални  организации, нивно преземање со закани и моќ, бесправно стопирање на членарина на наши правни  субјекти, одземање документација на синдикални  организации од страна на директори поставени од Владата. Најгруби примери, дополни, е отказот  на неколку синдикални  лидери вклучувајќи го и претседателот на КСС од позицијата државен службеник, што само по себе праќа порака до членството за нивната моќ, напуштање  и уништување на нашиот синдикат и избегнување на законските обврски“. Одговарајќи на новинарски прашања Ралповски рече дека просечната плата во јавниот сектор  изнесува  околу 18.000 денари, а најдискриминари се наставници, професори, вработени во градинки, државни службеници. За проблемите и барањата пред два месеца разговарале со премиерот Зоран Заев, но, укажа, нема подобрување на работите. КСС повтори дека останува  и на барањето за исплата на К-15 во јавниот сектор, но оти нема најава за почнување на преговорите за колективен договор во јавниот сектор и реализација на такво нешто. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pristojna-plata-za-pristoen-zivot-kss-pochna-kampanja-za-pogolemi-plati-vo-javniot-sektor/feed/ 0