повлекува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Jun 2021 06:05:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png повлекува – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поради расизам и антисемитизам, Германија повлекува цел вод војници од Литванија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-rasizam-i-antisemitizam-germanija-povlekuva-cel-vod-vojnici-od-litvanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-rasizam-i-antisemitizam-germanija-povlekuva-cel-vod-vojnici-od-litvanija/#respond Thu, 17 Jun 2021 06:05:29 +0000 https://kurir.mk/?p=524587

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер нареди итно повлекување на целиот вод од 30 војници од Литванија по обвинувањата за расизам и антисемитизам. Неделникот „Шпигел“ во понеделникот јави дека неколку членови на Бундесверот, стационирани во Литванија, пееле расистички и антисемитски песни на една хотелска забава во април. Весникот додава дека еден од нив се обидел сексуално да злоупотреби друг војник додека спиел, за што има видео. Крамп-Каренбауер изјави дека ваквото однесување на некои војници во Литванија е „шлаканица во лице на секој кој секојдевно и служи на земјата во Бундесверот “. Војниците денеска се враќаат во Германија, каде минатата недела почна истрагата за однесувањето на војниците во Литванија. Германските трупи се наоѓаат во Литванија како дел од активностите на засилено истурено присуство на НАТО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-rasizam-i-antisemitizam-germanija-povlekuva-cel-vod-vojnici-od-litvanija/feed/ 0
Брет Браун се повлекува од функцијата селектор на Австралија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bret-braun-se-povlekuva-od-funkcijata-selektor-na-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bret-braun-se-povlekuva-od-funkcijata-selektor-na-avstralija/#respond Tue, 13 Oct 2020 19:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=415994

Селекторот на кошаркарската репрезентација на Австралија Брет Браун објави дека ја напушта функцијата, објави „Eurohoops“. Одлуката на Браун се должи на променетите на лични околности во последните месеци. Браун требаше да го подготви тимот на Австралија за одложените Олимписки игри во Токио до 2021 година, но ја извести локалната федерација дека нема да може да ги исполни должностите. Претходно тренерот ја напушти Филаделфија, каде работеше седум сезони. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/bret-braun-se-povlekuva-od-funkcijata-selektor-na-avstralija/feed/ 0
Елизабет Ворен се повлекува од трката за претседателски кандидат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-voren-se-povlekuva-od-trkata-za-pretsedatelski-kandidat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-voren-se-povlekuva-od-trkata-za-pretsedatelski-kandidat/#respond Thu, 05 Mar 2020 16:34:05 +0000 https://kurir.mk/?p=312659

Елизабет Ворен се откажува од трката за демократски кандидат на претседателските избори во САД по нејзиното лошо претставување во неколку американски сојузни држави оваа недела. Седумдесет годишната сенаторка од Масачусетс ќе разговара денеска со својот тим во кампањата, објавија американските медиуми. Ворен имаше предност во неколку национални анкети на јавното мислење минатото лето, но не успеа да изгради широка коалиција што ќе ја доведе до успех во „супер вторникот“ на 3 март, завршувајќи зад своите колеги Берни Сандерс и умерениот Џо Бајден во 14 држави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/elizabet-voren-se-povlekuva-od-trkata-za-pretsedatelski-kandidat/feed/ 0
Хрватска ги повлекува војниците од Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-gi-povlekuva-vojnicite-od-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-gi-povlekuva-vojnicite-od-irak/#respond Tue, 07 Jan 2020 09:19:00 +0000 https://kurir.mk/?p=286364

Четиринаесет хрватски војници започнаа да се повлекуваат од Багдад по настаните предизвикани од американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани. „Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО донесена во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници – четворица офицери и тројца подофицери“, објави дневниот весник „Вечерњи лист“. Новиот контингент со новите седуммина беше испратен во Ирак во саботата, на 27 декември, додека стариот контингент со седумте, според плановите, требаше да го напушти Ирак по новогодишните празници. Затоа Хрватска во момент на одлука за суспензија на мисијата на НАТО има 14 наместо седум лица во Ирак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-gi-povlekuva-vojnicite-od-irak/feed/ 0