поворка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 12 Mar 2023 09:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поворка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако по повод 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/#respond Sun, 12 Mar 2023 09:10:46 +0000 https://kurir.mk/?p=810905

Со поворка на живите од Музејот на Град Скопје до Монопол-Империјал Тобако, денеска почна одбележувањето .на 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, го организира Еврејската заедница во земјава и Фондот на Холокаустот под мотото „11 март 1943 – Никогаш повеќе”. Најавени се обраќања на претседателот на државата Стево Пендаровски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, претседателот на парламентарната група за пријателство Израел- Северна Македонија, Хамад Амар, како и на Ернест Херцог од Светскиот Еврејски Конгрес, Мариа Багдасарова од Европскиот Еврејски Конгрес и Пепо Леви, претседател на Еврејската заедница во земјава. Во овој временски период ќе биде воведен посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во градот. Одбележувањето ќе продолжи на Градските гробишта Бутел каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и пред споменикот на паднатите борци во НОБ. Вечерва во Националната опера и балет ќе се одржи комеморативен концерт на кој се очекува да се обратат премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povorka-na-zhivite-od-muzejot-na-grad-skopje-do-monopol-imperijal-tobako-po-povod-80-godishninata-od-holokaustot-na-makedonskite-evrei/feed/ 0
ОЧИТЕ НА ЦЕЛИОТ СВЕТ ВПЕРЕНИ ВО КОВЧЕГОТ НА КРАЛИЦАТА – започна поворката која ќе помине 280 километри пред да се врати дома! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-celiot-svet-vpereni-vo-kovchegot-na-kralicata-zapochna-povorkata-koja-kje-pomine-280-kilometri-pred-da-se-vrati-doma-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-celiot-svet-vpereni-vo-kovchegot-na-kralicata-zapochna-povorkata-koja-kje-pomine-280-kilometri-pred-da-se-vrati-doma-foto-video/#respond Sun, 11 Sep 2022 09:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=731269

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска. Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата. Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа. Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата. Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-celiot-svet-vpereni-vo-kovchegot-na-kralicata-zapochna-povorkata-koja-kje-pomine-280-kilometri-pred-da-se-vrati-doma-foto-video/feed/ 0
ФОТО: Поворката со останките тргна кон вечните почивалишта на загинатите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povorkata-so-ostankite-trgna-kon-vechnite-pochivalishta-na-zaginatite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povorkata-so-ostankite-trgna-kon-vechnite-pochivalishta-na-zaginatite/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:00:39 +0000 https://kurir.mk/?p=603579

По речиси едночасовното преземање од двата бугарски воено-транспортни авиона, почна транспортот на посмртните останки на загинатите во автобуската несреќа до нивните вечни почивалишта. Поворката тргна од Скопскиот аеродром каде последна почит на загинатите со положување венци им оддадоа претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието Талат Џафери и премиерот Зоран Заев. На испраќањето присуствуваа и пратеници, како и претставници на верските заедници. Последна почит оддадоа и претседателката на Косово Вјоса Османи и претседателката на албанското Собрание Линдита Никола. Венец положи и бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов, а по него во знак на почит се поклонија и првиот вицепремиер Артан Груби, министерот Бујар Османи, како и претседателот на ДУИ, Али Ахмети. Посмртните останки претходно, од бугарските авиони ги преземаа припадници на Армијата и ги пренесоа до погребалните возила. На загинатите почит може да им оддадат и граѓаните на плоштадот „Скендербег“ во Скопје каде се поставени венци. Сообраќајната несреќа во која загинаа 45 граѓани, а седум беа повредени се случи на на 23 ноември, на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник во Бугарија кога автобусот на „Беса транс“ – Скопје се враќал од Истанбул.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-povorkata-so-ostankite-trgna-kon-vechnite-pochivalishta-na-zaginatite/feed/ 0