поврзување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 10 Oct 2020 09:25:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png поврзување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вархеји од Подгорица: Да се поврзат главните градови од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/#respond Sat, 10 Oct 2020 09:25:23 +0000 https://kurir.mk/?p=414705

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји вчера во Подгорица изјави дека Брисел предлага сите главни градови во регионот да се поврзат со автопатишта и железница, како и со брз широко појасен интернет. – Ви носам нов инвестициски план за Западен Балкан, во кој е вклучена и Црна Гора. Кога новата Комисија го презеде мандатот имавме само три цели, првиот да ги обновиме односите со земјите од Западен Балкан и ангажман како да се приближат до ЕУ, истакна Вархеји. Тој додаде дека е обновен целиот преговарачки процес со усвојувањето на новата методологија и истиот треба да доведе до раст на економијата и отворање на нови работни места. Вархеји потенцира дека планот е осмислен на регионално ниво. – Нудиме пакет од девет милијарди евра грантови и 20 милијарди евра во гаранции. Ова е една третина од бруто домашниот производ на целиот регион. Мислиме дека ова може да ја зајакне и поттикне целата економија во целиот регион во период од четири до пет години, наведе Вархеји. Тој додаде дека ЕУ предлага и диверсификација на енергетските извори и постепено да се исфрла јагленот од употреба. Вархеји во Подгорица имаше средби и со мандатарот за состав на нова влада на Црна Гора, Здарвко Кривокапиќ. – Разговаравме и за економско-инвестицискиот план за Западен Балкан и неговиот потенцијал за регионот. Се радувам на соработката со новата влада, напиша Вархеји на Твитер по средбата со Кривокапиќ и лидерот на коалицијата Црно на бело, Дритан Абазовиќ. Кривокапиќ на Твитер порача дека членството во ЕУ останува приоритет за Црна Гора. – Членството во ЕУ е наш приоритет. Благодарни сме на објективниот годишен извештај за напредокот, досегашната и идната помош од ЕУ, вклучително и новиот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, наведе Кривокапиќ. Еврокомесарот се сретна и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ и присуствуваше на седница на црногорскиот Парламент. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/varheji-od-podgorica-da-se-povrzat-glavnite-gradovi-od-regionot/feed/ 0
Послушајте ги овие совети за да се поврзете со вашето дете! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poslushajte-gi-ovie-soveti-za-da-se-povrzete-so-vasheto-dete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poslushajte-gi-ovie-soveti-za-da-se-povrzete-so-vasheto-dete/#respond Mon, 13 Jul 2020 12:43:33 +0000 https://kurir.mk/?p=375156

Дури и кога прави сѐ што е потребно за своето бебе да биде безбедно и здраво во матката, сепак понекогаш мајката чувствува дека нешто недостасува. Постои ултразвукот и снимки од стомакот, но понекогаш жената едноставно има потреба да се поврзе уште поемотивно и психички со своето неродено малечко. Познавачите препорачуваат неколку начини за тоа… Водете дневник! Одвојте неколку минути во денот за да ги запишете спомените, коишто подоцна ќе му ги прочитате на своето неродено дете, околу тоа – како се чувствувате, што сте му купиле за кога ќе дојде пристигнувањето овој свет, а напишаното украсете го со фотографии од стомакот што постојано расте. Читајте му на бебето! Вашето бебе слуша звуци уште во осумнаесеттата недела од бременоста, така што тоа ќе ужива во вашиот глас додека му читате приказна. Американската академија за педијатрија сугерира да му читате на вашето бебе секој ден. Медитација или молитва Одвојте дел од денот – барем неколку минути, за да бидете насамо со вашето неродено бебе. Практикувајте јога или пак, молете се на Бога, ако така го наоѓате својот мир и смиреност во денот. Понекогаш е доволно и само седење во тишина со себе и со нероденото малечко. Музика Музиката ослободува од стресот, а тоа е добро и за жената и за бебето. 3атоа, мајки, советот гласи – слушајте музика, пејте и танцувајте колку што сакате. Бидете креативни! Пронајдете начин да ја изразите својата креативност и да создадете свој вид уметност. Ова ќе ве опушти, а ќе влијае и на вашето бебе. Ценете се и сакајте се себеси! Нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да се гледате долго во огледало и да му се радувате на вашиот нов изглед и блажената состојба. Велат, тогаш жената е и најубава. Почестете се! Едноставно, направете нешто навистина убаво за себе, а и за вашето бебе. Кога мајката се чувствува добро, и на бебето му е убаво. Одете на претпородилна масажа, спијте кога и да посакате, или само прочитајте ја омилената книга… Сè тоа – без трошка вина. Истражувањата покажаа дека релаксацијата за време на бременоста го подобрува целокупното здравје. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/poslushajte-gi-ovie-soveti-za-da-se-povrzete-so-vasheto-dete/feed/ 0
Албанија и Грција ќе се поврзуваат со железница https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-grcija-kje-se-povrzuvaat-so-zeleznica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-grcija-kje-se-povrzuvaat-so-zeleznica/#respond Tue, 20 Nov 2018 14:32:12 +0000 https://kurir.mk/?p=130043

Албанија и Грција ќе се поврзат со железничка линија  преку изградба на пруга од Лерин преку Костур до Подградец. Проектот ќе биде финансиран од „Интерег-ИПА ЦБС Грција-Албанија“. На средбата одржана во Костур посветена на железничкото поврзување меѓу двете земји, нагласено е дека проектот ќе биде дел од трансевропската мрежа. Генералниот секретар на грчкото Министертво за транспорт, Танос Боурдас, го нагласил големото значење на проектот, не само за Албанија, Грција и Западен Балкан, туку и за цела Европа. Новата железничка пруга Лерин-Костур-Подградец ќе биде дел од железницата Солун-Драч-Тирана-Црна Гора-Србија  која ќе ја зацврсти железничката поврзаност како на Западен Балкан така и со подрајето на средна Европа. Албанија планира со железничка линија да се поврзи и со Косово и со Македонја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-i-grcija-kje-se-povrzuvaat-so-zeleznica/feed/ 0