пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 07:44:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пожари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Викендов гореле 20 локации низ Македонија, нема активни пожари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-gorele-20-lokatsii-niz-makedonija-nema-aktivni-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-gorele-20-lokatsii-niz-makedonija-nema-aktivni-pozhari/#respond Mon, 30 Oct 2023 07:44:57 +0000 https://kurir.mk/?p=894335

Пожарникарите викендов изгаснале 20 пожари на отворено, а утрово нема активни пожари, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во саботата имало шест, а вчера 14 пожари и една лажна дојава за пожар на отворен простор во државата. ЦУК соопшти дека вчера гореле стрништа, сува трева, депонија, ниска вегетација и гранки од сеча. Дел од пожарите биле во општините Велес, кај село Иванковци,  Валандово, кај село Марвинци, Струмица, кај село Баница, Кичево, кај село Осломеј, Неготино, кај месноста „Чоркова Чешма“, Кривогаштани, кај пречистителната станица на излезот кон Прилеп, Старо Нагоричане, кај истоименото село Старо Нагоричане, Штип, во месноста „Мирјанина Црква“. Во Тетово имало два пожара, кај село Теарце, каде горела ниска вегетација и кај село Ратае. Во Општина Куманово имало четири пожари, кај селата Речица, Оризаре, Горно Коњаре и кај село Пчиња. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vikendov-gorele-20-lokatsii-niz-makedonija-nema-aktivni-pozhari/feed/ 0
Изгаснати три пожари на отворен простор, еве каде горело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnati-tri-pozhari-na-otvoren-prostor-eve-kade-gorelo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnati-tri-pozhari-na-otvoren-prostor-eve-kade-gorelo/#respond Fri, 27 Oct 2023 06:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=893646

Противпожарните тимови вчера интервенираа на три пожари на отворен простор и сите ги изгаснаа, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје во текот на изминатото деноноќие гаснеле пожар на отворено од 19:20 до 21:05 часот.  Три пожарникари и едно противпожарно возило гаснеле запалени отпадоци на површина од околу 500 квадратни метри во населбата Шуто Оризари. Скопските пожарникари имале и уште една помала интервенција во тој предел. Шест пожарникари од Територијалната противпожарна единица Струга од 6:56 до 10:30 часот со три противпожарни возила гаснеле запалено складирано сено на влезот во село Мислешево.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izgasnati-tri-pozhari-na-otvoren-prostor-eve-kade-gorelo/feed/ 0
Апел од велешките пожарникари да не се пали оган на отворен простор https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/#respond Thu, 26 Oct 2023 12:50:06 +0000 https://kurir.mk/?p=893406

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да не палат оган на отворен простор и да не палат стрништа, бидејќи поради ветрот истиот брзо може да се прошири и да предизвика огромна штета и по шумите и населените места. Воедно апелираат до граѓаните доколку забележат пожар веднаш да ги информираат надлежните во ТППЕ на бројот 193 или на бројот за итни повици 112. Вчера околу 15 часот се запалил блок со стрниште кај велешкото село Рлевци и бил пријавен во Центарот за управување со кризи Велес во 15,05 часот. Со брза интервенција на пожарникарска екипа од ТППЕ Велес, која се упатила со едно возило за гаснење и со четворица пожарникари, пожарот бил изгаснат  во 16,50 часот. Со тоа било спречено пожарот да се прошири, информираат за МИА, од ЦУК Велес. Во минатонеделниот пожар кај велешкото село Мамутчево, по запалено стрниште поради ветрот пожарот се прошири и на боровата шума. Како последица на пожарот од запалено стрниште целосно изгоре огромно пространство на квалитетна над 50 години борова шума кај селото Милино во Општина Лозово.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/apel-od-veleshkite-pozharnikari-da-ne-se-pali-ogan-na-otvoren-prostor/feed/ 0
ЦУК: Изгаснати шест пожари на отворен простор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-izgasnati-shest-pozhari-na-otvoren-prostor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-izgasnati-shest-pozhari-na-otvoren-prostor/#respond Thu, 26 Oct 2023 08:40:26 +0000 https://kurir.mk/?p=893275

Шест пожари кои беа активни на отворено вчера се изгаснати по интервенција на противпожарните тимови, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во пожарите гореле сува трева и ниска вегетација, деградирана ниска шума, отпадоци. Според извештаите на Секторот за операции и координација во ЦУК, пожари имало кај село Лознани во Општина Битола, покрај патот за село Новаци во Општина Новаци, два пожара во населба Речани и кај село Рлевци во Општина Велес, кај село Војшанци во Општина Неготино и во кругот на Општина Куманово. -Временските услови денеска се повлажни и се надеваме дека нема да има многу пожари, соопшти ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-izgasnati-shest-pozhari-na-otvoren-prostor/feed/ 0
ЦУК: Вчера 10 пожари на отворено, сите се изгаснати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vchera-10-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vchera-10-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/#respond Wed, 25 Oct 2023 07:20:11 +0000 https://kurir.mk/?p=892815

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на 10 пожари на отворен простор и сите се изгаснати, соопшти ЦУК. При вчерашните 10 пожари, гореле сува трева, ниска вегетација, деградирана, а и мешана и борова шума, лозја, овоштарници, капини, депонии, отпадоци. Регионалниот ЦУК – Скопје, информира дека пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие ги бележат следните интервенции: во период од 10:30 до 13:35 часот, гаснеле запалено ѓубриште кај Спортската сала - Борис Трајковски. во гаснењето на пожарот интервенирале со 2 ПП возила и 5 пожарникари. Зафатена била површина од 1.500 м2, (Општина Карпош). Во период од 13:50 до 15:00 часот гаснеле запален сува трева покрај ул. „Бел Камен“, при што во гаснењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 4 пожарникари. Зафатена била површина од 4.000 м2, (Општина Бутел), Во период од 21:22 до 22:55 часот, на ул. „Иван Манолев“, гаснеле запален двор - запалена барака и шупа, а во гаснењето на пожарот интервенирале со 4 ПП возила и 12 пожарникари. (Општина Бутел). Регионалниот ЦУК Битола, информира дека, пожарникарите од ТППЕ Битола во период од 16:45 до 18:00 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с.Долно Српци. (Општина Битола); ТППЕ Демир Хисар интервенирале во период од 14:30 до 15:35 часот со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на ниска вегетација во атар на с.Обединик (Општина Демир Хисар); ТППЕ Прилеп интервенирале од 16:25 до 17:10 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација меѓу касарните и Дата центар ( кај депонијата во Прилеп) (Општина Прилеп) Регионалниот ЦУК Штип, ја пренесува информацијата од ТППЕ Берово, во која се наведува дека во период од 15:15 до 17:15 часот интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на викенд населбата „Суви Лаки“. Во гасењето на пожарот интервенирале со 1 ПП возило и 2 пожарникари и се вклучиле и месно население како и 2 лица од гранична полиција. Имале и мала интервенција во бизина на истата локација (Општина Берово) Регионалниот ЦУК Куманово, ја пренесува информацијата од ТППЕ Куманово, во која се навеува дека во период од 13:10 до 16:05 часот со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и појаси од багреми во населбата „Долно Којнари“. (Општина Куманово) и ТППЕ Крива Паланка бележеле една помала интервенција (Општина Крива Паланка).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vchera-10-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/feed/ 0
ЦУК: Активни два пожари, вчера регистрирани 26 во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-aktivni-dva-pozhari-vchera-registrirani-26-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-aktivni-dva-pozhari-vchera-registrirani-26-vo-makedonija/#respond Sun, 22 Oct 2023 07:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=891815

Активни се два пожари од вкупно 26 на отворен простор што се регистрирани вчера во државава, информира утрово Центрот за управување со кризи (ЦУК). -Активни се пожарите во Општина Македонски Брод, село Белица под Солунска Глава, каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки и во Општина Чашка кај село Крива Круша, каде што гори сува трева и папрат, се наведува во соопштението. Изгаснатите 24 пожари од вкупно 26 во последното деноноќие биле во: - Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска); - Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци); - Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева); - Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева); - Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева); - Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума); - Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева); - Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева); - Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева); - Општина Велес, с.Иванковци (сува трева); - Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње); - Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки); - Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште); - Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште); - Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во - Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-aktivni-dva-pozhari-vchera-registrirani-26-vo-makedonija/feed/ 0
ЦУК: Во последното деноноќие имало 10 пожари на отворено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vo-poslednoto-denonokie-imalo-10-pozhari-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vo-poslednoto-denonokie-imalo-10-pozhari-na-otvoreno/#respond Sat, 21 Oct 2023 10:32:11 +0000 https://kurir.mk/?p=891555

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), во државата во последното деноноќие имало регистрирано вкупно 10 пожари на отворено, до утрово како активен се уште се води само еден. – Активен се води се уште пожарот што изби од 13:00 часот помеѓу селата Римница и Бибај, во месноста „Рибничка Планина“ во Општина Маврово – Ростуше, со којшто се зафатени високи пасишта, смреки, папрат, поедини стебла од бука, ела и шума.Заради напристпаноста за возилапожарникарите од ТППЕ Гостивар не интервенирале. Во можност биле само од Националниот парк „Маврово“ да интервенираат со 5 вработени. Пожарот е локализиран, но се уште има чад во внатрешноста. Лицата кои интервенирале се повлекле од терен во после 18:40 часот. Во утринските часови повторно екипите од националниот парк е планирано да извидат и да интервенираат на истиот тешкопристапен терен, информираат од ЦУК. Изгаснати биле девет пожари на отворено, во: – Општина Новаци, два пожара, во период од 14:00 до 14:40 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на селата Лознани и Тополчани и од 15:15 до 18:55 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена слама во с.Далбеговци; – Општина Могила, во период од 22:30 до 00:10 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште во с.Ношпал; – Општина Прилеп, два пожара, од 14:35 до 15:15 часот, со четири пожарникари и две ПП возила интервенрале на запалена ниска вегетација на патот кон с.Селце и во период од 15:15 до 16:15 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во атарот на с.Ерековци; – Општина Тетово, два пожара, 16:47 до 17:15 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во нас.Малеадри и од 13:22 до 14:22 часот, со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена ниска вегетација покарај ул. „Илинденска“; – Општина Велес, во период од 19:30 до 21:20 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и стрниште на површина од два хектара во атарот на с.Мустафино; – Општина Дојран, пожарникарите од ТППЕ Гевгелија дека во период од 12:20 до 14:00 часот, со едно ПП возило и три пожарниакри заедно со Доброволно ПП друштво „Дојран“ со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од половина хектар во с.Фурка и во – Општина Гази Баба, пожарникарите од БППЗ на Град Скопје во период 19:15 до 21:00 часот, со едно ПП возило и три пожарникари интервенирале на запалени отпадоци на површина од половина хектар во с.Страчинци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-vo-poslednoto-denonokie-imalo-10-pozhari-na-otvoreno/feed/ 0
ЦУК: И покрај дождот вчера имаше три пожари на отворено – сите се изгаснати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-i-pokraj-dozhdot-vchera-imashe-tri-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-i-pokraj-dozhdot-vchera-imashe-tri-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/#respond Wed, 18 Oct 2023 07:32:32 +0000 https://kurir.mk/?p=890155

Во текот на вчерашниот ден, според извештаите во Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи (ЦУК), добиени од институциите на Системот за управување со кризи (СУК), противпожарните тимови интервенирале на три пожари на отворено во последното деноноќие и сите се изгаснати. Влажното време, како што велат од ЦУК, придонело тие пожари повторно да не бидат активирани заради ветерот во тие планински предели. Пожарите на отворено, при што гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, деградирана шума, а и мешана и борова шума, биле во Општина Македонски Брод, над с.Белица, во месноста „Аргулица“ каде што горела ретка борова шума борова шума на тешко пристапен висок терен под Солунска Глава, според информацијата од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод, обилните врнежи во текот на изминатото деноноќие придонеле тој да е локализиран, а и изгаснат, покрај тоа што во тој планински предел што е тешко пристапен и метеоролошките прилики високо во планината не дозволувале добра видливост. Од ЦУК информираат дека пожар на отворено имало и во Општина Лозово, кај с.Милино, горела борова шума, шри што пожарникарите имале интервенција со шест пожарникари и едно ПП возило. Со пожарот била зафатена борова шума на површина од три декари. И во Општина Зрновци, во атарот на с.Видовиште горела ниска вегетација и стрниште, при што пожарникарите од ТППЕ Кочани имале интервенција кај месноста „Мало Ритче“. Во гаснењето на пожарот интервенирале два пожарникара со едно ПП возило, а е опожарена површина од околу пет хектари. -И покрај дождот во нашата држава, пожарникарите имаа повторно ангажман за гаснење три пожари на отворено и сите се изгаснати, благодарение на навременото реагирање, а и брзото пријавување на ваквите итни случаи на 112 во ЦУК, во интерес на зачувување на природните богатства, во конкретниот случај на шумите, а секако и на безбедноста на граѓаните и нивниот имот во државата. Неодминливо е да се посочи дека, како ЦУК, согледуваме дека во овој процес за навремена реакција при пожарите на отворено, доведе во многу нешто и подигањето на општествената свест во јавноста од страна на медиумите, информираат од ЦУК. Медиумите, како што е додаваат од ЦУК, постојано укажуваа и ги елаборираа темите за потреба од брза реакција при вакви и слични случаи важни за колективната, а и индивидуалната безбедност на граѓаните, во текот на целата година, а не само во периоди додека елементарните непогоди се случуваат. ОД ЦУК апелираат итните случаи да бидат пријавувани што побрзо со кратки и прецизни информации на 112 во ЦУК во интерес на безбедноста на граѓаните, а и на материјалните и природните добра во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-i-pokraj-dozhdot-vchera-imashe-tri-pozhari-na-otvoreno-site-se-izgasnati/feed/ 0
За 4 месеци во Македонија имало 2.082 пожари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-4-mesetsi-vo-makedonija-imalo-2-082-pozhari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-4-mesetsi-vo-makedonija-imalo-2-082-pozhari/#respond Mon, 16 Oct 2023 19:21:14 +0000 https://kurir.mk/?p=889520

Вкупно 2.082 пожари евидентира Центарот за управување со кризи од јуни заклучно со денешниот ден. Најголем број од нив, 778 пожари на отворено имало во септември, а во првата половина од октомври бројката изнесува 454 пожари. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, најголем дел од пожарите настануваат од палење на стрништата. Во вечерашното гостување на Сител Телевизија, директорот Ангелов посочи дека главна причина за 52 активни пожари на отворен простор кои беа евидентирани во текот на вчерашниот ден е сушата. - Главна причина е сушата, веќе неколку месеци нема паднато дожд и оние неколку наврати кога на некои делови од територијата на државата врнеше дожд, дождот беше многу слаб. Вегетацијата е многу сува, дневните температури се сѐ уште високи. Тоа е една од главните причини поради кои што доаѓаше до појава на пожари и беше тешко нивното гаснење. Ако на тоа се додаде и ветрот кој што постојано дува и го менува својот правец, имаме причина повеќе за тешко воспоставување на контрола, појасни тој. Ангелов вели дека бројките се алармантни и несвојствени за овој период од годината. - Во јуни имавме само 18 пожари на отворено, но, граѓаните ќе се сетат, јуни беше доста врнежлив месец. Во јули 210 пожари, август 622 пожари, а во септември, што е исто така нетипично, 778 пожари на отворено. Во октомври, заклучно со денешниот ден имаме 454 пожари. Вкупно 2082 пожари од јуни до сега, алармантна состојба, вели тој. Во однос на прашањето колку од овие пожари се подметнати, Ангелов кажа дека имаат сомнение за одреден број. - Имаме сомнение за одреден број на пожари дека се подметнати, иако, дефинитивно, моја лична перцепција која што се заснова врз многубројни разговори и со пожарникарите и со локалното население на местата на пожарите, е дека најголем дел настануваат од стрништата, односно, остатоците од житни култури кои што граѓаните ги палеа за да се ослободат од нив, притоа ненамерно предизвикувајќи пожари, кажа тој. Вториот момент кој што го идентификувале, дополни, е палење на пасишта од страна на сточарите, кое што го има во помал обем, потоа ловците и намерните палежи за изгорените дрва да ги откупат по пониска цена. - Сточарите намерно ги палат трњата кои што им сметаат на стоката која што напасува таму. Еден нов момент кој што претходно го немавме се и ловците, бидејќи во недела се идентификуваа повеќе пожари, некои од ловците користат петарди за гонење на дивечот. Притоа, имаме, би рекол непотврдени информации за појава на неколку пожари, но, мотивите, секако може да бидат и криминални, некој намерно да предизвикува палежи со намера потоа изгорените дрва да ги откупи по пониска цена, вели Ангелов. На прашањето колку грејната сезона е поврзана со моментот на намери палежи за пониска цена на изгорени дрва, тој ги сподели податоците од МВР за пријави за подметнување на пожари. - Како ЦУК побаравме информации од МВР колку кривични пријави се поднесени последните неколку години. Во 2020 година од МВР се поднесени 22 пријави против сторители, 2021 – 33, 2022 - 17 и 2023 - 20 кривични пријави. Имаме 20 кривични пријави, наспроти 2082 пожари на отворено. Воедно, постојано апелираме и до превентивната функција и мислам дека МВР се потруди во тој дел да има полиција присутна на терен, но се покажа безуспешно, затоа што на неколку места, како што е скопско Ајватовци, има сведоци кои што тврдат дека оние кои што ги палеле стрништата не се повлекувале дури и по предупредувањето дадено од повеќе граѓани, што значи дека нивниот идентитет е познат, вели Ангелов. Во однос на прашањето дали смета дека е потребна поголема едукација на земјоделците и сточарите, или се наоѓаме во ситуација во која тие немаат друг излез бидејќи нема кој да го собере отпадот од нивите, Ангелов рече дека нив не можеме да им се спротивставиме. - Ние не можеме да се спротивставиме на земјоделците. Порано овие остатоци биле слама со која се хранел добитокот во зимските месеци, сега има помал број на добиток и ретко кој го храни со слама. Се сомневам дека и наредните години земјоделците ќе ги послушаат апелите на државната власт. Лично јас, иако официјално тоа сѐ уште го немам предложено, ќе иницирам да предложиме измена на законот со контролирано палење на стрништата, посочи тој. На прашањето во врска со случувањата во Израел и потенцијалната бегалска криза, Ангелов одговори дека сме подготвени за каков било развој на настаните. - Апсолутно сме подготвени за каков било развој на настаните. Ние сме во континуирана кризна состојба на јужната граница со Грција, и на северната со Србија. Така што, и во овој момент имаме зајакнати контроли. Доколку постои опасност од нова бегалска криза, тогаш јас како раководител на групата за процена во која се  членови директори на разузнавачко безбедносната заедница и кризниот менаџмент, ќе ја свикам, ќе ја разгледаме состојбата и може на управувачкиот комитет да предложиме дополнителни мерки за заштита, рече тој, порачувајќи дека граѓаните немаат простор за паника.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-4-mesetsi-vo-makedonija-imalo-2-082-pozhari/feed/ 0
ЦУК апелира да не се палат стрништа, пасишта и оган при престојот во природа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-apelira-da-ne-se-palat-strnishta-pasishta-i-ogan-pri-prestojot-vo-priroda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-apelira-da-ne-se-palat-strnishta-pasishta-i-ogan-pri-prestojot-vo-priroda/#respond Fri, 13 Oct 2023 06:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=888308

Во текот на вчерашниот ден, противпожарните тимови интервенирале на вкупно 22 пожара, а активен се уште е еден - во Општина Македонски Брод, над с.Белица, кај месноста „Аргулица“, каде што гори ретка борова шума на непристапен и тешко пристапен терен, соопшти ЦУК. ОД ЦУК укажуваат дека за време викенд има најмногу пожари на отворено. Апелираат до сите земјоделци и сточари да не ги палат стрништата и пасиштата, а до грѓаните да се воздржат од палење оган при престојот во природа. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов вели дека сериозни врнежи нема подолго време и не се очекуваат барем до понеделник, вегетацијата е исклучително сува, дневните температури се уште се високи, а пожарникарите и пилотите се исцрпени и на крај на силите. Во вчерашните изгаснати 21 пожар низ целата држава, гореле стрништа, сува трева, ниска вегетација, мешана и борова шума, отпадоци, а и овошни насади. По еден пожар имало во 13 општини: Шуто Оризари, Чучер-Сандево, Студеничани, Прилеп, Крушево, Чашка, Росоман, Штип, Чешиново-Облешево, Зрновци, Свети Николе, Сарај и во Општина Ѓоче Петров. По два пожара имало во две општини: Долнени и во Старо Нагоричане. Четири пожари имало во Општина Куманово, конкретно во насела „Карпош“, кај с.Черкезе, с.Речица и кај „Никуљски Пат“ во населбата „Карпош', каде што горела ниска вегетација и стрниште. Пожари, како и другите итни случаи што претставуваат опасност за граѓаните, материјалните и природните добра се пријавуваат на 112 во ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-apelira-da-ne-se-palat-strnishta-pasishta-i-ogan-pri-prestojot-vo-priroda/feed/ 0