пожарникари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 10 Sep 2023 18:09:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пожарникари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пожарникарите со огнот се борат два дена: Пожари на нови депонии, граѓаните се гушат во чад и смрдеа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikarite-so-ognot-se-borat-dva-dena-pozhari-na-novi-deponii-graganite-se-gushat-vo-chad-i-smrdea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikarite-so-ognot-se-borat-dva-dena-pozhari-na-novi-deponii-graganite-se-gushat-vo-chad-i-smrdea/#respond Sun, 10 Sep 2023 18:09:47 +0000 https://kurir.mk/?p=876674

Територијалната противпожарна единица Тетово вчера и денес повторно интервенира на повеќе пожари што се појавија на депонии, а најголема од сите која беше видлива дури од градот и автопатот кон Скопје беше кај Добарце, Општина Желино. Покрај Добарце, горат депонии и кај Јеловјане и Гајре. Два дена трае борбата на пожарникарите кај Добарце, и покрај тоа што имаат помош од општината со механизација. -Противпожарната единица Тетово само денес имаше 11 пожари, а од вчера се справуваме со пожарот кај депонија кај Добарце. Се ангажираше општината со фирми, донесоа багери и механизација, се трудиме да се гаснеме, со вода а тие потоа затрупуваат со земја. Навистина не можеме да се справиме со сите овие толку големи пожари. Цел Полог гореше, сите ние треба да ги изгасиме, ниедна институција не излегува на пресрет, за да ни помогнеме, ни ЦУК ни ДЗС, а сите се на отворено, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово. Според Амети, голема трагедија е спречена на пожарот на отворено над Тетово, односно улицата „146“. -Најтешкиот беше на улица „146“ каде на отворено гореше, голем пожар за малку ќе фатеше неколку куќи, а сите таму се залепени објекти. Денес беше чудо. Намерно палат за забава и оставаат огнови, па после ние се бавиме со шумски пожари. Ќе имаме тополи денови да не се палат огнови на отворено, се надевам на дожд затоа што е премногу за нас. Многу е ризично, сушно е, а не сфаќаат дека е сериозна работата, со палење на сметот по ниви и во шуми, изјави Амети. Поради повеќето пожари на смет, повторно и низ Тетово се чувствува смрдеа, а има и чад. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikarite-so-ognot-se-borat-dva-dena-pozhari-na-novi-deponii-graganite-se-gushat-vo-chad-i-smrdea/feed/ 0
По пожарите: Апел до неодговорните лица кои палат оган на отворено и стрништа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozharite-apel-do-neodgovornite-litsa-koi-palat-ogan-na-otvoreno-i-strnishta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozharite-apel-do-neodgovornite-litsa-koi-palat-ogan-na-otvoreno-i-strnishta/#respond Sat, 26 Aug 2023 19:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=871312

Кочанските доброволни пожарникари од ДПД - Кочани кои денеска учествуваа во гаснењето на големиот пожар на територија на три општини Чешиново- Облешево, Кочани и Пробиштип упатија апел до неодговорните граѓани да не палат оган на отворено и стрништа, бидејќи загрозуваат нечии домови, но се трошат и човечки и материјални ресурси на локалните и државни институции. Претседателот на ДПД - Кочани Златко Илијев вели дека во гаснењето беа вклучени 12 доброволни пожарникари, со три возила. -Сакам да порачам дека ова е втор голем пожар на истата локација и упатувам апел до сите несовесни граѓани, морам да напоменам несовесни граѓани, кои сметаат дека со палење ќе си ја завршат својата лична работа, притоа не сметајќи колкави се загубите кои ги прават, колку луѓе се ангажираат, колку го загрозуваат био и животинскиот свет. Мислам дека ова е крајно несериозно и треба да завршиме со ова тука и сега. Ве замолувам најдете алтернативни решенија за да не се загрозуваме ниту ние, ниту животинскиот и био свет, изјави Илијев. Посочи дека на помош им дошле и доброволните пожарникари од Пехчево. МИА претходно информираше дека пожарот е пријавен синоќа во 22 часот во ТППЕ-Кочани во близина на селото Лепопелци, по што зафати сува трева, грмушки и шума на територија на три општини Чешиново-Облешево, Пробиштип и Кочани. Според директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов заедно со пожарот од пред десет дена опожарени се околу 250 хектари. Во неговото гаснење беа мобилизирани пожарникарите од ТППЕ - Кочани и Пробиштип, доброволните пожарникари од Кочани и Пехчево, а од воздух и ер тракторот на ДЗС и два полициски хеликоптери. Пожарот е изгаснат, откако заврна дожд.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/po-pozharite-apel-do-neodgovornite-litsa-koi-palat-ogan-na-otvoreno-i-strnishta/feed/ 0
Спасени пет пожарникари, биле обиколени од огнот кој го гаснеле – пожарот ставен под контрола (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-pet-pozharnikari-bile-obikoleni-od-ognot-koj-go-gasnele-pozharot-staven-pod-kontrola-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-pet-pozharnikari-bile-obikoleni-od-ognot-koj-go-gasnele-pozharot-staven-pod-kontrola-video/#respond Sat, 26 Aug 2023 17:30:47 +0000 https://kurir.mk/?p=871276

Денеска (26.08) Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар на територија на општина Чешиново- Облешево, помеѓу Кочани и Пробиштип, упати хеликоптер од типот Ми-171, кој исфрли над 60 тони вода. Особено се делуваше во крак од пожарот кој се наближуваше кон село Врбица и пожарот на тој потег е ставен под контрола. Исто така, со хеликоптерот Ми-171 се извлечени 5 пожарникари од ТППЕ Кочани кои беа обиколени од оган и чад од сите страни и се оставени на сигурно, а со истиот хеликоптер беа транспортирани и 11 пожарникари на највисоката точка на пожарот за негово пресекување. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spaseni-pet-pozharnikari-bile-obikoleni-od-ognot-koj-go-gasnele-pozharot-staven-pod-kontrola-video/feed/ 0
Пожарникари од Гевгелија и Дојран го изгаснаа пожарот кај селото Ѓопчели https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikari-od-gevgelija-i-dojran-go-izgasnaa-pozharot-kaj-seloto-gopcheli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikari-od-gevgelija-i-dojran-go-izgasnaa-pozharot-kaj-seloto-gopcheli/#respond Fri, 18 Aug 2023 17:59:19 +0000 https://kurir.mk/?p=868560

Пожарот кој избувна околу 15 часот на отворено кај селото Ѓопчели, Општина Дојран и зафати сува трева со густи грмушки и нискостеблеста шума е изгаснат. Преходно Центарот за управуање со кризи (ЦУК) информираше дека по дојавата за пожарот на терен веднаш излегле пожарникарите од ТППЕ Гевгелија со едно противпожарно возило и двајца пожарникари и од Доброволно противпожарно друштво од Дојран со едно возило и три пожарникари. Според информации од теренот, пожарот избувнал под Ѓопчели, на локација меѓу патот за Дојран и селото. На 5-ти овој месец имаше голем пожар кај селото Николиќ, кое е во близина на Гопчели.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozharnikari-od-gevgelija-i-dojran-go-izgasnaa-pozharot-kaj-seloto-gopcheli/feed/ 0
Независниот синдикат на пожарникари бара вработување на нов кадар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar/#respond Tue, 15 Aug 2023 08:27:34 +0000 https://kurir.mk/?p=866860

Независниот синдикат на пожарникари укажува на недостатокот на професионални пожарникари во територијалните противпожарни единици во земјава. Оттаму посочуваат дека не е запазен законскиот минимум и просечната старост на вработените е околу 48 години. - Состојбата е алармантна имајќи предвид дека пополнетоста на единиците е некаде на 50 проценти од законскиот минимум, додека просечната старост на вработените во повеќе единици изнесува околу 48 што укажува на фактот дека ако ова прашање не се реши набрзо, некои од единиците во наредните 5 години ќе останат без соодветен кадар кој како поискусен би требало да ги едуцира во работата новите колеги, велат од Синдикатот. Хроничниот недостаток на вработените, според Синдикатот, сериозно влијае врз квалитетот на извршување на акциите на спасување на животи и имот на граѓаните и претставува опасност по безбедноста и здравјето на пожарникарите кои се обидуваат да го надоместат недостатокот на персонал. - Доведени сме во ситуација ова обраќање да биде апел, односно директна замолница до Владата и другите надлежни институции ургентно да започнат со решавање на овој проблем, пред да биде доцна, се наведува во соопштението од Синдикатот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nezavisniot-sindikat-na-pozharnikari-bara-vrabotuvane-na-nov-kadar/feed/ 0
Штипските пожарнирари апелираат да не се палат стрништата https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-pozharnirari-apeliraat-da-ne-se-palat-strnishtata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-pozharnirari-apeliraat-da-ne-se-palat-strnishtata/#respond Thu, 13 Jul 2023 15:15:05 +0000 https://kurir.mk/?p=856356

Штипските пожарникари денеска со апел да не се пали оган на отворено, а особено земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на житните култури. Командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев, вели граѓаните ако забележат оган веднаш да пријават, со цел источниот регион да не се соочи со пожари како во 2021 година. Смета дека треба да се зголемат кампањите за да се подигне свеста кај граѓаните. -Да не се пали оган на отворено место и необезбедено место, земјоделците да не палат стрништа и други земјоделски посеви, да не се пали отпад и лесно запаливи материи, а граѓаните имаат должност доколку видат оган на отворено да известат, прво на 193 за да може да се реагира да не дојде до пожари со поголеми размери. Со кампањи треба да се вклучиме за да можат земјоделците, да им се даде апел да не ги палат стрништата бидејќи од едно запалено стрниште може да дојде до многу голема материјална штета, рече Коцев. Посочи дека се подготвени и имаат опрема доколку мора да интервенираат на пожар на отворено. -Со заедничка соработка со Локалната самоуправа и ЛЕР тимот во Општина Штип ние успеавме да набавиме две нови возила. Набавивме одела за шумски пожари и пожари на отворен простор и за урбана средина. Набавивме и пумпи за црпење вода на атмосферски води во случај на поплави. Во овој дел сме добро опремени како противпожарна единица, рече Коцев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shtipskite-pozharnirari-apeliraat-da-ne-se-palat-strnishtata/feed/ 0
Голем пожар кај Шибеник: Го гаснат шест авиони, луѓе бегаат од апартманите (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/#respond Thu, 13 Jul 2023 13:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=856325

Голем пожар избувна во Горњи Бановци кај Гребаштица во Шибеничко – Книнска жупанија. Пожарот, кој се повеќе се шири од силниот ветар, го гаснат 56 пожарникари со 20 возила и шест авиони, известуваат хрватските медиуми. Се наведува дека поради пожарот бил затворен дел од Јадранската магистрала за да им се овозможи на пожарникарите непречено да работат, а се очекува да полетаат уште противпожарни авиони. Две семејства се евакуирани, а порталот Шибеник ИН објави дека изгорел и семејниот автомобил на гости од Германија, но дека луѓео се безбедни. Читателка на тој портал од Гребаштицат вели дека состојбата на терен се влошува. – Луѓето бегаат од апартманите, но не знаат каде да бегаат. Вистинска паника, се смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/golem-pozhar-kaj-shibenik-go-gasnat-shest-avioni-luge-begaat-od-apartmanite-video/feed/ 0
НА МАКЕДОНИЈА И НЕДОСТИГААТ 340 ПОЖАРНИКАРИ – возилата се стари во просек 27 години, а најстарото од 1966 го користи овој град! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-makedonija-i-nedostigaat-340-pozharnikari-vozilata-se-stari-vo-prosek-27-godini-a-najstaroto-od-1966-go-koristi-ovoj-grad/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-makedonija-i-nedostigaat-340-pozharnikari-vozilata-se-stari-vo-prosek-27-godini-a-najstaroto-od-1966-go-koristi-ovoj-grad/#respond Tue, 06 Jun 2023 08:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=842630

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години, а само 30 од новонабавените вакви возила се нови, додека другите се купени „на старо“. Ова се резултатите од најновите истражувања и бази на податоци на сите амбулантни возила и возила за противпожарна заштита, како и за бројот на пожарникари во сите 34 единици во земјава, објавени од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК). Резултатите од истражувањето покажале дека помалку од законски предвидениот минимален број пожарникари има во 16 од 34-те противпожарни едници во земјава. Најмногу пожарникари, повеќе од 200, му недостигаат на главниот град Скопје. Скопската единица има 190, а треба да има 405 пожарникари. Следни се Куманово – каде има 33 пожарникари помалку отколку што пропишува законот, Битола, со 21 пожарникар помалку и Тетово кому му недостигаат 17 пожарникари. Спротивно, најдобро стои Ресен со дури шест пожарникари над законски определениот број, и неколку општини кои имаат по 4 пожарникари повеќе од минимумот: Гостивар, Струга, Кичево и Делчево. Инаку, 34-те противпожарни единици вкупно имаат 284 возила, од оние што гаснат пожар до цистерни за вода и возила за превезување на пожарникарите и опремата. Половина од вкупно 284-те возила се постари од 30 години, додека само 15 проценти од возилата се стари до 10 години. Во последните три години се набавени дополнителни 65 возила, но и тие се со просечна старост од 17 години. - Најстари возила со просечна старост од 39 години, има новоформираната противпожарна единица во Старо Нагоричане. Следно, со просечно стари возила од 38 години е Кратово, а 36 години просечна старост имаат возилата на валандовската противпожарна едница. Најнов возен парк имаат противпожарните единици во Велес и Штип, чии возила се просечно стари по 12 години, наведуваат од ЦГК. Најстаро противпожарно возило од 57 години е камионот ТАМ од 1966 година, на валандовската единица. Анализата покажала дека следат четири возила, само по една година помлади, произведени во 1967 година и тоа: два мерцедеси на Македонска Каменица и Битола, и по еден ТАМ и ФАП на Крива Паланка и Демир Хисар. Од марките возила, најзастапени се камионите ФАП од кои има дури 50 возила, просечно стари 39 години, а следни се 28 Лади Нива, просечно стари 23 години. Клучните наоди од истражувањето и базата на податоци на амбулантните и санитетските возила на здравствените установи во земјава, соопштија од ЦГК, се дека во земјава има вкупно 263 вакви возила. Санитетско или амбулантно возило поседуваат вкупно 58 здравствени установи. - Најстарото возило „мерцедес“ од 1988 година, го користи Болницата за респираторни заболувања од Отешево. Најнови се две возила набавени минатата година, едното од Клиничката болница во Штип, а другото од Здравствениот дом во Тетово. Просечната набавна вредност на возилата е 38 илјади евра. Најскапо купени воопшто вакви возила во земјава се двете возила подарени од Министерството за здравство на Клиниката за детски болести од Скопје во далечните 2001 и 2013 година, со набавна вредност од 105 и 135 илјади евра. Дури 73 проценти од сите овие возила, здравствените установи ги добиле на користење или како донација. Само околу 22 проценти од возилата, здравствените установи ги купиле со сопствени средства, се наведува во соопштението. Министерството за здравство, посочуваат, најчесто се јавува како институција која им ги отстапува на користење возилата на здравствените установи, додека како донатори се јавуваат други земји, невладини организации или поединци. Најчеста марка амбулантни и санитетски возила е „рено“, од која има дури 74 возила, од кои 62 возила се од моделот „трафик“. Следни се „ситроен“ со 35 возила, како и „фиат“ и „фолксваген“ со по 26 возила. Споредбата со истото вакво истражување покажува дека сега има 80 вакви возила повеќе отколку во 2019 година, но само 30 од новостекнатите 80 возила се нови, односно произведени во последните три години, додека другите се повторно стари возила. Истражувањето е изработено во рамките на проектот „Мониторинг на јавните набавки“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество – Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/na-makedonija-i-nedostigaat-340-pozharnikari-vozilata-se-stari-vo-prosek-27-godini-a-najstaroto-od-1966-go-koristi-ovoj-grad/feed/ 0
Пожарникари од пет европски земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/#respond Tue, 16 May 2023 14:17:51 +0000 https://kurir.mk/?p=834878

Над 180 пожарникари од европски земји и оваа година ќе бидат лоцирани во Грција во јули и август за доколку е потребно да им помогнат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите во текот на летниот период, програма што се спроведува преку Европскиот механизам за цивилна заштита, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција, во земјата ќе пристигнат тимови на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Романија и Словачка, кои ќе бидат лоцирани во областа Атика, поширокиот регион на Атина, во Солун и во Античка Олимпија на Пелопонез. Целта, исто како и лани, ќе биде да им пружат помош на грчките пожарникари во гаснењето пожари, како и размената на знаење. Конкретната програма лани беше пилотски имплементирана со учество на пожарникари од Бугарија, Франција, Германија, Норвешка, Романија, Финска, а од надлежното Министерство велат дека успешното спроведување беше едногласно признаено на состанокот на министрите на Европската унија во септември минатата година. Па така, била донесена одлука за продолжување и проширување на програмата, а европски пожарникари освен во Грција, ќе бидат лоцирани и во Франција и Португалија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pozharnikari-od-pet-evropski-zemji-i-ova-leto-ke-bidat-lotsirani-vo-grtsija/feed/ 0
Пожарникари од Велес на помош на настраданите од земјотресот во Турција https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-od-veles-na-pomosh-na-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-od-veles-na-pomosh-na-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija/#respond Wed, 08 Feb 2023 13:45:46 +0000 https://kurir.mk/?p=797954

Пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се петтемина избрани од ТППЕ Велес кои попладнево ќе се упатат кон Република Турција да го дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес. Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на пријателскиот турски народ, информираат од Општина Велес. Како што изјави за МИА, пожарникарот и командир на ТППЕ Велес, Димче Јованов тие се горди што се избрани меѓу своите колеги за помош и спасување на човечки животи. - Еве забрзано се подготвуваме и сме горди што во оваа голема несреќа и ние одиме на помош кај братскиот народ во Турција. Сите сме физички подготвени и обучени низ секојдневната работа и ќе ги дадеме сите свои сили, знаење и умешности за да спасиме човечки животи, потенцира Јованов. Тие пред поаѓање денеска се сретнаа со тимот на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев кој им посака успешна хуманитарна мисија и повторно враќање здрави и живи во Велес. Инаку, како што информираат за МИА од кабинетот на градоначалникот, вечерва во 18 часот Советот на Општина Велес ќе одржи вонредна седница на која ќе се разговара за давање на парична и материјална помош на настраданите од разорниот земјотрес во Р. Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pozharnikari-od-veles-na-pomosh-na-nastradanite-od-zemjotresot-vo-turtsija/feed/ 0