позитивни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Jun 2022 17:50:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png позитивни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 КОРОНАВИРУСОТ ДИВЕЕ ПО ГРЧКИТЕ ОДМАРАЛИШТА: На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни на КОВИД-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/#respond Wed, 08 Jun 2022 17:50:14 +0000 https://kurir.mk/?p=688531

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а со над десет проценти се островите Парос, Икариа, Тинос и Родос, како и источниот и западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина. Во центарот на Атина, стапката на позитивност е 8,52 отсто, во Солун 3,04 проценти, додека пак на Халкидики и Тасос е 1,9, односно 0,82 проценти. Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 4,88 отсто од вкупно 570.363 лабораториски тестови (ПЦР и рапд). Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво. Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 3.483.275 случаи на Ковид-19 и нешто помалку од 140.000 повторни заразувања, а починаа вкупно 29.966 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koronavirusot-divee-po-grchkite-odmaralishta-na-santorini-i-mikonos-nad-pet-od-deset-testirani-se-pozitivni-na-kovid-19/feed/ 0
БРИТАНИЈА ПРЕД ГОЛЕМ ЧЕКОР: Од следната недела позитивните на коронавирус нема да бидат обврзани да се самоизолираат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-pred-golem-chekor-od-slednata-nedela-pozitivnite-na-koronavirus-nema-da-bidat-obvrzani-da-se-samoizoliraat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-pred-golem-chekor-od-slednata-nedela-pozitivnite-na-koronavirus-nema-da-bidat-obvrzani-da-se-samoizoliraat/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:31:37 +0000 https://kurir.mk/?p=634170

Луѓето инфицирани со коронавирусот нема законски да бидат обврзани да се самоизолираат во Англија од следната недела, објави денес владата на Британија. Британската влада во јануари ги ублажи мерките, беа укинати ковид-пропусниците за баровите и рестораните и обврската за носење маски секаде освен во болниците. Поблагиот сој омикрон не предизвика пораст на бројот на хоспитализации и смртни случаи. Премиерот Борис Џонсон кажа дека укинувањето на сите законски мерки на борбата против ширењето на коронавирусот ќе им овозможи на луѓето во Британија да се заштитат без ограничување на слободите. Се очекува утре во парламентот да бидат изнесени деталите од планот „живот со ковид“ кој веројатно ќе го намали и бројот на тестирањата за коронавирусот. „Дојдовме до фазата во која мислиме дека може да се помести рамнотежата од државните мерки, од забраната на одредени дејства, присилување одредени дејства во корист на поттикнување на личната одговорност“, кажа Џонсон. Меѓутоа, дел од владините научни советници кажаа дека тоа е ризичен потег кој би можел да доведе до пораст на бројот на нови инфекции со вирусот и да ја ослаби одбраната на земјата од идните соеви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-pred-golem-chekor-od-slednata-nedela-pozitivnite-na-koronavirus-nema-da-bidat-obvrzani-da-se-samoizoliraat/feed/ 0
Ситуацијата во штипскиот регион критична, секој втор тестиран е позитивен на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/situacijata-vo-shtipskiot-region-kritichna-sekoj-vtor-testiran-e-pozitiven-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/situacijata-vo-shtipskiot-region-kritichna-sekoj-vtor-testiran-e-pozitiven-na-koronavirus/#respond Tue, 01 Feb 2022 13:03:45 +0000 https://kurir.mk/?p=625420

Во штипскиот регион бројката на активни случаи со коронавирусот е над 200. Директорката на Центарот за јавно здравје во Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека бројката на активни случаи не е висока во споредба со одредени градови во земјава. Но, нивните анализи покажуваат дека изминатите три до четири дена 50 отсто од тестирани се позитивни на вирусот. Во штипскиот пункт дневно се тестираат околу 40 граѓани, според ова секој втор тестиран е позитивен на коронавирсот. Податоците покажуваат дека најголем број од заразените се над 60 години, а имаат спорадични случаи од помладата популација. Портпаролот на Клиничка болница во Штип, Марина Шуманска во здравствениот билтен информира дека во Инфективното одделение хоспитализирани се 50 пациенти, а на Кожното одделение со полесна клиничка слика се шестмина пациенти. Во дневната амбуланта прегледани се 34, а едно лице од Свети Николе на возраст од 59 години ја загуби битката со вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/situacijata-vo-shtipskiot-region-kritichna-sekoj-vtor-testiran-e-pozitiven-na-koronavirus/feed/ 0
Над 8.000 позитивни селф тестови на ученици и наставници во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-8-000-pozitivni-self-testovi-na-uchenici-i-nastavnici-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-8-000-pozitivni-self-testovi-na-uchenici-i-nastavnici-vo-grcija/#respond Tue, 18 Jan 2022 12:01:32 +0000 https://kurir.mk/?p=620743

До доцна синоќа биле пријавени 8.278 позитивни резултати од направените селф тестови, односно тестови за домашна употреба задолжителни за учениците и просветните работници во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Селф тестовите се задолжителни двапати седмично, а негативен резултат е предуслов за посетување настава за учениците од основните и средните училишта во Грција, а истото важи и за нивните наставници и професори. Според информациите од Министерството за образование на Грција од тестирањето на 1,6 милиони ученици и просветни работници, до синоќа имало 8.278 позитивни резултати. Минатата седмица, со почетокот на второто полугодие, задолжителни беа три тестирања и откриени 31.000 позитивни случаи кај ученици и просветни работници. Тестовите се подигнуваат бесплатно од аптеките со матичниот број на учениците и професорите и наставниците, задолжително е тестирање 24 часа пред почетокот на наставата секој вторник и петок, а резултатите се внесуваат на специјална платформа од каде што се добива потврдата со негативен резултат, задолжителна за сите ученици од четири до 18 години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nad-8-000-pozitivni-self-testovi-na-uchenici-i-nastavnici-vo-grcija/feed/ 0
Лоши вести од домот на Јоксимовиќ: Јована и Жељко заразени со коронавирусот, пријателите загрижени за нив https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/loshi-vesti-od-domot-na-joksimovikj-jovana-i-zeljko-zarazeni-so-koronavirusot-prijatelite-zagrizeni-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/loshi-vesti-od-domot-na-joksimovikj-jovana-i-zeljko-zarazeni-so-koronavirusot-prijatelite-zagrizeni-za-niv/#respond Fri, 14 Jan 2022 15:45:22 +0000 https://kurir.mk/?p=619425

Јована и Жељко Јоксимовиќ се позитивни на коронавирус. Според изворот, парот е во изолација, која наскоро ќе истече, а двајцата постепено закрепнуваат. 2022 година не започнала така одлично за оваа двојка. И двајцата позитивни на коронавирусот, на самиот почеток на оваа година биле принудени да бидат дома, за да се опорават од нималку безопасна дијагноза, пишува „Стори“. Состојбата од ден на ден им се подобрува, а наскоро ќе се вратат на секојдневните обврски и работа. Потсетуваме, Жељко пред неколку дена ја откажа српската новогодишна ноќ која беше закажана за 13 јануари на шеталиштето Сава. Потоа, јавноста биле информирана преку следнава официјална објава: - Наша желба беше на граѓаните на Белград и на гостите на градот да им подариме новогодишна ноќ која ќе ја паметат, но со оглед на епидемиолошката состојба решивме да го одложиме овој концерт. Здравјето и безбедноста на посетителите се наш приоритет број еден, а бесплатен концерт на Жељко Јоксимовиќ ќе се одржи кога тоа ќе го дозволи здравствената состојба, изјави Зорана Бурлиќ, директорка на Београдски Вотерфронт. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/loshi-vesti-od-domot-na-joksimovikj-jovana-i-zeljko-zarazeni-so-koronavirusot-prijatelite-zagrizeni-za-niv/feed/ 0
Одлуката за кратење на изолацијата останува за наредниот период: Второто полугодие ќе зависи од епидемиолошката состојба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-kratenje-na-izolacijata-ostanuva-za-naredniot-period-vtoroto-polugodie-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-kratenje-na-izolacijata-ostanuva-za-naredniot-period-vtoroto-polugodie-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/#respond Tue, 11 Jan 2022 12:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=618009

Министерството за здравство соопшти дека членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок дискутираа за повеќе предлог мерки, за кои дополнително ќе се донесат одлуки и заклучоци. На Комисијата, како што се посочува, се разгледуваше предлогот за скратување на времето на изолација на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2 кои се асимптоматски случаи. За овој предлог членовите ќе донесат одлука по дополнителна обемна дискусија која ќе следи во наредните денови. На денешниот состанок Комисијата за заразни болести ја разгледуваше и евентуалната можност за промена на почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Одлуката по овој предлог ќе биде донесена непосредно пред почетокот на второто полугодие, бидејќи клучно ќе биде каква е епидемилошката состојба во државата. Одлуката за почетокот на второто полугодие од учебната година ќе биде усогласена и со Министерството за образование и наука, информираат од Министерството за здравство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odlukata-za-kratenje-na-izolacijata-ostanuva-za-naredniot-period-vtoroto-polugodie-kje-zavisi-od-epidemioloshkata-sostojba/feed/ 0
На брод за крстарење откриени 48 патници позитивни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-brod-za-krstarenje-otkrieni-48-patnici-pozitivni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-brod-za-krstarenje-otkrieni-48-patnici-pozitivni-na-koronavirusot/#respond Mon, 20 Dec 2021 14:54:52 +0000 https://kurir.mk/?p=610894

Компанијата „Royal Caribbean Group“ денеска соопшти дека 48 лица биле позитивни на коронавирусот на бродот за крстарење „Symphony of the Seas“. Според Ројтерс, во соопштението на компанијата се наведува дека на бродот имало 6.091 гости и членови на екипажот. Крузерот го заврши еднонеделното крстарење во Мајами во саботата, откако испловел на 11 декември. Патниците позитивни на коронавирус биле асимптоматски или имале благи симптоми, се вели во соопштението на компанијата, додавајќи дека шест патници биле симнати порано за време на крстарењето и биле пренесени дома. Исто така, соопштено е дека 95 отсто од патниците кои биле на бродот биле целосно вакцинирани, додека 98 отсто од оние кои биле позитивни на коронавирусот исто така биле целосно вакцинирани, наведува Ројтерс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-brod-za-krstarenje-otkrieni-48-patnici-pozitivni-na-koronavirusot/feed/ 0
Овој град плаќа 1.400 евра на секој што е позитивен: Има само еден услов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/#respond Mon, 06 Dec 2021 15:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=604866

Северниот кинески град Харбин плаќа 1.400 евра (1.570 долари) на секој што е позитивен на тестирањето за коронавирус - под услов да се појави независно без потреба да се следи контактот. Новиот план на градската управа ќе ги награди оние кои активно ќе се пријават да се тестираат за ковид-19 кога ќе добијат симптоми, пишува кинескиот државен медиум The Beijing News. Според владиниот проспект од 4 декември, до кој Инсајдер имал пристап, владата во Харбин ќе ги награди само оние кои ќе се појават без стимулации. - Ги советуваме жителите да ги земат предвид новостите за тоа каде се јавуваат позитивни случаи на Ковид. Ако имате симптоми на Ковид-19 како треска, кашлица, болки во грлото, замор, губење на мирис или вкус, болки во мускулите или дијареа, немојте да се лекувате сами. Носете маска и одете во најблиската клиника и кажете ни каде сте патувале и со кого сте стапиле во контакт – стои во известувањето. Понатаму се вели дека „ако се пријавите откако ќе ги почувствувате симптомите, посетите медицинска установа и отидете на лекар и ги објасните околностите, оние кои ќе бидат позитивни на ковид-19 ќе бидат наградени со 10.000 кинески јуани“. Иако ова може да изгледа како астрономска бројка за градот на прв поглед за само еден тест за ковид, Харбин редовно регистрирал помалку од 10 случаи на ден минатата недела. На 5 декември, градот пријавил седум нови случаи. Сепак, малку е веројатно дека овие лица ќе добијат парична награда бидејќи се заокружуваат преку рутинско тестирање и следење контакти. Иако бројот на пријавени случаи во Кина е постојано понизок од првичната епидемија во Вухан, земјата официјално не вклучува пациенти кои се позитивни на вирусот, но се асимптоматски. Според кинескиот здравствен центар, на 5 декември биле регистрирани 61 случај во 31 провинција, со што бројот на активни случаи во земјата достигна 1.060.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/feed/ 0
МЗ:69% од позитивните со Ковид 19 и 79% од починатите се невакцинирани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-69-od-pozitivnite-so-kovid-19-i-79-od-pochinatite-se-nevakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-69-od-pozitivnite-so-kovid-19-i-79-od-pochinatite-se-nevakcinirani/#respond Fri, 03 Dec 2021 14:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=603723

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 2 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 02.12.2021 на територија на државата 60.772 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 31% биле целосно вакцинирани, односно 19.025 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе месеци, 41.747, граѓани, односно 69% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 06.08 до 02.12.2021 од вкупниот број починати со Ковид 19, 79% биле невакцинирани, а 21% примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mz-69-od-pozitivnite-so-kovid-19-i-79-od-pochinatite-se-nevakcinirani/feed/ 0
Прв пресек oд скрининг во училиштата: Од 1323 тестирани само 6 ученици позитивни на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-presek-od-skrining-vo-uchilishtata-od-1323-testirani-samo-6-uchenici-pozitivni-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-presek-od-skrining-vo-uchilishtata-od-1323-testirani-samo-6-uchenici-pozitivni-na-koronavirusot/#respond Thu, 04 Nov 2021 12:39:08 +0000 https://kurir.mk/?p=590775

Министерството за здравство информира дека во тек е скринингот на учениците од основните и средни училишта во Република Македонија. Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава. Министерството за здравство ги објавува досега обработените податоци, од спроведениот скрининг во првите денови. Од тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на ЦЈЗ Кочани, Штип, Велес, Скопје, Куманово, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци. Од нив само 6 основци биле позитивни на Ковид 19, а 1317 ученици биле негативни на тестот. ЦЈЗ при детектирање на позитивен ученик, постапуваат согласно донесениот Алгоритам за училиштата во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а крајните резултати Центрите мора да ги испратат најдоцна до средината од следната седмица. По обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот Ковид 19 меѓу учениците во училиштата. Министерството за здравство информира дека во моментов во РМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на Ковид 19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на О2, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано. Според податоците од националниот систем Мој Термин досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за Ковид 19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-presek-od-skrining-vo-uchilishtata-od-1323-testirani-samo-6-uchenici-pozitivni-na-koronavirusot/feed/ 0