познати личности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 May 2022 08:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png познати личности – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 За овие познати ѕвезди не сте ни помислиле дека имаат контакт со кралското семејство, а тие им се ни помалку ни повеќе – роднини! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-ovie-poznati-dzvezdi-ne-ste-ni-pomislile-deka-imaat-kontakt-so-kralskoto-semejstvo-a-tie-im-se-ni-pomalku-ni-povekje-rodnini/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-ovie-poznati-dzvezdi-ne-ste-ni-pomislile-deka-imaat-kontakt-so-kralskoto-semejstvo-a-tie-im-se-ni-pomalku-ni-povekje-rodnini/#respond Sat, 21 May 2022 08:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=679807

Многу познати ѕвезди се во директен контакт со кралското семејство Сите тие се всушност роднини, некои далечни, а некои многу светли … Еве кој е: Кралицата Елизабета Втора и Џон Деп Еден од овие двајца е при крај на многу долга кариера, има комплицирани семејни односи, а особено сака пастелни нијанси. Но, доста за Џони Деп (50). Кралицата Елизабета Втора (87) и популарниот актер не личат на ништо, но навистина делат иста крв. Сепак, нивното сродство е многу далеку и датира од Едвард III, кој починал во 1377 година. Тоа сродство е многу комплицирано и долго, но докажува дека Едвард Трети и Едвард Маказоруки се поврзани. Војвотката Камила и Мадона Овие две русокоси потекнуваат од исто семејство, кое било едно од најмоќните во Канада во 17 век. Тие двајца, освен бојата на косата и генот, немаат многу заедничко. Камила (66) ужива во зрелите години и живее мирен живот. Од друга страна, Мадона (55) не може да се помири со тоа колку години има, па секогаш покрај себе има многу помлад маж. Инаку, истражувачите кои ја откриле оваа врска, откриле и дека и пејачката Селин Дион е потомок на ова богато семејство. Кејт Мидлтон и Гај Ричи Војвотката од Кембриџ и познатиот режисер се поврзани преку заеднички братучед од 18 век. Гај (45) присуствуваше на кралската венчавка во 2011 година, но не поради семејните врски, туку поради пријателството со принцот Вилијам. Џејк Гиленхал и кралицата Елизабета Џејк Гиленхал потекнува од Едвард III, кој владеел со Англија од 1327-1377 година. Ова го прави 19-ти братучед на кралицата Елизабета Втора. Лора Дерн и кралицата Елизабета Оскаровката Лора Дерн потекнува од кралот Едвард Трети, што ја прави роднина на кралицата Елизабета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/za-ovie-poznati-dzvezdi-ne-ste-ni-pomislile-deka-imaat-kontakt-so-kralskoto-semejstvo-a-tie-im-se-ni-pomalku-ni-povekje-rodnini/feed/ 0
Овие хороскопски знаци се луѓе со силен карактер, дознајте кои познати личности се меѓу нив https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znaci-se-lugje-so-silen-karakter-doznajte-koi-poznati-lichnosti-se-megju-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znaci-se-lugje-so-silen-karakter-doznajte-koi-poznati-lichnosti-se-megju-niv/#respond Fri, 15 Apr 2022 17:26:07 +0000 https://kurir.mk/?p=663706

Овие хороскопски знаци се луѓе со силен карактер. Дознајте кои познати личности се меѓу нив.

ЛАВ Лавовите се енергични, посветени и амбициозни. Не се откажуваат лесно и се борат да ги остварат своите цели. Добри се како пријатели и секогаш се тука за другите. Познати личности во овој знак се: Мадона, Џастин Тимберлејк и Бил Клинтон. ОВЕН Овните се многу храбри и знаат да се носат со бројни ситуации. Не бегаат од проблемите, туку успешно ги совладуваат. Тука се да им помогнат на другите. Пожртвувани се и поседуваат карактеристики на водичи. Некои познати личности родени во овој знак се: Томас Џеферсон и Леонардно да Винчи. ШКОРПИЈА Тие се многу борбени, енергични и сакаат да го добијат она што го посакуваат. За тоа ќе се борат. Сакаат да бидат во центарот на вниманието и јасно ќе ви кажат што мислат за вас. Познати шкорпии се Пабло Пикасо, Рајан Гослинг и Кети Пери. РАК Раковите се многу чувствителни и им помагаат на другите. Даваат добри совети и затоа многумина им се доверуваат. Влијаат и ги мотивираат останатите. Познати ракови се Фрида Кало, Јулиј Цезар и Џорџ Буш.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/ovie-horoskopski-znaci-se-lugje-so-silen-karakter-doznajte-koi-poznati-lichnosti-se-megju-niv/feed/ 0
ФОТО: Кучиња кои неверојатно личат на познати личности https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kuchinja-koi-neverojatno-lichat-na-poznati-lichnosti/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kuchinja-koi-neverojatno-lichat-na-poznati-lichnosti/#respond Tue, 28 Dec 2021 09:54:21 +0000 https://kurir.mk/?p=613997

Фотографиите кои ќе ги видите во продолжение, се хит на интернет. На истите се прикажани кучиња кои неверојатно личат на некои од светски познатите личности.  
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Magazin Pas (@magazinpas)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-kuchinja-koi-neverojatno-lichat-na-poznati-lichnosti/feed/ 0
Ќе се изненадите кога ќе видите колку всушност се високи некои познати личности https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-koga-kje-vidite-kolku-vsushnost-se-visoki-nekoi-poznati-lichnosti/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-koga-kje-vidite-kolku-vsushnost-se-visoki-nekoi-poznati-lichnosti/#respond Thu, 21 Oct 2021 20:17:41 +0000 https://kurir.mk/?p=583367

Режисерите често користат специјални ефекти за да направат актер или актерка поголем и помоќен. Затоа многумина не знаат колку всушност се високи. Истото важи и за другите славни личности што ги гледаме само на телевизија. Можеби ќе се изненадите кога ќе видите колку всушност се високи. Проверете ја нивната висина подолу. Нели Фуртадо и Шерон Озборн - 158 см Мила Кунис и Рене Зелвегер - 163 см Мајли Сајрус и Вуди Ален - 165 см Кристин Дејвис и Џек Блек - 168 см Лионел Меси и Бен Стилер - 170 см Селин Дион и Ким Бесинџер - 171 см Том Холанд и Тоби Мегваер - 173 см Џеки Чен и Антонио Бандерас - 174 см Кејт Мидлтон и Том Харди - 175 см Кристин Барански и Мел Гибсон - 177 см Принцот Чарлс и Мет Лебланк - 178 см Тилда Свинтон и Ричард Бренсон - 179 см Дејвид Бекам и Џаред Лето - 180 см Хулк Хоган - 201 см ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kje-se-iznenadite-koga-kje-vidite-kolku-vsushnost-se-visoki-nekoi-poznati-lichnosti/feed/ 0
Најнеобичните имиња на децата на познатите https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najneobichnite-iminja-na-decata-na-poznatite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najneobichnite-iminja-na-decata-na-poznatite/#respond Thu, 26 Aug 2021 09:10:56 +0000 https://kurir.mk/?p=555173

Познатите личности, како и оние од нашата непосредна околина, понекогаш имаат навика да им даваат необични имиња на своите деца. На пр., глумицата Скарлет Јохансон на својот штотуку роден син му го даде името Космо… „В ред, добивме бебе. Се вика Космо и ние многу го сакаме“, напиша неодамна комичарот Колин Џост, сопругот на Јохансон. Името има убаво значење – потекнува од грчкиот збор за хармонија и убавина, но во истовреме е и назив на едно од најпознатите списанија денес, и име на коктел. Следат уште неколку претходни примери… Ед Ширан и неговата сопруга Чери Сиборн ја нарекоа својата ќерка Лира Антарктика, а Гвинет Палтроу и Крис Мартин завршија на насловните страници, заедно со нивната ќерка Епл (јаболко). Можеби „едно од најконтроверзните имиња“ за бебиња беше изборот на Илон Маск, кој ја нарече својата ќерка – X Æ A-XII, а потоа рече дека се изговара како Екс-Еш. Во таа смисла, тука е и откачениот „Веки“ Кал-Ел – синот на глумецот Николас Кејџ, или Пајлот Инспектор – синот на Џејсон Ли… Околу подалечната џет-сет историја, Френк Запа ги нарече своите деца – Мун Јунит, Двизл и Дива Тин Мафин. Децата на познатиот готвач Џејми Оливер и неговата сопруга Џулиет Нортон имаат доста шарени „цветно-медени“ имиња – Попи Хани Роузи, Дејзи Бу Памела, Бади Бер, Петал Блосом Рејнбоу и Ривер Рокет Блу Далас. Кање Вест и Ким Кардашијан имаа уште три деца по првата ќерка Норт. Ги нарекоа Чикаго, Сент и Псалм. Раперот Рик Рос го нарече својот син – Билион, а ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи се вика Блу Ајви. Децата на пејачката Тони Брекстон се викаат Деним и Диезел, а друго необично име носи ќерката на манекенката Лаки Блу Смит, по име Гравити. Од поблиското соседство, слични примери се хрватскиот пејач Борис Новковиќ, кој со неговата партнерка Ирис Волф, ја нарекоа ќерката Си, како и пејачката Маја Шупут и синот ѝ Блум (англиски за „цвеќе“).]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/najneobichnite-iminja-na-decata-na-poznatite/feed/ 0
Повеќе од 70 познати личности преку отворено писмо побараа од Путин третман за Навални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-poznati-lichnosti-preku-otvoreno-pismo-pobaraa-od-putin-tretman-za-navalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-poznati-lichnosti-preku-otvoreno-pismo-pobaraa-od-putin-tretman-za-navalni/#respond Sat, 17 Apr 2021 17:44:14 +0000 https://kurir.mk/?p=498621

Повеќе од 70 познати личности од целиот свет му напишаа отворено писмо на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи да му обезбеди третман на опозиционерот Алексеј Навални, кој е во затвор во казнена колонија. Потсетувајќи на неговата болест, потписниците напишаа: „Како руски државјанин, Навални има законско право да биде прегледан и лекуван од лекар по негов избор“. Нивниот повик беше објавен денеска во повеќе европски весници, вклучувајќи го и „Економист“ на англиски јазик. Писмото го потпишаа авторката на Хари Потер, K.К. Роулинг, тројца добитници на Нобелова награда за литература, Херта Мулер, Луиз Глук и Светлана Алекијевиќ, членот на Аба, Бјорн Улвеус, британските актери Бенедикт Камбербач и Кристин Скот Томас, историчарите Нил Фергусон и Симон Шама… Во писмото се наведува дека Навални е во критична состојба. „Господине претседател, ве повикуваме веднаш да му пружите медицинска помош и нега што му е итно потребна на Алексеј Навални, во согласност со рускиот закон. Како некој што се заколнал да го почитува законот, сега само треба да го примените во пракса“. Навални штрајкува со глад со денови, обидувајќи се да ги принуди затворските власти да му дозволат посета на лекар. Во моментов му се заканува принудна консумација на храна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-70-poznati-lichnosti-preku-otvoreno-pismo-pobaraa-od-putin-tretman-za-navalni/feed/ 0
Лежат будни со часови навечер – еве кои холивудски ѕвезди патат од несоница https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lezat-budni-so-chasovi-navecher-eve-koi-holivudski-dzvezdi-patat-od-nesonica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lezat-budni-so-chasovi-navecher-eve-koi-holivudski-dzvezdi-patat-od-nesonica/#respond Mon, 22 Feb 2021 10:15:11 +0000 https://kurir.mk/?p=472180

За многумина, можеби, е тешко да се замисли дека богатите и славните, кои навидум изгледаат имуни на проблемите на „обичните смртници“ – лежат будни со часови навечер, свртувајќи се и тркалајќи се во креветот. Но, за многу од познатите – ова е факт. Несоницата е можеби уште поголем проблем за нив, со оглед на нивниот густ распоред, постојаната промена на временските зони и менталното оптоварување. Недостатокот од сон може да биде навистина лошо за здравјето, а еве некои од светските sвезди кои споделиле такво искуство… Џорџ Клуни, во интервју за „Холивуд рипортер“, признава дека иако обично, тој е в кревет до 22:00 часот, неговиот „зафатен“ ум честопати го држи буден цела вечер. Но, глумецот го пронашол „своето апче за спиење“ – вклучен телевизор. Во друго интервју, тој вели дека ја надминал својата несоница, но неговите новородени близнаци повторно „го измешале“ распоредот за спиење. Глумицата Шарлиз Терон, во емисијата „Џими Кимел, во живо!“ призна дека страда од „навистина лош сон“. Но, медицинската марихуана ѝ помогнала да се справи со проблемот. Пејачката Ријана, во изјава за „Вог Париз“, вели дека има многу проблеми со „исклучување на умот“. – Дури и кога ќе се вратам дома рано, што значи пред 1:00 часот по полноќ, почнувам да гледам емисии или документарци, да се прејадувам со омилената храна и така – јас никогаш не можам да одам в кревет. Јас всушност спијам само три или четири часа ноќе, раскажуува таа. Џенифер Анистон, во повеќе интервјуа признава дека се бори да го смири умот навечер и, меѓу другото, и со помош на апликации кои стимулираат сон. Во едно од нив, таа изјави дека нејзиниот клучен совет е „заспијте, но со телефонот во соседната соба“. Таа препорачува и брза медитација пред спиење, како и неколку пози за јога кои ѝ помагаат да се опушии. – Но, најголемата работа е исклучување на целата електроника во спалната соба. Идеално – еден час пред да ги исклучите светлата, вели глумицата. Мадона, во интервју за „Ролинг стоун“, вели дека со десетлетија живее со хронична несоница. Таа, исто така, признава дека редовно останува во студиото за снимање до 2:00 часот по полноќ и станува во 7 часот наутро, поради нејзините деца. Натали Портман неодамна рече дека „заспива лесно, но не спијам многу долго“, додавајќи дека кога имате мали деца, навикнати сте да се будите и на секој мал звук. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/lezat-budni-so-chasovi-navecher-eve-koi-holivudski-dzvezdi-patat-od-nesonica/feed/ 0
Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/#respond Thu, 07 Jan 2021 18:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=452715

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, на 25 декември. Оние што не го прославуваат се претежно атеисти, но неколку од нив го слават и православниот Божиќ, кој се слави денес. Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Таткото на Џенифер е роден како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала и многу добротворни донации на црквата под покровителство на Вселенската патријаршија. Манекенката Наоми Кембел стана православен верник во руската православна црква додека беше во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин. Кога по втор пат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е родена во Албанија, но има грчко потекло. Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата на која се наоѓа денешна Турција. Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата од љубов кон моделот со српско потекло, Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, уште во 2000 година. Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/feed/ 0
Светот во 2020: Познати личности кои се заразија со Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-poznati-lichnosti-koi-se-zarazija-so-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-poznati-lichnosti-koi-se-zarazija-so-kovid-19/#respond Tue, 29 Dec 2020 07:55:30 +0000 https://kurir.mk/?p=449667

Бројот на луѓе кои страдаат од коронавирус се зголемува секојдневно, вклучително и некои од најпознатите светски личности од политичкиот и јавниот живот. „На крајот јас ќе бидам во право. Изјавив неодамна дека коронавирусот ќе исчезне и тоа сега пак го повторувам“, изјави во јули американскиот претседател Доналд Трамп. Два и пол месеци подоцна, Трамп објави дека тој и неговата сопруга Меланија се позитивни на Ковид-19 и се наоѓаат во карантин. Трамп многумина го критикуваа поради неговиот неодговорен однос кон пандемијата, неносењето маска, непочитување физичко растојание и поради изјавите со кои ја намалуваше здравствената опасност на коронавирусот. Два дена пред да се зарази со коронавирус, за време на првата претседателска ТВ дебата, Трамп го омаловажи својот ривал од редовите на демократите Џо Бајден бидејќи постојано носи маска и не одржува предизборни митинзи поради пандемијата. Тој вирусот го нарече „безопасен“, тврдејќи дека заболуваат само повозрасни лица и луѓе со срцеви болести, а во првите недели од пандемијата, јавно предлагаше заразените да се лекуваат со „вбризгување средства за дезинфекција во организмот“. Уште поостар став против коронавирусот имаше неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро. Тој го сметаше Ковид-19 како „слаба настинка“ и ги обвини медиумите за ширење лажни вести, со цел да внесат страв меѓу населението. Додека официјалните бројки на починати од Ковид-19 драстично се зголемуваа во Бразил, претседателот Болсонаро во врска со таа ситуација единствено рече: „Па што?“. Тој ги повика Бразилците да се вратат на работните места, ракувајќи се и фотографирајќи се со своите приврзаници на митинг во Бразилија. Неколку месеци подоцна, Болсонаро трипати по ред беше позитивен на Ковид-19. Дури четвртиот пат неговиот тест беше негативен. Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека бил „асимптоматски“ инфициран со коронавирусот, неколку дена пред да биде повторно избран на претседателските избори на 9 август. Тој претходно стравот од пандемијата го опиша како „психоза“, па дури им сугерираше на луѓето да пијат алкохол, да одат во сауни и да играат хокеј на мраз. Британскиот премиер Борис Џонсон во март беше позитивен на коронавирусот. Тој повеќе денови помина во болница во Лондон. Три дена се наоѓаше на одделот за интензивна нега, каде добивал кислород и бил постојано под лекарски надзор. Кон средината на април беше отпуштен од болничко лекување, по што Џонсон му се заблагодари на болничкиот персонал бидејќи му го спасиле животот. Кон средината на декември францускиот претседател Емануел Макрон објави дека е позитивен на Ковид-19 и замина во еднонеделна изолација. Советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан бил позитивен на коронавирус, се наведува во соопштението од 27 јули. Британскиот принц Чарлс (71) бил позитивен на вирусот, соопшти неговата резиденција на 25 март. Престолонаследникот се изолираше седум дена во неговата резиденција во Шкотска со лесни симптоми. Принцот Алберт од Монако (62) беше позитивен на коронавирус, но неговото здравје „не предизвика загриженост“, соопшти неговиот кабинет на 19 март. Сопругата на канадскиот премиер Џастин Трудо, Софи, беше позитивна на коронавирус по враќање од Велика Британија кон средината на мај. Поради тоа, и премиерот Трудо беше принуден да остане 14 дена во самоизолација. Поранешниот италијански премиер, 83-годишниот Силвио Берлускони беше инфициран со коронавирус на почеток на септември, по што беше десетина дена хоспитализиран поради воспаление на белите дробови. Две од неговите деца, како и неговата 30-годишна пријателка, беа исто така позитивни на Ковид-19. Кај Берлускони бил утврден вирусот по враќањето од брегот на Сардинија, каде летуваат италијанските богаташи и познати личности. Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, исто така, беше заразен со Ковид-19 во март, како и поранешниот генерален секретар на НАТО, Хавиер Солана, кој во март беше хоспитализиран поради позитивниот тест на коронавирус. На листата на политичари кои во Србија беа заразени со коронавирусот се: Александар Вулин, Маја Гојковиќ, Чедомир Јовановиќ… На почетокот на пандемијата и српскиот претседател Александар Вучиќ се шегуваше и тврдеше дека „таму кадешто ќе ставите алкохол, таму коронавирус не расте“. Времената боливиска претседателка Жанин Ањес во текот на летото изјави дека тестирањето покажало дека е позитивна на коронавирус. И претседателот на Гватемала, Алехандро Џаматеи беше инфициран од Ковид-19. Претседателот на Хондурас, Хуан Орландо Ернандез беше позитивен на коронавирусот, а од неговиот кабинет соопштија дека тој ги почитувал здравствените мерки, но поради природата на неговата работа не било можно да биде во целосна изолација. Од коронавирусот почина поранешниот претседател на Индија, Пранаб Мукерџи на 84-годишна возраст, откако претходно неколку недели беше в болница. Коронавирусот не ги поштеди ниту спортистите. Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ во јуни доби позитивен тест на Ковид-19. Тој им извини на сите кои се заразени со вирусот за време на егзибицискиот турнир, кој го организирал во Србија и Хрватска. Светскиот рекордер во спринт и осумкратен освојувач на олимписки златен медал Усеин Болт доби позитивен тест на коронавирус, потврди Министерството за здравство на 24 август. Атлетичарската легенда бил тестиран неколку дена по забавата по повод неговиот 34-ти роденден. Тој тогаш изјави дека се наоѓа во карантин и нема никакви симптоми. НБА кошаркарот и напаѓач на Бруклин Нетс, Кевин Дурент во март беше заразен со коронавирус. Бразилскиот фудбалер Нејмар е еден од тројцата играчи на ФК Пари Сен Жермен кои се заразиле со коронавирус. Инфицирањето на играчите во клубот се поврзува со патувањето на одмор на тимот на шпанскиот остров Ибица. Нејмар подоцна на Инстаграм објави фотографија со синот, кој според извештаите, исто така бил позитивен, со коментар: „Благодарам за пораките, нам на сите ни е добро!“ Меѓу фудбалерите, заразени со коронавирус се и играчот на Челзи, Калум Хадсон-Одои и на Сампдорија, Маноло Габијадини. Позитивен тест на Ковид-19 имаше и тренерот на Арсенал, Микел Артета, поради што неговиот тим беше во изолација. Кошаркарот на Јута Џез, Руди Гоберт се потсмеваше и шегуваше во врска со коронавирусот, по што беше потврдено дека и тој самиот бил инфициран. Потсмевајќи се со вирусот, Гоберт ги допираше сите микрофони на прес-конференција, како и работите на неговите соиграчи во соблекувалната. Наскоро беше потврдено дека неговиот соиграч Донован Мичел исто така бил заразен со коронавирусот. Веднаш потоа и натпреварите во НБА лигата беа откажани. Позитивен на коронавирусот беше и кошаркарот, Американецот Треј Томпкинс, кој игра за Реал Мадрид. Коронавирусот ги погоди и голем број познати актерски имиња во светот. Глумецот Том Хенкс и неговата сопруга, актерката и пејачка Рита Вилсон, се меѓу првите познати личности кои објавија дека се инфицирале со вирусот. Двојката го добила позитивниот тест на почетокот на март во Австралија. По закрепнувањето и враќањето во САД, Хенкс се ангажираше луѓето да се придржуваат кон мерките за спречување на ширењето на болеста. Шпанскиот актер Антонио Бандерас кон средината на август доживеа непријатно изненадување на својот 60-ти роденден, откако му е потврдено присуство на коронавирусот. Бандерас изјави дека роденденот го поминал во изолација, дека е „поуморен од обично“, но „во надеж дека ќе закрепне што поскоро.“ Поранешниот борач кој стана филмска ѕвезда, Двејн „Рок“ Џонсон, е еден од најновите познати личности на листата на заразени со Ковид-19. Преку видео објавено во септември на Инстаграм тој откри дека заедно со сопругата и двете деца се позитивни на коронавирус, додавајќи дека со тоа доживеал тежок удар. Џонсон упати повик до луѓето да не ја политизираат пандемијата и да носат заштитни маски. Триесет и четири годишниот глумец, Роберт Патисон, најмногу познат по улогата на романтичниот вампир Едвард Кален, беше позитивен на тест за Ковид-19, па од таа причина, по само неколку дена од повторниот почеток, е прекинато снимањето на филмот Бетмен. Патисон, кој се појавуваше и во филмовите за Хари Потер, ја презеде улогата на Бетмен откако минатата година се повлече Бен Афлек. Од Ковид-19 се заразија и повеќе светски музички ѕвезди. Мадона била заразена со коронавирус кон крајот на турнејата Madame X. Пејачката и членовите на екипата биле болни по настапите во Париз кон почетокот на оваа година. На Инстаграм, каде таа помагала да се соберат средства за развој на вакцина против вирусот, Мадона ги информирала своите фанови дека таа е позитивна на антитела, што значи дека веќе го имала вирусот, без да знае. Американската пејачка Пинк изјави на 5 април дека две недели претходно добила позитивен тест на коронавирус и е веќе здрава. Таа дала еден милион долари за помош во борбата против Ковид-19. Италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели истакна дека се чувствувал како да „живее кошмар“ за време на борбата со вирусот во март. Пласидо Доминго, еден од најголемите оперски пејачи во светот, објави во март дека има коронавирус и се наоѓа во изолација. „Чувствувам дека е моја морална обврска да објавам оти сум позитивен на Ковид-19, познат и како коронавирус. Јас и моето семејство сме и ќе останеме индивидуално изолирани онолку долго колку што се смета за медицински неопходно. Во моментов, сите сме со добро здравје, но имав симптоми на кашлица и треска, па решив да се тестирам и резултатот беше позитивен, напиша тогаш Доминго на својот фејсбук-профил. Познатиот кантри пејач Џо Дифи почина во март на 62-годишна возраст, откако му се влошила здравствената состојба како последица на коронавирусот. Тој два дена претходно дознал дека е позитивен на Ковид-19. Докторот од Вухан, Ли Венлианг, кој прв предупреди на опасноста од епидемијата на коронавирусот, почина во февруари во болница од последици на Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-poznati-lichnosti-koi-se-zarazija-so-kovid-19/feed/ 0
Како 14 славни дами би изгледале со шишки – можеби ќе ве инспирираат да направите промена! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-14-slavni-dami-bi-izgledale-so-shishki-mozebi-kje-ve-inspiriraat-da-napravite-promena/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-14-slavni-dami-bi-izgledale-so-shishki-mozebi-kje-ve-inspiriraat-da-napravite-promena/#respond Wed, 02 Dec 2020 12:30:55 +0000 https://kurir.mk/?p=437471

Да си направам или не? Речиси секоја жена барем еднаш во животот се соочила со ова прашање кога станува збор за шишките, кои се вистински естетски предизвик. Иако изгледаат навистина атрактивно, сепак тие одговараат на секој облик на лице. А еве како би изгледале овие 14 славни дами доколку би имале шишки – Можеби конечно ќе ви ја решат вечната дилема и ќе ве инспирираат за вашата следна посета на фризерскиот салон: Натали Портман Маргот Роби Дита вон Тис Анџелина Џоли Кејт Мидлтон Џенифер Анистон Гвинет Палтроу Џулиен Мур Џулија Робертс Бијонсе Наталија Водианова Скарлет Јохансон Кетрин Зита Џоунс Дакота Фенинг   Извор: НАНЕ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-14-slavni-dami-bi-izgledale-so-shishki-mozebi-kje-ve-inspiriraat-da-napravite-promena/feed/ 0