ПП-ДБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 25 May 2023 11:26:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ПП-ДБ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нинова: Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства во последните години во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/#respond Thu, 25 May 2023 11:25:30 +0000 https://kurir.mk/?p=838575

Владата на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС е едно од најголемите политички предавства во последниве години, коментираше денеска лидерката на БСП, Корнелија Нинова, во врска со можната влада на „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) и ГЕРБ-СДС, јави БТА. -Промените продолжуваат“ се создадени за да се смени претходниот модел на владеење на задкулисни игри и паралелна држава, а место - да ги искористам зборовите на претседателот, „соочи се надвор“ – се доби „соочи се внатре“, посочи таа. „Ова е ротирачка коалиција на омерта, тие едноставно самите ќе си ги чуваат грбовите“, смета Нинова. -Нема да поддржиме таков владин кабинет. Ако се состави, ние остануваме во опозиција. Сметаме дека ова е едно од најголемите политички предавства во последните години во бугарската политичка историја, рече лидерката на БСП. „Можете да имате ротација на премиерот, можете да имате ротација на претседателот на Народното собрание, не можете да имате ротација на моралот во политиката“, заклучи Нинова. Според неа, ова што сега го прават двете коалиции е гаранција за уште поголема нестабилност и хаос над хаосот. -Затоа што замислете си за девет месеци менувате премиер, дали ќе менувате министри, регионални гувернери, праша лидерката на БСП. На прашањето дали БСП ќе обезбеди уставно мнозинство за реформите во правосудството, Нинова ги повика прво да кажат што сакаат да се смени во Уставот, бидејќи досега идните коалициски партнери биле прилично збунети. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ninova-vladata-na-pp-db-i-gerb-sds-e-edno-od-najgolemite-politichki-predavstva-vo-poslednite-godini-vo-bugarija/feed/ 0
Коалициите „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“ денеска ќе имаат лидерска средба во бугарскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koalitsiite-gerb-sds-i-pp-db-deneska-ke-imaat-liderska-sredba-vo-bugarskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koalitsiite-gerb-sds-i-pp-db-deneska-ke-imaat-liderska-sredba-vo-bugarskiot-parlament/#respond Tue, 25 Apr 2023 06:49:29 +0000 https://kurir.mk/?p=827181

Во бугарскиот Парламент претпладнево ќе се оддржи лидерска средба на коалициите ГЕРБ-СДС и „Промените продолжуваат-Демократска Бугарија“, на која ќе се обидат да најдат консензус за темите што ја засегаат агендата на државата и општеството во контекст на претстојното предавање на првиот истражувачки мандат, соопштија од прес-центарот на ГЕРБ, пренесе БТА. Средбата е закажана за 10:30 часот во салата „Запад“ на Народното собрание. ГЕРБ-СДС за неделава на состаноци ќе ги покани и лидерите на другите парламентарни партии застапени во 49. Народно собрание, информираа од прес-центарот на ГЕРБ. Претседателот Румен Радев минатата недела имаше консултации со пратеничките групи пред да го врачи првиот истражувачки мандат. Меѓу прашањата за кои се разговараше беа опциите за формирање на редовна влада во ова ново Народно собрание, усвојувањето на годинашниот буџет и другите законски приоритети. Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по консултациите со радеб кажа дека најдоброто нешто за Бугарија е коалиција меѓу двете најголеми политички сили – „ГЕРБ-СДС“ и „ПП-ДБ“. Тој посочи дека ГЕРБ-СДС има опција и за експертски и за партиски кабинет. Притоа Борисов децидно кажа дека „нема да бидам кандидат за премиер“. -Избирачите кажа - без ГЕРБ не се може, но иако се први, не можат сами да управуваат, додаде тој. „Затоа и ние покажуваме многу трпение“, увери Борисов. Копретседателот на „Промените продолжуваат“, Кирил Петков, изјави дека „ПП-ДБ“ не може да го поддржи првиот мандат на ГЕРБ-СДС. -Поставуваме јасен стандард во бугарската политика - тоа што го ветуваме пред избори ќе бидат нашите постапки по изборите, коментира тој. Во случај првиот мандат да не собере мнозинство, подготвени сме да понудиме јасна можност бугарскиот Парламент со вториот да избере влада, изјави и Петков на консултациите со претседателот Румен Радев. Од ПП-ДБ изјавија дека се подготвени да побараат поддршка за вториот мандат од сите, како и да предложат опција за малцинска влада.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/koalitsiite-gerb-sds-i-pp-db-deneska-ke-imaat-liderska-sredba-vo-bugarskiot-parlament/feed/ 0