пр агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Sep 2019 09:35:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пр агенција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Британија зачудена: Нов скандал на Меган Маркл https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanija-zachudena-nov-skandal-na-megan-markl/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanija-zachudena-nov-skandal-na-megan-markl/#respond Wed, 04 Sep 2019 09:35:56 +0000 https://kurir.mk/?p=236852

Војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл по низата скандали поврзани со прекршувањето на протоколите на кралското семејство, се најде на удар на нова критика. Имено, како што пренесува „Сан“, Меган ја ангажирала холивудската компанија "Sunshine Sacks", која се занимава со поправување на имиџот на јавните личности и управување на перцепцијата кај луѓето во однос на нив. Војвотката ја направила грешката кога наводно тајно ја ангажирала, зад грбот на советниците од палатата на кои не им се допаѓа работата на компанијата поради „валкани трикови“ за воспоставување на имиџот на клиентите. Извршните директори на компанијата ја претставуваа Меган додека таа глумеше во популарната серија „Suits“, а беа со неа и за време на сите инциденти кои ја следат. -Изнајмување на холивудска фирма за ПР додека си член на кралско семејство во најмала рака е неодговорно. Повозрасните вработени во палатата останаа збунети за време на овие неколку месеви бидејќи парот ги игнорира советите на својот професионален тим и слуша некои „аутсајдери“ од Холивуд, вели извор за Сан. Холивудската компанија ги застапува Бен Афлек, Аеросмит, Леонардо Ди Каприо, Бон Џови, Џастин Тимберлејк, Џеј Ло, Снуп Дог и Натали Портман, а биле задолжени и за спасување на имиџот на Мајкл Џексон во времето кога беше обвинет за педофилија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/britanija-zachudena-nov-skandal-na-megan-markl/feed/ 0
Дали ПР агенција ќе води маркетинг во ЈП „Водовод и канализација“? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dali-pr-agencija-kje-vodi-marketing-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dali-pr-agencija-kje-vodi-marketing-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija/#respond Mon, 20 Aug 2018 10:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=89875

Се погласни се шпекулациите дека мала ПР агенција од Скопје, без никакво искуство во маркетинг ќе биде одговорна за маркетинг активностите во јавното претпријатие „Водовод и канализација“. Тендерот кој го има објавено јавното претпријатие јасно кажува дека договорниот орган однапред фаворизира компанија која воопшто не работи услуги кои се наведени во тендерската документација. Во маркетинг круговите се погласни се шпекулациите дека веќе однапред се знае која агенција ќе го добие бизнисот тежок 25 илјади евра. Агенцијатa, наводно била блиска до висок функционер на власта, познат по голем број тендери и договори, во изминатиот период склучила голем број договори со јавни институции и со тоа инкасирала неколку стотици илјади евра, голем дел од нив за фиктивни и нереални услови. Јавното претпријатие има објавено голема листа на услуги кои потенцијалната агенција ќе треба да ги извршува без да прецизира фрекфенцијата и количината на услуги кои треба да се извршат. Според познавачите ова е типичен пример на фаворизирање на фирма која треба да го добие бизнисот. На листата на критериуми кои треба да ги исполнува економскиот оператор наведено дека компанијата треба во изминатите две години да соработувала со јавно претпријатие, а во последната година да имала склучено договор со јавно претпријатие со слична дејност како таа на „Водовод и канализација“ со што јасно се фаворизира агенција која во изминатиот период на друг начин остварила соработка со ЈП „Водовод и канализација“. Истовремено претпријатието бара економскиот оператор да располага со специфичен кадар кој подолг време работи во агенцијата и еден од условите е кадарот да познава албански, а не англиски јазик. Дополнително, потребно е агенцијата да биде дел од меѓународна мрежа и истото да го докаже со соодветен сертификат. Познавачите на проблематиката коментираат дека ниту еден од условите не е неопхеден за квалитетно извршување на работите, туку само се стеснува просторот на конкуренцијата и истовремено се фаворизира економски оператор со кој веќе претходно е договорена соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dali-pr-agencija-kje-vodi-marketing-vo-jp-vodovod-i-kanalizacija/feed/ 0