прага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 May 2023 15:51:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прага – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 МНР со детали за повлекувањето на амбасадорот од Прага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/#respond Thu, 04 May 2023 15:51:34 +0000 https://kurir.mk/?p=830616

Повлекувањето на амбасадорот од Прага претставува долг процес кој беше воден од Комисиијата во рамките на Министерството за надворешни работи, кои констатираа бројни прекршувања на процедурите и дипломатските практики, кои беа поткрепени и со материјални докази и прецизни констатации: Во рамките на материјалното финансиско работење, при активностите за санирање на објектот на амбасадата, не се испочитувани внатрешните процедури и склучени се договори без согласност на Министерството; по истите Договори подоцна исплатени се финансиски средства без материјално покритие за истите. Без согласност од МНР амбасадорот ангажирал локален персонал и склучил договори за ангажман на локален персонал, што е спротивно на интерните акти на МНР, поточно член 9 и член 10 од Правилникот за ангажирање локален персонал и спроведување практична работа на студенти во дипломатски и конзуларни претставништва. Без претходна соодветна одлука на Министерството, ја претставувал сопругата за „Аташе за наука“ на Република Северна Македонија, иако таа го немала добиено тоа дипломатско звање; прекршувајќи ги сите правила и надминувајќи ги ингеренциите кои ги има, ги довел во заблуда претставниците на научните и образовни институции во земјата на покривање. Ги прекршил правилата на добрата дипломатска практика, и без да најави, не присуствувал на испраќањето на Претседателот на Владата сосе неговата придружна делегација за време на посетата на земјата на покривање, оставајќи непријатен впечаток пред дипломатските претставници на земјата – домаќин. Во рамките на мандатот амбасадорот беше повикан на консултации во Скопје за да објасни дел од прекршувањата и направените неправилности, но иако ја напуштил земјата на покривање, без дозвола ја напуштил и земјава и подоцна пријавил дека отишол на одмор, за што е потребна посебна дозвола. Сите овие дејствија, поткрепи со материјални докази и прецизни констатации, се дел од извештајот изготвен од Комисијата во рамките на Министерството за надворешни работи кој подоцна е усвоен од Владата. Констатирајќи ги сите овие неправилност кои се дел од извештајот на Комисијата, Владата донесе одлука за повлекување на Амбасадорот. По веќе донесената одлука на Владата, Амбасадорот поднесе барање за предвремено повлекување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mnr-so-detali-za-povlekuvaneto-na-ambasadorot-od-praga/feed/ 0
Вратен е амбасадорот Сашко Тодоровски од Прага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/#respond Thu, 04 May 2023 13:20:04 +0000 https://kurir.mk/?p=830560

Амбасадорот Сашо Тодоровски е вратен од Прага поради низа утврдени неправилности, информира денеска шефот на дипломатијата Бујар Османи на онлајн брифингот со новинарите. Како причина за неговото отповикување, Османи наведе дека имало констатирано нерегуларности во функционирањето, лажно претставување на сопругата како културен аташе во Прага и дека не се испочитувани инструкции од страна на МНР. - Еден амбасадор имаме отповикан од функцијата на средината на мандатот поради констатирани нерегуларности во функционирањето и амбасадорот е вратен од својот мандат, рече Османи кој посочи дека ова било процедура што траела повеќе месеци. Османи упати жалење во однос на реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за листата на амбасадори за кои се чекаат агремани, оценувајќи го тоа како тежок дипломатски скандал. -Ја разбирам потребата за заострување на политичката реторика на една година пред избори. Меѓутоа, морам да дадам порака дека има некои прашања коишто се свети и не можат да бидат дел од дневно политичката борба. Дипломатијата, меѓуетничките односи, одредени структури во општеството не смеат да бидат карти за поткусурување на политичките партии пред избори. Се обидувам и сум се обидувал никогаш дипломатијата да не ја ставам во функција, меѓутоа нема да дозволам партиски пишувачи на говори да ги дискредитираат луѓето врз основа на лажни информации коишто произлегуваат од различни канали и да испратат лоша порака до земјите коишто треба да дадат агреман по однос на тие дипломати, рече Османи. Тој нагласи дека во оваа фаза од процесот, се додека не се добие агреман од земјите, не може да коментира за номинираните амбасадори. Со нивното испраќање, додаде Османи, ќе бидат исполнети речиси 100-процентно нашите ДКП. -Поголем број на дипломатско-конзуларни претставништва ќе бидат пополнети во наредниот период. Притоа ќе бидеме доведени во ситуација можеби за првпат едно или ниедно ДКП да има вршител на должност, туку да бидат 100 отсто пополнети со амбасадори, вели шефот на дипломатијата Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vraten-e-ambasadorot-sashko-todorovski-od-praga/feed/ 0
Илјадници луѓе во Прага побараа оставка од чешката Влада https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-vo-praga-pobaraa-ostavka-od-cheshkata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-vo-praga-pobaraa-ostavka-od-cheshkata-vlada/#respond Wed, 28 Sep 2022 20:03:21 +0000 https://kurir.mk/?p=738739

Илјадници демонстранти повторно се собраа денеска во главниот град на Чешка за да побараат оставка од Владата поради неуспехот да се справи со енергетската криза и помошта што и е дадена на Украина. Иако денот е празник, протестот, кој ги обедини екстремно десничарските и левичарските групи, беше помал од 70.000 луѓе кои се собраа на 3 септември на централниот плоштад во Прага со исти барања. Веејќи национални знамиња, демонстрантите денеска извикуваа „Оставка, оставка!“ и „Прво Чешка“ во стилот на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Тие ја критикуваат прозападната коалициска влада на конзервативниот премиер Петр Фиала за поддршка на санкциите против Русија и за недоволна помош за домаќинствата и бизнисите поради високите цени на енергијата. Некои се против членството на Чешка во ЕУ и НАТО, па дури и во ОН и Светската здравствена организација. Помали протести се одржаа и во неколку други големи градови во Чешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/iljadnici-lugje-vo-praga-pobaraa-ostavka-od-cheshkata-vlada/feed/ 0
ФОТО: Ледено кафуле во центарот на Прага, вистинско бегство од пеколните горештини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ledeno-kafule-vo-centarot-na-praga-vistinsko-begstvo-od-pekolnite-goreshtini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ledeno-kafule-vo-centarot-na-praga-vistinsko-begstvo-od-pekolnite-goreshtini/#respond Wed, 20 Jul 2022 08:35:34 +0000 https://kurir.mk/?p=707741

Леденото кафуле „Ајс паб“ во центарот на чешкиот главен град Прага нуди кусо бегство, од горештините, во – „арктички услови“ за престој. Пабот, на само една минута пешачење од познатиот Карлов мост, служи коктели на база на вотка во чаши направени од мраз… А, и мебелот и украсите исто така се направени од мраз. Температурата внатре е околу -7 Целзиусови степени, па на посетителите им се нудат и капути и ракавици, а посетите се ограничени на помалку од половина час. Тука се служело и пиво, но тоа престанало бидејќи славината за точење, постојано мрзнела. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-ledeno-kafule-vo-centarot-na-praga-vistinsko-begstvo-od-pekolnite-goreshtini/feed/ 0
Прага: Запалени свеќи за жртвите на Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/praga-zapaleni-svekji-za-zrtvite-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/praga-zapaleni-svekji-za-zrtvite-na-kovid-19/#respond Tue, 11 May 2021 06:34:11 +0000 https://kurir.mk/?p=508758

Во претседателскиот замок Храдчани во Прага беа запалени 30.000 свеќи, симболично по една за секоја жртва на Ковид-19 во Чешка, а првата ја запали чешкиот претседател Милош Земан. – Морам да кажам дека самите сме одговорни за смртта на некои од нив поради нашата рамнодушност, непромисленост и, пред сè, затоа што подлегнавме на искушението предвреме да ги олесниме мерките и поради тоа епидемијата се врати во неколку бранови, рече Земан одавајќи им почит на жртвите. Земан изрази надеж дека пандемијата во Чешка ќе исчезне најдоцна во септември оваа година, благодарение на масовната кампања за вакцинација. – Пандемијата ќе ја паметиме како ужасен сон, рече тој. Фактот дека свеќите се ставени во проѕирни пластични чаши за пиво, предизвика критики на социјалните мрежи, но портпаролот на кабинетот на претседателот, Вит Новак, објасни дека свеќите не можеле да се стават без нив поради ветрот, а и за да се задржи стопениот восок во чашата. Во Чешка од почетокот на пандемијата на Ковид-19 до неделата починале 29.711 лица, а земјата со 10,7 милиони жители во првите три месеци од оваа година беше на првото или второто место во Европа со најголем број на смртни случаи на милион жители.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/praga-zapaleni-svekji-za-zrtvite-na-kovid-19/feed/ 0
Халеп го освои турнирот во Прага https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-go-osvoi-turnirot-vo-praga/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-go-osvoi-turnirot-vo-praga/#respond Sun, 16 Aug 2020 14:26:17 +0000 https://kurir.mk/?p=391368

Романката Симона Халеп е победничка на ВТА турнирот во чешката престолнина Прага. Во решавачкиот натпревар одигран денес, првата носителка на турнирот и втор светски рекет, ја совлада Елисе Мертенс (23 на ВТА ранг листата) од Белгија со 2-0, по сетови 6:2 и 7:5. Финалето траеше еден час и 35 минути. Наградниот фонд на турнирот изнесуваше 202.250 долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/halep-go-osvoi-turnirot-vo-praga/feed/ 0
Во атеистичката Прага се караат за верата https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-ateistichkata-praga-se-karaat-za-verata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-ateistichkata-praga-se-karaat-za-verata/#respond Sun, 28 Jul 2019 07:31:17 +0000 https://kurir.mk/?p=223614

Плановите во центарот на Прага повторно да се постави барокен столб со позлатена статуа на Дева Марија на врвот предизвикаа верски контроверзии во Чешка, европска земја со најмалку религиозни граѓани. Неколку католици и ентузијасти историчари се надеваат дека ќе подигнат реплика на изворниот споменик, подигнат во 1650 и урнат во 1918 година, на неговата изворна локација – Староместски намести, централниот плоштад во прашкиот стар град. – Оној ден кога ќе се постави споменикот, ќе знаеме дека дошло до помирување, вели скулпторот Петр Вана, автор на репликата. Кусо време по падот на комунизмот во 1989 година, локалните католици и неколку историчари основаа Сојуз за обнова на споменикот на Марија. Вана беше избран за автор и следните 20 години работеше на проектот. На изворниот столб висок 15 метри, подигнат во 1650 година, стоела позлатена Дева Марија на барокниот скулптор Јан Бендл. Тоа бил споменик во чест на бранителите против протестантската шведска армија, која продирала на крајот од Триесетгодишната војна (1618 – 1648). Но во очите на обичните Чеси споменикот ја симболизирал насилната хабсбуршка рекатолизација на земјата, која се гордеела со верскиот реформатор Јан Хус, запален како еретик во 1415 година. На 3 ноември 1918 година, само неколку дена откако Чехословачка стекнала независност од Австро-Унгарија, која умирала, група предводена од анархистот Франта Сауер го урнала столбот извикувајќи: „Подалеку од Виена, подалеку од Рим“. Од 10,6 милиони жители, 8,6 милиони се изјасниле како атеисти Многу Чеси тогаш ѝ свртеле грб на Католичката црква, а уште повеќе тоа го направиле за време на комунистичкиот режим од 1948 до 1989 година. Верниците во Чешка сега се малцинство. Од 10,6 милиони жители, 8,6 милиони се изјасниле дека се атеисти или на пописите на населението не сакаат да се изјаснат за верата. – Тој столб беше симбол на верска нетолеранција, рече еден од противниците на проектот Јан Вано. Друг, Зденек Зацпал, вели дека споменикот е „циничен“ затоа што бил подигнат во близина на местото каде што во јуни 1621 година биле погубени 27 протестанти. Обновата на споменикот моментално е заглавена во бирократски лавиринти. Иако активистите имаат градежна дозвола, која истекува во јули, градските власти велат дека немаат локациска. Вана вели дека во градскиот совет си играат со нив и не знаат кому прво да му се обратат. Тие неколкупати се обиделе да ги подигнат плочите со кои е поплочен плоштадот и да почнат со градба, но во тоа ги спречиле комунални редари чие комбе сега постојано е паркирано покрај несуденото градилиште. – Ни недостасува само едно парче хартија. Се надевам дека наскоро ќе го имаме и оти изградбата ќе почне, рече Вана. Во меѓувреме, до конечната одлука, 60 тони тешката скулптура на Вана чека во делови на брод вкотвен на В’лтава покрај центарот на градот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-ateistichkata-praga-se-karaat-za-verata/feed/ 0
Средношколец од Корчагин повреден на екскурзија во Прага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolec-od-korchagin-povreden-na-ekskurzija-vo-praga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolec-od-korchagin-povreden-na-ekskurzija-vo-praga/#respond Wed, 10 Apr 2019 14:28:10 +0000 https://kurir.mk/?p=184791

Средношколец од скопската гимназија Раде Јовчевски Корчагин утрово паднал по пожарникарски скали во хотел во Прага, објави 24 инфо. Ученикот се здобил со повреди, однесен е на преглед во една од болниците во градот. Директорот на училиштето Драган Арсовски ја потврдил информацијата и вели дека ученикот е без посериозни повреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srednoshkolec-od-korchagin-povreden-na-ekskurzija-vo-praga/feed/ 0
Пациент пукал во болница во Прага, две лица се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pacient-pukal-vo-bolnica-vo-praga-dve-lica-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pacient-pukal-vo-bolnica-vo-praga-dve-lica-se-povredeni/#respond Sat, 09 Mar 2019 12:38:18 +0000 https://kurir.mk/?p=172997

Двајца пациенти се ранети при инцидент со пукање во една болница во Прага, соопштија од чешката полиција. Во соопштението се наведува дека еден од пациентите почнал да пука во болницата синоќа пред полноќ. Напаѓачот бил сместен во иста соба со двајцата повредени пациенти. Еден од повредените е во тешка состојба. Истрагата за инцидентот е во тек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pacient-pukal-vo-bolnica-vo-praga-dve-lica-se-povredeni/feed/ 0
Маж се самозапали на плоштад во Прага https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-se-samozapali-na-ploshtad-vo-praga/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-se-samozapali-na-ploshtad-vo-praga/#respond Fri, 18 Jan 2019 17:03:41 +0000 https://kurir.mk/?p=153915

Маж се самозапали денеска на Вацлавскиот плоштад во Прага, каде пред 50 години се самозапали студентот Јан Палах против советската инвазија врз Чехоловачка. Мажот има 30 отсто изгореници по телото и префрлен е во болница. Според првични информации на локални медиуми, тој бил роден во 1964 година. Околу 15 часот се полеал со запаллива течност на плоштадот и се запалил. Не се знае какви му биле мотивите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/maz-se-samozapali-na-ploshtad-vo-praga/feed/ 0