пракса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Jul 2022 11:19:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пракса – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Тројца млади студенти од дијаспората на тринеделна пракса во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/#respond Tue, 12 Jul 2022 11:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=703837

Христијан Доумкос, Наум Хофман и Метју Костов, се тројца млади студенти од Америка, Канада и Швајцарија, кои во Битола, посетуваат практична настава, како студенти од дијаспората и учесници во програмата „Родум од Македонија“ (Birthright Macedonia) која од годинава, за првпат се реализира и во Битола. Програмата Родум од Македонија (Birthright Macedonia) ја реализира Обединетата Македонска Дијаспора во соработка со Македонскиот центар за меѓународна Соработка (МЦМС) и новосоздадената Битолска Алијанса на Родум од Македонија. Оваа програма ги поврзува македонските корени преку комуникација на македонскиот јазик, а студентите имаат можност да ја доживеат македонската култура, традициите, богатата кујна и историјата на нивните предци во татковината. На покана на градоначалникот Тони Коњановски, општина Битола ја посетија овие студенти од дијаспората кои изведуваат практична настава во градот, во: „Битолска лабораторија“, приватната ИТ компанија „iSORCE“ и Управата за јавни приходи – регионална дирекција Битола, заедно со организаторите на програмата за Битола, професорките Рената Петревска Нечкоска и Мимоза Богданоска Јовановска и претставникот на Организација на жени Светлана Петковска. На средбата, се разговараше за програмата со која во период од три недели, сите учесници се распоредени низ државни институции, приватни бизниси, компании и организации со соодветна гостувачка програма за поконкретно практично осознавање на работата кое ги надополнува нивните академски и кариерни цели. Воспоставувањето на ваквата соработка е од особено значење за промоција на македонската култура, запознавње на младите Македонци кои се родени и живеат надвор од државата со културното наследство, размена на искуства и знаења, но и воспоставување контакти и пријателства со нивните врсници во земјава, како и реализација на активности кои може да придонесат и за поинтензивна соработка со дијаспората. Градоначалникот Коњановски им посака пријатен престој на студентите во Битола, препорачувајќи им да ги посетат значајните културно – историски споменици, кои сведочат за богатата историја на Битола, но ја изрази и отвореноста за соработка на локалната самоуправа, како промотор и поддржувач во реализација на проектните активности кои имаат значење за Битола од повеќе аспекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/trojca-mladi-studenti-od-dijasporata-na-trinedelna-praksa-vo-bitola/feed/ 0
Pitch Please 2018 – Како идната работа и пракса во странство стануваат реалност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/#respond Wed, 18 Apr 2018 08:47:45 +0000 https://kurir.mk/?p=42421 На 11-ти мај во 9:30 наутро на Економскиот Факултет во Скопје (УКИМ), ќе се одржи-„Pitch Please“, проект за млади амбициозни луѓе преку кој добиваат можност да се запознаат со предизвиците кои им следат во нивниот понатамошен професионален развој. Организатори на овој настан се АИЕСЕК Скопје во соработка со Економскиот Факултет. Целта на настанот е да се создаде место каде ќе настане синергија помеѓу очекувањата на студентите и барањата на работодавците.

ЗОШТО ГО ПРАВИМЕ ОВА?

– Големата стапка на невработеност помеѓу младите во Македонија, неможноста да се продадат себеси и своите таленти пред работодавците е клучната причина поради која се роди идејата за овој настан. Базиран на Агендата за Одржлив Развој на Обединети Нации, АИЕСЕК активно се вклучува превземајќи иницијатива за стимулирање економски раст и стабилни работни места преку подобар “pitch” пред компаниите.

ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧУВА?

– Сесиите опфаќаат претставување на самите компании и нивната дејност, интеракција помеѓу студентите и компаниите во неформален амбиент. Споделување искуства од студенти, членови на АИЕСЕК, универзитетски професори како и стории за патот до успехот од врвни бизнис менаџери.

ЛОКАЦИЈА, ИНТЕРАКЦИЈА И АПЛИКАЦИЈА?

– Настанот ќе се одржува на 11-ти Мај, во 9:30 часот на Економски Факултет – Универзитет “Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Размена на знаења, вмрежување на младите таленти со претставниците на бизнис секторот, како и добра дружба придружена со закуски и освежителни пијалоци.  Цена на котизацијата ќе изнесува 290 денари во кои освен незаборавното искуство, е вклучено и ваучер со 20% попуст за АИЕСЕК пракси низ цел свет. Се гледаме!

Аплицирајте на:
https://goo.gl/dcCfcA

]]>
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pitch-please-2018-kako-idnata-rabota-i-praksa-vo-stranstvo-stanuvaat-realnost/feed/ 0