„Прашина“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Jun 2022 19:20:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Прашина“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОСЛОБЕТЕ СЕ ОД ПРАШИНАТА НА ДОЛГ РОК! Потребна ви е оваа состојка и сѐ ќе биде чисто! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/oslobete-se-od-prashinata-na-dolg-rok-potrebna-vi-e-ovaa-sostojka-i-s-kje-bide-chisto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/oslobete-se-od-prashinata-na-dolg-rok-potrebna-vi-e-ovaa-sostojka-i-s-kje-bide-chisto/#respond Sat, 04 Jun 2022 19:20:25 +0000 https://kurir.mk/?p=686686

Веројатно сте слушнале за глицерин и неговата употреба во медицината, козметологијата, прехранбената индустрија и земјоделството. Но, дали знаевте дека глицеринот е ефикасен во секојдневниот живот? Глицеринот може да ви помогне да го исчистите вашето домаќинство! 5 начини на кои можете да ја исчистите куќата со глицерин: Брилијантно чисти подови За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофа со вода. Ослободете се од прашината на долг рок За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Натопете ја крпата со таа вода и избришете ги површините. Нема да ја видите прашината најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите. Ги отстранува дамките од облеката Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете со вода во која сте додале малку сол. За да ја отстраните дамката од чај, кафе или чоколадо, само направете смеса од глицерин и сол, нанесете на дамката и по половина час измијте ја дамката. Правилно одржување на мебел од кожа Ако имате изгребано кожен мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати. Прозорци Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Долго време, ниту прашината, ниту нечистотијата нема да ја нарушат чистотата на вашите прозорци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/oslobete-se-od-prashinata-na-dolg-rok-potrebna-vi-e-ovaa-sostojka-i-s-kje-bide-chisto/feed/ 0
Ја чистите прашината постојано и ја има повторно? Еве зошто се случува тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-chistite-prashinata-postojano-i-ja-ima-povtorno-eve-zoshto-se-sluchuva-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-chistite-prashinata-postojano-i-ja-ima-povtorno-eve-zoshto-se-sluchuva-toa/#respond Mon, 22 Mar 2021 15:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=486216

Можете да направите сè како што треба, но понекогаш вашата околина може да влијае на тоа, на пример, ако живеете во близина на поголеми патишта. Но, обрнете внимание на перниците и прашината на ѕидовите. Колку и да бришете, секогаш имате чувство дека повторно се создава прашина во вашиот дом. Но, не грижете се, со помош на овие 9 совети помалку прашина ќе се собере во вашиот дом. 1. Чувајте ги прозорците затворени 2. Перете ги редовно перниците 3. Често бришете ги подовите и вакуумирајте 4. Протресете ги теписите 5. Никогаш не ги занемарувајте завесите и ролетните 6. Користете подлога 7. Воведете правило „нема чевли во куќата“ 8. Инвестирајте во прочистувач на воздухот 9. Не заборавајте на таванот]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ja-chistite-prashinata-postojano-i-ja-ima-povtorno-eve-zoshto-se-sluchuva-toa/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Силна песочна бура во Пекинг, откажани над 400 летови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/#respond Mon, 15 Mar 2021 06:41:59 +0000 https://kurir.mk/?p=482422

Пекинг денеска беше прекриен прашина, донесена од силните вретрови од пустината Гоби, северозападна Кина. Според метеоролозите тоа е најсилната песочна бура во реонот во последната деценија. Песочната бура се движи кон кинеските провинции Гансу, Шанси и Хубеи. Честичките ПМ10 во некои реони на Пекинг достигнаа до 8.000 микрограми на метар кубен, а дозволени се 50, додека честичките ПМ2 се на ниво од 300 микрограма на метар кубен, а дозволени се 35. Поради песочната бура откажани се 428 летови од аеродромите во Пекинг. Од силни песочни бури погодена е и соседна Монголија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-video-silna-pesochna-bura-vo-peking-otkazani-nad-400-letovi/feed/ 0
Бутел ли е, Бејрут ли е, “Дојде Живот за сите“!!! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butel-li-e-bejrut-li-e-dojde-zivot-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butel-li-e-bejrut-li-e-dojde-zivot-za-site/#respond Mon, 11 Mar 2019 14:03:07 +0000 https://kurir.mk/?p=173643

„Бутел ли е, Бејрут ли е“, ваков статус се шири по социјалната мрежа Фејсбук од рано изутрина. По се изгледа дека Петре Шилегов и Велимир Смилевски и двајцата родени и израснати во Бутел, воопшто не се ни засегнати со ваквите коментари од граѓаните на општина Бутел, мирни си седат во своите кабинети, а бутелчани секојдневно голтаат прашина и се плашат за нивната безбедност во сообраќајот. Велимир Смилевски дојде како градоначалник на Бутел ветувајќи „Живот за сите“, ама со хаосот кој се случува во Бутел тешко се живее. Автомобили паркирани по тротоарите, прашина насекаде, граѓаните несмеат да ги отворат прозорците да проветрат, се повеќе автомобили од општина Бутел секојдневно се по сервисите поради штетите од лошите улици, а Велимир Смилевски „мува не го лази“. Ветуваа чист воздух, ама Бутел никогаш не бил позагаден, ветуваа „Живот за сите“, ама во Бутел се потешко се живее, ветуваа реформи, проекти, ама бутелчани како да живеат во Бејрут, возат по земја, по дупки, и голтаат прашина, поради автомобилите кои се паркирани на тротоарите веќе не е безбедно ни за децата, а безбедноста на децата е најважна.  Тамошните жители велат дека децата мора да одат во градинка, тука е и училиштето „Живко Брајковски“, кое е близу оваа сообраќајница, како и градинката. Бутелчани велат дека немаат живот во населбата и здравјето им е сериозно нарушено. Најзагрижени се за децата, кои постојано имаат респираторни проблеми, како и повозрасните, бидејќи секојдневно дишат прашина. И не е само тоа проблем, бидејќи во близината се трговскиот центар и зелениот пазар, од каде што секојдневно мораат да преминуваат преку Бутелска за да испазарат. ФОТО: Фејсбук]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/butel-li-e-bejrut-li-e-dojde-zivot-za-site/feed/ 0
„Прашина” нова песна и спот на Сашко Костов https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prashina-nova-pesna-i-spot-na-sashko-kostov/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prashina-nova-pesna-i-spot-na-sashko-kostov/#respond Tue, 13 Nov 2018 11:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=127295

Спотот за најновиот сингл на Сашко Костов, „Прашина“, е воедно и најава за неговиот следен албум насловен „Крик и прашина“. Сашко Костов e автор на музиката и аранжманот, а текстот е на Ана Стојаноска. Спотот пак е во режија на Крсте Шупев, а улогите ги играат актерите Талија Настова и Фаик Мефаилоски. Во тек е подготовка за концертна промоција на албумот со нов бенд, а Костов најавува дека тоа нема да биде само обичен концерт. Инаку, ова е 6-то издание на Сашко, кој досега бил дел од повеќе македонски бендови, како: Мугер Фугер, Ласт Експедишн, Чиста Околина и други. Меѓу другото, тој создава и театарска музика, а оваа година работеше на претстава во Јужна Кореја, со режисерот Jeung Woo Son. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/prashina-nova-pesna-i-spot-na-sashko-kostov/feed/ 0