прашума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 03 Feb 2022 07:49:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png прашума – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рекордно високо ниво: За еден месец уништени околу 360 квадратни километри прашума во бразилскиот Амазон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoko-nivo-za-eden-mesec-unishteni-okolu-360-kvadratni-kilometri-prashuma-vo-brazilskiot-amazon/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoko-nivo-za-eden-mesec-unishteni-okolu-360-kvadratni-kilometri-prashuma-vo-brazilskiot-amazon/#respond Thu, 03 Feb 2022 07:49:52 +0000 https://kurir.mk/?p=626224

Околу 360 квадратни километри прашума во бразилскиот Амазон се уништени само во јануари годинава. Ова е најголемата бројка регистрирана за јануари од 2015 година, соопшти Националниот институт за вселенски истражувања (Инпе). Инпе користи сателитски снимки за своја анализа, користејќи брзо истражување за да ги испита промените во шумата во реално време. Според тоа, бројките на Инпе можат да покажат како може да се развие официјалната стапка на уништување на шумите во однос на дадена година. Годишната стапка е за периодот од август до јули. На климатската конференција на ОН ЦОП26, бразилската Влада објави дека ќе стави крај на нелегалното уништување на шумите во Амазонската прашума до 2028 година. Експертите стравуваат дека најновите податоци би можеле да укажат на зголемен ризик од уште една катастрофална година за Амазон. Помеѓу август 2020 година и јули 2021 година, околу 13.235 квадратни километри се обесшумени во регионот, според Инпе. Ова е зголемување од 22 отсто во однос на претходната година и најголема површина на уништени шуми од 2008 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rekordno-visoko-nivo-za-eden-mesec-unishteni-okolu-360-kvadratni-kilometri-prashuma-vo-brazilskiot-amazon/feed/ 0
Над 10.000 км2 од амазонската прашума исечени во последната година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-km2-od-amazonskata-prashuma-isecheni-vo-poslednata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-km2-od-amazonskata-prashuma-isecheni-vo-poslednata-godina/#respond Fri, 29 Nov 2019 07:52:05 +0000 https://kurir.mk/?p=270863

За првпат од 2008 година, последнава година, поточно од август 2018 до јули 2019 година, сечењето на шумата во бразилската прашума  Амазонија го мина прагот од 10.000 квадратни километри, што претставува раст од 43 отсто во однос на измиантите 12 месеци, покажуваат најновите официјални податоци, што синоќа беа објавени. Според ИНПЕ, Државниот институт за вселенски истражувања, овие податоци покажуваат уште поголем раст за последната година, за цели 74,5 отсто, во сечење на шумите на домородечките подрачја. Најголемата тропска шума во светот за само една година изгубила вкупно 10.000 квадратни километри, а меѓу август 2017 и јули 2028 година имаше загуба од 7.033 квадратни километри. Овие најнови податоци доаѓаат по претходниот извештај во кој се наведуваше дека за споменатиот период имало исечено шума за 9.762 квадратни километри. Повеќе од 60 отсто од Амазонија е дел од територијата на Бразил. По 2008 година кога беа исечени вкупно 12.287 квадратни килемтри овие податоци се највисоки во една година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nad-10-000-km2-od-amazonskata-prashuma-isecheni-vo-poslednata-godina/feed/ 0
Бразил губи годишно околу 10.000 кв/км прашума https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-gubi-godishno-okolu-10-000-kv-km-prashuma/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-gubi-godishno-okolu-10-000-kv-km-prashuma/#respond Tue, 19 Nov 2019 07:16:47 +0000 https://kurir.mk/?p=265751

Околу 9.760 квадратни километри од бразилската амазонска прашума се уништени од август 2018 година до јули 2019 година, објави бразилската национална агенција ИНПЕ. Тоа е речиси 30 проценти повеќе отколку што беше уништено за истиот период минатата година и најголема површина на уништена прашума регистрирана од 2008 година. Министерот за животна средина Рикардо Салес ја обвинува нелегалната економска активност за уништување на огромните простори на прашумата. Но, активистите за животна средина сметаат дека владата на претседателот Жаир Болсонаро е одговорна бидејќи отвори огромни простори на најголемата светска прашума во комерцијална експлоатација. „Новите податоци покажуваат дека уништувањето на амазонската прашума е целосно надвор од контрола“, нагласи Роберто Малдонадо од Светскиот фонд за заштита на природата (WWF).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brazil-gubi-godishno-okolu-10-000-kv-km-prashuma/feed/ 0