пратеничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 04 Oct 2023 14:04:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратеничка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопруг на пратеничка на ДУИ од пред два дена вработен во Агенцијата за цивилно воздухопловство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprug-na-pratenichka-na-dui-od-pred-dva-dena-vraboten-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprug-na-pratenichka-na-dui-od-pred-dva-dena-vraboten-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo/#respond Wed, 04 Oct 2023 14:04:12 +0000 https://kurir.mk/?p=885157

Елвир Зендели, сопруг на пратнеичката на ДУИ Арта Билали Зендели од почетокот на месецов има убаво работно место. Вработен е во Агенцијата за цивилно воздухопловство каде платата во зависност од стажот се движи околу 70.000 денари, пишува Пресс24.мк. Останува на институциите да проверат дали имало одреден конфликт на интереси имајќи предвид дека станува збор за сопруг на пратеничка од мнозинството. Одлуката за вработување е од пред два дена, со дата од 2 октомври 2023 година потпишана од директорот Томислав Тунтев, поранешен пратеник на СДСМ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/soprug-na-pratenichka-na-dui-od-pred-dva-dena-vraboten-vo-agentsijata-za-tsivilno-vozduhoplovstvo/feed/ 0
По тепачката во косовското собрание, пратеничка парадираше како во боксерски ринг (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-tepachkata-vo-kosovskoto-sobranie-pratenichka-paradirashe-kako-vo-bokserski-ring-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-tepachkata-vo-kosovskoto-sobranie-pratenichka-paradirashe-kako-vo-bokserski-ring-video/#respond Fri, 14 Jul 2023 10:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=856630

На вчерашната седница на косовското собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците на опозициската партија ДПК и владиниот кабинет. Додека пратениците на опозицијата во Косово вчера ја блокираа говорницата на собранието, пратеничката на Самоопределување, Адријана Матоши која по професија е актерка, се исмејуваше со насилството. Таа на лист хартија напиша „Втора рунда“ и направи парада во собранието, по што доби аплауз од колегите од партијата. На вчерашната седница на косовското собрание дојде до физичка пресметка меѓу пратениците на опозициската партија ДПК и владиниот кабинет. За вчерашните случувања во собранието на Косово, Основното обвинителство ги повика на разговор вицепремиерот Бесник Бислими и министерот за финансии, труд и транспорт, Хекуран Мурати, а според медиумите во Косово на разговор бил повикан и пратеникот на ДПК, Мергим Луштаку кој беше дел од тепачката, но истиот не одговорил на поканата на Основното обвинителство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/po-tepachkata-vo-kosovskoto-sobranie-pratenichka-paradirashe-kako-vo-bokserski-ring-video/feed/ 0
Петкоска: Со оваа неспособна Влада секој изминат ден е залудно потрошен, како во областа на угостителството, така и во сите останати сфери од општеството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-so-ovaa-nesposobna-vlada-sekoj-izminat-den-e-zaludno-potroshen-kako-vo-oblasta-na-ugostitelstvoto-taka-i-vo-site-ostanati-sferi-od-opshtestvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-so-ovaa-nesposobna-vlada-sekoj-izminat-den-e-zaludno-potroshen-kako-vo-oblasta-na-ugostitelstvoto-taka-i-vo-site-ostanati-sferi-od-opshtestvoto/#respond Fri, 04 Nov 2022 11:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=755701

Повторно скандалозно однесување на власта и мнозинството во Собранието. Вчерашниот ден и она што се случуваше на 73-тата пленарна седница е само уште една потврда дека пратениците од владеачкото мнозинство немаат право на сопствено размислување, туку се гласачка машина по налог на Владата, ова преку изјава за медиумите го истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петкоска. -Имено, на 6-ти мај го поднесовме Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за угостителска дејност со кој баравме да се дефинираат хостелите и да се вградат во законската материја. На пленарната седница на 7-ми јуни овој Предлог-закон доби зелено светло, односно се изгласа потребата за донесување на истиот. И дотука, се’ беше во ред. Но, вчера мнозинството повторно го покажа своето вистинско лице. Таман помисливме дека се освестиле, дека се промениле, дека сфатиле дека опозицијата не е тука само да критикува, туку и да предлага закони и да се бори за подобрување на законските решенија, тие повторно покажаа дека се слепи послушници на власта. По изминати 5 месеци, она што самите го гласаа, веќе не важи, вели Петкоска. Таа прашува зошто дојде до ова? -После 5 месеци од поднесувањето на Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за угостителска дејност, Владата доставува мислење во кое ни кажува дека работела на нешто слично и му предлага на Собранието да не го донесе овој закон! Што е тоа слично на што работи Владата? - Не знаеме. Каде е документот? – Никаде го нема! Кога да го очекуваме? - Не е наведено! Дали колегите од СДС и ДУИ го виделе? - Очигледно не ни мора да го видат, доволно е само од Влада да им кажат кое копче да го притиснат. Инаку, со овој Предлог-закон предвидуваме дефинирање на хостелите кои реално постојат, но не се опфатени со законската материја, заради што има недоследности во практичната примена на Законот за угостителска дејност како целина. Од друга страна, на Комисијата за економски прашања слушнавме разно-разни изговори за ова 5-месечно чекање и одолговлекување. Еднаш било поради дебатирање за ребаланс на буџет, другиот пат било поради тоа што поимот „хостел“ не бил македонски збор и така натаму. Секакви изговори само за да се сокрие неправењето и неработењето ништо за подобрување на законската материја која се однесува на угостителската дејност. Ние како пратеничка група по вчерашното отфрлање на нашиот Предлог-закон будно ќе го следиме ова за да видиме дали Владата навистина работи на подобрување на Законот за угостителска дејност или само напразно зборува и ништо не работи. Факт е дека за нив зборот претставува се’, освен даден збор, вели Петкоска. Таа додава дека токму затоа сметаме дека со оваа неспособна Влада секој изминат ден е залудно потрошен ден, како во областа на угостителството, така и во сите останати сфери од општеството и секојдневното живеење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkoska-so-ovaa-nesposobna-vlada-sekoj-izminat-den-e-zaludno-potroshen-kako-vo-oblasta-na-ugostitelstvoto-taka-i-vo-site-ostanati-sferi-od-opshtestvoto/feed/ 0
Пратеничката од СДСМ која позитивна на коронавирус дојде во собранието: Ако не го сакате Филипче, трк на бајачка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-od-sdsm-koja-pozitivna-na-koronavirus-dojde-vo-sobranieto-ako-ne-go-sakate-filipche-trk-na-bajachka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-od-sdsm-koja-pozitivna-na-koronavirus-dojde-vo-sobranieto-ako-ne-go-sakate-filipche-trk-na-bajachka/#respond Tue, 14 Sep 2021 12:14:11 +0000 https://kurir.mk/?p=563465

Секоја чест за министерот, ревносно и разбирливо ви укажуваше секој божји ден за вирусот, вели во својата објава пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа е пратеничката која пролетоска беше позитивна на коронависрусот и, облечена во скафандер, дојде во Собранието на Република Македонија за да учествува на седница за да гласа. Костадиновска Стојчевска сега застана во одбрана на министерот Венко Филипче, по трагедијата во модуларната болница во Тетово во која живи изгореа 14 лица. Пратеничката предизвика револт кај граѓаните со пораката тие што не се согласуваат со министерот и бараат одговорност да одат на бајачка. -Година и пол Венко Филипче ве убедува да се вакцинирате и да се заштитите! Да не се групирате, да се пазите! Година и пол! Како да сме 2021 п.н.е! Ревносно и разбирливо ви укажуваше секој божји ден какви последици има вирусот и зошто треба да се пазите! Ама нееееееееееее! Секоја почит за министерот! Ајде трк на бајач сега, порача деновиве Стојчевска преку социјалните мрежи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-od-sdsm-koja-pozitivna-na-koronavirus-dojde-vo-sobranieto-ako-ne-go-sakate-filipche-trk-na-bajachka/feed/ 0
„Заев прави кривично дело и ги тера пратениците да кршат изолација, мерките можеа да бидат изгласани уште во четвртокот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pravi-krivichno-delo-i-gi-tera-pratenicite-da-krshat-izolacija-merkite-mozea-da-bidat-izglasani-ushte-vo-chetvrtokot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pravi-krivichno-delo-i-gi-tera-pratenicite-da-krshat-izolacija-merkite-mozea-da-bidat-izglasani-ushte-vo-chetvrtokot/#respond Sun, 18 Apr 2021 12:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=498831

Зоран Заев го загрозува јавното здравје и тера пратеници болни од КОВИД во изолација, во скафандери да одат во Собрание, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Зоран Заев е лицемерен и манипулативен. Талат Џафери и владеачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар. Се што прави Зоран Заев денеска е само театар, а за неговата претстава да биде целосна ги тера пратениците да прават кривично дело, да го загрозуваат јавното здравје и да кршат здравствени прописи за време на пандемија. Главното прашање е зошто пратениците може да ја кршат изолацијата, а граѓаните се затворени дома?, прашуваат од партијата. Од таму додаваат дека СДСМ и Заев прават кривично дело. Заев свесно го прави ова и за истото ќе има одговорност, доколку беше чесен и искрен мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-pravi-krivichno-delo-i-gi-tera-pratenicite-da-krshat-izolacija-merkite-mozea-da-bidat-izglasani-ushte-vo-chetvrtokot/feed/ 0
Пратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективна, позитивен на ковид и градоначалникот на Демир Хисар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-monika-zajkova-hospitalizirana-na-infektivna-pozitiven-na-kovid-i-gradonachalnikot-na-demir-hisar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-monika-zajkova-hospitalizirana-na-infektivna-pozitiven-na-kovid-i-gradonachalnikot-na-demir-hisar/#respond Sun, 08 Nov 2020 08:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=426365

Пратеничката од ЛДП, Моника Зајкова, која е позитивна на Ковид-19, од синоќа е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје. На својот профил на Фејсбук таа објави за нејзината здравствена состојба, која според симптомите бара болничко лекување. -Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38,5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирана ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна, напиша Зајкова на Фејсбук. Истовремено и градоначалникот на Демир Хисар, Марјанче Стојановски на истата социјална мрежа објави дека е позитивен на вирусот и дека од денеска е во изолација. -И, покрај сите препорачани мерки од надлежните здравствени институции за заштита и превенција од корона вирусот, каде доследно ги почитував и во целост ги применував, после денешниот тест за ковид 19, сум позитивен. Да бидеме одговорни, дисциплинирани и совесни, бидејќи само на тој начин ќе ја совладаме пандемијата, напиша Стојановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-monika-zajkova-hospitalizirana-na-infektivna-pozitiven-na-kovid-i-gradonachalnikot-na-demir-hisar/feed/ 0
IN MEMORIAM: Почина Ратка Димитрова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-pochina-ratka-dimitrova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-pochina-ratka-dimitrova/#respond Sun, 30 Aug 2020 09:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=396768

Ратка Димитрова, пратеничката од првиот парламентарен состав, почина на 80-годишна возраст. Таа беше координатор на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието во период од 1991 до 1994 година. Димитрова е мајка на политичарот и доскорашен министер за надворешни работи, Никола Димитров. Покрај работата како пратеник, таа имаше богата кариера како виолинистка со бројни концерти во Македонија и пошироко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/in-memoriam-pochina-ratka-dimitrova/feed/ 0
Пратеничка од Мичиген на работа пристигна со вооружена придружба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/#respond Fri, 08 May 2020 13:55:24 +0000 https://kurir.mk/?p=343578

Пратеничката во претставничкиот дом на Конгресот на америкаската сојузна држава Мичиген, афроамериканката Сара Ентони на своето работно место пристигна во придружба на вооружена група, само неколу дена откако вооружени белци упаднаа во Конгресот во Ленсинг. Вооружена група белци демонстрираа против „тиранијата“ на рестриктивните мерки поради пандемијата со Ковид-19, воведени од демократската гувернерка Гричен Вајтмер. Ентони (36) изјави дека нејзината намера била да укаже на пропустите на полицијата на Мичиген да ја гарантира безбедноста на законодавците за врема на протестот на вооружените белци. – Кога системот нема да успее да обезбеди целосно безбедност ни преостанува сами да се погрижиме за себе. Без оглед дали си црнец и демократски претставник во Претставничкиот дом на Мичиген, стана опасно. Тоа е амбиентот што го создаде претседателот Доналд Трамп, истакна Ентони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenichka-od-michigen-na-rabota-pristigna-so-vooruzena-pridruzba/feed/ 0
Пратеник од македонското Собрание е заразен со коронавирус (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenik-od-makedonskoto-sobranie-e-zarazen-so-koronavirus-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenik-od-makedonskoto-sobranie-e-zarazen-so-koronavirus-foto/#respond Tue, 14 Apr 2020 11:23:51 +0000 https://kurir.mk/?p=331992

Инфомакс дознава дека пратеничката на СДСМ од Прилеп, Кети Смилеска е заболена од опасниот коронавирус. Редакцијата на порталот ја контактираше пратеничката по што добиле потврда дека е тестирана и е позитивна на заразата. -Таа во болницата е сместена од саботата кога нејзината состојба се влошила, но како што вели за нашиот портал сега веќе е подобра. Смилеска апелираше до своите сограѓани прилепчани мерките да се почитуваат, бидејќи како што вели почитувањето на мерките не биле на задоволително ниво, објави Инфомакс. Смилеска посочува дека сака информацијата да биде споделена за што поголем број на граѓани да разберат дека станува збор за сериозна работа. КУРИР побара информација за овој случај од Министерството за здравство, а одговорот ќе го објавиме откако ќе ни биде испратен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenik-od-makedonskoto-sobranie-e-zarazen-so-koronavirus-foto/feed/ 0
ВИДЕО: Оштетен автомобилот на пратеничката Александрова https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-oshteten-avtomobilot-na-pratenichkata-aleksandrova/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-oshteten-avtomobilot-na-pratenichkata-aleksandrova/#respond Thu, 13 Feb 2020 19:42:38 +0000 https://kurir.mk/?p=303659

Оштетен автомобилот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Александрова. Информацијата за ТВ21 ја потврди и пратеничката и додаде дека случајот е пријавен во МВР. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-oshteten-avtomobilot-na-pratenichkata-aleksandrova/feed/ 0