пратенички групи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Mar 2021 06:55:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратенички групи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеничките групи ги продолжуваат разговорите за измени или за нов Деловник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/#respond Mon, 01 Mar 2021 06:55:33 +0000 https://kurir.mk/?p=475220

Претседателот на Собранието Талат Џафери и претставници на сите пратенички групи и независни пратеници во овој собраниски состав денеска ќе ги продолжат разговорите за измени на Деловникот за работа на Собранието. Всушност, како што објасни Џафери, станува збор за продолжување на разговорите за измени или можеби нов Деловник што започнаа во минатиот собраниски состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. На денешната прва средба, на оваа сега веќе формална работна група, треба да биде утврдена методологијата за нејзината работа. Членови на работната група се претседателот на Собранието Џафери, потпретседателите Горан Мисовски и Фадил Зендели, Диме Велковски, Снежана Калеска -Ванчева и Панчо Минов од СДСМ, Арбер Адеми, Арта Билали Зендели и Арбен Зибери од ДУИ, Гордана Сиљановска Давкова, Никола Мицевски и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ, Скендер Реџепи и Сурија Рашиди од Алијанса на Албанците и Алтернатива, Кастриот Реџепи од Беса и Димитар Апасиев од Левица. Џафери на почетокот на февруари годинава во интервју за МИА рече дека во овие разговори ќе бидат опфатени сите прашања што се отворија со новиот состав на Собранието, како на пример одржувањето на конститутивната седница. Некои прашања поврзани со измените на Деловникот се веќе затворени во претходниот мандат во рамки на Жан Моне процесот. -На пример, конститутивна седница да има тек, почеток и крај. Да не биде отворена можноста да трае со денови конститутивната седница. Да се дефинира, на пример, точно кога ќе се смета дека Собранието е конституирано за да можат да почнат да течат роковите конкретно по она што произлегуваат за другите институции, примената на роковите и текот на работата по тие рокови. Има низа работи“, рече Џафери. Идејата, како што кажа тогаш првиот парламентарец, е да почнеме со дебата по оние работи што се констатирани како пречка од сите нас и да изнајдеме решение. Претседателот на Собранието Џафери во интервјуто кажа дека Собранието е во фаза на реформи и оти целта е комплетно осамостојување, а дел од тие реформи се измените или работата на нов Деловник. -Дел од таа реформа се измените или работата на нов деловник, можеби, најверојатно ќе произлезе да имаме нов деловник, иако ние работиме на измени и дополнување на Деловникот во процесот Жан Моне. И следствено на тоа се прават напори за реформа на статусот на собранискиот канал и реформа на статусот на собраниското обезбедување, како последица на сите нешта што се случија во овие три децении. И сметаме дека сите овие функции треба да бидат изречно во надлежност на Собранието. И Собранието само по себе со воспоставени правни инструменти да може да менаџира со оваа институција без оглед кој ќе биде соодносот на силите сега во овој мандат или во наредниот мандат, изјави тогаш Џафери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkite-grupi-gi-prodolzuvaat-razgovorite-za-izmeni-ili-za-nov-delovnik/feed/ 0