пратенички имунитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Jul 2023 05:44:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратенички имунитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради истрагата за аферата „Барселонагејт“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/#respond Thu, 06 Jul 2023 05:44:31 +0000 https://kurir.mk/?p=853372

Претседателот на една од бугарските владејачки партии ГЕРБ (Граѓаните за европски развој на Бугарија), и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, соопшти дека се откажал од пратеничкиот имунитет. -Разговарав со членовите на пратеничката група на ГЕРБ. Ќе се откажам од имунитетот и покрај тоа што поранешниот државен обвинител го направи против мене, рече Борисов во парламентот, иако претходно изјави дека „категорично одбива“ да му се одземе имунитетот. Тој додаде дека има доверба во бугарските судови и обвинителство, јави Радио Бугарија. Градското обвинителство во Софија претходно му предложи на државниот обвинител да побара укинување на пратеничкиот имунитет на Борисов поради случајот „Барселонагејт“. Станува збор за афера во која поранешниот премиер е под истрага три години, а според обвинителот, собрани се докази дека Борисов перел пари давајќи незаконски стекнати пари на трети лица за купување недвижен имот во странство. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/borisov-se-otkazha-od-pratenichkiot-imunitet-poradi-istragata-za-aferata-barselonagejt/feed/ 0
Пуџдемон остана без пратенички имунитет https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/#respond Tue, 09 Mar 2021 09:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=479392

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и на Тони Комин и Клара Понсати. Ова ќе овозможи продолжување на постапката против нив за екстрадиција во Шпанија, каде ќе треба да издржат ефективни казни. Барањето за укинување на имунитетот на тројцата политичари е од судот во Шпанија, кој ги бара под обвинение за заговор против владеењето на правото во земјата и проневера на јавни средства. Пучдемон и Комин живеат во Белгија од 2017 година, каде избегаа откако референдумот за независност на Каталонија, што тие го организираа, беше прогласен за незаконски од шпанскиот суд. Тогаш белгискиот суд одби да ги екстрадира, а подоцна тројцата освоија европратенички места на изборите во 2019 година. Резултатите од вчерашното тајно гласање за укинување на пратеничкиот имунитет на тројцата политичари беа објавени рано утрово. Во соопштението од Европскиот парламент се вели дека е поддржана одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pudzdemon-ostana-bez-pratenichki-imunitet/feed/ 0
Колективниот имунитет бара стапка на вакцинација до 90 отсто https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolektivniot-imunitet-bara-stapka-na-vakcinacija-do-90-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolektivniot-imunitet-bara-stapka-na-vakcinacija-do-90-otsto/#respond Thu, 24 Dec 2020 21:07:36 +0000 https://kurir.mk/?p=447990

Постигнувањето колективен имунитет против коронавирусот бара да бидат вакцинирани меѓу 70 и 90 отсто од граѓаните, оцени главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи. Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој призна дека со тек на време ги зголемил проценките за процентот на населението кое треба да биде вакцинароно со цел да се создаде колективен имунитет, откако претходно зборувал дека е доволно тој процент на изнесува 60-70 отсто. -Кога истражувањата на јавното мислење покажуваа дека само околу половина од Американците би ја примиле вакцината, зборував дека за создавање колективен имунитет би било потребно да се вакцинираат 70-75 отсто од граѓаните. Меѓутоа, кога новите истражувања покажаа дека 60 отсто или повеќе би ја примиле вакцината, помислив дека би можело да ја поместам границата, па ја зголемив на 80-85 отсто, нагласи Фаучи. Тој објасни дека „колку е болеста позаразна, толку е потребно поголема стапка на вакцинација за да се достигне прагот на колективен имунитет“. Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од 14 декември вакцината ја примиле над еден милион Американци, односно околу 0,3 отсто од населението.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolektivniot-imunitet-bara-stapka-na-vakcinacija-do-90-otsto/feed/ 0
Одземен пратеничкиот имунитет на Никола Груевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemen-pratenichkiot-imunitet-na-nikola-gruevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemen-pratenichkiot-imunitet-na-nikola-gruevski/#respond Tue, 27 Nov 2018 17:13:50 +0000 https://kurir.mk/?p=132772

Со 62 гласа „ЗА“, Собранието на денешната пленарна седница му го одзеде пратеничкиот имунитет на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, а поранешен премиер Никола Груевски. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски. Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број пратеници. Претходно, Комисијата со пет гласа „ЗА” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odzemen-pratenichkiot-imunitet-na-nikola-gruevski/feed/ 0