пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 09:54:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратеници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСОМ со писмо до пратениците: Заштитете го сопствениот народ, не работете во корист на скриени владини интереси https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/#respond Tue, 31 Oct 2023 09:54:14 +0000 https://kurir.mk/?p=894801

Кажете СТОП на неевропскиот и неуставен предлог Закон за игри на среќа и заштитете го сопствениот народ, порача Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ), во писмото кое го упати до пратениците од Комисијата за европски прашања.
„Предупредуваме дека овој закон ќе донесе катастрофални последици за целото општество со тоа што повеќе од 10.000 директно вработени и 54.000 индиректни работници ќе останат без приход и работа. Станува збор за ваши сограѓани чија поддршка во изборниот процес сите ја баравте ветувајќи подобри услови за живот во нашата земја. Сега овие луѓе кои плаќаат кредити, ја планираат својата иднина и иднината на своите деца, ќе бидат оставени без приходи во време на инфлација и економска криза.“- истакнува АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата посочува дека новите предлог- измени ќе предизвикаат непоправливи економски штети за целата држава бидејќи ќе придонесат за затворање на една важна индустрија, која во буџетот годишно носи прилив од над 280 милиони евра. Се истакнува дека апсолутно се неприфатливи предлог измените кои предвидуваат дислокација на објектите, забрана за приредување игри на среќа на интернет за лиценцираните приредувачи, како и зголемување на давачките и надоместоците.
„Веруваме дека и самите вие сте свесни дека местото на овој закон не е во Комисијата за европски прашања и дека се прави сѐ овој неевропски закон насила да се избутка. Дека нашиот став е издржан и правилен укажува и фактот што вие како Комисија за европски прашања при Собранието на РСМ во заклучокот од одржаната седница по предлог текстот на законот му укажувате на Собранието посебно да го оцени аспектот за усогласеноста со ЕУ легислативата.“- потенцираат од АСОМ.
Од АСОМ посочуваат дека Собранието на РСМ нема преземено обврска за усогласување со препораките на ЕУ, па од таа причина означувањето на предлог текстот на законот со ЕУ знаменце е со целосна спротивност и со усвоените акти на Собранието за преземената обврската за усогласување со ЕУ легислативата.
„Ве повикуваме вас како Комисија за европски прашања да ги заштитите граѓаните на оваа земја и да го отфрлите овој закон кој е фатален, ја стимулира сивата економија и поттикнува криминални активности, што се покажа како пример во нашето соседство. Живееме во демократска земја во која на недемократски начин насилно се турка предлог законот кој е создаден без дебата и без консултација со претставниците на игри на среќа, далеку од очите на јавноста без да се земе во предвид мислењето на експертите и познавачите на индустријата. Немојте да бидете дел од овој заговор и немојте да поднесете одговорност за донесувањето на закон кој не е во корист на нашата земја.“- велат од АСОМ.
Во писмото Асоцијацијата предупредува дека овој закон веднаш штом ќе стапи на сила ќе донесе катастрофални последици за вработените во индустријата на игри на среќа, и ги повикува пратениците да не бидат заложници на нечии интереси, да реагираат на време и да ги заштитат граѓаните кои им ја доделиле сопствената доверба.
„Во повеќе наврати повторивме дека бараме итно повлекување на законот, формирање на заедничка работна група од експерти, претставници на индустријата и Владата за носење на нов европски и функционален закон, но наидовме на молк.“- истакнуваат од АСОМ.
АСОМ во писмото јасно посочува дека нивен интерес е самата индустрија да напредува, играчите и малолетниците да се заштитени и едуцирани, а легислативата да се европеизира.
„Апелираме до вас да имате слух за нашите барања и вашата одлука во врска со овој закон да ја донесете врз база на факти, раководејќи се од поривот да направите добро за граѓаните кои ги претставувате, а не да работите во корист на скриени владини интереси.“
Асоцијацијата во писмото потсети на нивниот предупредувачки собир пред Собранието преку кој покажува колку се сериозни во своите намери да се спречи носењето на штетниот предлог закон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/asom-so-pismo-do-pratenitsite-zashtitete-go-sopstveniot-narod-ne-rabotete-vo-korist-na-skrieni-vladini-interesi/feed/ 0
Пратениците ја изгласаа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/#respond Tue, 17 Oct 2023 12:25:24 +0000 https://kurir.mk/?p=889820

Пратениците денеска со мнозинство гласови ја поддржаа потребата од носење на новиот Деловник за работа кој треба да стапи на сила од следниот парламентарен состав. Претседателот на Собранието Талат Џафери, образложувајќи ја потребата од носење на новиот Деловник, рече дека тој е резултат на консензус од сите политички партии. - Ова е уште еден пример што докажува дека политичката дебата во Собранието може да резултира и да се финализира производ со политички консензус, рече Џафери. Истакна дека со новиот Деловник ќе се надминат предизвиците со коишто се соочувало Собранието уште од независноста и дека слабостите како и различните толкувања ќе се оневозможат кога тој ќе стапи во сила. - Ова е оптимално решение кое дава функционалност на законодавниот дом. Во иднина нема да се повторат ситуациите што ги имавме во минатите состави, вклучувајќи го и овој состав, дека треба да се стави крај на можностите за различни толкувања на собраниските постапки, односно да имаме заедничка гаранција дека Собранието не може да се блокира, туку ќе биде функционално во името на граѓаните, рече Џафери. Предлог-деловникот се разгледува во редовна постапка. Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на 10 октомври ја изгласа потребата од носење на новиот Деловник за работа на Собранието. Разговорите меѓу пратеничките групи започнаа пред пет години за измени на постоечкиот Деловник, се одвиваа во рамки на Жан Моне процесот и со посредство на неколкумина европратеници, за на крајот да резултира со консензус за комплетно ново решение. Се очекува новиот Деловник на Собранието да се донесе до крајот на годината и да се применува од идните пратеници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-ja-izglasaa-potrebata-od-nosene-na-noviot-delovnik-za-rabota-na-sobranieto/feed/ 0
„САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците: Измените на Законот за игри на среќа значат егзодус на 35 илјади луѓе од Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/#respond Mon, 16 Oct 2023 13:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=889382

Не постои ниту едно логично објаснување зошто по секоја цена се туркаат скандалозни и противуставни измени на Законот за игрите на среќа и забавни игри, пишува во отвореното писмо на здружението на вработени во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ до пратениците од Комисијата за европски прашања, каде на дневен ред денеска се измените на Законот за игри на среќа. Од здружението велат дека во услови на инфлација, растечка сиромаштија, ценовни шокови, непрекинато иселување на работно способно население, да се усвојуваат решенија кои ќе остават на улица 10 илјади вработени, е надвор од секаква здраворазумска логика, посочувајќи дека сето ова се прави со злоупотреба на ЕУ знаме. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ во своето писмо до пратениците сликовито, преку лични сведоштва објаснува зошто тие не треба да донесат погрешна и крајно штетна одлука. „Конкурираш на јавен оглас на компанија која од владата на предлог министерството за финансии и е издадена лиценца за организирање посебен вид игри на среќа. Дел од овие компании се странски инвеститори, светски корпорации во оваа индустрија. Тоа влева сигурност и самодоверба дека ако те примат ќе добиеш сигурна работа. Во ова време тоа е реткост. Менаџментот те испраќа на платена обука, бидејќи не можеш да потпишеш договор за работа на неопределено време се додека не си подготвен да ги исполниш строгите стандарди за професионалност при извршување на работните задачи. Почнуваш да работиш, добиваш редовна, добра плата, со сите придонеси, плус со платени двојни дневници за работа во недела, празници, ноќен труд и сменско работење, бидејќи работното време е 24/7. Добиваш финансиска сигурност. Основаш семејство, ти се раѓаат деца, решаваш да подигнеш кредит за да купиш стан, кола, си го планираш животот бидејќи веруваш дека имаш финансиска сигурност и без проблем ќе ги плаќаш ратите. Одеднаш, Владата која издала лиценца за работа, му предлага на Собранието да усвои законски измени заради кои компанијата ќе биде принудена да стави клуч на врата. Странските инвеститори да си одат од земјата. Загрижените лица на менаџерите дополнително те вознемируваат. Закуподавецот на објектот каде работиш станува нервозен бидејќи договорот за закуп ќе мора предвреме да му биде раскинат. Те фаќа несоница од помислата дека ќе останеш без работа. Нема да можеш да ги плаќаш кредитите, те обзема страв дека ќе си имаш работа со извршители. Ќе стане хаос. Немаш избор, почнуваш да бараш контакти во странство за да дознаеш какви можности имаш да работиш таму. Пишуваш биографија и ја испраќаш. Со искуството во индустријата игри на среќа можеш веднаш да најдеш работа во западните земји, во ЕУ. Со горчина во душата почнуваш да го подготвуваш семејството дека можеби ќе нема друг избор освен да се иселите од сопствената земја.“ – се вели во отвореното писмо на „САКАМ ДА РАБОТАМ“. Од здружението посочуваат дека се разочарани и гневни што надлежните државни институции никогаш не застанале во одбрана на нивното достоинство, човекови слободи и уставно загарантирани права на работен однос. „Гласањето на овие законски измени е глас ЗА егзодус на дополнителни 35 илјади луѓе, кои ќе бидат присилени да си заминат од Македонија. Не сакаме да веруваме дека било кој од Вас може мирно да спие откако кренал рака за да нанесе ваква неправда. Никој од Вас не е избран на избори за да отпушта вработени туку да решава проблеми.“- велат од здружението на вработени во сектор игри на среќа. „САКАМ ДА РАБОТАМ“ испрати сериозен апел до пратениците и Владата предупредувајќи да ги повлечат скандалозните и противуставни измени пред да стане предоцна. Здружението испрати порака дека до последно, со сите демократски средства ќе се борат против неправдата која овој предлог Закон може да им ја нанесе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sakam-da-rabotam-do-pratenitsite-izmenite-na-zakonot-za-igri-na-sreka-znachat-egzodus-na-35-iljadi-luge-od-makedonija/feed/ 0
Поединечните „пријателски разговори“ со пратениците мирисаат на кривично дело https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poedinechnite-prijatelski-razgovori-so-pratenitsite-mirisaat-na-krivichno-delo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poedinechnite-prijatelski-razgovori-so-pratenitsite-mirisaat-na-krivichno-delo/#respond Wed, 20 Sep 2023 11:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=879855

Решенијата за иднината на државата носени без широка граѓанска и политичка поддршка не може да бидат одржливи. Опсесивната заложба што поскоро да се спроведат уставните измени очигледно излегува од секаква рамка на нормално демократско и, пред сè, законско функционирање кога станува збор за обезбедување двотретинско мнозинство, па се користат буквално сите расположливи средства да се дојде до фамозната бројка од 80 пратеници. Впрочем, веќе и никој не крие дека под површината се одвиваат некакви разговори и пазарења, иако официјалните изјави се во насока дека се разговара без притисоци, отворено се аргументираат придобивките од одблокирање на процесот на уставни измени и ништо повеќе. Сепак јавноста, поучена од досегашните искуства, се сомнева дека повторно во игра се некакви заткулисни игри, а во еден таков контекст се става и неодамнешното експресно носење на измените на Кривичниот законик, потег од кој останаа изненадени и ЕУ и САД. Ни малку случајни не се ниту последните прозивки меѓу власта и опозицијата за тоа дали и кој имал тајни средби со поранешниот премиер во Будимпешта, дали се договарала амнестија, дали биле побарани помилувања од претседателот на државата и слични инсинуации, кои, секако, имаат некаква употребна вредност и, ако ништо друго, претставуваат еден вид лакмус за реакциите во јавноста дали сето тоа може да помине. Едно е повеќе од јасно, дека во тек е сериозна операција за обезбедување двотретинско мнозинство и дека на сцена е пазар од најнизок вид, без да се води сметка дали во целата оваа работа има и елементи за кривични дела, особено сега кога дополнително е намалена казнивоста на функционерите. Геровски: За што разговарате? – Недостига добра волја. Недостига едно разбирање, пред сè во СДСМ и ДУИ, дека оваа работа не можат да ја истераат со сила и со уцени. Не може да се приведе опозицијата на гласање, да најдат осум пратеници што ќе ги поддржат уставните измени. По моето разбирање, за тоа се оди во затвор. Велат, разговараме пратеник по пратеник, човек по човек. За што разговарате вие со луѓето? Се убедувате за прашања за кои треба да се убедуваме јавно, пред камери, на дебати или правите некакви шмеќарлаци за да ги уценувате луѓето или да им нудите нешто? За што разговарате? Така не може да се реши работата. Мене ми е тотално неразбирливо зошто не се отвори една сериозна политичка јавна дебата, ама не сами со себе, туку власта со опозицијата за тоа какво уставно решение треба да се донесе, еве за внесување на Бугарите во Уставот, кое е најдоброто решение, туку веднаш се истрча, се тупна на маса едно решение и се вели ова е решението за кое треба да разговараме и сега дај да видиме како да го прифатиме, како да постигнеме компромис – вели новинарот Бранко Героски, изнесувајќи ги сопствените видувања во јавноста за преговорите што власта ги води со пратениците од опозицијата. Според него, секое посериозно решение за иднината на државата мора да биде носено со консензус и со широка политичка поддршка за да биде одржливо, а не решенијата да се бараат така што ќе се врши притисок врз пратениците да го прифатат решението што еднострано им е наметнато. – Решението што ќе се донесе под маса, шверцерски, ќе биде неодржливо. Консензус значи да се обезбеди политичка волја од повеќе субјекти – потенцира Героски. Проф. Гордана Силјановска-Давкова: Се кршат темелните вредности на Уставот, се нарушува владеењето на правото, се загрозуваат интегритетот и дигнитетот на пратениците, нивната слобода на мислење и слобода на изразување… Дека има елементи на кривично дело, на некој начин потврдува и професорката по уставно право и актуелна пратеничка Гордана Силјановска-Давкова. – Прво, тоа е спротивно на начелото на поделба на власта, тоа го загрозува она што Уставот во членот 63 го наведува, „се гарантира дека пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат по сопствено убедување“. Значи, се кршат темелните вредности на Уставот, се нарушува владеењето на правото, понатаму се загрозуваат интегритетот и дигнитетот на пратениците, нивната слобода на мислење и слобода на изразување, а под закана е и гласањето на пратениците по сопствено убедување – се дел од забелешките на професорката Силјановска-Давкова по кои може да се испитува можноста за евентуален кривичен прогон. Несомнено, ако се потврдат сите овие забелешки, тогаш има сериозни прекршувања на законите и основи за кривично дело, но кога целта ги оправдува средствата, тогаш мала е веројатноста некој да се соочи со одговорност за притисоците и уцените врз пратениците. – Методот на обезбедување две третини од пратениците е дефинитивно во контекст на она што претставува начин на функционирање на политичките партии, на Собранието и на власта во Македонија, а тоа е пазар, но не нормален пазар, не вистински пазар, туку најдолен пазар во кој воопшто не се води сметка ниту за каков било вредносен систем, за какви било правила, процедури, критериуми, туку пазар што ги руши и оние малку кревки основи на демократија и владеење на правото. И она што е најтрагично, тоа е пазар што е од поодамна и сега со доаѓањето на различни алали од странство во Македонија се поддржува од страна и од другите држави и мислам дека тоа е најтрагичното и најлошото што можеше да се случи во овој период – потенцира професорката Мирјана Најчевска. Политичкиот аналитичар Петар Арсовски потврдува дека во обидот да се дојде до двотретинско мнозинство власта употребува секакви начини и средства. – Не е голема тајна дека власта е во потрага по пратеници за гласање на уставните измени со кои било средства и на кој било начин. Тие тоа не го кријат – вели Арсовски, притоа додавајќи дека измените на Кривичниот законик можат да се стават во некаква корелација со обезбедување двотретинско мнозинство. И другите соговорници сметаат дека кога разговорите се одвиваат тајно, тогаш тешко ќе се утврди дали има некакво кривично дело во сите овие постапки. „Балканскиот начин“ на Јоханес Хан – Очигледно домашните политичари многу често почнаа да ги применуваат советите на поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, кој советуваше кога работите ќе заглават, тогаш да се решаваат на „балкански начин“. Веројатно и сега се користи тој „балкански начин“, со тоа што, како што беше случајот кога се гласаа амандманите за Преспанскиот договор, и сега ЕУ замижува на сите овие неправилности. Кога сето тоа ќе се дополни со домашните нефункционални институции, повеќе од извесно е дека сите овие заткулисни игри ќе минат неказнето и затоа постојано ни се случуваат и ќе продолжат да ни се случуваат. Наместо да се седне и да се најде консензуално решение, се пристапува кон методот на притисок, што во никој случај не е добро за државата – заклучуваат соговорниците. Извор: Нова Македонија]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poedinechnite-prijatelski-razgovori-so-pratenitsite-mirisaat-na-krivichno-delo/feed/ 0
Мицкоски на координација со пратеничката група: Да не се одолговлекува седницата, нема уставни измени под бугарски диктат, да се почитува волјата на народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-koordinatsija-so-pratenichkata-grupa-da-ne-se-odolgovlekuva-sednitsata-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-da-se-pochituva-voljata-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-koordinatsija-so-pratenichkata-grupa-da-ne-se-odolgovlekuva-sednitsata-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-da-se-pochituva-voljata-na-narodot/#respond Fri, 01 Sep 2023 13:14:37 +0000 https://kurir.mk/?p=873407

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес имаше редовна координација со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Тој јасно порача дека нема уставни измени под бугарски диктат; „Остро сме против законските решенија кои предвидуваат зголемување на давачките, повисоки даночни опфати кои директно влијаат врз зголемување на сиромаштијата; Бараме да не се одолговлекува процедурата и да се злоупотребува позицијата за да се одолговлекува седницата за уставни измени Ќе се почитува волјата на граѓаните и нивниот интерес да не се потклекне на барањата за правење на компромиси на штета на државните интереси“ - посочи Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-koordinatsija-so-pratenichkata-grupa-da-ne-se-odolgovlekuva-sednitsata-nema-ustavni-izmeni-pod-bugarski-diktat-da-se-pochituva-voljata-na-narodot/feed/ 0
Пратениците го продолжија одморот до последната недела од август https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-go-prodolzhija-odmorot-do-poslednata-nedela-od-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-go-prodolzhija-odmorot-do-poslednata-nedela-od-avgust/#respond Mon, 21 Aug 2023 10:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=869055

По одржувањето на седницата за утврдување на потребата за носење на уставните измени за што заврши само општата расправа, во Собранието според информациите објавени на собранискиот сајт, не се закажани седници на работните тела или пленарни седници. Денеска се одржаа само две прес-конференции и тоа на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ. Од Кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери велат дека тој е на работа и дека одржува состаноци и средби во рамки на работниот ангажман. На координацијата што се одржала на 17-ти август било договорено активностите и одржувањето на седниците на комисиите и работните тела да продолжат во последната недела од август. А првата наредна седница, според информациите од Џафери, ќе биде закажана за 5-ти септември. Пратениците се вратија на работа само за седницата закажана за 18-ти август што се однесуваше на уставните измени, а официјално годишниот одмор го започнаа по Илинден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenitsite-go-prodolzhija-odmorot-do-poslednata-nedela-od-avgust/feed/ 0
Во Собранието дебата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-debata-za-predlogot-za-pristapuvane-kon-izmena-na-ustavot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-debata-za-predlogot-za-pristapuvane-kon-izmena-na-ustavot/#respond Fri, 18 Aug 2023 13:00:35 +0000 https://kurir.mk/?p=868430

Пратениците во Собранието денеска расправаат за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот. Пратеникот Скендер Реџепи истакна дека најдобриот пат за сите граѓани е тоа што треба да се отворат нови хоризонти кои водат кон Европската Унија и да се затворат етничките прашања. - Сепак, песимист сум дека може да има уставни промени, не по вина на Владата, туку по вина на пратениците Македонци, кои имаат лажен национализам и повеќе мислат на парламентарните избори, отколку на иднината на државата, рече Реџепи. Според Халил Снопче од „Алијанса за Албанците“ зачленувањето во Европската Унија претставува најголема сигурност за зачувување на идентитетот на македонскиот народ. Пратеникот Арбер Адеми од ДУИ рече дека булеварот „11 Октомври“ кој поминува покрај Собранието е најголем показател дека граѓаните се за европска иднина. - Таа слика покажува и докажува дека граѓаните се за ЕУ, за подобар животен стандард, за интеграција, а не за изолација, непредвидливост и статус кво, рече Адеми. Фадил Зендели од БЕСА побара бришење на одредницата „20 проценти“, која, според нив, ја ограничува употребата на албанскиот јазик. Според него, единственото решение е што побрзо да се оди на предвремени парламентарни избори, за, како што рече, да им се даде нова можност на граѓаните да се изјаснат околу процесите што ги имаме. Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-debata-za-predlogot-za-pristapuvane-kon-izmena-na-ustavot/feed/ 0
Седница во Собранието за уставните измени, власта и опозицијата со непроменети ставови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/#respond Fri, 18 Aug 2023 05:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=868202

Во Собранието денеска треба да почне 123. пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија. Седницата е закажана за 11 часот. Согласно Деловникот за работа на Собранието, дебатата трае најмногу десет работни дена и доколку е така треба да заврши на 31 август. Пратеник во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 20 минути, а координатор на пратеничка група вкупно 30 минути. Претставникот на предлагачот во претресот може да говори повеќе пати но, не повеќе од 30 минути вкупно. Одлуката за пристапување кон измена на Уставот, Собранието ја носи со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници односно со 80 гласови. Власта и опозицијата остануваат на своите ставови. За СДСМ, уставните измени се императив за граѓаните и избор меѓу „европска Македонија“ или изолација на државата, додека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот да не поддржи измени на Уставот во ваков формат под, како што велат, бугарски диктат и бараат предвремени избори. Премиерот Димитар Ковачевски вчера порача дека двотретинското мнозинство е потребно за продолжување на европските интеграции на државата, а не за опстанок на Владата. Избори, според премиерот, во овој момент не се решение. -Осумдесет пратеници се потребни за глас за европска Македонија. На Владата и се потребни 61 пратеник за да може полноправно да одлучува и да работи до изборот на следната влада. Двотретинското мнозинство во Собранието за овие уставни измени е императив за секој граѓанин во државата, рече Ковачевски по посетата на компанијата „Дата Мастерс“. Дебатата во Собранието, според Ковачевски, е добра можност граѓаните да се уверат дека се работи за процес за остварување на втората стратешка цел на државата, а тоа се евроинтеграциите. Што побрзо го направиме тој процес, вели Ковачевски, толку побргу ќе станеме членка на ЕУ. Повтори дека за прв пат ветото не доаѓа однадвор, туку може да дојде од внатре. Според него, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување и да бидат на ниво на задачата за да овозможат подобра иднина за граѓаните. - Пред нас се храбри и тешки одлуки, сите 120 пратеници треба да покажат државничко однесување, да бидат на ниво на задачата и да донесат одлука со која ќе се овозможи подобра иднина, за идните генерации, за нас, за нашите деца, напиша синоќа Ковачевски на „Фејсбук“ по средбата со американската амбасадорка Анџела Агелер. И вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ упати порача дека ако навистина сакаме да ја оствариме целта – до 2030 година полноправно членство во ЕУ, сега е време тоа да се покаже на дело. Според Маричиќ, сега не е време за популизам. Блокадите од опозицијата на државата, вели тој, ѝ носат изолација, неизвесност и отвораат простор за влијанија на трети страни. - Бегањето од носење државнички одлуки и неучествување во најважниот национален процес само го отежнува и забавува прогресот на државата и нè оддалечува од европската перспектива. Доколку не стане проактивна опозицијата и не даде поддршка за уставните надополнувања исходот е јасен, тука застануваме и повторно заглавуваме во чекалната на ЕУ. А тоа не носи добро никому и не треба да биде ова цел на никој, поради било кои причини а најмалку политички, истакна Маричиќ. Земјата, како што посочи, сега е во фаза кога членството во ЕУ е на дофат и тоа до крајот на декадата, шанса која не се пропушта. -Сега треба да е целта на сите да останеме на европскиот пат и да ја впишеме Северна Македонија во новиот пакет за проширување во којшто ќе бидат Украина, Молдавија, Грузија и држави од Западен Балкан. Затоа уставните измени мора да се случат до крајот на ноември, да останеме во процесот и да обезбедиме континуитет на преговорите со ЕУ. Колку подолго сме надвор од процесот, толку полошо за економијата, за целокупната клима во државата и толку повеќе млади ќе ја напуштаат државата. Тоа понатаму ќе ја слабее довербата во институциите и ќе биде закана за стабилноста и просперитетот на државата, а тоа сум сигурен дека никој не го посакува и затоа верувам дека ќе успееме да ги завршиме заеднички обврските кои ги имаме на патот до членството во ЕУ, вели Маричиќ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи упати отворено писмо до пратениците во кое порача дека од нивната одлука ќе зависи дали земјата ќе ги продолжи преговорите со ЕУ или ќе ги запре на подолг рок без гаранција за успех. - Во петок Вие ќе одлучувате за европската иднина на Северна Македонија, определба за која работиме и работеа сите Влади во изминатите 30 години. Од Вас ќе зависи дали со прифаќање на промената на Уставот ќе ги продолжиме разговорите по поглавјата за членство во Унијата или ќе запреме во преговорите на подолг рок, до некоја нова шанса, без никаква гаранција за успех, поттикнувајќи го процесот на „пасошизација“ на граѓаните кои бараат европска иднина за себе, истакна Османи. Уверува дека идентитетските и историските прашања не се дел од преговорите. -Најодговорно тврдам дека историските и идентитетските прашања не се дел од патоказите и одредниците од кои зависи отворањето и затворањето на поглавјата. Со оваа промена на Уставот, ние само ќе ја зајакнеме нашата меѓународна положба и ќе ја зголемиме меѓународната поддршка за нашите цели. Низ преговорите, шансите да продолжиме да ја промовираме и унапредуваме македонската национална посебност, историја и култура ќе бидат значително подобри и зајакнати, наведува шефот на дипломатијата, нагласи Османи. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторија уставни измени нема да има. Најавија дека ќе учествуваат на пленарната седница, а пред нејзиното одржување, како што вчера изјави лидерот на партијата Хирстијан Мицкоски, ќе одржат координација. - Уште при усвојувањето на дневниот ред, мнозинството, односно Владата на СДСМ и ДУИ ќе види дека нема двотретинско мнозинство за да го бутка овој процес. Очекувам дека нема да има дополнителна политичка гимнастика и единствена легитимна тема ќе биде одржување на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски. Според Мицкоски, дури и да бидат Бугарите дел од Преамбулата и да добиеме гаранции за идентитет, сепак, Протоколот и Билатералниот договор се опасност за дополнителни пречки во иднина, односно дополнително вето, дополнителен идентитетски и историски интервенционизам. Претседателите на Алтернатива, Движењето Беса, и Демократското движење, Африм Гаши, Билал Касами и Изет Меџити вчера, пак, на заедничка прес-конференција побараа итно да се стави на гласање потребата од промена на Уставот и заедно со тоа да се стават и амандманите за, како што рекоа, измена на 20 проценти за албанскиот јазик, како и амандманот против застареност на случаите за политичка корупција. Доколку на краток рок не се обезбеди потребното мнозинство за гласање на првата фаза од уставните измени, според лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе биде јасно дека овој парламентарен состав нема капацитет да ги деблокира преговорите за ЕУ интеграција и ќе повикаат да се гласа за распуштање на Парламентот и распишување на предвремените избори. Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА на почетокот на месецов изјави дека по завршување на претресот, гласањето за потребата за уставни измени може да биде одложено, а ако нема услови, воопшто и да не се случи. -Седницата на 18-ти август ќе се отвори и ќе се усвои дневниот ред како што е постапката, затоа е потребно присуството од 61 пратеник, а за гласање минимум една третина од вкупниот број. Тоа е општ принцип и секако се отвора дискусија, дебата, се повикува според процедурата да се отвори дебата. Што ќе биде, како ќе биде, не можам да кажам сега оти не можам да предвидам. Но, обврска ми е да имам испланирано десет работни дена да може да работи Собранието доколку има пријавено за збор за толку, значи максимумот за да трае дебатата е десет дена. Десеттиот ден завршува дебатата без оглед дали останале уште говорници или не, појасни Џафери. Тој рече и дека доколку нема двотретинско мнозинство, гласањето може да биде одложено, но и дека тоа може и да не се случи, со што постапката за уставни измени завршува. На 25 јули се одржа седница на собраниската Комисија за уставни прашања на која беа изгласани два заклучоци и тоа за пристапување кон измена на Уставот и за подготвување на нацрт- амандманите за измена на Уставот, доколку биде прифатена потребата за негова измена на седницата на 18 август. Двата заклучоци беа донесени со десет гласа „за“ и со седум гласови „против“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sednitsa-vo-sobranieto-za-ustavnite-izmeni-vlasta-i-opozitsijata-so-nepromeneti-stavovi/feed/ 0
ДС: Нема граѓански и политички консензус за уставни измени, пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/#respond Thu, 17 Aug 2023 09:16:09 +0000 https://kurir.mk/?p=867793

Демократскиот сојуз предлага на утрешната седница пратениците да донесат одлука за распуштање на Собранието со што ќе се создадат уставни можности во рок од 60 дена да се одржат вонредни парламентарни избори. -Сосема е извесно дека нема граѓански и политички консензус за промена на Уставот со која Бугарите ќе станат конститутивен народ во Македонија.  Без реципроцитет за признавање на правата на Македонците во Бугарија, како и без поддршка на Преговарачката рамка од која ќе бидат отстранети билатералните прашања (историски, образовни, јазични итн.) наметнати oд Бугарија и надвор од Копенхашките критериуми, нема и нема да има промена на Уставот. Доколку пратениците водат сметка за автентичните национални и државни интереси, како и за евроинтеграциите, тогаш ќе ја донесат најиздржаната одлука, ќе го распуштат Парламентот. Инаку, без коренити реформи на судскиот систем, владеење на правото и изградба на независен и ефикасен систем за борба против криминалот и високата корупција, како и измена на изборните правила, Македонија нема да може да се интегрира во ЕУ, велат од партијата. Посочуваат дека треба да се обезбеди сплотеност, единство и државничко однесување. -Мораме да го послушаме народот и цврсто да застанеме зад неговите и државните интереси, децидни се од ДС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ds-nema-graganski-i-politichki-konsenzus-za-ustavni-izmeni-pratenitsite-da-donesat-odluka-za-raspushtane-na-sobranieto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Власта еднаш велеше дека им фалат 6, сега им фалат 8 пратеници – тенденцијата вели дека им се раситнува мнозинството – „барајќи рогови ќе ја изгубат главата“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ednash-veleshe-deka-im-falat-6-sega-im-falat-8-pratenitsi-tendentsijata-veli-deka-im-se-rasitnuva-mnozinstvoto-barajki-rogovi-ke-ja-izgubat-glavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ednash-veleshe-deka-im-falat-6-sega-im-falat-8-pratenitsi-tendentsijata-veli-deka-im-se-rasitnuva-mnozinstvoto-barajki-rogovi-ke-ja-izgubat-glavata/#respond Sun, 30 Jul 2023 07:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=861587

Во изјавите на власта на ДУИ и СДС владее какафонија по темата уставни измени. Тоа е резултат на нивниот очај и нервоза, бидејќи насилниот обид спротивен на народната волја, им се удри во ѕид, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. -Да биде посмешно тие во обидите да расфрлаат пердуви уште повеќе самите се закопуваат. Имено Бујар Османи тврди дека фалеле уште 8 пратеници за мнозинство за уставни измени, а заборава дека неговите соработници шпекулираа дека им фалат уште 6 пратеници (Груби, 20 септември 2022 година), дека имаат 74 пратеници (Пендаровски, 18 ноември 2022 година) па дури и дека имаат обезбедено уставно мнозинство (Битиќи, 24 мај 2023 година). Лагите им се распрснуваат како меур од сапуница. Изгледаат како раштиман оркестар. Но, кога веќе прават вакви ментални екскурзии, треба и да се подзамислат, бидејќи тенденциите велат дека од недостаток 6, стасале на недостаток 8 пратеници, што значи дека им се распаѓа и тоа кое што го имаат, велат од партијата. Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат: Да потсетиме дека неколку пратеници од самата коалиција на власт веќе директно и индиректно најавуваат дека нема да гласаат. Дополнително и други пратеници на кои Османи и Ковачевски сметаа почнаа да одбиваат поддршка на уставните измени. Народот вели „барајќи рогови си ја изгубиле главата“, па така оваа власт барајќи 2/3 може лесно да го загрози и владиното мнозинство. Впрочем така би си ја скратиле агонијата и би го спасиле народот од оваа криминална власт. Изборите се единственото решение во интерес на Македонија и единствениот излез во ќорсокакот во кој власта ја внесе државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-vlasta-ednash-veleshe-deka-im-falat-6-sega-im-falat-8-pratenitsi-tendentsijata-veli-deka-im-se-rasitnuva-mnozinstvoto-barajki-rogovi-ke-ja-izgubat-glavata/feed/ 0