пратеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 27 Sep 2023 07:39:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратеник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеникот од СДСМ Костовски разочаран од конфликтите во партијата – преку статус на Фејсбук моли за единство! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-od-sdsm-kostovski-razocharan-od-konfliktite-vo-partijata-preku-status-na-fejsbuk-moli-za-edinstvo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-od-sdsm-kostovski-razocharan-od-konfliktite-vo-partijata-preku-status-na-fejsbuk-moli-za-edinstvo-foto/#respond Wed, 27 Sep 2023 07:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=882148

Пратеникот од владејачката СДСМ, Мартин Костовски е разочаран од конфликтите во партијата и бара единство. „Социјалдемократи другари и другарки или ќе се држиме сите заедн еден до дру, или ќе потонеме сите еден покрај друг… Време е за помирување и обединување“, напиша Костовски на својот фејсбук профил. Објавата на Костовски, познат како долгогодишен приврзаник на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со кого заедно соработуваат во огранокот на СДСМ во Куманово, сведочи за сѐ поголемите несогласувања во владејачката партија, особено по прашањето на уставните измени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenikot-od-sdsm-kostovski-razocharan-od-konfliktite-vo-partijata-preku-status-na-fejsbuk-moli-za-edinstvo-foto/feed/ 0
За корупција осудени поранешен албански министер и екс пратеник https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/#respond Mon, 25 Sep 2023 12:44:54 +0000 https://kurir.mk/?p=881556

Судот за организиран криминал и корупција во Тирана му изрече казна затвор на поранешниот министер за животна средина Лефтер Кока во врска со обвинувањата за инсинераторот во Фиер, односно за договорот за концесија за изградба на пречистителната станица за урбан отпад и производство на енергија. Поранешниот министер е осуден на 10 години затвор, но поради согласноста за скратен судски процес казната е намалена на 6 години и 8 месеци затвор. Исто така донесена е одлука да се заплени имотот на Кока, поточно „ објект за продажба на алкохолни пијалаци Ѓерѓ Кастриот – Скендербег“ во Драч, во вредност од 442.972 леки, како еквивалентен имот со дел од износот за кој се товари во казниво дело. Според обвинението Кока ги извршил кривичните дела „злоупотреба на службена положба“, извршено во соработка“, „пасивна корупција на високи државни функционери или избрани локални функционери“ и „активна корупција на високи државни функционери или локални избраници“. Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК, истрагата за инсинераторот во Фиер ја финализирана во декември 2022 година. Кока на функцијата министер за животна средина беше во периодот 2013-2017 од редовите на Движењето за социјалистичка интеграција (ЛСИ), сега Патија на слободата на Илир Мета и беше дел од владината коалиција со социјалистите, а од 2017 до 2021 пратеник од редовите на Социјалистичката партија. Во исто време Судот му изрече казна од 4 години на поранешниот социјалистички пратеник, Алќи Блако, кој со скратен судски процес во затвор ќе остане 2 години и 8 месеци, додека Клодијан Зото, главниот акционер на концесионерот на оваа печка е осуден на 12 години затвор, односно во ќелија ќе остане 8 години. Кока и Блако по издржувањето на казната имаат забрана да се занимаваат со полтика во период од пет години. Во меѓувреме, Специјалниот суд одлучи да ослободи три лица прогласувајќи ги за невини по покренатите обвиненија, додека условно се осудени уште шест лица. СПАК вели дека за овој инсинератор биле исплатени четири милиони евра, за работа која не била извршена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/za-koruptsija-osudeni-poraneshen-albanski-minister-i-eks-pratenik/feed/ 0
Борис Џонсон поднесе оставка на функцијата пратеник во параментот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/#respond Sat, 10 Jun 2023 07:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=844280

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон поднесе оставка од функцијата пратеник во Парламентот, што веднаш стапува на сила. Џонсон се бореше за својата политичка иднина со парламентарна истрага за тоа дали го довел во заблуда Долниот дом кога рече дека се почитувани сите правила воведени поради Ковид-19. Комитетот за привилегии на британскиот Парламент истражува дали Џонсон намерно ги завел пратениците во изјавите што ги дал пред Долниот дом во декември 2021 година за забавите што се одржуваат во Даунинг стрит за време на „карантинот“ поради Ковид-19, на кои присуствувал и тој самиот. Во својот доказен документ од 52 страници, предаден на комисијата во март, Џонсон призна дека го довел парламентот во заблуда, но негираше дека го сторил тоа намерно. Тој призна дека социјалното дистанцирање не било „совршено“ на собирите на Даунинг стрит 10 за време на карантинот за Ковид-19. Но, додаде, дека тоа се „суштински“ работни настани за кои тврдеше дека се дозволени. Тој инсистираше на тоа дека упатствата - како што тој ги разбира - биле следени во текот на целиот период. -Многу е тажно што го напуштам Парламентот - барем засега“, рече Џонсон во изјавата. „Ме избркаа мал број луѓе, без докази за поткрепување на нивните тврдења и без одобрение дури и од членовите на Конзервативната партија, а камоли од поширокото гласачко тело“, оцени поранешниот британски премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/boris-dhonson-podnese-ostavka-na-funktsijata-pratenik-vo-paramentot/feed/ 0
Пратеникот на ОН во Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=843885

Владата на Судан соопшти дека претставникот на Обединетите нации (ОН) во оваа земја, Германецот Фолкер Пертес, е прогласен за персона нон грата. „Владата на Судан го информираше генералниот секретар на ОН дека од денеска г-дин Фолкер Пертес (...) е персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. Пертес вчера беше во Адис Абеба, Етиопија, каде имаше неколку дипломатски разговори, соопштија од ОН на Твитер. Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја предводи суданската армија, побара смена на Пертес, обвинувајќи го дека е одговорен за војната што избувна во средината на април меѓу неговите сили и паравоените формации на Мохамед Хамдан Дагло. Во писмото до ОН, генералот Ал-Бурхан го обвини Пертес дека во своите извештаи ја „прикрил“ експлозивната ситуација во Картум пред избувнувањето на непријателствата. Без тие „лаги“, како што изјави Ал Бурхан, „Дагло немаше да ги почне своите воени операции“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/feed/ 0
ВИДЕО: Бугарски пратеник физички се пресметува со македонската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarski-pratenik-fizichki-se-presmetuva-so-makedonskata-politsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarski-pratenik-fizichki-se-presmetuva-so-makedonskata-politsija/#respond Sat, 04 Feb 2023 13:59:44 +0000 https://kurir.mk/?p=796110

Инцидентот на граничниот премин Деве Баир кој резултираше со апсење на тројца бугарски државјани бугарски политичар во живо го пренесуваше на социјалните мрежи. Според снимката, која се гледа дека е направена со мобилен телефон, се гледа дека тој што снима директно учествува во буткањето со македонските полицајци. Снимката ја објави политичарот Ангел Георгиев, кој е пратеник. На снимката неколку граѓани иако предупредени да не го прават тоа од страна на македонските полицајци, се приближуваат кон нив и со висок тон им се обраќаат негодувајќи за бугарски државјанин кој бил спроведен во просториите на полицијата на граничниот премин. Бугарските државјани на снимката им дофрлуваат на полицајците, а потоа и се втурнуваат кон нив по што полицајците се обидуваат да ги оддалечат од зградата на граничниот премин и доаѓа до буткање. На снимката се гледа дека тој што снима е исто така спроведен во просториите на станицата. Бугарските медиуми пак за инцидентот пренесуваат дека македонските полицајци се тие кои му се заканувале и го тепале пратеникот на „Вазраждане“ Ангел Георгиев, а со него биле и бугарски државјани. МВР веќе потврди дека се приведени тројца бугарски државјани поради овој инцидент. А на инцидентот сведочеше и екипата на А1он која веќе објави снимка од друг агол која можете да ја погледнете на следниот линк.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/video-bugarski-pratenik-fizichki-se-presmetuva-so-makedonskata-politsija/feed/ 0
Пратеник од опозицијата хоспитализиран по тепачка во турскиот Парламент https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-od-opozicijata-hospitaliziran-po-tepachka-vo-turskiot-parlament/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-od-opozicijata-hospitaliziran-po-tepachka-vo-turskiot-parlament/#respond Tue, 06 Dec 2022 17:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=771913

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година. Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе. Некои од нив си разменуваат тупаници, а други се обидуваат да ги смират колегите. Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската „Добра партија“ бил удрен во лицето. За Јорс се грижел негов колега, по образование доктор, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница. Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-od-opozicijata-hospitaliziran-po-tepachka-vo-turskiot-parlament/feed/ 0
Лефков: Обидите за зголемување на владејачко мнозинство зборуваат само за тоа колку не е стабилна поддршката на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-obidite-za-zgolemuvanje-na-vladejachko-mnozinstvo-zboruvaat-samo-za-toa-kolku-ne-e-stabilna-poddrshkata-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-obidite-za-zgolemuvanje-na-vladejachko-mnozinstvo-zboruvaat-samo-za-toa-kolku-ne-e-stabilna-poddrshkata-na-vladata/#respond Fri, 18 Nov 2022 18:37:30 +0000 https://kurir.mk/?p=763149

„Немаме намера да се мешаме во внатрепартиски односи, но малку е парадоксално најголемата опозициска партија со која заедно делувавме во Собранието и гледаме каде власта не доведе со задолжувањето, најголема инфлација, тука е и корупцијата. И сега како ќе се пронајдете во таква Влада. Или прашањето е дали влегуваат во Владата за спас на процесот за евроинтеграција или за спас на премиерот Димитар Ковачевски“, рече Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата на гостување во емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5, а коментирајќи ги информациите за влез на Алијанса за Албанците. Тој додаде дека во една ваква ситуација Алијанса за Албанците треба да размисли за чекорот за евентуален влез во Владата. Според него сите овие прашања за зголемување на владејачко мнозинство зборуваат само колку не е стабилна поддршката на Владата. „Ковачевски не се појави на избори и сега има потреба да си го докажува легитимитетот и затоа се обидува да прави нови коалиции“, посочи Лефков. Власта ветува нешто што не може да се реализира. „Османи и Ковачевски договорија промена на Уставот, а не можат да го реализираат тоа. Со вклучување на Бугарите во Уставот кои велат дека постоиме од 1944 година, го негираат македонскиот јазик, имаме целосен парадокс како ќе ги внесете во Уставот. Малку е проблематично што се вели дека со промена на Уставот автоматски започнуваат преговорите, оттука да не се доведеме во ситуација сите жртви кои ги правиме дека се само за почеток на преговорите, а потоа да не блокираат за секое поглавје“, рече Лефков. Во текот на гостувањето Лефков се осврна и на денешната седница во Собранието што се одржа за скандалот околу делење на македонско државјанство на криминалец. „Ние обелоденивме скандали кога се делеа пасоши на белосветски криминалци. Како заврши? Зошто не заврши тоа во одделението за борба со организиран криминал и корупција? Тоа ги исполнува сите критериуми за организиран криминал, има меѓународни аспекти, има финансиски импликации, има вмешано голема група на луѓе. Како заврши? Со осум обвиненија и едно обвинение за помагач во аферата „Пасоши“, истакна Лефков. Лефков додаде дека преку медиуми јавноста дознава како одредени криминалци на владина седница добиваат македонско државјанство, практично кој сака добива македонско државјанство со оваа власт. Целосно се нарушува угледот на Македонија како НАТО членка. „Целосно се нарушува угледот на Владата и кога доаѓа во Собрание, за да Собранието ја оствари својата надзорна функција врз работата на Владата и владини тела во случајот сега станува збор за Агенција за национална безбедност, се случува тајна седница. Тогаш се претресуваат колегите пратеници, се оставаат телефоните, чантите и уредите, се пуштаат внатре само тие што имаат безбедносен сертификат строго доверливо и во исто време на јутјуб каналот може да се слушне аудио од таа тајна седница“, рече Лефков. Тој запраша кој, кого таму саботира  и зошто се случи сето тоа, и кој не сака да се дознае вистината. „Кој не сака да се дознае вистината? Или Владата, тоа значи Ковачевски, или директорот на Агенцијата за национална безбедност, или пак Оливер Спасовски. Треба да преземат одговорност. Ова е директна саботажа од највисоките кругови на власта“, нагласи Лефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-obidite-za-zgolemuvanje-na-vladejachko-mnozinstvo-zboruvaat-samo-za-toa-kolku-ne-e-stabilna-poddrshkata-na-vladata/feed/ 0
Стојаноска за опожареното возило на пратеникот од Прилеп: Власта удира врз народните избраници, криминалците на СДСМ живеат без гајле https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-opozarenoto-vozilo-na-pratenikot-od-prilep-vlasta-udira-vrz-narodnite-izbranici-kriminalcite-na-sdsm-ziveat-bez-gajle/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-opozarenoto-vozilo-na-pratenikot-od-prilep-vlasta-udira-vrz-narodnite-izbranici-kriminalcite-na-sdsm-ziveat-bez-gajle/#respond Wed, 20 Jul 2022 10:15:45 +0000 https://kurir.mk/?p=707822

Мафијата на власт губи контрола. Македонија стана дувло на криминалци и заложник на мафијашите и подземјето контролирани од Оливер Спасовски и СДСМ. Имено, последната жртва на ордите на власта и цел на нападот е пратеник од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“. Овој гнасен и кукавички чин претставува директен напад и обид за заплашување како на пратениците, така и на граѓаните, изјави денеска за медиумите, Дафина Стојаноска, заменик - координатор на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таа кажа дека ова веќе станува редовна пракса и метод на работа на СДСМ. - За потсетување, ова не е прв пат власта да удри врз народните избраници. Пред околу година и половина, на истиот пратеник му беше опожарена викендицата за што виновниците никогаш не се пронајдоа, туку напротив мафијата повторно и во тој случај доби заштита од Оливер Спасовски и СДСМ. Да биде трагедијата уште поголема, овој случај експресно, за само 6 недели беше затворен и заведен како „несреќен случај“ иако во куќата подолг период немало електрично напојување. Исто така, македонската јавност се сеќава и на опожареното возило на еден опозициски пратеник од Струга, како и опожарениот семеен дуќан на уште еден опозициски пратеник од Скопје. Вака криминалците од СДСМ владеат со државата. Партнерството на СДСМ со мафијата е реалност и секојдневие на сите граѓани, појасни Стојаноска. Пратеничката посочи дека народот живее во страв за својата безбедност, ама затоа криминалците на СДСМ живеат без гајле. - Токму затоа, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ бара веднаш отворање на истрага и брза реакција за пронаоѓање на виновниците бидејќи токму МВР, Спасовски и СДСМ многу добро ги знаат извршителите на овој кукавички чин. Дополнително, за овој напад и удар врз демократијата и граѓаните ќе ги известиме сите релевантни меѓународни институции и амбасади со цел осуда и разрешница на ваквите грозоморни и гнасни методи на заплашување од страна на власта. На крајот, од оваа говорница, целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ и сите пратеници кои стојат зад мене, сакаме да им порачаме на власта и криминалците кои ја водат државата дека ова нема да не поколеба и исплаши, туку напротив ќе не поттикне уште повеќе и посилно да се бориме против кукавиците и мафијашите кои ги држат во заложништво граѓаните, институциите и државата, додаде Стојаноска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stojanoska-za-opozarenoto-vozilo-na-pratenikot-od-prilep-vlasta-udira-vrz-narodnite-izbranici-kriminalcite-na-sdsm-ziveat-bez-gajle/feed/ 0
Пренџов: Запален автомобил на пратеник, само преплашени кукавици се служат со вакви методи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-zapalen-avtomobil-na-pratenik-samo-preplasheni-kukavici-se-sluzat-so-vakvi-metodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-zapalen-avtomobil-na-pratenik-samo-preplasheni-kukavici-se-sluzat-so-vakvi-metodi/#respond Wed, 20 Jul 2022 06:54:17 +0000 https://kurir.mk/?p=707678

Пратеникот Љупчо Пренџов на социјалните медиуми објави дека синоќа на неговиот колега Петар Ристески му бил запален автомобилот. -На пратеникот Петар Ристески ноќеска му го запалија автомобилот. Само преплашени кукавици се служат со вакви или слични методи.‼️ Пеката, кукавици непрокопсани нема да го исплашите. Само што го направивте посилен и поодлучен во борбата за Македонија, пишува Пренџов на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prendzov-zapalen-avtomobil-na-pratenik-samo-preplasheni-kukavici-se-sluzat-so-vakvi-metodi/feed/ 0
Здравковски: Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараме скалесто покачување на платите, односно покачувањето да важи еднакво за сите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-nie-kako-pratenici-od-vmro-dpmne-barame-skalesto-pokachuvanje-na-platite-odnosno-pokachuvanjeto-da-vazi-ednakvo-za-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-nie-kako-pratenici-od-vmro-dpmne-barame-skalesto-pokachuvanje-na-platite-odnosno-pokachuvanjeto-da-vazi-ednakvo-za-site/#respond Tue, 22 Feb 2022 14:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=634947

Зголемувањето на минималната плата наместо да биде економска мерка за стабилизација на приходите на сите граѓани и усогласување со растот на трошоците за живот, стана социјална мерка за популизам која ќе донесе многу негативни последици, ова денеска преку изјава од собраниската говорница го истакна Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ. -Ние како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараме скалесто покачување на платите според коефициентот на сложеност на работа и соодветното образование, односно покачувањето да важи еднакво за сите. Со овој начин, овој закон ги регулира платите на само 13% од вработените, а останатите 87% воопшто нема да добијат покачување. Најлоша е урамниловката која ќе се случи, или пластично да објаснам, мајстор со ротцангла во рака кој е дежурен од понеделник до сабота и работи на отстранување на дефекти, ќе зема иста плата со портир кој има помал обем и сложеност на работа. Кафекувар со долгогодишно работно искуство, ќе има иста (можеби и повисока) плата од економист во јавно претпријатие со помало работно искуство. Сето ова ќе влијае на демотивација, ќе влијае на зголемување на бројот на вработени на половина работно време и на зголемување на сивата економија, вели Здравковски. Тој додава дека доколку се грижеа СДС и ДУИ за вистинско зголемување на стандардот на граѓаните, ќе го прифатеа нашиот амандман кој што пред се е правичен и праведен кон работниците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravkovski-nie-kako-pratenici-od-vmro-dpmne-barame-skalesto-pokachuvanje-na-platite-odnosno-pokachuvanjeto-da-vazi-ednakvo-za-site/feed/ 0