пратки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Aug 2023 05:20:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пратки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од септември повисоки цени на дел од поштенските услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/#respond Thu, 17 Aug 2023 05:40:59 +0000 https://kurir.mk/?p=867696

Од први септември се воведуваат нови цени на поштенските услуги во меѓународниот поштенски сообраќај. Новите цени се однесуваат за писмата, поштенските картички, печатените работи и малите пакети. За стандардизираното писмо, поштенската услуга ќе чини 42 денари, а исто толку ќе чини и за поштенската картичка. Поштенската услуга за нестандардизираното писмо до 20 грама во соседните држави и во земјите од Европа, кои се во втора зона, од септември ќе биде 42 денари, а за останатите држави од Европа, кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 45 денари. За препорачаните писма, ќе се доплаќа 139 денари како дополнителна цена која ќе се додава на цената за основната услуга. Кај малите пакети до 100 грама, доколку се праќаат во соседните држави и во земјите од Европа од втора зона ќе се плаќа поштенска услуга од 105 денари, а за останатите европски држави кои се во трета зона, како и за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 120 денари. За најголемите пакети од 1000 до 2000 грама, цената на поштенската услуга за соседните држави и за Европа, втора зона, ќе биде 1.115 денари, додека за останатите европски држави, Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот ќе биде 1.285 денари. За печатени книги, весници и списанија до 20 грама, поштенската услуга за соседните држави и Европа, втора зона, ќе биде 37 денари, а за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави од светот 39 денари. За пратка со печатени книги, весници и списанија кои тежат од 1000 до 2000 грама, ќе се плаќа поштенска услуга од 1.112 денари за соседните држави и Европа, втора зона, додека за Австралија, Нов Зеланд и останатите држави во светот 1.265 денари... За авионски превоз за писмо, поштенска картичка, печатени работи, мали пакети и секограми (сите видови печатени работи за слепи) за Австралија и Нов Заланд и за останатите земји во светот, цената ќе биде по 6 денари за секои 10 грама тежина на пратката, која ќе се пресметува како дополнителна цена и ќе се додава на цената за основната услуга. За земјите од Европа, цената за оваа услуга останува четири денари на секои 10 грама тежина на пратката. Потребата од зголемување на цените, како што стои во образложението од Агенцијата за пошти, е оправдано од неколку причини - некои од постојните цени на основните и дополнителните услуги во меѓународниот сообраќај како писмо и поштенска картичка се во примена повеќе од 20 години, додека цените на нестандардизираното писмо, печатени работи и мали пакети, препорачано ракување и ракување со писмо, не се сменети шест години, а трошоците за нивно обезбедување се зголемени. Во образложението се наведува и дека вака зголемените цени на поштенските услуги се меѓу пониските во регионот и дека се во рамки на просекот со земјите од регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-septemvri-povisoki-tseni-na-del-od-poshtenskite-uslugi/feed/ 0
Постапката за рекламација кај поштенски оператор не ја знаат 77 проценти од корисниците https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/#respond Wed, 04 Jan 2023 11:20:56 +0000 https://kurir.mk/?p=783740

Дваесет и четири проценти од физичките лица опфатени со истражување на Агенцијата за пошти рекле дека воопшто не примаат пратки преку електронска трговија, 20 проценти примаат до две пратки годишно, 19 проценти до пет, а 20 проценти до 10 пратки годишно. Оние кои примаат пратки почесто во текот на годината се испитаници од 18-44 години, студенти/ученици, вработени во приватен сектор, со вишо или високо образование и со повисоки месечни примања. Повеќе од половина од испитаниците, односно 60 проценти, интернет нарачките на пратки ги прават во внатрешниот поштенски сообраќај, а 40 проценти во меѓународен. Оние кои во поголем број нарачуваат во државава се на возраст од 18-24, од 55 до 64 години, како и испитаници над 75 години, невработени, студенти/ученици, пензионери и приватници/сопственици на бизнис, стои во резултатите од истражувањето спроведено од 10-ноември до 5-ти декември 2022 година. Од деловните корисници на поштенски услуги, пак, 23 проценти годишно нарачуваат 20 и повеќе пратки, 20 проценти нарачуваат до 10 пратки, 14 проценти до пет пратки, а 12 проценти до две пратки. Триесет и еден процент воопшто не нарачуваат пратки преку интернет на годишно ниво. Мнозинството од испитаниците опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, 77 проценти не се запознаени со постапката за поднесување рекламации кај поштенскиот оператор за изгубени, оштетени поштенски пратки и пречекорување на рокот за достава, а 23 проценти изјавиле дека се запознаени со оваа постапка. Испитаниците кои се запознаени со постапката во поголем број се на возраст од 18 до 24 години, учениците/студентите или сопствениците на приватен бизнис. Нешто повеќе од две третини од испитаниците, 70 проценти, воопшто не испраќаат писма на месечна основа, а 18 проценти изјавиле дека испраќаат до две писма. На прашањето поврзано со цената на стандардно писмо која изнесува 25 ден, 56 проценти се многу или донекаде задоволни, а 34 проценти ниту се задоволни, ниту не се задоволни. Дури 41 процент од испитаниците би платиле повисока цена за услугата за достава на пратка нареден ден или за два дена. Нешто помалку од половина од испитаниците, 46 проценти, се донекаде задоволни, додека 23 проценти се многу задоволни од поштенските услуги. Главни причини за незадоволство од поштенските услуги според истражувањето на Агенцијата за пошти се проблемите со доставата (88 проценти), краткото работно време (63 проценти) како и застарените процедури и цените на поштенските услуги со 50 проценти. Речиси две третини од испитаниците 62 проценти сметаат дека е во ред, Пошта на Северна Македонија да ги обезбедува своите услуги не само во нивните деловни простории преку нивниот персонал, туку и преку договорни пошти (приватни продавници, продажни места, трговија, бензински пумпи). Со оваа идеја се согласуваат во поголем број најмладите од 18-24 години, но и постарите од 65- 74, невработените, учениците/студентите… Најважен фактор за квалитетот на обезбедување на поштенските услуги според мнозинството од испитаниците (78 проценти) опфатени со истражувањето на Агенцијата за пошти, е брзината на преносот на поштенски пратки, како и цената на поштенската услуга со 61 процент. Исто така важни се и факторите на локацијата на поштенските единици и цена на поштенската услуга. Најкористени поштенски услуги во државава се подигање пакет, 57 проценти, прием и подигање на писма, сметки, честитки на домашна адреса (51 процент) и подигање препорачани пратки (50 проценти). Половина од испитаниците односно 49 проценти, ги посетуваат поштенските единици еднаш месечно. Најважни критериуми за избор на поштенска единица која се посетува се личното подигање на поштенски пратки 67 процент, и локацијата 62 проценти, како и работното време 53 проценти. Повеќе од половина од испитаниците немаат предлог како да се подобрат условите за пристап до поштенски услуги 59 проценти. За побрза достава на пратките се изјасниле осум проценти, додека за постоење на повеќе филијали шест проценти. Две третини, 68 проценти, користеле поштенски услуги од друг давател на поштенски услуги покрај услугите на Пошта на Северна Македонија, а најголем дел од нив, 81 процент, користеле услуги од Карго. Главни причини за користењето на овие конкурентски компании се брзината на достава 83 проценти, брзина на прием 61 процент, како и итноста 53 проценти. Само 17 проценти од испитаниците изјавиле дека знаат за постоењето на збирни сандачиња за прием и достава на пакети, 46 проценти рекле дека би ги користеле.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/postapkata-za-reklamacija-kaj-poshtenski-operator-ne-ja-znaat-77-procenti-od-korisnicite/feed/ 0
АП: Расте побарувачката за пакетски услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ap-raste-pobaruvachkata-za-paketski-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ap-raste-pobaruvachkata-za-paketski-uslugi/#respond Mon, 20 Jun 2022 09:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=693034

На пазарот на поштенските услуги во државава во 2021 година е забележан континуитет во растот на обемот на пакетите. Обемот на пакети е 4.832.940, кои сочинуваат 12,8 проценти од вкупниот обем на поштенски пазар, најмногу до сега, покажуваат податоците на Агенцијата за пошти (АП). Според АП, зголемување на бројот на пакети е во корелација со забрзаната промена на потрошувачките навики поради пандемијата, каде се поголем број на потрошувачи ја користат електронската трговија, при што доставата на купената стока најчесто ја обезбедуваат давателите на поштенските услуги. Во иднина се очекува и натамошен раст на побарувачката на овие услуги. Обемот на пакети кај давателите на поштенските услуги на слободниот пазар, во 2021 година бележи 38,7 проценти зголемување во однос на 2020 година. Од вкупниот обем на поштенски пратки на давателите на поштенски услуги на слободниот поштенски пазар, 66,7 проценти е остварен од поштенската услугата – пакети. Во 2021 година се забележува зголемување на обемот на пакетите кај давателот на универзалната услуга АД „Пошта на Северна Македонија“ во однос на 2020 година и тоа за 43 проценти. Зголемување на обемот на пакетите, како што информира АП, е во чекор со трендовите и сѐ поголемата побарувачка на онлајн услуги. Со оглед дека АД „Пошта на Северна Македонија“ имаше опаѓање на овие услуги наназад во годините, ова зголемување значи дека давателот на универзалната услуга е сѐ повеќе насочен кон нови услуги согласно побарувачката на пазарот. Од вкупниот обем на поштенски пратки на давателот на универзалната услуга, 0.42 проценти е остварен од поштенската услугата – пакети. Генерално, давателите на поштенските услуги на слободниот пазар имаат удел од 97 проценти во поштенската услуга – пакети, и со тоа го имаат приматот во обезбедување на оваа поштенска услуга.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ap-raste-pobaruvachkata-za-paketski-uslugi/feed/ 0
Амазон го отвори првиот европски центар за воздушна достава на пратки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-go-otvori-prviot-evropski-centar-za-vozdushna-dostava-na-pratki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-go-otvori-prviot-evropski-centar-za-vozdushna-dostava-na-pratki/#respond Fri, 06 Nov 2020 17:25:11 +0000 https://kurir.mk/?p=425989

Американскиот гигант за онлајн малопродажба, Амазон, го отвори во Германија првиот европски центар за испорака на авио-пошта. Центарот во Шкеудиц, близу Лајпциг, е отворен на почетокот на месецов и во моментов има закажани два лета на ден. Амазон најави дека ќе вработи вкупно 200 работници за потребите на центарот. Компанијата во моментов има повеќе од 70 авиони, а во центарот ќе ангажира два авиони Боинг 737-800, со кои ќе управува АСЛ ерлајнс. Клиентите на авиокомпанијата ги вклучуваат и логистичките гиганти FedEx Feeder и DHL Express.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/amazon-go-otvori-prviot-evropski-centar-za-vozdushna-dostava-na-pratki/feed/ 0
„Амазон“ доби дозвола да врши испорака со беспилотни летала https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amazon-dobi-dozvola-da-vrshi-isporaka-so-bespilotni-letala/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amazon-dobi-dozvola-da-vrshi-isporaka-so-bespilotni-letala/#respond Tue, 08 Sep 2020 08:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=400456

Компанијата „Амазон“ доби дозвола од Федералната авијациона администрација (ФАА) на САД да управува со беспилотни летала за достава, што претставува уште еден важен чекор поблиску до започнување на услугата за достава на пратки преку беспилотни летала, пренесува хрватски „Дневник“. „Амазон“ направи многу важен чекар кон лансирање на услугата „Прајм ер“, односно, достава на пратки преку беспилотни летала, што во иднина треба дополнително да ја забрза испораката на пратки за предметите купени на „Амазон“. По долго време, компанијата доби зелено светло за управување со беспилотни летала за достава, а сега кога веќе ги имаат потребните дозволи, можат целосно да се посветат на понатамошно тестирање. Првите тестирања за испорака преку вакви летала започнаа во 2013 година, а дозвола од ФАА побараа минатата година, фокусирајќи се првенствено на достава на мали и лесни пакети во областите каде има мала густина на население. Во однос на ова, претходно беа спроведени „ригорозни“ тестирања, детални докази за безбедноста на испораката и демонстрација на самата технологија пред инспекторите на ФАА. Сега, кога ги имаат сите потребни документи, тие ќе можат безбедно и ефикасно да ги испорачуваат пратките до своите клиенти преку беспилотни летала. Се разбира, тоа не значи дека тие веднаш ќе ја стартуваат услугата и дека корисниците на „Прајм ер“ наскоро ќе започнат да ги добиваат своите пратки преку воздух. Нивните беспилотни летала моментално интензивно се тестираат, но потребно е време додека таквите летала не станат вообичаен метод за достава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amazon-dobi-dozvola-da-vrshi-isporaka-so-bespilotni-letala/feed/ 0
Внимавајте: Се уште пристигнуваат поштенски пратки од Кина во Македонија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-se-ushte-pristignuvaat-poshtenski-pratki-od-kina-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-se-ushte-pristignuvaat-poshtenski-pratki-od-kina-vo-makedonija/#respond Thu, 13 Feb 2020 10:43:03 +0000 https://kurir.mk/?p=303358

Испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период поради привременета забрана за летови кон и од Кина што ја воведоа авиокомпаниите како резултат на ширењето на коронавирусот, информираат од Македонска пошта. Оттаму истакнуваат дека пратките од Народна Република Кина кои сé уште пристигнуваат се доставуваат според вообичаената динамика. -Поради ширењето на корона вирусот во Народна Република Кина, авиокомпаниите кои покрај превозот на патници вршат и транспорт на поштенски пратки за Кина, имаат воспоставено привремена забрана за летовите кон и од Кина. Заради тоа, испраќање на поштенски пратки од нашата земја кон примачи на подрачје на Кина, нема да се врши во наредниот период, објавија од Поштата на својата веб страница. Националниот поштенски оператор ги замолува корисниците за разбирање и најавува дека навреме ќе извести за сите промени. Претходно, дел од националните поштенски оператори во регионот, информираа дека престануваат да испорачуваат пратки од Кина, поради прекинатите летови од страна на авиокомпаниите. Светската здравствена организација на почетокот на месецов соопшти дека примачите на пратки и писма од Кина не се изложени на ризик од зараза од коронавирус. –Според последните анализи вирусот не живее долго на површината на предметите, како што се писма или пакети, објави СЗО.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vnimavajte-se-ushte-pristignuvaat-poshtenski-pratki-od-kina-vo-makedonija/feed/ 0