права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 11 Jun 2022 18:04:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png права – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Радев побара ЕУ да гарантира за правата на Бугарите во Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-pobara-eu-da-garantira-za-pravata-na-bugarite-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-pobara-eu-da-garantira-za-pravata-na-bugarite-vo-makedonija/#respond Sat, 11 Jun 2022 18:04:09 +0000 https://kurir.mk/?p=689676

Во односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија не станува збор само за историски спор, важно е и почитувањето на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ, вклучително и човековите права и недискриминацијата. Ова се неопходни услови кои Северна Македонија мора да ги исполни пред да ги започне преговорите за членство во ЕУ, соопшти прес-службата на бугарскиот претседател Румен Радев по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц во Софија. Како што јави дописникот на МИА, Радев на средбата со Шолц инсистирал ЕУ да биде гарант за почитување на правата на Бугарите во Северна Македонија. Неопходни се јасни механизми и мерливи критериуми за следење на преговарачкиот процес, што ќе доведе до одржливост во исполнувањето на критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ, истакнал Радев. Тој, како што се неведува во соопштението, ја нагласил и „важноста од зачувување на бугарското културно и историско наследство во Република Северна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-pobara-eu-da-garantira-za-pravata-na-bugarite-vo-makedonija/feed/ 0
Петков до Бугарите од Македонија: Вашите права се приоритет за мене и за целата влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-do-bugarite-od-makedonija-vashite-prava-se-prioritet-za-mene-i-za-celata-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-do-bugarite-od-makedonija-vashite-prava-se-prioritet-za-mene-i-za-celata-vlada/#respond Tue, 22 Feb 2022 19:52:00 +0000 https://kurir.mk/?p=635067

Вашите права се приоритет за мене и за целата бугарска влада, со овие зборови бугарскиот премиер Кирил Петков им се обратил на претставниците на организации и здруженија на Бугарите во Македонија, соопшти тамошната владина служба за информирање. На средбата одржана на нивна иницијатива, Петков ги презентирал најновите информации за напредокот на преговорите меѓу кабинетите на Бугарија и Северна Македонија, чиј фокус е вклучување на Бугарите во македонскиот Устав. Бугарскиот премиер ги запознал гостите и со неговите разговори со европските партнери за евроинтеграциите на Западен Балкан. -Гостите од Северна Македонија беа категорични – веруваат во новиот пристап што го иницира бугарската влада, бидејќи се убедени дека само со дијалог може да се решат проблемите, соопшти прес-службата на бугарскиот Совет на министри. Средбата траела околу час и половина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/petkov-do-bugarite-od-makedonija-vashite-prava-se-prioritet-za-mene-i-za-celata-vlada/feed/ 0
„Ворнер мјузик“ ги доби правата за сите песни на Дејвид Боуви https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/#respond Tue, 04 Jan 2022 08:56:15 +0000 https://kurir.mk/?p=615881

Американската дискографска куќа „Ворнер мјузик груп“ ги откупи правата на целиот список песни на британскиот рок пејач Дејвид Боуви (1947 – 2016), за 250 милиони долари. Договорот ги опфаќа издавачките права за сите 26 студиски албуми на музичарот, објави „Фајненшл тајмс“. – Среќни сме што музиката на Дејвид Боуви сега ќе биде во сигурни раце на „Ворнер чапел мјузик“ (подружница на музичкиот гигант), изјави адвокатот Алан Грубман, кој ги застапува интересите на наследниците на рок-пејачот. Неодамна, и американските уметници Брус Спрингстин и Боб Дилан, исто така, ги продадоа правата за сите свои песни на големи светски издавачки куќи за 500 милиони и 300 милиони долари, соодветно. Високата цена по која музичарите ја продаваат својата работа се должи на тоа што таа продолжува да носи голем профит. Песните на музичарите активно се слушаат на стрим-сервисите, се пуштаат на радио станици и се користат во филмови и реклами. Дејвид Боуви (роден како Дејвид Роберт Џонс) има освоено бројни музички одличја, вклучувајќи и неколку од американските „Греми“ награди. Боуви е прогласен за „Најголем уметник на 20. век“ во Обединетото Кралство, според истражување на Би-Би-Си. Во 2004 година, списанието „Ролинг стоун“ го рангираше на 39. место на „100-те најголеми рок-уметници на сите времиња“ и на 23. место на „100-те најдобри вокалисти на сите времиња“. Последниот албум на пејачот беше објавен на 8 јануари 2016 година – роденденот на уметникот. Тој почина два дена подоцна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/vorner-mjuzik-gi-dobi-pravata-za-site-pesni-na-dejvid-bouvi/feed/ 0
Талибанците издадоа декрет за правата на жените, од сега не треба да се сметаат за „сопственост“ и да не се принудуваат на брак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izdadoa-dekret-za-pravata-na-zenite-od-sega-ne-treba-da-se-smetaat-za-sopstvenost-i-da-ne-se-prinuduvaat-na-brak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izdadoa-dekret-za-pravata-na-zenite-od-sega-ne-treba-da-se-smetaat-za-sopstvenost-i-da-ne-se-prinuduvaat-na-brak/#respond Fri, 03 Dec 2021 12:02:15 +0000 https://kurir.mk/?p=603591

Талибанската Влада во Авганистан денеска издаде декрет за правата на жените, во кој се наведува дека жените не треба да се сметаат за „сопственост“ и да не се принудуваат на брак. – Жената не е сопственост, туку благородно и слободно човечко суштество. Никој не може никому да му ја даде во замена за мир или за прекин на непријателствата, се наведува во декретот на талибанците. Со декретот се утврдуваат и правилата со кои се регулира бракот и имотот на жените, во кои се наведува дека жените не треба да се принудуваат на брак и дека вдовиците треба да имаат удел во имотот на нивниот покоен сопруг. – Судовите треба да ги земат предвид овие правила при донесување одлуки, а Министерството за верски прашања и Министерството за информации треба да ги промовираат овие права, се истакнува во декретот. Сепак, во декретот не се споменува дека жените можат да работат или да пристапат до објекти надвор од домот или образованието, што претходно предизвика голема загриженост и критики од меѓународната заедница. За време на претходното владеење од 1996 до 2001 година, талибанците им забрануваа на жените да ја напуштаат куќата без придружба на машки ро днина, а исто така требаа да бидат целосно покриени, додека на девојчињата им беше забрането образованието. Талибанците сега тврдат дека се смениле и дека е дозволено отворање средни училишта за девојки во некои провинции. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izdadoa-dekret-za-pravata-na-zenite-od-sega-ne-treba-da-se-smetaat-za-sopstvenost-i-da-ne-se-prinuduvaat-na-brak/feed/ 0
ССМ: Не отстапуваме од барањата за работниците, итно исполнување за 30 дена или генерален штрајк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ne-otstapuvame-od-baranjata-za-rabotnicite-itno-ispolnuvanje-za-30-dena-ili-generalen-shtrajk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ne-otstapuvame-od-baranjata-za-rabotnicite-itno-ispolnuvanje-za-30-dena-ili-generalen-shtrajk/#respond Thu, 11 Nov 2021 09:51:06 +0000 https://kurir.mk/?p=594021

Сојузот на синдикати на Македонија одржа седница на Претседателството на која се дискутираше актуелната состојба поврзана со работничките права и процесите за донесување на одредени важни закони за работниците и колективните договори. ССМ едногласно донесе Одлука врз основа на која најдоцна во рок од 30 дена бара итно усвојување на законското решение со кое се прогласува недела за ден на неделен одмор. – Со оглед на тоа што се поминати сите рокови кои беа договорени помеѓу социјалните партнери за усвојување на Законот за измени и дополнувања на Законот за работните односи во делот на прогласување на недела за ден на неделен одмор кој според нас не оправдано е заглавен во Собраниската комисија за труд и социјална политика, сметаме свесно дека се прави штета на огромен број на работници, се вели во соопштението од Синдикатот. Доколку Законот беше донесен, од ССМ велат дека досега 92 проценти од вработените ќе одмараа, а осум проценти од работниците ќе беа платени со најмалку 50 до 100 проценти додаток за работа во ден на неделен. ССМ бара и итна измена и дополнување на Законот за минимална плата со која ќе се спречи минималната плата да изнесува под 60 проценти од просечната плата односно истата да се зголеми најмалку на 18.000,00 денари и да се предвиди решение со кое и останатите плати ќе го следат растот на минималната плата. Посочуваат дека поради евидентното зголемување на цените, потребно е да се зголемат и платите со што ќе може да се овозможи трошок во висина на една синдикална потрошувачка кошница. – Зголемувањето на останатите плати согласно зголемувањето на минималната плата треба да биде преку почитување на одредбите од колективните договори кои се однесуваат на утврдување на коефициенти на сложеност на работните места преку коишто многу лесно ќе следи зголемување на платите за сите работници, велат од ССМ и додаваат дека уште на почеток на наредната недела ќе побараат предлог измена и дополнување на Законот за минимална плата. Синдикатите бараат и итно потпишување на Општиот колективен договор за јавен сектор – Уште во август 2021 година доставивме предлог текст на нов општ колективен договор за јавниот сектор во којшто покрај другото предложивме право за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор во висина од 30 до 100 проценти од основицата, се наведува во соопштението од Синдикатот. Со новиот општ колективен договор за јавниот сектор, од ССМ велат дека ќе се промени поделбата и неправдата, а се нуди и поволно решение за зголемување на додатоците на плата за прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во ден на неделен одмор, зголемување на деновите за платен одмор и воведување дополнителни основи за платени слободни денови, се воведува задолжителна одредба за консултирање на работниците, како и задолжителна обврска да потпише колективен договор на ниво на работодавец за работодавецот кај кој има над 30 вработени и други унапредувања на работничките права. – Имајќи предвид дека овие барања на работниците подолг временски период се игнорираат од надлежните министерства, пратеници, а беа ветени од страна на Владата, доколку не бидат исполнети во рок од 30 дена, синдикатите здружени во ССМ ќе спроведуваат постапки во нивните органи и тела, врз основа на одлуките на ССМ што ќе бидат донесени во наредните денови. Ќе бидеме принудени да застанеме рамо до рамо со работниците на генерален штрајк, велат од ССМ. Додаваат дека донесена е Одлука веднаш да продолжат преговорите со Организацијата на работодавачи на Македонија и да се склучи Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството. Велат дека без оглед на политичката состојба во државата, работниците не отстапуваат од барањата што се егзистенцијални и суштински за нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-ne-otstapuvame-od-baranjata-za-rabotnicite-itno-ispolnuvanje-za-30-dena-ili-generalen-shtrajk/feed/ 0
Радев: Почитувањето на правата на Бугарите во Македонија е предворјето за влез во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-pochituvanjeto-na-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-e-predvorjeto-za-vlez-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-pochituvanjeto-na-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-e-predvorjeto-za-vlez-vo-eu/#respond Fri, 15 Oct 2021 11:22:55 +0000 https://kurir.mk/?p=579571

Претседателот на Бугарија Румен Радев повика на почитување на правата на Бугарите во Република Македонија и посочи дека тоа е предворјето за нејзина интеграција во Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев ја коментираше и темата за уништените бугарски воени гробишта во Република Македонија. Тој рече дека случајот го истражуваат бугарското Министерство за надворешни работи и Министерството за одбрана и истакна дека, според него, тоа претставува систематски процес на дебугаризација, процес на заживување на уништувањето на бугарското културно-историско наследство во Република Македонија. -Не случајно го поставив токму ова прашање на Советот во Љубљана. Ова е предворјето на вратата за интеграција на Република Македонија во ЕУ- правата на Бугарите, недискриминација, како и нивна целосна интеграција во културниот, економскиот, општествениот и политичкиот живот на оваа земја. Исклучително е важна нашата поддршка за нивните барања да бидат признаени во Уставот на Република Северна Македонија, и да бидат свечено прогласени од претседателот, владата и парламентот на Република Македонија, додаде Румен Радев. Бугарија категорично ќе реагира, и повеќе нема да остави ниту еден таков случај, додаде Радев, според кого вистинскиот проблем е дебугаризацијата и дискриминацијата на луѓето со бугарски идентитет во Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/radev-pochituvanjeto-na-pravata-na-bugarite-vo-makedonija-e-predvorjeto-za-vlez-vo-eu/feed/ 0
ДСП „Обединети работници“: Ја поздравуваме иницијативата на Комората на сметководители – работниците заслужуваат, работниците можат! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-ja-pozdravuvame-inicijativata-na-komorata-na-smetkovoditeli-rabotnicite-zasluzuvaat-rabotnicite-mozat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-ja-pozdravuvame-inicijativata-na-komorata-na-smetkovoditeli-rabotnicite-zasluzuvaat-rabotnicite-mozat/#respond Thu, 22 Apr 2021 16:09:46 +0000 https://kurir.mk/?p=500907

ДСП „Обединети работници“ ја поздравува иницијативата на Комора на сметководители на Македонија да се приклучи на протестите кои што ги започна Т.У.К! Голем дел од гранките во Република Македонија се наоѓаат во незавидна положба поради нивното запоставување од страна на власта, па тие се приморани да го искажат својот револт преку учество во протести на кои што ќе ги истакант своите основни егзистенцијални барања, стои во соопштението на ДСП „Обединети работници“ до јавноста. - Комората на сметководители на Македонија се реши на овој потег, па од денес започна со протести пред Министерството за финансии каде што бараат спас за дејноста која што се соочува со многу предизвици за време на целата здравствено-економска криза. Ваквата иницијатива на Комората на сметководители на Македонија секако е за поздравување и се радуваме што се приклучија во низата протести преку кои што ќе се актуелизираат проблемите на работничката класа, велат од здружението. - ДСП „Обединети работници“ беше дел од денешниот протест и ќе продолжи да биде дел од сите наредни протести на Комора на сметководители на Македонија, давајќи целосна и недвосмислена поддршка во борбата за подобрување на условите во која што се наоѓа оваа фела. Работниците заслужуваат, работниците можат. Време е за обединување, посочуваат тие.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dsp-obedineti-rabotnici-ja-pozdravuvame-inicijativata-na-komorata-na-smetkovoditeli-rabotnicite-zasluzuvaat-rabotnicite-mozat/feed/ 0
Македонија ќе и предаде на Бугарија борец за правата на македонското малцинство? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/#respond Tue, 09 Mar 2021 08:55:02 +0000 https://kurir.mk/?p=479358

Александар Богданов Канджов откако и по втор пат нашата држава го одби за азил, деновиве треба да биде предаден на бугарските власти. Претходно обид за негова екстрадиција имало во ноември мината година кога по интервенција постапката успеале да ја стопират. Неговиот адвокат Трајче Торов, тврди дека тој е институционално киднапиран, па поради тоа државата ја тужат пред судот во Стразбур. Со ова Македонија го прекршува Законот за меѓународна и привремена заштита со што строго е забрането лишување од слобода на барател на азил додека трае постапката. Иако е одбиен, Управната постапка се уште е во тек, категоричен е Торов, објави телевизија Алфа. -Забрането е на лице кое е во постапка за азил да биде лишено од слобода. Единствено ограничување на слободата е дозволено само преку Прифатен центар за странци каде што се наогаше тој, во Гази Баба и нашите институции институционална го кидапираа. Од прифаниот центар го ставија во екстрадиционен притвор во затворот во Куманово, објаснува штипскиот адвокат Трајче Торов. Во моментот Канджов има две решенија. Едното за Прифатен центар, а другото за екстрадиционен притвор во Куманово, што е против законски. Државата замижуваа пред доказите за сериозни закани за живот на 51годишниот маж, дека ќе биде ликвидиран од параполициски структури категоричен е штипскиот адвокат кој има добиено над четириесетина пресуди во Стразбур . -Доколку на ова лице по екстрадицијата му се случи нешто, дали во некој затвор во Бугарија загине од случаен пад се лизне од сапун или изврши самоубиство одпозади, Македонија ќе се соочи со едно од најтешките дела –односно повреда на правото за живот. Македонски институции вршат прогон и не заштитуват борец за правото на македонското малцинство, изјави Трајче Торов. Поради наводни финансиски малвеерзации во 2013 бугарскиот суд Канджов го осудува 4години затвор , а му определува и условна казна, по што тој пребегува во Македонија, кога во отсуство повторно го судат за други дела. Единствено разумно решение да се екстрадира борецот за човекови права и покрај застареност на извршувањето на дел од казните е додворувањето на Македонија кон Бугарија, образложува Торов. -Во нивните одлуки нема никакви образложенија. Се води на сила, на брзина , нестручно се со цел да се угоди на моменталната власт во државата, но и во другата држава, вели Торов. За случајот со Канджов ќе бидат известени Комесаријатот за човекови права, УНХЦР и Комисијата за поддржка на азил. Ова не е прва тужба на 51 годишниот Македонец од Бугарија во Стразбург. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-kje-i-predade-na-bugarija-borec-za-pravata-na-makedonskoto-malcinstvo/feed/ 0
ССМ до работниците: Имате права, не е законски работодавачот да ве убедува дека за јануари 2021 година треба да ви се исплати плата во висина на минималната плата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-do-rabotnicite-imate-prava-ne-e-zakonski-rabotodavachot-da-ve-ubeduva-deka-za-januari-2021-godina-treba-da-vi-se-isplati-plata-vo-visina-na-minimalnata-plata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-do-rabotnicite-imate-prava-ne-e-zakonski-rabotodavachot-da-ve-ubeduva-deka-za-januari-2021-godina-treba-da-vi-se-isplati-plata-vo-visina-na-minimalnata-plata/#respond Mon, 08 Feb 2021 12:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=465808

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска преку соопштение им укажува на работниците дека не е законски работодавачот да ги убедува дека за јануари 2021 година им се исплатила плата во висина на минималната плата. Работниците, како што наведуваат, покрај работата со полн фонд на часови, биле дополнително ангажирани и за работа во празник (во јануари имаше неколку празници), работеле прекувремени часови (повеќе од 40 часа неделно или работеле шест работни дена, што исто така не е законски – место пет работни дена во неделата), имаат работен стаж (минат труд) повеќе од една година, работеле во смени, работеле ноќе и сл. Од ССМ на работниците им укажуваат на нивното право, а на работодавачите на нивните обврски. Ги потсетуваат дека работникот има право на заработувачка – плата, согласно закон, колективен договор и договорот за вработување. Додатоците се определуваат за посебните услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, работа во поделено работно време, ноќна работа, работа на дежурство, согласно закон, продолжена работа, работа во ден на неделен одмор, работа во празници определени со закон и додаток за работен стаж. – Минимална плата е најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време. Платата е составена од основна плата, дел од плата за работна успешност и додатоци. Основната плата не може да биде пониска од минималната плата утврдена со закон, посочуваат од ССМ. Оттаму потсетуваат дека основната плата на работникот се зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните, за определено работно место, како и основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за: 35 отсто за прекувремена работа, 35 отсто за работа ноќе, 5 отсто за работа во три смени, 50 отсто работа во ден на неделен одмор. За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50 отсто, а додатоците, меѓусебно не се исклучуваат. – Сите заедно, работниците, синдикатите и инспекциските служби мораме да придонесеме и да спречиме работникот да биде манипулиран, потценет и недоволно платен за својот труд. Бараме фер плати утврдени со колективно договарање, се вели во соопштението од Сојузот на синдикатите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ssm-do-rabotnicite-imate-prava-ne-e-zakonski-rabotodavachot-da-ve-ubeduva-deka-za-januari-2021-godina-treba-da-vi-se-isplati-plata-vo-visina-na-minimalnata-plata/feed/ 0
Светот во 2020 година: Повторно на удар правата на жената https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-godina-povtorno-na-udar-pravata-na-zenata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-godina-povtorno-na-udar-pravata-na-zenata/#respond Tue, 29 Dec 2020 09:00:23 +0000 https://kurir.mk/?p=449699

Одлуката на Уставниот суд на Полска за дополнување на Закон за абортус ги извади Полјаците на улиците ширум земјата и покрај рестриктивните мерки воведени поради пандемијата со Ковид-19 и уште повеќе ја потенцира поделеноста помеѓу конзервативците и либералните. Иако тоа не е прв протест за Законот за абортус, жените сега добија широка поддршка од различни групи, организации, синдикатите, со што демонстрациите се најмасовни и најдолго трајат. На протестите забележетелно е поголемото присуство на млади лица. Но, првпат во Полска демонстрантите упаднаа во црквите и ја попречува богослужбата поради поддршката што Католичката црква ја дава на Законот за абортус. Владејачката партија Право и правда (ПиС) се претставува како бранителка на традиционалните, католички вредности, а своите противници ги нарекува антиполјаци и антихристијани, додека групите за женски права ги прикажува како опасни агентки на либералната, западна пропаганда. Во Полска не се почитуваат мултикултурните вредности на ЕУ, отворено е против ЛГБТ заедницата, а го засилува влијанието на Католичката црква. Една година откако дојде на власт ПиС се обиде да го ограничи Законот за абортус, но жените ширум Полска стапија во штрајк, по примерот на жените од Исланд во 1975 година. Со штрајкот од 2016 година почнува новата ера на полското феминистичко движење. Полска во јули годинава најави и повлекување од Истанбулската конвенција од 2011 година за спречување и борба против насилството врз жените и насилство во семејството. За конзервативците со „родовата идеологија која е полоша од комунизмот“ и се залага за формирање на хомосексуални семејства. Група десно-конзервативни пратеници, наместо преку Парламентот, директно се обратија до Уставниот суд за измени на Законот за абортус, иако Полска има еден од најригорозните закони за прекин на бременоста во Европа. Абортусот во Полска е дозволен само во случај на аномалии на плодот, ризик по здравје на жената или во случај на инцест и силување. Уставниот суд на 22 октомври донесе одлука за забрана на абортус на фетус со вродени аномалии, дури и ако нема шанса да преживее. Картонска револуција По одлуката на Уставниот суд се организираа протести речиси во сите полски градови. Тоа се најмасовни демонстрации од доаѓањето на ПиС на власт и протести што најдолго траат. Заштитен знак се картоните со испишани пораки, поради што протестите се наречени и Картноска револуција. Само во првата недела од протестите беа забележани 410 демонстрации, маршеви и други преформанси во цела Полска. Противниците тврдат дека со одлуката жените се принудуваат да го носат плодот за кој има мали шанси да преживее по раѓањето. Додека поддржувачите на одлуката тврдат дека ќе се спречи абортус на фетус со Даунов синдром, што досега беше главната причина за законско прекинување на бременоста во Полска. Се проценува дека од 80.000 до 120.000 жени од Полска секоја година патуваат во странство за прекин на бременоста. „Војна помеѓу културите“ Демонстрантите за време на протестите првпат упаднаа во Католичките цркви и попречуваа богослужба. Тие носеа транспаренти на кои пишуваше „Имате крв на рацете“, „Пекол за жените“, „Се молиме за право на абортус“. Лидерот на ПиС, кој е и потпретседател на Владата, Јарослав Качински протестите ги оцени како обид за уништување на Полска и ги повика Полјаците да застанат во одбрана на нацијата и на Католичката црква. Тоа ги поттикна ултрадесничарските групи да се организираат во одбрана црквата и најавија формирање на „Национални стражи“ за заштита на Католичката црква од нападите на демонстрантите. Полската филозофката Агата Бијелик-Робсон во интервју за неделникот „Њузвик Полска“ изјави дека протестите „имаат елементи на војна помеѓу културите, која ги привлекува сите радикални сили“. – Тоа е борба против „родот“, против ЛГБТ и против абортусот, против наводните „елементи на смрт на цивилизацијата“ кои доаѓаат од либералниот Запад, посочи Бијелик-Робсон. Додека Качински и Католичката црква ја поддржуваат одлуката на Уставниот суд, полскиот претседател Анджеј Дуда под притисок на масовните протести го смени својот став и изјави дека жените треба да имаат право на абортус, ако носат фетус со фатални вродени аномалии. Тој потенцира дека и натаму се залага за забрана за абортус во сите случаи, освен кога станува збор за фетус со фатални вродени аномалии. За одлуката на Уставниот суд да стапи во сила треба да биде објавена во Службен весник, но Владата не е должна да го направи тоа, може да се воздржи од објавување на одлуката или да ја одложи. Полската Влада неколку пати не го направила тоа. „Приказната на слугинката не е упатство“ Невладината организација Демократска акција собра 200.000 потписи против одлуката на Уствниот суд, што ја оцени како „срамотна политичка одлука диктирана од десничарските фундаменталисти“. Тие истакнуваат дека тоа е „Војна против жената“. Организациите за заштита на човековите права ја осудија одлуката на Уставниот суд на Полска за абортусот и предупредуваат дека ќе има импликации и врз другите држави. Европскиот Парламент на 26 ноември оцени дека одлуката на полскиот Уставен суд да го прогласи абортусот за нелегален ги ограничува основните права на жените и доведува до зголемување на бројот на небезбедни абортуси. Во резолуцијата на ЕП се осудува прекумерната и непропорционална употреба на сила и насилство врз демонстрантите од страна на силите за спроведување на законот и други, како што се екстремно десничарски националистички групи. Жените во Полска не се откажуваат од протестите и барањата за целосно либерализирање на Законот за абортус. Тие порачуваат дека „Приказната на слугинката не е упатство!“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/svetot-vo-2020-godina-povtorno-na-udar-pravata-na-zenata/feed/ 0