правилно паркирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Jul 2022 10:28:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png правилно паркирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата во Тетово со флаери ќе ги потсетува и едуцира возачите на правилно паркирање https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/policijata-vo-tetovo-so-flaeri-kje-gi-potsetuva-i-educira-vozachite-na-pravilno-parkiranje/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/policijata-vo-tetovo-so-flaeri-kje-gi-potsetuva-i-educira-vozachite-na-pravilno-parkiranje/#respond Fri, 15 Jul 2022 10:28:07 +0000 https://kurir.mk/?p=705614

Превентивно-едукативно информативен проект „Паркирај прописно-овозможи нормален сообраќај“ заеднички од денеска започнаа СВР Тетово, Општина Тетово и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата. Во рамки на овој нов проект, што ќе трае еден месец, предвидени се повеќе разновидни содржини чија цел е да се да воспостави поголем ред со паркирањето пред се во централните подрачја на Тетово преку подигнување на нивото на сообраќајна свест и култура на сопствениците на моторни возила односно возачите. – Во рамки на проектот предвидени се повеќе содржини или поконкретно ќе бидат поделени 500 флаери наменски изработени на македонски и албански јазик со пораки до возачите како прописно да ги паркираат нивните возила и да не се соочат со законски предвидени санкции. Покрај ова во текот на проектот еднаш неделно ќе бидат организирани ткн. сообраќајни поуки со прекршители за кои ќе има и писмени предупредувања доколку станува збор за поситни прекршоци, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Во овој период ќе продолжат и ткн. репресивни мерки кои се преземаат континуирано во текот од минатиот, овој и нареднот месец, – Ова дотолку повеќе што во Тетово и Гостивар е значително зголемен бројот на моторни возила, а со самото тоа и сообраќајната фреквенција во градските улици и на автопатот Гостивар-Тетово Скопје и магистралата Гостива Кичево. Посебни под лупа на полициските служебеници ќе се најдат сите оние кои ги паркираат возилата во ткн. двојни редови, во зона на крстосници, во зеленило и на други недозволени места, рече Јосифоски. Тој повторно апелираше до сопствениците на моторни возила да ги паркираат прописно, а не каде ќе стигнат затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани со изготвување соодветени поднесоци и со парични глоби кои во зависност од тоа кога каде и како се паркирани возилата изнесуваат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/policijata-vo-tetovo-so-flaeri-kje-gi-potsetuva-i-educira-vozachite-na-pravilno-parkiranje/feed/ 0