правни субјекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Mar 2022 19:53:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png правни субјекти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Денеска само во Скопје се казнети седум правни субјекти поради непочитување на владини мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-samo-vo-skopje-se-kazneti-sedum-pravni-subjekti-poradi-nepochituvanje-na-vladini-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-samo-vo-skopje-se-kazneti-sedum-pravni-subjekti-poradi-nepochituvanje-na-vladini-merki/#respond Fri, 11 Mar 2022 19:53:50 +0000 https://kurir.mk/?p=645730

Министерот на економија Крешник Бектеши вечерва на Фејсбук објави дека седум правни субјекти во Скопје се казнети со по 7000 евра за непочитување на владините одлуки. – Само што добивме извештај од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), 7 правни субјекти (само во Скопје) денеска се казнети со по 7000 евра за непочитување во целост на одлуките донесени од Владата, наведува Бектеши во објавата. Тој посочува и дека Законот за заштита на потрошувачи предвидува и затворање на дејноста „за нечесни практики во трговијата, кои одат на штета на граѓаните\потрошувачите“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/deneska-samo-vo-skopje-se-kazneti-sedum-pravni-subjekti-poradi-nepochituvanje-na-vladini-merki/feed/ 0
Казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/#respond Tue, 04 Aug 2020 13:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=386047

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот Ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти. Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема. Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност. Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/feed/ 0