право на глас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 11:38:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png право на глас – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата Франциск ќе им даде на жените право на глас при назначувањето бискупи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-kje-im-dade-na-zenite-pravo-na-glas-pri-naznachuvanjeto-biskupi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-kje-im-dade-na-zenite-pravo-na-glas-pri-naznachuvanjeto-biskupi/#respond Wed, 06 Jul 2022 11:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=700956

Папата Франциск изјави дека сака да им даде на жените повеќе позиции на највисоките нивоа во Светата столица и откри дека за првпат ќе назначи жени во досега целосно машкиот ватикански комитет кој му помага да избира бискупи ширум светот. Улогата на жената во хиерархијата на Ватикан беше една од многуте црковни и меѓународни теми за кои разговараше 85-годишниот папа во интервју за Ројтерс одржано на 2 јули во неговата резиденција во Ватикан. Новиот устав за централната администрација на Светата столица, кој стапи на сила минатиот месец, дозволува секој крстен католик, вклучително и мажи и жени лаици, да раководи со повеќето одделенија во Ватикан. „Отворен сум да им дадам шанса (на жените)“, рече тој во дел од 90-минутното интервју во кое разговараше за новиот устав на централната администрација, познат како Римска курија. Тој напомена дека минатата година за првпат назначил жена на втората позиција во раководството на Ватикан, со што сестра Рафаела Петрини станала највисоко рангирана жена во најмалата земја на светот. „Две жени ќе бидат назначени за првпат во комитетот што избира епископи за Конгрегацијата за епископи“, рече тој. Чекорот, кој официјално не е објавен, е исклучително важен бидејќи жените ќе имаат право на глас при назначувањето на владиците во светот, а тоа се мажи. „На овој начин работите малку се отвораат“, рече Папата. Тој не кажа за кои жени станува збор, ниту пак кога официјално ќе биде објавено нивното именување. Членовите на одборот, сега составен од кардинали, бискупи и свештеници, обично се состануваат двапати месечно во Рим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-kje-im-dade-na-zenite-pravo-na-glas-pri-naznachuvanjeto-biskupi/feed/ 0
Девет дена пред изборите во САД веќе гласале 59 милиони граѓани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-dena-pred-izborite-vo-sad-vekje-glasale-59-milioni-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-dena-pred-izborite-vo-sad-vekje-glasale-59-milioni-gragjani/#respond Mon, 26 Oct 2020 08:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=420614

Предвременото гласање за претседателските избори во САД на 3 ноември веќе го надмина нивото забележано пред четири години, во 2016 година, се наведува во вчера објавеното независно истражување. Девет дена пред изборите, американскиот институт УС Елекшн Проџект основан при Универзитетот на Флорида, објави дека до вчера гласале 59 милиони граѓани. Во 2016 година, предвреме гласале 57 милиони граѓани, лично или преку пошта, објави веб-страницата на Комисијата за изборна помош на САД. Оваа година милиони Американци гласаа предвреме загрижени поради продолжувањето на пандемијата на коронавирусот или мотивирани од ривалството меѓу републиканскиот претседател Доналд Трамп и поранешниот демократски потпретседател Џо Бајден. Засега демократите, кои оваа година силно го поттикнаа предвременото гласање, водат во излезноста, но сè уште не е познато дали ова ќе влијае врз конечниот резултат на изборите. Доналд Трамп и републиканците предупредуваат дека предвременото гласање отвора можност за измама, па затоа се очекува голем број републикански гласачи да го остварат своето граѓанско право на самиот ден на изборите, 3 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/devet-dena-pred-izborite-vo-sad-vekje-glasale-59-milioni-gragjani/feed/ 0
Заклучен Избирачкиот список, право на глас имаат 1.814.263 граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchen-izbirachkiot-spisok-pravo-na-glas-imaat-1-814-263-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchen-izbirachkiot-spisok-pravo-na-glas-imaat-1-814-263-gragjani/#respond Wed, 01 Jul 2020 11:38:21 +0000 https://kurir.mk/?p=366635

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го заклучи Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори на 15 јули. Право на глас на изборите ќе имаат еден милион 814 илјади и 263 гласачи. Во изводите на Избирачкиот список се запишани еден милион 729 илјади и 189 лица. Лица кои се иселиле или работат во странство во посебните избирачки изводи се запишани 83.054 гласачи. Во посебниот избирачки список за лицата во затвор и во притвор се запишани 1.657 гласачи, во старските домови 357 и шест лица се водат како внатрешно раселени лица. -По спроведените промени кои произлегоа од претходните дејствија и обработка на податоците добиени од страна на институциите, ДИК треба да го заклучи Избирачкиот список со следнава состојба: вкупен број на гласачи запишани во ИС се милион 814 илјади и 263 гласачи. Од нив во изводите од ИС се запишани милион 729 илјади и 189 гласачи. Во посебниот извид избирачки список за лицата кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство се запишани 83.054 гласачи, во посебниот извод на ИС кои за време на изборите се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор се запишани 1.657 гласачи, во страрските домови се запишани 357 и шест гласачи се внатрешно раселени лица, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК). Членот на ДИК Борис Кондарко истакна дека Комисијата успеале четири дена порано, пред законскиот рок да ги заврши сите дејствија поврзани со Избирачкиот список односно обработка и целосно ажурирање на ИС за овие избори, заедно со Државниот завод за статистика. – Покажавме како ДИК и се потврди согасно законот дека може за неполни осум – девет дена да се завршат сите овие дејстија во врска со доажурирањето на ИС, а не за многу повеќе денови како што се споменуваше во јавноста 45-50 итн. Со ова појаснувам дека согласно Уредбата од Владата од 21 март, нашиот заклучок од 22 март, решението на претседателот на Собранието, сите изборни дејствија што беа спроведени пред прекинот поради Ковидот кризата на 21 март беа важечки односно ние продолживме како ДИК да ги спроведуваме сите преостанати дејствија, изјави Кондарко. Претседателот на ДИК Оливер Деркоски истакна дека од 15 јуни до 1 јули има 16 дена, а не осум или девет дена и тоа поради тоа што се затворени одредени дејствија кои дефинирани во нормална постапка би требало да се спроведат Увидот во избирачкиот список, којшто за жал не се спроведе. – По мое мислење требаше да се спроведе, рече Деркоски. Во Избирачкиот список се содржани и лицата кои до денот на изборите ќе наполнат 18 години, сите лице кои од февруари побарале промена на лична карта или патна исправа а ги подигнале личните документи заклучно со стапувањето на сила на последната Уредба на 15.06, како и нашите државјани кои доколку допатуваат во земјата на денот на избори ќе можат да гласаат. Гласањето ќе може да го остварат само оние лица со важечки лична карта или пасош. Јанакие Витановски, член на ДИК истакна дека на денот на гласање еден милион 814 илјади и 263 гласачи ќе бидат полнолетни ќе можат да го остварат правото на глас со лична карта или пасош. Во однос на изборните единици просечниот број на запишани гласачи е 302.377 запишани избирачи. Најмногу гласачи има во Куманово има 93.603 избирачи, Битола со 81.607 избирачи, скопски Аеродром 66.525 избирачи, Бутел 33. 278 и.т.н. Општини со најмалку гласачи се Вевчани со 2062, Конче 2724, а најмала е Лозово е 1.997 гласачи. Витановски ги повика гласачите да се изјаснат на изборите апелирајќи за почитување на мерките за заштита од Ковид-19. На 13 јули гласаат лицата позитивни на Ковид-19, а на 14 јули болните, немоќните и хронично болните, кои за гласање можат да достават барање до ОИК најдоцна до 8 јули на полноќ. Позитивните на Ковид-19 тоа треба да го направат со полномошник. На 90 избирачки места во нашата држава има помалку од 10 гласачи и според Изборниот законик, овие избирачи ќе можат да гласаат на најблиското избирачко место. Во Македонски брод има 11 такви избираки места, во Пробиштип седум, во Прилеп 13 и други. ДИК го утврди и изгледот на гласачкото ливче на македонски јазик но овој дел од седницата беше затворен за јавноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakluchen-izbirachkiot-spisok-pravo-na-glas-imaat-1-814-263-gragjani/feed/ 0
ОН им го укина правото на глас на седум земји поради неплатени придонеси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/#respond Sat, 11 Jan 2020 08:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=288200

Обединетите нации соопштија дека седум земји премногу доцнат со плаќањето придонеси, па затоа ја губат можноста за гласање во Генералното собрание со 193 членки. Портпаролот на ОН, Стефан Дизарик изјави дека станува збор за Венецуела, Либан, Централноафриканската Република, Гамбија, Лесото, Тонга и Јемен. Тој истакна дека уште три држави – Комори, Сао Томе и Принсипе и Сомалија, исто така доцнат, но е одлучено да можат да го задржат својот глас до септември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-im-go-ukina-pravoto-na-glas-na-sedum-zemji-poradi-neplateni-pridonesi/feed/ 0