право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jan 2021 14:29:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png право – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ревизија на мерките на ЕУ за реформи во владеењето на правото на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/revizija-na-merkite-na-eu-za-reformi-vo-vladeenjeto-na-pravoto-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/revizija-na-merkite-na-eu-za-reformi-vo-vladeenjeto-na-pravoto-na-zapaden-balkan/#respond Wed, 06 Jan 2021 15:45:53 +0000 https://kurir.mk/?p=452445

Европскиот ревизорски суд почна процена на ефикасноста на мерките на ЕУ за поддршка на владеењето на правото во земјите од Западен Балкан. Европскиот ревизорски суд соопшти и дека за реформите во областа на правосудството за земјите од Западен Балкан се издвоени околу 700 милиони евра во изминатите седум година, што е 16 проценти од вкупната билатерална помош на ЕУ за регионот. Во соопштението испратено од седиштето на Европскиот ревизорски суд во Луксембург, се наведува дека владеењето на правото е основна европска вредност и еден од основните критериуми за членство во Европска Унија. – Целта на ревизијата, што започна, е да се утврди колку овие мерки биле ефикасни во зајакнувањето на владеењето на правото на Западен Балкан. Ревизорите посебно ќе испитуваат дали поддршката од ЕУ за владеење на правото е добро осмислена, употребена за решавање на идетификуваните клучни проблеми и дали довела до конкретни и одржливи подобрување, во согласност со стандардите на ЕУ, се посочува во соопштението. Резултатите од истрагата ќе бидат познати кон крајот на годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/revizija-na-merkite-na-eu-za-reformi-vo-vladeenjeto-na-pravoto-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Џонсон: ЕУ треба само да и го признае правото на Велика Британија, како и на другите држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-treba-samo-da-i-go-priznae-pravoto-na-velika-britanija-kako-i-na-drugite-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-treba-samo-da-i-go-priznae-pravoto-na-velika-britanija-kako-i-na-drugite-drzavi/#respond Wed, 16 Dec 2020 14:42:42 +0000 https://kurir.mk/?p=444134

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека се надева оти Европска Унија ќе престане да се однесува неразумно и ќе постигне трговски договор по Брегзит. Тој истакна дека се што ЕУ треба да се направи е да го признае правото на суверенитет на Велика Британија. – Се надевам дека нашите пријатели и партнери преку Ламанш ќе престанат да се однесуваат неразумно и да се постигне договор, а за тоа е потребно да сфатат дека Велика Британија има природно право, како и секоја друга држава, да може да ги контролира своите закони и сопствените риболовни подрачја, посочи Џонсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-eu-treba-samo-da-i-go-priznae-pravoto-na-velika-britanija-kako-i-na-drugite-drzavi/feed/ 0
Кога политиката го руши правото https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-politikata-go-rushi-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-politikata-go-rushi-pravoto/#respond Fri, 14 Dec 2018 16:32:04 +0000 https://kurir.mk/?p=140319

Мојата прва колумна ќе ја посветам на еден општествен феномен кој во континуитет го детронизира македонското општество, а тоа со една синтагма може да се дефинира како “кога политиката го убива правото”. Драмата “Парадоксот на Диоген” е четиво кое со задоволство го читав во средношколските денови и е една од најзначајните драмски текстви во македонската литература. Авторот Томе Арсовски, меѓу првите го поставува проблемот за успиената општествена и лична свест, за поголемата одговорност не само на единката, туку и на пошироката општествена заедница во која опстојува таа. Впрочем, оваа судска драма најчесто во литературата се поистоветува со т.н. “судење на човековата совест”. Накратко, драмата е конципирана како судски процес низ кој се иследува степенот на вината на главниот лик во оваа драма, младиот инженер Драшко Каровски. Како проектант на хотелот „Сплендид“ и негов непосреден изведувач, Драшко Каровски е обвинет за неговото уривање во кое ги загубиле животите двајца луѓе и е направена голема материјална штета. Јатката на целокупното драмско дејствие во драмата е прашањето дали воопшто е виновен Драшко Каровски и колку за својата вина е виновен самиот, а колку социјалната средина во која тој опстојува. Не случајно се осврнувам на ова значајно дело од македонската литература, бидејќи колку и да е фикција, оваа тема е вонвременска. Практично, таа е актуелна и денес. Бројните судски процеси, медиумските спектакли за апсење на поранешни високи функционери, промптност во решавањето на судските предмети, кое во голема мера се коси дури и со начелото на судење во разумен рок, пристрасноста во поведување на истражни постапки на СЈО и редовното обвинителство, никакво непочитување на уставното начело на пресумпција на невиност и бројните медиумски гафови на непрецизно толкување и пренесување на кривично-правните односи се дел од големата општествено-политичка рашомонијада и севкупниот разнебитен правосуден систем во нашата држава. Но, најголемото негативно влијание на политиката врз правото и практичното подривање на неговите темели, најверојатно ќе биде разрешницата на судскиот процес за обвинетите од 27-ми април, кои се гонат за “терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”, едно од најтешките кривични дела против државата за кое е запретена минимална казна затвор од 10 години. И се ќе беше нормално, за приврзаниците на актуелната власт дури и совршено, овој судски процес во експресен рок да завршеше со осудителни пресуди каде 33-та обвинети ќе требаше да лежат долгогодишна робија, ако во целото сценарио не се вмешаше политиката. Како по сценарио на Тарантино, носечкиот обвинител Вилма Рускоска низ судскиот процес сакаше да ја докаже намерата, поврзаноста и организираноста на обвинетите во процесот дека секој со своето не/делување придонел да се загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија, предизвикал или сериозно се заканил со предизвикување експлозија, пожар, поплава или друго општоопасно дејствие или акт на насилство, создавајќи чувство на несигурност или страв кај граѓаните. Но, колку и сето тоа да беше наизглед лесно и едноставно за докажување, од досегашниот процес, а особено преку изведувањето на доказите и испитувањето на сведоците, едноставно изгледа невозможно да се докаже вина за вакво кривично дело, а уште помалку да се докаже намерата или поврзаноста на обвинетите за вршење на ова дело, особено поради фактот што најголемиот дел од нив не се ни познавале меѓусебно, а првиот контакт им бил во притвор или во судската сала. Да биде сценариото уште покомплицирано, дел од обвинетите се и пратениците, кои во новонастанатата политичка состојба во државата се клучниот фактор за затворање на уставните процеси во Собранието. Токму тука, се кршат копјата на правото и политиката. Со најавениот предлог-закон за “помирување”, помпезно најавен од премиерот и уште побрзо изготвен од работното тело за помирување од Собранието ќе се направи правен преседан во кој главната улога ќе ја имаат политичарите. Амнестијата не е непознат правен институт во нашето законодавтсво. Уште се свежи спомените од Законот за амнестија за борците на ОНА во 2001 година. И тогаш, аргументацијата на властодршците за носење на ваков закон во Собранието беше еден вид помирување и релаксирање на затегнатите односи во општеството. Но, тоа беше генерална амнестија. Осолободување од кривично гонење на сите учесници во конфликтот од 2001 година. И тоа, од правен аспект (не од политички) беше исправно. Од правен аспект, институтот “амнестија” има поширока, генерална цел. Во пракса, тој се доделува на сите оние што во едно кривично дело имаат утврдена вина и правосилна судска пресуда и претставува “ослободување од гонење или потполно или делумно ослободување од извршување на казната, заменa на изречената казна со поблага казна, бришење на осудата или укинување на определена правна последица од осудата”. Целта е опфаќање на поширока категорија на обвинети или осудени лица заради постигнување на ефект на помирување и намалување на негативните политички ефекти во општеството. Но, какви ефекти може да предизвика “селективната амнестија”? Каква порака ќе испрати во нашето, сеуште поларизирано општество. Дали, со предложеното законско решение за амнестија само на политички подобните лица за сегашната власт и преквалификација на кривичното дело за сите останати обвинети ќе се постигне целта на амнестијата? Одговорот е: НЕ! Напротив, директно ќе се подријат темелите на правната држава. Легитимните прашања кои треба да се постават се следните:
  • По кој критериуми ќе се прави правната квалификација за определување на тежината на извршените дејствија од страна на обвинетите?
  • Дали ќе се случеа немилите настани во Собранието доколку некој одвнатре не ги отвореше? (согласно обвинението: тоа се дел од пратениците); и конечно
  • Дали, доколку пратениците не гласаат за уставните измени ќе подлежат на амнестијата?
Уште попроблематично ќе биде да се наложи на обвинителството да направи преквалификација на делото на оние обвинети, кои ја немаат привилегијата нивните два прста да носат одлуки во Собранието. Во услови на “заробена држава”, со какви насоки и присилби ќе се влијае на обвинителката Рускоска да го преквалификува делото, имајќи ја во предвид досегашната жестина со која се обидуваше да го убеди судот дека сите обвинети се виновни за ова тешко кривично дело? Како правосудната фела ќе реагира на ова политичко решение и колку правната држава ќе се откаже од правото? Затоа што, ако патот до пеколот е поплочен со добри намери, тогаш патот до вистината и правдата очигледно е поплочен со неразумни компромиси. Марјан Спасески Авторот е магистер по кривично право и криминологија]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/koga-politikata-go-rushi-pravoto/feed/ 0
Македонија на 57 место според индексот за владеење на правото https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-za-vladeenje-na-pravoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-za-vladeenje-na-pravoto/#respond Thu, 01 Feb 2018 15:36:12 +0000 http://kurir.mk/?p=17161

Во светот е забележан општ пад на владеењето на правото, особено на основните човекови права, покажа најновото истражување на Светскиот проект на правдата. Според индексот за владеење на правото, на листата од 113 држави од целиот свет, Македонија го зазема 57 место. Најлошо рангирана држава во регионот е Србија, која се најде на 76 место, што е пад за две места во однос на претходното истражување. Најдобро оценета од балканските земји е Словенија, која ја зазема 26 позиција, потоа Романија на 29 место и Хрватска на 35. Во однос на владеењето на правото, слична е состојбата и во Бугарија (55), Босна и Херцеговина (56), додека Албанија е на 68 место. Црна Гора и Косово не се опфатени со истражувањето. Глобално, на првото место по индексот на владеењето на правото е Данска, а зад неа се Норвешка, Финска и Шведска, благодарение на правосудните системи кои се борат ефикасно против беззаконието и неправдата. Сите четири држави, како и Холандија, имаат оценка поголема од 0,85. На дното на листата е Венецуела, каде што постои тренд на целосно урнисување на владеењето на правото, покрај хипер-инфлацијата, корумпираното судство, насилниот затворски систем, и каде секој ден се убиваат од 56 до 73 лица. Пред неа се Камбоџа и Авганистан. Германија е на шестото место, Велика Британија на 11, Франција на 18, САД на 19, Кина на 75, Русија на 89, а Турција на 101. Романија со релативно добра оценка 0,65 се најде 29 место, и покрај реформите во правосудство за кои граѓанските активисти тврдат дека ќе се урниса владеењето на правото во земјата, и ќе се поништи досегашниот напредок во сузбивање на корупцијата. Меѓу земјите од источна Европа, состојбата на владеењето на правото најмногу е загрозена во Полска, каде е забележан опаѓачки тренд во категоријата на ограничување на овластувањата на властите, отвореност на државните институции, основните права и кривичното право. Најмногу пад во однос на мината година е забележан во Филипини, за 18 места, поради владеењето на насилата кампања против наркотици. Индексот на владеење на правото, во однос на минатата година, паднал во 38 држави. Од објавувањето на претходниот индекс на владеење на правото во октомври 2016, повеќето држави се оценети полошо во областа на човековите права, ограничување на овластувањата на властите и граѓанската и кривичната правда, се наведува во извештајот. Најголем пад е забележан во категоријата основни права, во рамките на која се мери дискриминацијата, правото на живот и безбедност, слободата на изразување и верските слободи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-za-vladeenje-na-pravoto/feed/ 0