православие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 10 Nov 2022 22:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png православие – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ИМА СЕДУМ СВЕТИ ТАЈНИ ВО ПРАВОСЛАВИЕТО – три од нив можете само ЕДНАШ да ги примените во животот, бидете внимателни! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-sedum-sveti-tajni-vo-pravoslavieto-tri-od-niv-mozete-samo-ednash-da-gi-primenite-vo-zivotot-bidete-vnimatelni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-sedum-sveti-tajni-vo-pravoslavieto-tri-od-niv-mozete-samo-ednash-da-gi-primenite-vo-zivotot-bidete-vnimatelni/#respond Thu, 10 Nov 2022 22:00:49 +0000 https://kurir.mk/?p=758695

Во православието има седум свети тајни и тоа се крштевањето, помазанието и свештенството и не можат да се повторат, брак, посветување, исповед и причест - овие тајни се повторуваат. Пристапот кон животот во православната црква во целина е светотаински. Според христијанското верување, светата тајна е трансформирачки чин. Трансформацијата е вистинската цел на Господ Бог во неговите спасителни дела. Христа Бог не само што нè спасува, не само што ни ги простува гревовите, туку и ги преобразува нашите животи. Светите тајни се свети дејствија со кои Црквата го преобразува нашиот живот, го осветува. Бог ја создал и материјата како и духот, а вистинскиот грев на човекот е што ја разделил и поделил материјата и духот за да ѝ се потчини на материјата, да стане нејзин роб. Светите Тајни повторно ги соединуваат разделените. Обично се вели дека во Црквата има седум тајни, бидејќи бројот седум означува совршенство. Меѓутоа, во Црквата има безброј свети тајни, во неа се е света тајна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ima-sedum-sveti-tajni-vo-pravoslavieto-tri-od-niv-mozete-samo-ednash-da-gi-primenite-vo-zivotot-bidete-vnimatelni/feed/ 0
Еве зошто црквата Хора е важна за православието https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-crkvata-hora-e-vazna-za-pravoslavieto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-crkvata-hora-e-vazna-za-pravoslavieto/#respond Sat, 22 Aug 2020 12:50:55 +0000 https://kurir.mk/?p=393904

Црквата на Христос Спасителот на полето или Црквата Хора се смета за еден од најубавите примери на византиските цркви, најмногу заради прекрасните фрески и мозаици во нејзината внатрешност. Црквата се наоѓа во Истанбулската област Едирнекапи („Порта до Едирне“) која се наоѓа во западниот дел на општината (беледије) Фатих. Црквата ја претвориле во џамија од страна на отоманските Турци во 16 век, а во 1948 година била секуларизирана и претворена во музеј. Денес, заедно со „некогашната црква а денес џамија Аја Софија“ и „Базиличката цистерна“, е една од најпосетуваните византиски атракции во Истанбул. Претседателот на Турција, Ердоган уште еднаш ја „запали“ светската јавност, затоа што издаде декрет да се претвори црквата Хора, една од најпознатите византиски згради во Истанбул, во џамија. Инаку, пред само еден месец и познатата Аја Софија стана џамија. Во декретот на Ердоган не се прецизира кога ќе се одржат првите муслимански молитви во Хора. Во средновековната црква Светиот Спасител во Хора, изградена во близина на античките градски sидови на Цариград, има византиски мозаици од XIV век и фрески што прикажуваат сцени од библиски приказни, објави Ројтерс. Името на црквата потекнува од нејзината локација, имено Хора („на полето“) значи дека станува збор за црква што се наоѓала надвор од ѕидовите на Цариград, јужно од т.н. „Златен рог“. Оригиналната црква е изградена во почетокот на 5 век, надвор од ѕидовите на Константин, но со изградбата на sидовите на Теодосиј (413-414), црквата се нашла во градските ѕидови. Сегашниот изглед на црквата и е дадена од династијата Палеологиј од 1077-1081 година. година, кога Марија Дукаина, свекрва на царот Алексиј I Комненус, ја обновил црквата во тогаш популарен локалитет на впишаниот грчки крст. По земјотресот, тој го обновил принцот Исаак Комненус, третиот син на Алексиј, но не бил завршен до два века подоцна (1315-21), за време на владеењето на министерот Теодор Метохит, кога биле завршени нејзините импресивни фрески и мозаици. За време на последната отоманска опсада на Цариград во 1453 година, нејзината икона Пресвета Богородица (Онаа што го покажува патот) беше изнесена за да им помогне на бранителите на градот. Половина век подоцна, везирот Атик Али Паша ја претворил црквата во џамија и нејзините фрески и мозаици биле покриени со слој од гипс. Во 1948 година, откако беше прогласен за Музеј, Томас Витмомор и Пол А. Вандервуд од американскиот византиски институт во Дамбертон Окс го иницираа нејзиното обновување. Иако не толку голема како другите познати византиски цркви во Истанбул (само 742,5 м2), црквата ги засенува другите со убавината на своите украси. Во неа се насликани убави мозаици со најважните ликови. Преубави параклси и прекрасна купола која целосно е обоена со фрески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/eve-zoshto-crkvata-hora-e-vazna-za-pravoslavieto/feed/ 0
Го празнуваме светецот кој бил голем борец за вистинското православие: Среќен именден на Атанас, Тане, Насте https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-praznuvame-svetecot-koj-bil-golem-borec-za-vistinskoto-pravoslavie-srekjen-imenden-na-atanas-tane-naste/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-praznuvame-svetecot-koj-bil-golem-borec-za-vistinskoto-pravoslavie-srekjen-imenden-na-atanas-tane-naste/#respond Wed, 31 Jan 2018 09:03:53 +0000 http://kurir.mk/?p=16545

Свети Атанасиј Велики бил голем борец за вистинското православие Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте... Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен. Свети Атанасиј, наречен Велики е роден во Александрија во 295 година. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и иако млад се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Неговите дискусии имале главна заслуга за победата против ариевската ерес и биле содржани во заклучоците од Собирот, на кој биле осудени еретикот Ариј и неговите приврзаници. Со тоа си го навлекол врз себе гневот на ариевците кои често го клеветеле кај царот. Но со својот углед и христијанскиот начин на живеење свети Атанасиј секогаш успевал да се одбрани од овие клевети. Веднаш по Првиот вселенски собир на 8 јули 326 година на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време. По поразот на Никејскиот собор ариевците се обиделе да се вратат во црквите. Тие издејствувале од царот да се заложи кај архиепископот Атанасиј да биде повлечена анатемата, но тој тоа не го дозволувал. Најпрвин ја одбил сугестијата на цар Костадин да биде потолерантен кон ариевците, а потоа ја одбил и наредбата на царот, еретикот Арие да го врати во црквата. Поради тоа бил наклеветен како бунтовник и бил протеран во Галија. Тогаш царот инсистирал кај цариградскиот архиепископ Александар да го врати Арие во црквата по што овој цела ноќ се молел на Бога да не дозволи црквата да биде испоганета. Утрото кога Арие тргнал да влезе во црквата следен од своите многубројни приврзаници почувствувал болки и веднаш умрел на патот. Уште четири пати свети Атанасиј бил протеруван во прогонство, за време на Констанциј синот на Константин, за време на царот Јулијан Отстапник и за време на царот Валент. Сиве овие владетели им биле наклонети на Ариевците. Така свети Атанасиј во прогонство минал цели дваесет години. Умрел на 2 мај (ст. стил) 373 г. Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците. Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава. Во Охрид се сметало дека Св. Танасија е „среде зима коложега“ како што на Е. Спространов раскажувачката што му раскажувала за празниците му кажала и една лазарска песна за цвеќињата што никнуваат во овој период од годината. Качунчица заблʼзвеше: ‒ Блаѕе тебе, трендафиле, што си имаш арна мајка, те променвит, те наружвит, та те пушчʼт среде лето, стреде лето црвеника, да те берат јунаците, јунаците и невести да те носат пот фесои, невестите под врзʼлʼт, девојките на чалмите. Јас си имам зло машчеа та ме пушчʼт среде зимʼ, стреде зимʼ коложега, да ме берат дрварите да ме носат по децата, да ме тркалет по пелишчата. Свети Атанасиј е домашен празник на многу семејства, но и на цели села. М. С. Филиповиќ забележал дека „на местото каде што е сега црквата на Св. Атанасиј во с. Луково порано имало само гробишта и вакавски дабје. Местото се викало „Танасовден“ и тука луѓето се собирале на панаѓур. Подоцна кога виделе знаци, пламен од земјата, на тоа место изградиле црква. За црквата „Св. Атанасиј“ во с. Модрич, вели Филиповиќ, има многу преданија. На пр. ако чуварот заборавел да го запали кандилото тоа само се палело. Кога за време на окупацијата по наредба на бугарските власти била симната плочата со грчки напис од црквата настанала силна провала од која настрадало соседното маало. Кога плочата била вратена на местото провалата престанала. Се раскажувало и тоа дека некои Турци што ги навредувале иконите во црквата ослепеле. Според друго предание, во турско време вратата од црквата секогаш била отворена. Некогаш некој сејмен влегол и украл 300 гроша. Но кога се обидел да излезе вратата била затворена. Се отворила дури откако ги вратил парите на истото место. Потоа ги советувал своите нека работат што сакаат, но во вакуф да не чепкаат. И сега, пишува Филиповиќ, таа црква не е заклучена. М. Цепенков забележал дека во Прилеп Св. Атанасија бил празник што го служеле кантарџискиот и ковачкиот еснаф. Во Радовиш, пак, Св. Атанас се сметал за овчарски празник. Многу го почитувале куќите коишто имале овци и на тој ден не работеле за волци да не им ги изедат овците. И овде овој празник го сметале за „средзимо“, овчарите што знаеле да го прогнозираат времето гледале какво ќе биде тоа од празникот натаму. И овде е позната пословицата: „Атанас фрли кожи ја врз нас ја врз рас“, што значи дека од времето зависи дали луѓето ќе ја симнат зимската облека. Сепак, се верува дека времето оди на лето, дека поминале зимата и големите студови карактеристични за јануари. Освен зимскиот празник Танасовден нашиот народ празнува уште еден празник посветен на овој светител. Тоа е Танасовден – летен, што се празнува на 15/2 мај денот кога е упокоен св. Атанасиј Велики. Манастир Свети Атанасиј Велики во Лешок Најпознат манастир посветен на светиот Атанасиј Велики е оној во с. Лешок, Тетовско. Но кога станува збор за овој манастир веднаш се помислува на двете цркви, едната посветена на св. Атанасиј и другата посветена на Пресвета Богородица. Црквата „Св. Атанасиј“ е подигната во 1335 година од страна на јеромонахот Антониј подоцна долгогодишен епископ под името Јоанакие. Едно време од крајот на 17 век црквата била напуштена, а потоа овде живеел и Кирил Пејчиновиќ, кој во 1818 година го обновил монашкиот живот во манастирот и формирал богата библиотека. Во воениот конфликт во 2001 година црквата беше урната и подоцна повторно обновена. Црквата „Пресвета Богородица“ е од 17 век и е изградена на местото каде што уште во 13 век постоела црква. Порано црквата била парохиска, а подоцна станала метох на манастирот „Св. Атанасиј“. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на Кирил Пејчиновиќ, а во манастирските конаци оригиналната надгробна плоча со текст испишан од неговата рака. Во манастирот се организира голем народен собир на празникот Голема Богородица. (За МИА подготви Марко Китевски)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/go-praznuvame-svetecot-koj-bil-golem-borec-za-vistinskoto-pravoslavie-srekjen-imenden-na-atanas-tane-naste/feed/ 0