православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 28 Oct 2022 09:01:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png православна црква – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бигорски манастир: Православната црква на Полска го потврди молитвеното општење со нашата црква https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-pravoslavnata-crkva-na-polska-go-potvrdi-molitvenoto-opshtenje-so-nashata-crkva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-pravoslavnata-crkva-na-polska-go-potvrdi-molitvenoto-opshtenje-so-nashata-crkva/#respond Fri, 28 Oct 2022 09:01:17 +0000 https://kurir.mk/?p=751664

Православната црква на Полска го потврдила молитвеното општење со нашата ценета црква, на одржаното редовно есенско заседание на Архијерејскиот собор, објави Бигорски манастир. Во објавата се пренесува извадок од официјалното соопштение од канцеларијата на Светиот архијерејски синод, кој се однесува на нашето црковно прашање. На 25 октомври 2022 година, под претседателство на Неговата еминенција, Високопреосветениот г. Сава, православeн митрополит Варшавски и на цела Полска, се одржа есенското заседание на Светиот собор на епископите на Полската автокефална православна Црква. Присутни беа сите архиепископи и епископи. Седниците се однесуваа на надворешни и внатрешни работи, стои во соопштението. Се додава дека во однос на надворешни работи прифатени се информациите од Константинополскиот патријарх во врска со новите светители и со одземањето на некои свештенички чинови од страна на Патријаршијата. Прочитана е информацијата од Српскиот патријарх за осамостојувањето на Православната црква во Македонија. Светиот собор на епископите со радост ја прими на знаење оваа информација и го потврди молитвеното општење со горенаведената Црква, се наведува во официјалното соопштение од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Православната црква на Полска. Како што претходно објави Бигорски манастир, „древната Антиохиска патријаршија, на заседанието на својот Свет и Свештен синод го потврди прифаќањето на Охридската архиепископија во канонско и литургиско општење со целата православна полнота”.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bigorski-manastir-pravoslavnata-crkva-na-polska-go-potvrdi-molitvenoto-opshtenje-so-nashata-crkva/feed/ 0
Известувачката на ЕП за Косово: Српската православна црква не постои https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvestuvachkata-na-ep-za-kosovo-srpskata-pravoslavna-crkva-ne-postoi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvestuvachkata-na-ep-za-kosovo-srpskata-pravoslavna-crkva-ne-postoi/#respond Mon, 06 Dec 2021 21:34:23 +0000 https://kurir.mk/?p=605037

Откако пратеничката во Европскиот парламент, Виола фон Крамон разговарала со бискупот на Дизелдорф и цела Германија, Григориј, во кореспонденција со корисник на таа платформа, објавила дека „Српската православна црква не постои". Таа објавила како одговор на коментарот дека Српската православна црква е проруска и дека би било одлично тоа да се промени. -Не постои „Српска православна црква“, тоа се автономни епархии, за разлика од Католичката црква. Разговарајте со бискупот и ќе се изненадите, напишала Фон Крамон. Да потсетиме, известувачката на Европскиот парламент за Косово, Виола фон Крамон, е позната по своите изјави и постапки во корист на Приштина, не е тајна дека таа е една од најсилните поборници за независност Косово и се смета себеси за „лобист за Косово“, пишуваат српските медиуми. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/izvestuvachkata-na-ep-za-kosovo-srpskata-pravoslavna-crkva-ne-postoi/feed/ 0