православни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 May 2022 10:56:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png православни – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Австрија: Се зголемува бројот на муслимани, православни и атеисти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/#respond Thu, 26 May 2022 10:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=681837

Верската слика во Австрија последните децении значително се измени. Додека бројот на католиците и протестантите постојано се намалува, бројот на муслиманите и на православците е значително зголемен, а покрај тоа, има се повеќе австриски граѓани кои не припаѓаат на ниту една верска заедница. Податоците на Заводот за статистика на Австрија покажуваат дека атеистите станале најбројната група во Виена. Според истите податоци, 77,6 отсто од австриските граѓани истакнуваат дека припаѓаат на една од верските заедници. Самиот развој на верските заедници е различен во изминатите децении. Додека во 1951 година 89 отсто од австриските граѓани изјавиле дека припаѓаат на римокатоличката верска заедница, тој број се намали на 87 отсто во 1971 година и оттогаш драстично се намалува, на 74 отсто во 2001 година, додека минатата година само 55 отсто од граѓаните на Австрија се изјасниле како римокатолици. Сличен развој е присутен и кај протестантите, чиј удел во населението се намали од 6,2 на 3,8 отсто во последните седум децении, а кај старокатолиците од 0,5 на 0,1 отсто. Муслиманската и православната заедница, пак, се развивале сосема поинаку, пред се поради имиграцијата. Така, во 1971 година, кога во Австрија првпат биле регистрирани податоците за припадниците на исламската вероисповед, учеството на муслиманите во населението било само 0,3 отсто. Минатата година уделот на муслиманите во популацијата на Австрија достигна 8,3 отсто. Се повеќе австриски граѓани велат дека не припаѓаат на ниту една верска заедница, а нивниот удел е зголемен од 12 на 22,4 отсто во изминатите две децении. Најголем дел „неверници“ има во Виена или 34 проценти. И православните и муслиманите најмногу живеат во Виена и тоа 11, односно 15 проценти. Од друга страна, во Виена само уште 32 отсто од граѓаните се изјаснуваат како католици. Во сите други провинции на Австрија католиците го сочинуваат мнозинството, во Тирол со 66,2 отсто дури имаат двотретинско мнозинство. Кога станува збор за апсолутни бројки, во Австрија која има околу 8,94 милиони жители, живеат 4,93 милиони католици, 645.600 муслимани, 436.700 православни, 340.300 протестанти, 5.400 Евреи, 4.900 старокатолици, но и два милиони атеисти. Тобијас Томас, генерален директор на Заводот за статистика на Австрија, таквиот развој на настаните го објаснува со се позначајната секуларизација, но и со забрзан тренд на верски диверзитет. Тој како пример го посочи податокот дека моментално во земјата има 26 илјади будисти, што со удел од 0,3 проценти моментално претставува побројна заедница отколку еврејската. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-se-zgolemuva-brojot-na-muslimani-pravoslavni-i-ateisti/feed/ 0
Духовден е неработен ден за православните верници, еве уште колку неработни денови имаме до крајот на годината https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-e-neraboten-den-za-pravoslavnite-vernici-eve-ushte-kolku-nerabotni-denovi-imame-do-krajot-na-godinata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-e-neraboten-den-za-pravoslavnite-vernici-eve-ushte-kolku-nerabotni-denovi-imame-do-krajot-na-godinata/#respond Thu, 17 Jun 2021 07:47:51 +0000 https://kurir.mk/?p=524638

Петок 18 јуни е неработен ден за сите граѓани од православна вероисповед. Станува збор за празникот Духовден кој верниците го слават во чест на починатите, а по него ни следува споен викенд дури на почетокот на месец август. Ова се сите неработни денови кои преостанаа во 2021-ва година. За сите граѓани на РМ 02 август (понеделник), Ден на Републиката, 8 септември (среда), Ден на независноста, 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од православна вероисповед: 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). За граѓаните од католичка вероисповед 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ • 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ • 23 мај (недела), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ • 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ • 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ • 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/duhovden-e-neraboten-den-za-pravoslavnite-vernici-eve-ushte-kolku-nerabotni-denovi-imame-do-krajot-na-godinata/feed/ 0
Холивуд и денес го слави Божиќ: Светски sвезди кои се православни https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/#respond Thu, 07 Jan 2021 18:24:59 +0000 https://kurir.mk/?p=452715

Повеќето холивудски ѕвезди го слават Божиќ според Грегоријанскиот календар, на 25 декември. Оние што не го прославуваат се претежно атеисти, но неколку од нив го слават и православниот Божиќ, кој се слави денес. Актерката Џенифер Анистон го наследила православното христијанство од нејзиниот татко Џон Анистон. Таткото на Џенифер е роден како Јанис Анастасакис на Крит. Актерката давала и многу добротворни донации на црквата под покровителство на Вселенската патријаршија. Манекенката Наоми Кембел стана православен верник во руската православна црква додека беше во врска со рускиот тајкун Владислав Доронин. Кога по втор пат се ожени со својата колешка Рита Вилсон, актерот Том Хенкс реши да стане православен. Таткото на Рита е од Бугарија, додека нејзината мајка е родена во Албанија, но има грчко потекло. Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан е родена во Лос Анџелес, но има ерменско потекло, четврта генерација емигранти од Ерменија, а нејзините предци живееле на територијата на која се наоѓа денешна Турција. Актерот Кристијан Бејл тргна по стапките на Том Хенкс и ја смени верата од љубов кон моделот со српско потекло, Сиби (Сандра) Блажиќ. Тој ја прифати православната вера откако се ожени со Сиби, уште во 2000 година. Извор: Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/holivud-i-denes-go-slavi-bozikj-svetski-svezdi-koi-se-pravoslavni/feed/ 0