празна чинија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 11 Aug 2023 11:22:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png празна чинија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Во Италија, ресторан наплатил две евра за празна чинија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-vo-italija-restoran-naplatil-dve-evra-za-prazna-chinija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-vo-italija-restoran-naplatil-dve-evra-za-prazna-chinija/#respond Fri, 11 Aug 2023 11:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=865845

Во италијански ресторан на гости им наплатиле дополнителни две евра за празна чинија. Имено, извесна Селваџија Лукарели побарала сад повеќе за нејзината ќерка да ги проба тестенините, а на сметката се појавила и таа чинија. Откако посетителката ја објави сметката на својот интернет-простор, и регионалниот гувернер Џовани Тоти јавно го осуди овој потег на ресторанот. По лавината интернет-коментари, се огласи и Ида Германо, сопственичка на угостителскиот објект „Остерија дел Каволо“ што се наоѓа на брегот на Џеновскиот Залив. - Трошоците се оправдани бидејќи тоа е повеќе работа за нас... Оти повеќе чинии за нас значат повеќе садови за миење, рече таа. Инаку, само неколку дена претходно друг турист во Италија објави дека и сечењето сендвич во ресторан на езерото Комо му било наплатено. И тука сопственичката на ресторанот се правдала дека „дополнителните барања имаат своја цена“, пренесува „Ла република“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-vo-italija-restoran-naplatil-dve-evra-za-prazna-chinija/feed/ 0