празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 08:36:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png празник – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДЕНЕСКА СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИ ЛУКА – една работа до крајот на денот никако не смеете да ја правите, а еве каква ќе биде зимата според народното верување https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sveti-luka-edna-rabota-do-krajot-na-denot-nikako-ne-smeete-da-ja-pravite-a-eve-kakva-ke-bide-zimata-spored-narodnoto-veruvane/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sveti-luka-edna-rabota-do-krajot-na-denot-nikako-ne-smeete-da-ja-pravite-a-eve-kakva-ke-bide-zimata-spored-narodnoto-veruvane/#respond Tue, 31 Oct 2023 08:36:20 +0000 https://kurir.mk/?p=894760

Денес е Св. апостол и евангелист Лука. Покрај дванаесетте, постоеја и други 70 апостоли. Во редот на тие 70 беше и свети Лука. Роден е во Антиохија. Во младоста ги изучи медицината и сликарската уметност. Тој ги наслика првите икони на Богородица, како и на првите меѓу апостолите Петар и Павле. Свети Лука е основачот на иконописот во Црквата. Му беше сопатник и соработник на апостолот Павле се до неговата смрт. Со него патуваше и го проповедаше Христовото Евангелие и во Македонија. По смртта на божествениот Павле, тој едно време помина во Египет, а оттаму отиде во Грција. Таму многу пострада, проповедајќи го воскреснатиот Христос, и најпосле, во Теба Беотиска, незнабошците го обесија на едно маслиново дрво. Од него ни остана едно Евангелие, а ја напиша и книгата Дела апостолски, и двете упатени, како писма, до некој великодостојник Теофил. Според верувањата, се смета дека светецот претскажува каква ќе биде зимата. Ако на овој ден добитокот лежи со свиткани нозе, ќе биде долга и ладна зима. Се почитува како заштитиник на медицината и фармацијата, болницата и аптеките, лекари, фармацефти, и болни, многу семејства. Познато е дека лекувал бесплатно. Се верува дека неговите мошти имаат исцелителна моќ. Се смета дека Свети Лука лично ја познавал Богородица и дека трите икони со нејзин лик кои светителот ги налсикал се најблиски до нејзиниот вистински изглед, а позната е „икона во иконата“ која го претставува Светиот Лука и во прспектива иконата на Богородица која светителот на отсликува. Поради ова се смета за основач на иконописот. Свети Лука е заштитник на лекарската професија и болниците. Овој празник најавува дека зимата чука на врата и дека треба да се подготвиме за неа. Свети Лука го задолжил православието поради што денеска не треба да се работат тешки работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-se-praznuva-sveti-luka-edna-rabota-do-krajot-na-denot-nikako-ne-smeete-da-ja-pravite-a-eve-kakva-ke-bide-zimata-spored-narodnoto-veruvane/feed/ 0
Денеска е спомен на Светиот пророк Осија: Го прорече доаѓањето на Господа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-spomen-na-svetiot-prorok-osija-go-proreche-doaganeto-na-gospoda/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-spomen-na-svetiot-prorok-osija-go-proreche-doaganeto-na-gospoda/#respond Mon, 30 Oct 2023 09:39:10 +0000 https://kurir.mk/?p=894397

Син Веириин од племето Исахарово. Живееше и пророкуваше 800 години пред Христа. Неговите боговдахновени зборови се наоѓаат во неговата книга составена од четиринаесет глави. Му упати многу укорувања на Израилот и на Јуда за идолопоклонството, пророкуваше за казната Божја за гревовите, ја прорече пропаста на Самарија и на Израилот заради богоотстапништвото, а и милоста Божја кон Јудиното колено. Го прорече укинувањето и престанокот на старозаветната жртва и доаѓањето на Господа и богатството на даровите коишто Он ќе ги донесе со Себе на земјата. Живееше до длабока старост и мирно се упокои.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/deneska-e-spomen-na-svetiot-prorok-osija-go-proreche-doaganeto-na-gospoda/feed/ 0
ВО ПЕТОК НИ ДОАЃА ГОЛЕМ ПРАЗНИК – жените особено на овој ден никако не смеат да ја прават оваа грешка! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-petok-ni-doaga-golem-praznik-zhenite-osobeno-na-ovoj-den-nikako-ne-smeat-da-ja-pravat-ovaa-greshka/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-petok-ni-doaga-golem-praznik-zhenite-osobeno-na-ovoj-den-nikako-ne-smeat-da-ja-pravat-ovaa-greshka/#respond Tue, 24 Oct 2023 20:50:02 +0000 https://kurir.mk/?p=892724

Во петок на 27 октомври се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка. Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград, на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква. Во народните верувања се вели дека на овој ден не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се верува дека ќе им трнат рацете цела година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/vo-petok-ni-doaga-golem-praznik-zhenite-osobeno-na-ovoj-den-nikako-ne-smeat-da-ja-pravat-ovaa-greshka/feed/ 0
Македонија го слави Денот на македонската револуционерна борба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-go-slavi-denot-na-makedonskata-revolutsionerna-borba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-go-slavi-denot-na-makedonskata-revolutsionerna-borba/#respond Mon, 23 Oct 2023 07:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=892078

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден во 1893 година во Солун била основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), со цел извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба. Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија. Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун. На основачкиот состанок присуствуваат: Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен, Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско, Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко, Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш, Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско. Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската бугарска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др. По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат. Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција. Емисарите вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракија и формираат месни комитети. Откако на овој начин се формирала структурата на организацијата, се започнало со процесот на создавање вооружени чети и почнале набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција. По повод Денот на македонската револуционерна борба, во Собранието на Република Македонија ќе биде доделена државната награда „23 октомври“. Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија. Собраниска делегација, во состав Дарко Каевски и Велика Стојкова-Серафимовска, ќе положи венец свежо цвеќе на Споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Ввладина делегација составена од Роберт Алаѓозоски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Драган Василевски, советник за одбрана на претседателот на Владата ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Во организација на Патриотскиот институт „Гоце Делчев" на ВМРО-ДПМНЕ по повод 23 Октомври - Денот на Македонската револуционерна борба и 130 години ВМРО, ќе се одржи настан „Традиција која обврзува за иднина која доаѓа“. Најавени се обраќања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и на претседателот на Патриотскиот институт, Александар Пандов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-go-slavi-denot-na-makedonskata-revolutsionerna-borba/feed/ 0
НЕМА ДА ОДМАРАМЕ САМО УТРЕ – многу наскоро следува уште еден неработен ден, но тогаш ќе имаме СПОЕН ВИКЕНД! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-odmarame-samo-utre-mnogu-naskoro-sleduva-ushte-eden-neraboten-den-no-togash-ke-imame-spoen-vikend/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-odmarame-samo-utre-mnogu-naskoro-sleduva-ushte-eden-neraboten-den-no-togash-ke-imame-spoen-vikend/#respond Tue, 10 Oct 2023 13:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=887492

До крајот на годината остануваат уште три неработни дена, од кои еден ни доаѓа токму утре на 11 октомври, додека другиот е споен викенд кога ќе одмараме три дена и тоа на 23 октомври. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 11 октомври (среда), Ден на народното востание, • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба • 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од католичка вероисповед • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-da-odmarame-samo-utre-mnogu-naskoro-sleduva-ushte-eden-neraboten-den-no-togash-ke-imame-spoen-vikend/feed/ 0
ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА УШТЕ 3 НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ, ВО ОКТОМВРИ ДУРИ 2 – испланирајте си го споениот викенд, ни доаѓа наскоро! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinata-ushte-3-nerabotni-denovi-vo-oktomvri-duri-2-isplanirajte-si-go-spoeniot-vikend-ni-doaga-naskoro/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinata-ushte-3-nerabotni-denovi-vo-oktomvri-duri-2-isplanirajte-si-go-spoeniot-vikend-ni-doaga-naskoro/#respond Sun, 01 Oct 2023 19:25:40 +0000 https://kurir.mk/?p=883634

Денес започна месец октомври, а во него и два неработни денови. Едниот ни доаѓа на 11 октомври, додека другиот е споен викенд кога ќе одмараме три дена и тоа на 23 октомври. Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2023 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ • 11 октомври (среда), Ден на народното востание, • 23 октомври (понеделник), Ден на Македонската Револуционерна Борба • 8 декември (петок), “Св. Климент Охридски”. За граѓаните од католичка вероисповед • 1 ноември (среда), Празникот на сите светци, • 25 декември (понеделник), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ • 22 ноември (среда), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ • 21 декември (четврток), Ден на настава на турски јазик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-krajot-na-godinata-ushte-3-nerabotni-denovi-vo-oktomvri-duri-2-isplanirajte-si-go-spoeniot-vikend-ni-doaga-naskoro/feed/ 0
ДЕНЕС ЗАПОЧНЕТЕ СО ОВАА РАБОТА – Св. Никита ќе ви помогне и ќе биде со вас, особено посетете го чудотворниот камен кој лекува и исполнува желби! https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-zapochnete-so-ovaa-rabota-sv-nikita-ke-vi-pomogne-i-ke-bide-so-vas-osobeno-posetete-go-chudotvorniot-kamen-koj-lekuva-i-ispolnuva-zhelbi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-zapochnete-so-ovaa-rabota-sv-nikita-ke-vi-pomogne-i-ke-bide-so-vas-osobeno-posetete-go-chudotvorniot-kamen-koj-lekuva-i-ispolnuva-zhelbi/#respond Thu, 28 Sep 2023 07:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=882570

Денеска е Св. маченик Никита. Свети Никита по потекло беше Гот. Во негово време готскиот кнез Атанарик започна гонење на христијаните во својата област. Меѓу оние што не сакаа да се откажат од Христа се најде и овој свет маченик. Беше фрлен во оган и на тој начин погубен, но Бог така устрои неговите мошти сепак да останат цели. А нив ги зеде другарот на Никита, Ма¬ријан, и ги пренесе од готската земја (Влашка и Бесарабија) во областа Киликија во Мала Азија, во градот Мопсуест. Тука неговите чудотворни мошти беа положени во црквата подигната во негов спомен. А пострада и се прослави овој чудесен маченик во 375 година. Обичаи и верувања Обичајот налага дека од денес се започнува со подготвување на зимница со помош на овој светец. Исто така се верува дека тој кој денес ќе застане на каменот во манастирот Свети Никита, ќе се сврти трипати, ќе се поклони и ќе си замисли желба, моштите на светецот ќе им ја исполни. Каменот кој помага, ритуал на поврзување Моќта не е во каменот, моќта е во коските, а тој е само начин да се поврзе верникот со светецот и со Бога. Стоејќи на каменот, верникот полесно се поврзува во Бог и неговата мака, болка или желба полесно ќе биде чуена и решена, исцелена, исполнета, со помош на светите мошти, но и силната верба. За да еден човек си ја каже маката, се прави еден мал ритуал. Прво човекот влегува во црквата и си пали свеќа. Тогаш клисарот го трга тепихот под кој стои каменот. Човекот застанува со лицето накај олтарот. Се прекрстува, прави круг и се поклонува свртен кон олтарот. И така три пати. Кога ќе заврши последниот круг ја кажува молитвата „оче наш“. На крај си ја кажува маката или желбата. Исполнети желби Клисарот раскажува дека ова е единственото место во светот каде може со специфичен ритуал да се поврзат верникот и Господ, каде со помош на моќта на моштите од великомаченикот, му се помага на секој кој има мака. И наши, и странци, мајки, татковци, деца, илјадници луѓе застане на овој камен и се поклониле, сите со иста цел, моштите да им помогнат. Неодамна дошле четириесет монахињи од Сибир, кои биле восхитени од манастирот. Една жена, дошла оти не можела да има деца. Стапнала на каменот, ја кажала молитвата и заминала. По една година и четири месеци пак се појавила со машко дете во рацете, закажала крштавка и синот го крстила Никита, по светецот кој и помогна да зачне и да роди. Еден ерген од соседно село кој не можел невеста дома да донесе, откако се поклонил и ја кажал својата мака, по неколку месеци закажал и свадба, во истата црква. Најчести посетители на манастирот се мајките со мали деца, кои не можат за зборуваат, да одат, немирно спијат и мократ. Но, откако ќе го направат ритуалот, се враќаат задоволни, се поклонуваат пред иконата оти маките им се решени, децата мирни. Клисарот насмеано раскажува и за две девојки, кои дошле да побараат помош за да го завршат факултетот. По некое време се вратиле и му кажале дека по толку маки, конечно дипломирале, но побарале повторно да застанат на светиот камен. Тој им рекол зарем ме лажете, зарем не завршивте, зошто пак сакате да се помолите. Тие му рекле факултетот го завршивме, сега ќе побараме да се омажиме за добри момчиња. Вели дека и пратеници доаѓале, да се помолат пред избори, но тој им велел каменот е за здравје, не е за политика. Ова се малку од многу исполнети желби, а ако и вие имате некоја и верувате во моќта на големиот Никита чудотворец и великомаченик, тогаш тргнете накај падините на Скопска Црна Гора, каде меѓу старите селски камени куќи и недопрената природа стои манастирот Свети Никита, каде чудата се случуваат, болни оздравуваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/denes-zapochnete-so-ovaa-rabota-sv-nikita-ke-vi-pomogne-i-ke-bide-so-vas-osobeno-posetete-go-chudotvorniot-kamen-koj-lekuva-i-ispolnuva-zhelbi/feed/ 0
ПОДАРЕТЕ НЕШТО – денеска е празник на родителите на Богородица https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podarete-neshto-deneska-e-praznik-na-roditelite-na-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podarete-neshto-deneska-e-praznik-na-roditelite-na-bogoroditsa/#respond Fri, 22 Sep 2023 10:47:20 +0000 https://kurir.mk/?p=880682

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 9 септември, ден кога се празнуваат светите праведни богоотци Јоаким и Ана, родителите на пресвета Богородица. Именден празнуваат: Ана, Јана, Јаника… Денешниот празник е органски поврзан со празникот од претходниот ден, со празникот на раѓањето на Богородица. Како и по сите поголеми празници, и по овој празник се празнува споменот на непосредните учесници во настанот што ја сочинува содржината на вчерашниот празник. Тоа е споменот на светите Јоаким и Ана. Таткото на Јоаким се викаше Варпафир и беше родум од Јудиното племе, а потомок на царот Давид, а Ана беше ќерка на свештеникот Матан, од Левиевото колено. Тие ја добија ќерка си Марија на стари години, по 50 години брак и по нивните долги и топли молитви. Инаку, самите доживеаа длабока старост свети Јоаким се упокои на 80, а света Ана на 79 години. Овој празник меѓу народот се смета за полесен, па во некои краишта (Гевгелиско) не работеле само жените. Овој ден е посветен на добротворството и мисионерството и според верувањето денеска треба да се подари нешто. Бидете милостиви, но не со гордост и надменост туку со смиреност и почит кон тој кому се подарува. Доблеста не е доблест, ако тоа се меша со гревот, како што се млекото не е млеко, кога се меша со гас или оцет, поучува црквата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/podarete-neshto-deneska-e-praznik-na-roditelite-na-bogoroditsa/feed/ 0
Доаѓа голем празник: Еве што да направат жените за Мала Богородица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/#respond Wed, 20 Sep 2023 05:56:16 +0000 https://kurir.mk/?p=879678

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa-2/feed/ 0
ДОАЃА ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Еве што да направат жените за Мала Богородица https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa/#respond Mon, 18 Sep 2023 13:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=879170

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.]]>

Рождество на Пресвета Богородица (Мала Богородица) е еден од големите празници на Светата православна црква кој се прославува на 21 септември. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да и оддадат заслужено признание и на неговата мајка. Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што раѓаат ја повикуваат да им помогне полесно да се породат. Исто така, се верува дека таа им помага и на жените што немаат деца. Затоа ваквите жени оделе во црквите посветени на Богородица и се молеле пред нејзините икони. На Мала Богородица, исто како и на Голема, според народните верувања, постојат одредени забрани. Жените не би требало да чистат низ куќата, да перат алишта и да извршуваат слични работи. На тој ден не е добро ниту да се започнуваат никакви нови работи, туку тоа треба да се одложи за некој од наредните денови.]]>
https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/doaga-golem-praznik-eve-shto-da-napravat-zhenite-za-mala-bogoroditsa/feed/ 0