пречек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 14 Sep 2023 10:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пречек – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Германците пречекани од 1.000 фанови во Франкфурт (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germantsite-prechekani-od-1-000-fanovi-vo-frankfurt-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germantsite-prechekani-od-1-000-fanovi-vo-frankfurt-foto/#respond Thu, 14 Sep 2023 10:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=878000

За разлика од Србија каде беше организиран величенствен дочек на кошаркарската и баскет репрезентација, како и Новак Ѓокоиќ, во Германија сликата е поинаква. Светскиот првак беше дочекан во Франкфурт, но во една скромна атмосфера. Според германските медиуми околу 1.000 навивачи дошле да ги поздрават кошаркарите. Во центарот на вниманието се најде Денис Шрудер кој беше прогласен за МВП на финалето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/germantsite-prechekani-od-1-000-fanovi-vo-frankfurt-foto/feed/ 0
„Лудница“ на аеродромот во Белград на пречекот на сребрените кошаркари (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ludnitsa-na-aerodromot-vo-belgrad-na-prechekot-na-srebrenite-kosharkari-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ludnitsa-na-aerodromot-vo-belgrad-na-prechekot-na-srebrenite-kosharkari-video/#respond Tue, 12 Sep 2023 06:48:19 +0000 https://kurir.mk/?p=877160

Апсолутен спектакл ги дочека српските кошаркари на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград каде во раните утрински часови се собраа повеќе од илјада навивачи да ги пречекаат своите херои. Србија во Белград се врати со сребрениот медал од Светското првенство 2023, по поразот во финалето од Германија. Но, кошаркарите во Белград беа пречекани како вистински шампиони. „Пресреќен сум што луѓето во овие ноќни часови во вака голем број дојдоа да не пречекаат. Им благодарам на тоа и се надевам дека уживаа во игрите на овој тим“ – порача Богдановиќ, на кого се дополни и Стеван Јовиќ. „Горди сме на се што направивме на овој Мундобаскет. Ова што ни го приредија сега е, пак, најубавото нешто кое можевме да го сонуваме. Ова се моменти кои не се забораваат“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/ludnitsa-na-aerodromot-vo-belgrad-na-prechekot-na-srebrenite-kosharkari-video/feed/ 0
Мбапе пречекан како американски претседател во родното село на татко му во Камерун https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/#respond Mon, 10 Jul 2023 13:17:53 +0000 https://kurir.mk/?p=855044

Килјан Мбапе летниот одмор го искористи и за да го посети родното село на неговиот татко во Камерун. Мбапе, родум од Париз, пристигна минатиот викенд во селото на островот Џебале, а го третираа како американскиот претседател да пристигнал во таа африканска земја. Мбапе беше возен низ Камерун со оклопно комбе, а понекогаш дури и со оклопно возило кое цело време го придружуваше конвојот. На снимката на социјалните мрежи се гледаат специјалци како трчаат покрај колоната на Мбапе и не дозволуваат никој да се доближи до неа. Тој доби традиционална носија и седна во друштво на локалниот началник, по што одржа краток говор пред илјадници локални жители. Мбапе посети и основно училиште на крајбрежјето, чија изградба ја финансираше. Таткото на Мбапе, Вилфрид, на многу рана возраст го напуштил Камерун и отишол во Франција во потрага по подобар живот. Тој се преселил во Париз, каде што оформил семејство во кое ги израснале Мбапе, неговиот брат Итан и неговиот посвоен брат Жирес Кембо Екоко, кој исто така е фудбалер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mbape-prechekan-kako-amerikanski-pretsedatel-vo-rodnoto-selo-na-tatko-mu-vo-kamerun/feed/ 0
Видео: Вардар имаше шампионски пречек во Скопје https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-vardar-imashe-shampionski-prechek-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-vardar-imashe-shampionski-prechek-vo-skopje/#respond Mon, 22 May 2023 08:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=837295

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар по две години се враќа во Првата лига, откако вчера славеше во баражот против Скопје со 3-0, а потоа имаше шампионски пречек во главниот град. Голем број навивачи излегоа на улиците да ја поздрават македонската гордост, која минува низ тешка финансиска криза, но и покрај тоа собра сила да се врати во фудбалската елита. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/video-vardar-imashe-shampionski-prechek-vo-skopje/feed/ 0
Светските прваци стигнаа во Буенос Аирес, се очекува невиден спектакл (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskite-prvaci-stignaa-vo-buenos-aires-se-ochekuva-neviden-spektakl-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskite-prvaci-stignaa-vo-buenos-aires-se-ochekuva-neviden-spektakl-video/#respond Tue, 20 Dec 2022 07:51:22 +0000 https://kurir.mk/?p=777961

Лионел Меси и репрезентацијата на Аргентина пристигнаа околу 3:35 часот по локално време во Буенос Аирес по освојувањето на Светското првенство. Во Аргентина веднаш беше прогласен државен празник во знак на добредојде на репрезентацијата, која во финалето ја победи Франција по подоброто изведување пенали. Аргентинците жестоко слават од неделата и илјадници навивачи веќе се собраа на улиците. Стотици илјади навивачи се очекува денеска да излезат на улиците на Буенос Аирес за време на победничката парада. Многу навивачи веќе кампуваа таму и ги чекаа своите миленици, а некои лежеа на тревата и ги чекаа играчите. Буенос Аирес првпат ги пречекува светските шампиони по 1986 година, кога Аргентина го освои Светското првенство со Диего Армандо Марадона.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/svetskite-prvaci-stignaa-vo-buenos-aires-se-ochekuva-neviden-spektakl-video/feed/ 0
Промена на планот: Разочараните француски ѕвезди доживеаја неочекувано изненадување во Париз (Видео) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/promena-na-planot-razocharanite-francuski-dzvezdi-doziveaja-neochekuvano-iznenaduvanje-vo-pariz-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/promena-na-planot-razocharanite-francuski-dzvezdi-doziveaja-neochekuvano-iznenaduvanje-vo-pariz-video/#respond Tue, 20 Dec 2022 07:22:50 +0000 https://kurir.mk/?p=777924

Француската експедиција со огромно разочарување слета во Париз и беше најавено дека нема да има никаков пречек за фудбалерите кои се вратија од Катар како светски вицешампиони, но на крајот дојде до промена на планот и Дидие Дешамп и играчите останаа навистина изненадени. Фрустрираните француски фудбалери биле решени веднаш да си заминат во своите домови по слетувањето во престолнината, но сепак морале да направат исклучок и да ги отпоздрават навивачите кои се појавиле на плоштадот Конкорд. За волја на вистината, повеќе од 10 илјади француски фудбалски фанови покажале голема класа и со силен поздрав ги пречекале своите миленици, кои иако не ја одбранија светската титула, го добија респектот кој навистина го заслужуваат. Иако атмосферата не беше премногу славеничка, дел од играчите успеале да се расположат благодарение на навивачите, а Дешамп објаснил дека се променил првичниот план кога ја виделе реката од луѓе на балконот. – Не го планиравме ова, но наша должност е да им се заблагодариме и да ги отпоздравиме сите Французи кои не поддржуваа. Поделивме фантастични емоции иако последното поглавје беше сурово и болно. Сепак, не смееме да заборавиме што направи оваа група, иако имавме големи потешкотии на турнирот. За нас е многу важно што ги поздравивме овие прекрасни навивачи, – изјавил Дешамп.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/promena-na-planot-razocharanite-francuski-dzvezdi-doziveaja-neochekuvano-iznenaduvanje-vo-pariz-video/feed/ 0
Аргентина прогласи државен празник, фудбалерите пристигнуваат во Буенос Аирес https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-proglasi-drzaven-praznik-fudbalerite-pristignuvaat-vo-buenos-aires/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-proglasi-drzaven-praznik-fudbalerite-pristignuvaat-vo-buenos-aires/#respond Tue, 20 Dec 2022 07:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=777905

Фудбалската репрезентација на Аргентина, која завчера ја освои титулата на Светското првенство во Катар се очекуваше околу 7 часот по средноевропско време да пристигне во Буенос Аирес. Синоќа експедицијата тргна од Доха, а планирано беше да застане само во Рим поради долевање гориво. Во моментот на пристигнувањето, во Аргентина е 3 часот по полноќ, но таму е лето, па тоа не ги спречува навивачите да ги пречекаат своите херои. Локалните медиуми истакнуваат дека на фудбалерите им се подготвува спектакуларен пречек и повеќе стотини фанови на улиците. Поради тоа е прогласен и државен празник и се очекува вистински спектакл во земјата на новиот светски првак. Централната прослава треба да биде организирана пред претседателската палата Каса Росада, а на балконот треба да се појават Лионел Меси и неговите соиграчи. На ова место беше одржана и прославата во 1986 година кога, предводена од Диего Марадона, Аргентина ја освои втората титула на мундијалите.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/argentina-proglasi-drzaven-praznik-fudbalerite-pristignuvaat-vo-buenos-aires/feed/ 0
Нема церемонија и пречек за француската репрезентација, еве што побарале фудбалерите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nema-ceremonija-i-prechek-za-francuskata-reprezentacija-eve-shto-pobarale-fudbalerite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nema-ceremonija-i-prechek-za-francuskata-reprezentacija-eve-shto-pobarale-fudbalerite/#respond Mon, 19 Dec 2022 14:31:33 +0000 https://kurir.mk/?p=777667

Во Париз е откажан денешниот дочек на француската фудбалска репрезентација, која вчера загуби од Аргентина на пенали во финалето на Светското првенство во Катар. Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, во изјава за локалните медиуми прецизираше дека дочекот е откажан бидејќи фудбалери изразиле желба веднаш по слетување да заминат во своите домови. Првично беше планирана кратка церемонија на Плас де ла Конкорд, но поради вчерашниот пораз веќе беше откажана традиционалната поворка на Шанзелизе. Сега, како што прецизираше Ле Грет, е откажана и кратката церемонија. Авионот со француските фудбалери треба да слета на парискиот аеродром околу 18 часот. „Играчите само сакаат да одат дома, така што нема да има дочек на Шанзелизе. Место тоа, ќе заминат во своите домови веднаш откако авионот ќе слета“, изјави претседателот на ФФФ.

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/nema-ceremonija-i-prechek-za-francuskata-reprezentacija-eve-shto-pobarale-fudbalerite/feed/ 0
Три години од феноменалниот дочек: „Вардарци“ на плоштад пред 150.000 Македонци (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tri-godini-od-fenomenalniot-dochek-vardarci-na-ploshtad-pred-150-000-makedonci-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tri-godini-od-fenomenalniot-dochek-vardarci-na-ploshtad-pred-150-000-makedonci-video/#respond Fri, 03 Jun 2022 08:50:40 +0000 https://kurir.mk/?p=686030

Плоштадот „Македонија“ пред три години беше обоен во црвено-црно, откако над 150.000 Македонци се собраа за да ги поздрават европските шампиони, ракометарите на РК Вардар. Тоа беше втора европска круна за „вардарци“, со уште поголема тежина од онаа првата поради огромните долгови на газдата кон играчите, кои покажаа неверојатен карактер, се издигнаа над сите проблеми и остварија феноменален успех. Шпанецот Парондо го предводеше Вардар до втората европска титула во Келн, каде пред „црвено-црните“ паднаа европските гиганти Барселона и Веспрем. Илјадници фанови надвор од Скопје дојде во главниот град за овој спектакуларен дочек… ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/tri-godini-od-fenomenalniot-dochek-vardarci-na-ploshtad-pred-150-000-makedonci-video/feed/ 0
ПРИСТИГНАА НАРОДНИТЕ ХЕРОИ – започнува прославата на ПЛОШТАДОТ ВО СКОПЈЕ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pristignaa-narodnite-heroi-zapochnuva-proslavata-na-ploshtadot-vo-skopje-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pristignaa-narodnite-heroi-zapochnuva-proslavata-na-ploshtadot-vo-skopje-video/#respond Fri, 25 Mar 2022 17:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=653450

Македонската фудбалска репрезентација попладнево пристигна на скопскиот аеродром со чартер-лет од Палермо, каде вчеравечер на стадионот „Ренцо Барбера“ оствари сензационална победа над европскиот првак Италија и дојде на само чекор до историски пласман на Светско првенство. Фудбалерите и членовите на стручниот штаб од аеродромот во Скопје ќе се упатат на големо славје кое е најавено за вечерва од 18:30 часот на централниот плоштад „Македонија“. Илјадници навивачи синоќа спонтано излегоа на улиците во повеќе македонски градови за да ја прослават победата од 1-0 над Италија, која ги однесе „црвено – жолтите“ во финале од мундијалскиот бараж против Португалија, во вторник во Порто. Пред македонските фудбалери сега е последната пречка пред историски пласман на завршниот турнир, кој од 21 ноември до 18 декември ќе се одржи во Катар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pristignaa-narodnite-heroi-zapochnuva-proslavata-na-ploshtadot-vo-skopje-video/feed/ 0