пречистителна станица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 05 Aug 2023 10:52:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пречистителна станица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Општина Зрновци ја почнува изградбата на пречистителна станица за отпадни води во селото Видовиште https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-zrnovtsi-ja-pochnuva-izgradbata-na-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-seloto-vidovishte/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-zrnovtsi-ja-pochnuva-izgradbata-na-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-seloto-vidovishte/#respond Sat, 05 Aug 2023 10:52:06 +0000 https://kurir.mk/?p=863631

Со потпишувањето на договор со изведувачот на градежните работи, Општина Зрновци официјално ја почна реализацијата на проектот „Изградба на пречистителна станица за комунални и отпадни води во Видовиште“, за што ќе се инвестираат над 1,9 милиони денари. Најголем дел од инвестицијата е обезбеден со средства од Министерството за животна средина наменети за финансирање програми и проекти за заштита на природата, а Локалната самоуправа кофинансираше во трошоците за спроведување на постапката за избор на изведувач. -Овој проект е по барање на жителите на селото Видовиште и со него решаваме повеќедецениски проблем, односно го спречуваме понатамошното загадување на Видовишка Река како притока на Брегалница. Фекалната канализација од селото досега се излеваше во речното корито кое во текот на летниот период пресушува, а од отпадните води се создава мочуриште што претставува извор на зараза и голем загадувач на земјоделските површини. По потпишаниот договор со избраниот економски оператор и воведувањето во работа, очекуваме активностите на терен да почнат следната недела, истакна Борчо Коцев, градоначлник на Општина Зрновци. Со изградбата на новиот цевковод и каптажата за постојано водоснабдување во Видовиште, којашто е во завршна фаза, како и со потпишаниот договор за пречистителната станица, се реализираат две од трите клучни барања на жителите на ова село. Во текот на септември ќе се исполни и третото барање за изградба на локалниот пат од месноста Оризови Гумна до локалитетот Друмот, за што ќе се инвестираат околу 5,5 милиони денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-zrnovtsi-ja-pochnuva-izgradbata-na-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi-vo-seloto-vidovishte/feed/ 0
Европските банки и ЕУ се загрижени дека Арсовска и директорот на „Водовод“ не работат на проектот за пречистителна станица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/#respond Mon, 29 May 2023 08:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=839958

Европските банки, Европската унија и домашните институции вклучени во проектот пречистителна станица за отпадни води се загрижени дека Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ не ја поддржуваат имплементацијата на овој капитален проект. Ова стои во записникот од последниот состанок одржан меѓу сите инволвирани страни во проектот на 11 мај, на кој не дошле претставнии на Градот. На овој состанок е заклучено и дека иако парите се обезбедени, првата рата не може да легне на сметката зашто Град Скопје не ги завршил потребните административни работи, пишува СДК.МК. Претставници од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Европската инвестициска банка (ЕИБ), Делегацијата на ЕУ, Министерството за финансии, Министерството за животна средина, Секретаријатот за европски прашања, членовите на проектната единици за спроведување на проектот и претставници на „Водовод и канализација“ одржуваат редовни месечни состаноци за спроведувањето на проектот. На тие состаноци досега немало само претставници на Град Скопје иако имаат обврска да присуствуваат. Последниот состанок се одржал на 11 мај и на него било искажано незадоволство од ангажманот на Градот и „Водовод и канализација“ за спроведување на проектот. Според записникот во кој увид имаше САКАМДАКАЖАМ.МК, прво било посочено дека анексот на договорот со фирмата изведувач подготвен од проектната единица и одобрен од Европската инвестициска банка, сè уште не е потпишан од директорот на „Водовод“ Драган Илиевски. На состанокот, претставникот од Европската банка за обнова и развој кажал дека иако кредитот е ефективен, условите за исплата на парите не се исполнети. Од Европската инвестициска банка дополниле дека не се почитуваат условите за исплата на кредитот и не можат да се користат средства. Било посочено дека е потребно да се заврши процесот на експропријација и потребни се ресурси и поддршка за работење на проектната единица. Од банката уште еднаш на состанокот ја изразиле нивната загрижност дека менаџментот на „Водовод“ и раководството на Град Скопје не ја поддржуваат имплементацијата на проектот. Исто така било кажано дека сите трошоци што би настанале од евентуални тужби од изведувачот поради неисполнување на условите од договорот ќе треба да ги плати „Водовод и канализација“. Целата вест прочитајте ја на СДК.МК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evropskite-banki-i-eu-se-zagrizheni-deka-arsovska-i-direktorot-na-vodovod-ne-rabotat-na-proektot-za-prechistitelna-stanitsa/feed/ 0
Пуштена во употреба нова пречистителна станица во н.м Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-nova-prechistitelna-stanica-vo-n-m-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-nova-prechistitelna-stanica-vo-n-m-ilinden/#respond Wed, 02 Nov 2022 21:49:47 +0000 https://kurir.mk/?p=754682

Денес во функција е пуштена нова пречистителна станица во населеното место Илинден, која е со капацитет од 1300 еквивалент/жители и ќе опслужува приближно 330 домаќинства. Овој капитален проект е во рамки на програмските активности за изградба на фекална канализација со пречистителни станици, што претставува еден од нашите главни приоритетни проекти во служба на граѓаните. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, во присуство на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека на овој начин се унапредува животната средина и квалитетот на живот на граѓаните. - Ја пуштаме во употреба пречистителната станица во населено место Илинден со еквалент на 1300 жители којашто ќе ги задоволува потребите на околу 330 домаќинства, пречистителна станица која се градеше овој период од стана на Општина Илинден како инвеститор. На оваа пречистелна станица покрај домаќинствата, дополнително се приклучени и стопанските објекти од локалната економска зона Ограѓа во н.Илинден како и новозграденото основно училиште Гоце Делчев. На овој начин директно придонесуваме во унапредување и заштита на животната средина како и во подобрување на условите и квалитетот на живот на граѓаните на општина Илинден, рече градоначалникот Александар Георгиевски. Вкупната вредност на овој проект изнесува 11.000.000 денари средства обезбедени од буџетот на општина Илинден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-nova-prechistitelna-stanica-vo-n-m-ilinden/feed/ 0
Пуштена во употреба пречистителната станица во Кадино https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-prechistitelnata-stanica-vo-kadino/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-prechistitelnata-stanica-vo-kadino/#respond Wed, 27 Jul 2022 10:27:47 +0000 https://kurir.mk/?p=710750

Пуштена е во употреба пречистителната станица во населеното место Кадино припадна површина 3 која е со капацитет за 1250 еквивалент жители и ќе ги зафати отпадните води од фекалната канализација која е во должина од 3700 метри, информираат од Општина Илинден. Со изградбата на пречистителната станица ќе се овозможи да се зафатат отпадните води од над 300 домаќинства и стопански субјекти кои ќе бидат приклучени на системот за фекална канализација со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите во Кадино. Пречистителната станица претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на потребите. Со инсталирањето на овој тип на пречистителни станици со нова технологија за третман на отпадните води ќе се придонесе за решавање на приоритетниот проблем со кој се соочуваат граѓаните на Кадино, истовремено ќе се влијае во развојот на комуналната инфраструктура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pushtena-vo-upotreba-prechistitelnata-stanica-vo-kadino/feed/ 0
Во завршна фаза пречистителната станица во Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-zavrshna-faza-prechistitelnata-stanica-vo-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-zavrshna-faza-prechistitelnata-stanica-vo-ilinden/#respond Wed, 13 Apr 2022 10:07:07 +0000 https://kurir.mk/?p=662352

Општина Илинден интензивно работи на изградбата на пречистителната станица во населба Илинден со капацитет за над 300 домаќинства, кои ќе бидат приклучени на фекална канализација. Покрај домаќинствата кон пречистителната станица ќе се поврзат и стопанските субјекти од локалната економска зона Ограѓа, како и новото основно училиште. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид на градежните активности и истакна дека изградбата на фекална канализација и пречистителни станици е главен приоритет во работењето на локалната самоуправа и токму затоа нашата заложба ќе биде да се опфатат поголем број домаќинства како и јавни општински и стопански субјекти со фекална канализација. -На овој начин ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните како и директно ќе се влијае во унапредување и заштита на животната средина. Овие пречистителни станици претставуваат модуларен систем и истите можат да се надградуваат согласно потребите и капацитетите за домаќинства, лесно се одржливи, даваат висок квалитет на пречистена отпадна вода и имаат мала потрошувачка на електрична енергија, информираат од Општината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/vo-zavrshna-faza-prechistitelnata-stanica-vo-ilinden/feed/ 0
Изградба на фекална канализација и пречистителни станици во општина Илинден https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-fekalna-kanalizacija-i-prechistitelni-stanici-vo-opshtina-ilinden/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-fekalna-kanalizacija-i-prechistitelni-stanici-vo-opshtina-ilinden/#respond Wed, 29 Jul 2020 09:36:04 +0000 https://kurir.mk/?p=383065

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект Изградба на фекална канализација и пречистителни станици, во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, во општина Илинден во тек е изградба на канализациски систем за прифаќање и третман на отпадни води во населено место Кадино во должина од 4.982 метри, со препумпни уреди. Вкупната инвестиција за реализација на овој проект изнесува 23 милиони денари, од кои 14,5 милиони денари се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој, а преостанатиот дел од буџетот на општина Илинден. Со канализацискиот систем ќе бидат опфатени 330 домаќинства од ова населено место, како и други јавни објекти со што значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живот. Изградбата на овој систем што се наоѓа во најнискиот дел од Кадино каде што нема фекална канализација треба да биде завршен до крајот на оваа година. Заедно со веќе постоечкиот канализациски систем припадна површина 4, сега со фекална канализација ќе бидат опфатени над 660 домаќинства или, 80% од вкупното население од ова населено место. По завршувањето на изградбата на канализацискиот систем, како што најави градоначалникот Жика Стојановски кој на самото место се запозна со текот на градежните работите, локалната самоуправа планира да работи на подобрување на патната инфраструктура, токму на овие улици каде што минува канализацискиот систем. Во рамките на реализацијата на проектот Изградба на фекална канализација и пречистителни станици досега се изградени 4 сегменти од фекалната канализација, со 5 пречистителни станици на 5 локации, во 4 населени места, и канализациска мрежа во должина од 21.000 метри. На канализацискиот систем кој опфаќа 1500 домаќинства, досега се приклучени 1243 домаќинства. Приоритет во изградбата на сегментите имаат места, области и локации кои подлежат на високо ниво на подземните води. Главна цел е да се прочистат отпадните фекални води од домаќинствата и стопанските објекти и потоа да се пуштат во одводниот реципиент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/izgradba-na-fekalna-kanalizacija-i-prechistitelni-stanici-vo-opshtina-ilinden/feed/ 0
Заев повторно се кити со туѓи перја: Пушта во употреба пречистителна станица која ја градеше ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-se-kiti-so-tugji-perja-pushta-vo-upotreba-prechistitelna-stanica-koja-ja-gradeshe-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-se-kiti-so-tugji-perja-pushta-vo-upotreba-prechistitelna-stanica-koja-ja-gradeshe-vmro-dpmne/#respond Tue, 03 Jul 2018 09:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=72393

Премиерот Зоран Заев денеска ќе ја пушти во употреба пречистителната страница во Прилеп, проект кој го започна ВМРО-ДПМНЕ во 2014. година. Со оваа пречистителна станица загадувањето на реката ќе се сведе на минимум, а со тоа ќе се овозможи одгледување на поквалитетни земјоделски производи. Според проектот, поставени се 70 километри нови цевки за фекална канализација. Напоредно со смената на канализациони цевки се изврши и промена на водоводната мрежа, како продолжување на проекто на КФБ банката. Бенефитот од овој проект најмногу се чувствува кај загубите на вода. До пред почнувањето на изградбата Прилеп трошеше 360 литри вода во секунда, а за време на изградбата таа се намали од 200 до 220 литри вода во секунда. Со ова Прилеп е еден од ретките градови кај нас каде отпадните води ќе бидат 100% пречиститени, a земјоделското производство може да се сертифицира како еколошко и органско. Проектот е вреден 17 милиони евра, инвестицијата 85 отсто е обезбедена со европски пари од ИПА 3 компонентата, а 15 проценти ги покри државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-se-kiti-so-tugji-perja-pushta-vo-upotreba-prechistitelna-stanica-koja-ja-gradeshe-vmro-dpmne/feed/ 0