предатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 10:23:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предатор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР бара информации за системите „Пегасус“ и „Предатор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/#respond Fri, 21 Jul 2023 10:23:35 +0000 https://kurir.mk/?p=858692

Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за безбедност и Агенцијата за разузнавање на денешната седница го прифати предлогот на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз со кој се бара од надлежните институции да достават Информација за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби. -Во информацијата покрај другото треба да се опфатат и следните елементи - кои фирми се вклучени во производството и продажбата на системите, дали нашите служби ги користат и поседуваат, дали вакви системи поседуваат поединци, компании, политички партии и други субјекти. Потоа дали и која институција ги штити граѓаните од злоупотреба на овие системи, рече Трајанов на седницата. Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ рече дека во однос на можното користење на софтверите, во април упатиле пратеничко прашање на што добиле одговор дека не е регистрирана употреба на софтверите од страна на институциите. - После ставањето на фирмата која го произвела софтверот на црната листа, САД и кажуваат на земјава дека тоа претставува закана за националната безбедност, меѓутоа ЈО на РМ се произнесува за ненадлежно. Практично, за некои странски држави производството на овој софтвер во нашата држава е закана за националната безбедност, а за нас очигледно дека нашите институции сметаат дека тоа не е. Тоа укажува на фактот дека свесно се употребува тој софтвер и се бега од вистината или пак несвесно се употребува, а институциите не се свесни дека таков софтвер имаме и дека нема капацитет за проследување на ваквите закани, рече Ковачки. Се очекува во Информацијата да биде дадена и оценка за казнените мерки, односно дали тие обезбедуваат превенција или треба зголемување на казните при злоупотреба на системите. Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, МВР, но и военото разузнавање и други институции, овие информации треба да ги достават до Комисијата за надзор над работата на АНБ И АР најдоцна до 18 август годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-nadzor-nad-rabotata-na-anb-i-ar-bara-informatsii-za-sistemite-pegasus-i-predator/feed/ 0
Претпродолжението на „Предатор“ од 5 август на Хулу https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pretprodolzenieto-na-predator-od-5-avgust-na-hulu/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pretprodolzenieto-na-predator-od-5-avgust-na-hulu/#respond Wed, 27 Jul 2022 07:40:51 +0000 https://kurir.mk/?p=710648

Полни 35 години по првиот филм за чудовиштето-вонземјанин „Предатор“, суштеството се враќа на сцена во претстојниот филм „Плен“ (Prey). Во режија на Ден Трахтенберг, „Плен“ е сместен во 1719 година кога „грабливецот“ се спушта на Големата Северна Рамнина во САД, подготвен за лов… Ова е последен филм на серијалот филмови којшто започна со остварувањето од 1987 година во режија на Џон Мектирнан и со Арнолд Шварценегер во главната улога. – Технички гледано, тој филм им претходи на другите, но тоа не е приказна за тоа од каде доаѓа Предаторот…, рече Трахтенберг на лондонската премиера. Трахтенберг ја постави приказната меѓу домородниот американски народ Команчи и речиси сите глумци во поставата се Домородни Американци. Улогите ги толкуваат Амбер Митхандер, Дејн Дилиегро, Џеронимо Вела, Стефани Матијас и други. – Мислев дека е одлична работа да се истакнат Домородните Американци, особено Команчите, кои често се наоѓаат во улогата на негативци, а никогаш херои, рече режисерот. „Плен“ од 5 август ќе се прикажува во САД, на стрим-платформата Хулу, а во Велика Британија на Дизни плус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/pretprodolzenieto-na-predator-od-5-avgust-na-hulu/feed/ 0
„Одеднаш дојде од длабочина“: Девојка едвај преживеала напад од предатор – сега се залага за нивна заштита (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odednash-dojde-od-dlabochina-devojka-edvaj-preziveala-napad-od-predator-sega-se-zalaga-za-nivna-zashtita-foto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odednash-dojde-od-dlabochina-devojka-edvaj-preziveala-napad-od-predator-sega-se-zalaga-za-nivna-zashtita-foto/#respond Fri, 07 May 2021 11:24:50 +0000 https://kurir.mk/?p=507088

Лиза Монди е активистка која се залага за заштита на големата бела ајкула, предатор од кој за малку ќе го загубела животот. Пред десет години, оваа Австралијанка од Порт Стивенс била нападната додека сурфала со пријателите. Паднала од таблата во водата, а потоа ја нападнала ајкула долга четири метри. Лиза вели дека се сеќава на нападот како да бил вчера. - Таа дојде ненадејно од длабочините, со голема брзина. Мојата рака беше веднаш до нејзината глава. Таа ги отвори вилиците, јас суштински гледав низ грлото, рече Лиса.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lisa Mondy (@lisa.mondy)

Откако ме фати, продолжи да плива со мојата рака во забите, ме зеде со себе, рече Лиса. Сепак, во моментот кога „зафатот се олабави“, Лиза успеала да избега и да исплива до површината на водата. Во акцијата за спасување учествувал и хеликоптер кој ја пренел во болницата „Џон Хантер“. Поминала дури 16 часа на операција. Сеќавањата за ужасниот напад и искуството за блиска смрт продолжуваат да ја придружуваат. Постојат и физички последици. Лиза Монди сè уште ја нема целата функција на левата рака и има лузни на лицето, вратот и надлактицата.
 
По ваквата животна траума, последно што би помислиле е дека Лиза ќе започне да работи за да ги заштити видовите животни кои ја нападнале. Лиза го сторила тоа и денес е активист „во мисијата за спасување ајкули“. Мрежите поставени за заштита на пливачите на плажите низ Австралија убиваат стотици морски животни секоја година, вклучително и загрозени видови. Лиза во моментов лобира против ваквите мерки и се бори против ловот на големи бели ајкули, кои имаат статус на заштитени животни во повеќето крајбрежни земји. Неодамна на таа мисија, таа се здружи со морскиот биолог Њукасл, Роб Кар, кој дизајнираше маскирен костим за капење и даска за сурфање за да ги направи капачите и сурферите помалку забележливи во водата, и како ајкулите потешко да ги забележуваат.
 
На денот на одбележувањето на десетгодишнината од нападот, Лиса си направи тетоважа во форма на ајкула. Таа вели дека се чувствува среќно што останала жива и дека успеала да извлече нешто позитивно од трауматското искуство, а токму тоа е борбата да се заштити ова уникатно животно. Големата бела ајкула може да биде долга повеќе од шест метри, а нејзиниот животен век се проценува на околу 70 години. Во природата нема непријатели, освен орка (кит убиец). Може да плива и на длабочина од 1.200 метри. Покрај риби и делфини, таа сака да лови и фоки, видра, птици ...]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/odednash-dojde-od-dlabochina-devojka-edvaj-preziveala-napad-od-predator-sega-se-zalaga-za-nivna-zashtita-foto/feed/ 0
Објавен трејлер за новото продолжение на „Предатор“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejler-za-novoto-prodolzenie-na-predator-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejler-za-novoto-prodolzenie-na-predator-video/#respond Fri, 11 May 2018 14:09:34 +0000 https://kurir.mk/?p=53119

Филмската компанија Фокс објави трејлер за новото продолжение на хорор акцијата „Предатор“. Судејќи според најавата, вонземските грабливци овојпат се посилни, попаметни и посмртоносни од кога било во 30-годишната филмска сага, поради претопувањето и асимилацијата на други светови, коишто ги освоиле, пред повторно да ја нападнат Земјата. „Предатор“ е еден од филмовите кои го прославија Арнолд Шварценегер, а во новото продолжение на сагата, главната улога му припадна на Џејкоб Тремблеј. Во филмот уште глумат и Ивон Страховски, Оливија Мун, Лохлин Мунро и Стерлинг К. Баун. Премиерата е закажана за 14 септември годинава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/objaven-trejler-za-novoto-prodolzenie-na-predator-video/feed/ 0
Заб од праисториски предатор украден во Австралија https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zab-od-praistoriski-predator-ukraden-vo-avstralija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zab-od-praistoriski-predator-ukraden-vo-avstralija/#respond Tue, 13 Mar 2018 20:14:31 +0000 http://kurir.mk/?p=29708

Заб од џиновска праисториска ајкула долг осум сантиметри е украден од локалитет во националниот парк на брегот Нангалу во западна Австралија. Фосилот припаѓал на вид џиновски океански грабливци – мегалодони, предци на денешните ајкули, кои изумреле пред 2,6 милиони години. Украдениот заб е еден од двата такви во националниот парк на  брегот Нангалу, инаку прогласен за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Претставниците на националниот парк сметаат дека крадците точно знаеле што прават, односно дека забот е намерно украден.

- Од се најлошо е што е украден забот кој беше во подобра состојба и за чие постоење не се знаеше многу во јавноста. Инаку нашиот персонал  и физички го заштити, покривајќи го и маскирајќи го со цел да остане скриен, изјави портпаролот на националниот парк Арвид Хогстром.

Освен што се наоѓал на релативно скриена локација, забот бил поврзан со камен и за разлика од другиот заб туристите не го посетувале.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/zab-od-praistoriski-predator-ukraden-vo-avstralija/feed/ 0