предавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 08 May 2022 13:34:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Прес на припадници на Азов од „Азовстал“: Нашето предавање би било подарок за непријателот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/#respond Sun, 08 May 2022 13:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=673620

Припадниците на полкот Азов, кои се наоѓаат во челичарницата „Азовстал“ во украинскиот град Мариупол, денеска одржаа онлајн прес-конференција. На јавноста преку Јутјуб и се обратија заменик-командантот на Азов, Свјатослав Паламар и поручникот Илија Самоленко. Паламар изјави дека руските сили продолжиле да ја напаѓаат фабриката за челик и се обидуваат да ја освојат. Тој додаде дека не може да потврди дали сите цивили се евакуирани од „Азовстал“. – Предавањето не е опција бидејќи Русија не е заинтересирана за нашите животи. Веројатноста да преживееме ако се предадеме е нула. Предавањето е неприфатливо за нас. Не можеме да му дадеме таков подарок на непријателот. Да се биде заробен, за мене значи мртов, истакна поручникот Илија Самоленко. – Ние се бориме против агресорите, непријателот кој носи терор во Украина, против нивното варварство, додаде Самоленко. Заменик командантот на Азов, Свјатослав Паламар нагласи дека украинските војници во „Азовстал“ ќе се борат додека се живи. – Ќе продолжиме да се бориме додека сме живи за да се спротивставиме на руските окупатори, истакна Паламар, повикувајќи на итна евакуација на ранетите соборци: „Немаме многу време, Русите интензивно гранатираат“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pres-na-pripadnici-na-azov-od-azovstal-nasheto-predavanje-bi-bilo-podarok-za-neprijatelot/feed/ 0
Украина рече „НЕ“ – Помина рокот за предавање на Мариупол https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-reche-ne-pomina-rokot-za-predavanje-na-mariupol/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-reche-ne-pomina-rokot-za-predavanje-na-mariupol/#respond Mon, 21 Mar 2022 07:19:53 +0000 https://kurir.mk/?p=650445

Украина денеска ги отфрли руските повици да го предаде пристанишниот град Мариупол, каде жителите се опколени и оставени со малку храна, вода и струја во хуманитарна криза што го зголемува притисокот врз европските лидери да ги заострат санкциите кон Москва. Украинската влада ги отфрли руските повици украинските сили во Мариупол да го положат оружјето во замена за безбедно излегување од градот и хуманитарните коридори. – Не може да се зборува за какво било предавање, полагање оружје. За тоа веќе ја информиравме руската страна – ја цитираше изјавата на заменик-премиерката на Украина Ирина Верешчук весникот портал „Украинска правда“. Мариупол претрпе некои од најтешките бомбардирања откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Многу од неговите 400.000 жители сè уште се заробени додека борбите беснеат на улиците околу нив. Верешчук рече дека повеќе од 7.000 луѓе биле евакуирани од украинските градови преку хуманитарни коридори во неделата, повеќе од половина од Мариупол. Таа рече дека владата планира да испрати речиси 50 автобуси таму во понеделник за понатамошна евакуација. За време на војната, Русија и Украина склучија договори за хуманитарни коридори за евакуација на цивили, но меѓусебно се обвинуваа за често кршење на тие договори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-reche-ne-pomina-rokot-za-predavanje-na-mariupol/feed/ 0
Етиопија им даде рок на бунтовниците од 72 часа да се предадат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/#respond Mon, 23 Nov 2020 07:37:34 +0000 https://kurir.mk/?p=432996

Премиерот на Етиопија, Абиј Ахмед, им даде рок од 72 часа на бунтовничките сили во провинцијата Тиграј да се предадат или етиопската армија ќе почне офанзива врз главниот град Мекеле. „Бараме да се предадете мирно во следните 72 часа и со тоа да признаете дека сте стигнале до точката од која нема враќање“, напиша премиерот во пораката на Твитер, што беше објавена од британските медиуми. Етиопската армија претходно вчера соопшти дека ќе го опколила градот Мекеле со тенковски единици и го предупреди локалното население дека градот ќе биде под артилериски оган. Конфликтот во Тиграј избувна на 4 ноември, кога силите на Народниот ослободителен фронт Тиграј почнаа ненадеен напад врз позициите на етиопската армија. Во конфликтот досега, според британските медиуми, „ има стотици убиени, а можеби и илјадници лица“, додека повеќе од 30.000 жители на Тиграј мораа да ги напуштат своите домови и да пребегаат во соседен Судан. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/etiopija-im-dade-rok-na-buntovnicite-od-72-chasa-da-se-predadat/feed/ 0
Почнува предавањето на предметите од СЈО во ЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/#respond Fri, 13 Sep 2019 08:20:45 +0000 https://kurir.mk/?p=240179

Специјалното јавно обвинителство од денеска треба да почне да ги предава предметите на Јавното обвинителство на Република Македонија. Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески вели дека е утврден начинот на преземање на предметите, а од СЈО оти се подготвени за трансфер на сите списи и докази во Јавното обвинителство. Се очекува предавањето на предметите да биде заокружено до 15 септември кога истекува мандатот на специјалната обвинителка Катица Јанева, која е во притвор за случајот „Рекет“. Засега не се знае кој ќе продолжи да ги застапува предметите и како ќе се распоредат вработените од СЈО. Стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО вчера преку јавно писмо изрази разочараност од недоволното внимание кое се посветува на прашањето за иднината на најголемиот дел вработени во ова Јавно обвинителство и апелира до меѓународната заедница која беше дел од процесите на формирање на обвинителството и до политичките чинители во земјава внимателно и активно да ги следи актуелните процеси поврзани за навниот работен ангажман. Писмото е потпишано од стручниот, административен и помошно-технички персонал на СЈО е адресирано до амбасадите на САД, Кралството Холаднија и Делегацијата на ЕУ, како и до претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и до министерката за правда Рената Дескоска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuva-predavanjeto-na-predmetite-od-sjo-vo-jo/feed/ 0
Околу 3.000 џихадисти се предадоа во источна Сирија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-3-000-dzihadisti-se-predadoa-vo-istochna-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-3-000-dzihadisti-se-predadoa-vo-istochna-sirija/#respond Wed, 13 Mar 2019 06:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=174161

Околу 3.000 џихадисти им се предале вчера на Сириските демократски сили што се поддржани од САД во источниот дел од Сирија. Таму бомбардирањата продолжија во крајот на вчерашниот ден врз последната енклава под контрола на ИД. Од „калифатот“ прогласен од џихадистите во 2014 година, во територии на Сирија и на Ирак, сега останува само мал сектор околу селото Багуз близу границата со Ирак. Преземањето на таа енклава ќе стави крај на „калифатот“ и тоа ќе биде од големо значење за Сириските демократски сили.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-3-000-dzihadisti-se-predadoa-vo-istochna-sirija/feed/ 0
Иванов одржа предавање на Државниот универзитет Вејн во Детроит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/#respond Sat, 22 Sep 2018 09:56:22 +0000 https://kurir.mk/?p=104466

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, на почетокот на работната посета на САД, одржа предавање на престижниот Државен универзитет Вејн во Детроит. Македонскиот претседател, кој беше најавен како поддржувач на принципите на пазарната економија и политичкиот плурализам, говореше на тема „Раѓањето на нов свет: Предизвици и можности за генерациите Y, Z и Алфа“, соопшти прес-службата на Кабинетот на Иванов. Зборувајќи за предизвиците и можностите на новите генерации низ призмата на познатите филозофи, Иванов ги објаснуваше промените во светот, предизвикани од брзиот напредок на технологијата, миграцијата, демогафијата, климатските промени. - Настапува период на пост-демократија. Тоа не е недемократија, туку демократијата ќе влезе во поинаква фаза кога ќе се види дека на неа не делуваат толку тие што ги избираат политичарите, туку спин докторите. Спин доктори се креатори на политиките, програмите и активностите на политичарите, рече претседателот Иванов. Говорејќи за големата криза од 2008 година и за причините поради која се случија промени, и во реалноста и во размислувањата, тој посочи дека се загубила етиката и ги охрабри младите да го искористат својот потенцијал, во ова време на хиперповрзаност во дигитално трансформиран свет. Според македонскиот претседател таквиот нов свет на sharing philosophy, block-chain технологии и старт ап бизниси, го создаваат младите дигитални генерации, преку социјалните мрежи. - Знаењето нема смисла ако не се користи, тоа треба да има апликативна функција, да го примените тоа знаење, да ви користи во животот. Се претпоставува дека едно од тие најтајни учења е дека се што е човекова креација, се што е создадено од човек, без разлика дали е политика, спорт, војна, медицина, култура, сè подлежи на исти четири правила. Ако ги почитувате, секој пат ќе најдете решение за сè. Тие четири златни правила се состојат од четири мудрости: бидете трпелив, учете од другиот, искористете го моментот и четврто, ако сакате да успеете бидете подготвени за жртва“, изјави Иванов. Пред студентите, македонскиот претседател истакна дека е восхитен од нивната самодоверба, храброст и подготвеност, да бидат социјално активни за бројни прашања, но истовремено им порача да го канализираат уникатниот потенцијал на нивната генерација за достигнување на трајни вредности. Државниот универзитет Вејн, основан во 1868 година, е меѓу топ 50-те американски државни универзитети за истражувачка дејност. Во рамките на овој универзитет е Мајк Илич Бизнис Школата, која го носи името во чест американскиот бизнисмен со македонско потекло Мајк Илич. За време на престојот во Детроит, на претседателот Иванов ќе му биде врачена наградата Глобален државник, највисоко признание што го доделува Обединетата македонска дијаспора. Посетата на македонскиот претседател на САД е по повод учеството на 73. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк, каде е предвидено да се обрати на 27 септември. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-odrza-predavanje-na-drzavniot-univerzitet-vejn-vo-detroit/feed/ 0