предизборен молк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 01 Oct 2022 08:04:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предизборен молк – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предизборен молк во Босна и Херцеговина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predizboren-molk-vo-bosna-i-hercegovina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predizboren-molk-vo-bosna-i-hercegovina/#respond Sat, 01 Oct 2022 08:04:08 +0000 https://kurir.mk/?p=739834

Во Босна и Херцеговина денеска е предизборен молк пред утрешните општи избори во земјата. Околу 3,3 милиони луѓе од вкупното население на Босна од 3,5 милиони ќе имаат можност да одлучат кој босански Србин, Хрват и муслиман ќе ги претставува во колективното тричлено Претседателство, кое на ротирачка основа е предводено од еден на претставниците на трите заедници. Според Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во БиХ (1992-1995 година), земјата е поделена на два полуавтономни дела – Република Српска, населена главно со босански Срби (31 отсто од целото население на Босна) и Муслиманско-хрватската федерација, односно Федерација БиХ, каде што живеат претежно босански муслимани – Бошњаци (околу 50 проценти) и босански Хрвати (15 проценти). Покрај членовите на Претседателството, Босанците ќе избираат и свои претставници во долниот дом на националниот парламент, парламентите на двете конститутивни единици, како и во парламентите на десетте кантони на ФБиХ. Република Српска ќе избира и претседател и потпретседатели. Граѓаните ќе можат да избираат меѓу 72 партии, 17 независни кандидати и 38 коалиции, соопшти Централната изборна комисија (ЦИК). Над 3.700 набљудувачи се акредитирани за изборите. Според прелиминарните проценки на ЦИК, изборите ќе чинат 12.528.000 конвертибилни марки (околу 6.264.000 евра).]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/predizboren-molk-vo-bosna-i-hercegovina/feed/ 0
Албанија: Од вечерва на полноќ започнува изборниот молк пред делумните локални избори https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-vecherva-na-polnokj-zapochnuva-izborniot-molk-pred-delumnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-vecherva-na-polnokj-zapochnuva-izborniot-molk-pred-delumnite-lokalni-izbori/#respond Fri, 04 Mar 2022 14:07:15 +0000 https://kurir.mk/?p=640985

Во Албанија вечерва на полноќ настапува изборниот молк за неделните делумни избори за градоначалници во шест општини. Како што информираше претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши, изборниот материјал веќе е доставен, како и апаратите за електронска идентфикација. – Во општина Вора граѓаните ќе може да гласаат електронски, а на ист начин ќе се бројат и гласовите, додека во останатите пет општини, Драч, Скадар, Рогожина, Љушња и Пешкопеја, резултатите од гласањето ќе бидат соопштени во рок од 48 часа од затворањето на избирачките места. В недела ќе се гласа на 940 гласачки места а во единствениот избирачки список се запишани 648.536 лица со право на глас. За шест градоначалнички места во трка се 20 кандидати, рече Целибаши. Тој остварил средба со американската амбасадорка Јури Ким и евроамбасадорот Луиџи Сореца, кои искажале поддршка за работата на ЦИК, која, според нив има клучна улога во спроведувањето слободни и фер избори. Амбасадорката Ким ја нагласила американската поддршка за основното демократско право на граѓаните да гласаат по своја слободна волја, во мир, без непотребни закани. Целибаше информираше дека до министерството за внатрешни работи е доставено барање да се продолжи рокот на важноста на документите за идентификација на граѓаните. Инаку, поради изборната кампања вчера не беше одржана пленарната седница на Паралеметнот, на која требаше да се изгласа резолуција за Украина. Како што информираа од законодавниот дом таа е закажана за 7 март. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-od-vecherva-na-polnokj-zapochnuva-izborniot-molk-pred-delumnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Во 19:30 завршува предизборниот молк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-19-30-zavrshuva-predizborniot-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-19-30-zavrshuva-predizborniot-molk/#respond Sun, 17 Oct 2021 17:12:43 +0000 https://kurir.mk/?p=580945

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски на последната прес конференција изјави дека предизборниот молк ќе трае до 19:30 часот. Претходно, тој информираше дека на сите граѓани кои се дојдени на избирачките места до 19 часот ќе им биде овозможено да гласаат. На денешните седми локални избори право на глас имаа 1 824 864 граѓани, кои гласаа на 3.480 избирачки места.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-19-30-zavrshuva-predizborniot-molk/feed/ 0
Од вечерва на полноќ – предизборен молк во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-vecherva-na-polnokj-predizboren-molk-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-vecherva-na-polnokj-predizboren-molk-vo-hrvatska/#respond Fri, 03 Jul 2020 09:53:13 +0000 https://kurir.mk/?p=368100

Во Хрватска на полноќ, стапува во сила предизборен молк пред парламентарните избори закажани за в недела, на 5 јули. За време на дводневниот изборен молк, забранета е секаква изборна промоција, објавување проценки на изборните резултати, објавување фотографии во медиумите, изјави и интервјуа на кандидати. Редовните парламентарни избори во Хрватска требаше да се одржат во декември оваа година, но поради епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот, донесена е одлука тие да се спроведат неколку месеци порано. Официјално, изборната кампања траеше само 15 дена, неофицијално траеше многу подолго, оценуваат хрватските медиуми. Во трката учествуваат 192 изборни листи со 2.700 кандидати кои се борат за 151 пратеничко место. Бројот на листи по изборни единици не е ист и се движи од 13 во пет, до 22 во седум изборни единици. На изборните листи  41 отсто од кандидатите се жени, а просечната старост на кандидатите е 48,6 години. Вкупно 3,86 милиони избирачи ќе гласаат на околу 7.000 избирачки места во Хрватска и во странство. Изборите ќе ги следат скоро 8.700 набљудувачи. За спроведување на изборите ќе бидат ангажирани околу 75.000 луѓе. Според аналитичарите и истражувањето на јавното мислење, Хрватска се соочува со најнеизвесните парламентарни избори досега. Според најновите истражувања, тесна победа би можела да постигне  Рестарт коалицијата, собрана околу опозициската СДП, од каде и дојде актуелниот претседател Зоран Милановиќ, но се верува дека поголем коалициски потенцијал има досегашниот премиер Андреј Пленкович и владејачката ХДЗ, што се очекува да биде клучно за формирање на нова влада. Според проценките на ХРејтинг, во сите десет изборни единици, релативен победник би можела да биде листата на СДП предводена од Давор Бернардиќ, со 60 пратенички места, на второ место листата предводена од Пленковиќ со 54 места, а на трето, десничарско националистичко „Татковинско движење“ на Мирослав Шкоро со 18 пратенички места. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-vecherva-na-polnokj-predizboren-molk-vo-hrvatska/feed/ 0
На полноќ почнува изборниот молк во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-polnokj-pochnuva-izborniot-molk-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-polnokj-pochnuva-izborniot-molk-vo-srbija/#respond Thu, 18 Jun 2020 10:27:15 +0000 https://kurir.mk/?p=359405

Предизборниот молк, во пресрет на парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија, почнува вечерва на полноќ и трае до затворањето на избирачките места во недела, 21 јуни, во 20 часот. Изборниот молк значи дека кандидатските листи нема да можат да се рекламираат во традиционалните медиуми, ниту да организираат предизборни митинзи, но социјалните мрежи не подлежат на овие ограничувања, каде што партиите можат да ги продолжат своите изборни активности без пречки. Вкупно 6.583.665 граѓани на Србија имаат право на глас на парламентарните избори и ќе можат да го користат своето право на глас на 8.385 избирачки места. Изборите ќе ги следат 3.341 домашни и 111 странски набудувачи. На парламентарните избори ќе учествуваат 21 изборна листа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/na-polnokj-pochnuva-izborniot-molk-vo-srbija/feed/ 0
Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-kampanjata-od-polnokj-predizboren-molk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-kampanjata-od-polnokj-predizboren-molk/#respond Fri, 19 Apr 2019 05:51:14 +0000 https://kurir.mk/?p=188437

На полноќ завршува дваесетдневната кампања и почнува молкот пред неделните претседателски избори и предвремените локални во општините Охрид, Дебар и Ново Село и почнува изборниот молк. Двајца од тројцата кандидати за претседател ја завршуваат изборната кампања со средби со граѓани и митинзи, додека кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и „Беса“, Блерим Река вчера со митинг во Тетово ја заокружи изборната кампања. Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски кампањата ја завршува денеска во западниот дел од државата, односно ќе одржи митинзи во Струга и Охрид, а во текот на денот ќе има средби со граѓани во Дебарца, Вевчани и Лабуништа, додека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во источниот дел од државата, поточно ќе има вечерен митинг во Штип, а претходно ќе одржи митинг и во Пробиштип. Утре, ден пред изборите, своето право на глас можат да го остварат 1.640 лица во казнено-поправните домови и лица кои се во притвор, седум внатрешно раселени лица, како и 3.583 немоќните и болни кои го побарале тоа од општинските изборни комисии. Внатрешно раселените лица гласаат во прифатлиштата каде што се сместени, болните и немоќните лица во нивните домови, а избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување куќен притвор гласаат во местото каде ја издржуваат мерката. Гласањето и утре и задутре на денот на изборите почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Претседателските избори ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и Градот Скопје и на 32 во странство. Право на глас имаат 1.808.131 граѓани. Во изводите од избирачкиот список се запишани 1.726.795 гласачи, 77.579 избирачи се на привремена работа или престој во странство, 1.640 се на издржување казна затвор или се во притвор, а седум гласачи се запишани како внатрешно раселени лица. Во посебнниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава во ДКП-ата во странство запишани се 1.781 гласач. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 5 мај. Ова се шести претседателски избори во земјава од нејзиното осамостојување во 1991 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshuva-kampanjata-od-polnokj-predizboren-molk/feed/ 0