предизборна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 06:27:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предизборна кампања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предизборната кампања на Трамп собра над 45,5 милиони долари донации во последните три месеци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predizbornata-kampana-na-tramp-sobra-nad-45-5-milioni-dolari-donatsii-vo-poslednite-tri-mesetsi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predizbornata-kampana-na-tramp-sobra-nad-45-5-milioni-dolari-donatsii-vo-poslednite-tri-mesetsi/#respond Thu, 05 Oct 2023 06:27:45 +0000 https://kurir.mk/?p=885353

Кампањата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека примила повеќе од 45,5 милиони долари донации во третиот квартал од годината, што е далеку над сумата на неговиот главен ривал за републиканската претседателска номинација, Рон ДеСантис. Кампањата на Трамп соопшти дека го завршила септември со повеќе од 37,5 милиони долари во готовина, засилени со собирање средства поврзани со неговите правни проблеми. Тимот на ДеСантис вчера соопшти дека очекува да собере 15 милиони долари во третиот квартал на 2023 година, што е намалување од 20 милиони долари што ги собра во вториот квартал. Со бројките за собирање средства објавени неколку часа по веста за ДеСантис, кампањата на Трамп се обиде да покаже супериорност над гувернерот на Флорида, кој се бореше да ги исполни високите аспирации на републиканците кои го гледаат како остварлива алтернатива на Трамп. Плодоносната кампања за прибирање средства покажува дека обидот на Трамп за враќање во Белата куќа не е попречен од обвиненијата што против него ги покренаа обвинителите во Њујорк, Вашингтон, Џорџија и Флорида. Всушност, кампањата на Трамп објави дека заработила три ​​милиони долари од продажба на шолји за кафе, маици и постери со негова фотографија во Атланта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/predizbornata-kampana-na-tramp-sobra-nad-45-5-milioni-dolari-donatsii-vo-poslednite-tri-mesetsi/feed/ 0
Кулминира предизборната кампања во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kulminira-predizbornata-kampana-vo-grtsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kulminira-predizbornata-kampana-vo-grtsija/#respond Mon, 19 Jun 2023 09:27:51 +0000 https://kurir.mk/?p=847323

Економијата, иднината на земјата, но и мигрантското прашање, особено по последната несреќа кај Пелопонез со 78 загинати и стотици исчезнати мигранти, се во фокусот на лидерите на политичките партии во Грција во нивните предизборни активности, но и во меѓусебните препукувања во пресрет на изборите в недела, јави дописничката на МИА од Атина. Предизборната кампања ќе кулминира во следните денови со централни митинзи во Атина, додека пак претседателите на Нова демократија и СИРИЗА Кирјакос Мицотакис и Алексис Ципрас вчера одржаа прес конференции. Мицотакис уште еднаш повтори дека на земјата ѝ е потребна стабилна, еднопартиска Влада и изрази убеденост дека Нова демократија ќе го постигне тоа по 25 јуни, додека пак за мигрантското прашање посочи дека станува збор за сложен проблем за кој тие како Влада спровеле конкретна политика која резултирала со помалку загубени животи во море за разлика од периодот 2015-2019 година. Лидерот на СИРИЗА на прес конференцијата истакна дека за несреќата со мигрантите поставуваат прашања и бараат одговори за причините и околностите затоа што за нив не постои разлика дали бродот пренесувал туристи, грчки државјани или бегалци бидејќи станува збор за човечки животи. Во однос на изборите, говорејќи синоќа во атинска населба Ципрас порача дека в недела гласот за СИРИЗА значи и спречување на „орбанизација политичкиот живот во Грција“. Централните митинзи во Атина на лидерите на партиите ќе се одржат во следните денови, односно претседателот на ПАСОК – Движење на промена Никос Андрулакис ќе говори в среда, лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас в четврток, а ден подоцна, на последниот ден од предизборната кампања, во грчката метропола ќе одржи собир Нова демократија на кој ќе се обрати претседателот на партијата Кирјакос Мицотакис. Поради несреќата со мигрантите и прогласената тридневна жалост беше откажана ТВ дебатата на лидерите на партитиите планирана за минатиот четврток, а веројатно е дека воопшто нема да се одржи. На минатите избори на 21 мај кога ниту една партија не успеа да формира Влада, Нова демократија победи со над 20 отсто разлика пред опозициската СИРИЗА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kulminira-predizbornata-kampana-vo-grtsija/feed/ 0
Масакр во Мексико: Во текот на предизборната кампања убиени над 80 политичари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masakr-vo-meksiko-vo-tekot-na-predizbornata-kampanja-ubieni-nad-80-politichari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masakr-vo-meksiko-vo-tekot-na-predizbornata-kampanja-ubieni-nad-80-politichari/#respond Wed, 26 May 2021 14:19:15 +0000 https://kurir.mk/?p=515349

Најмалку 80 политичари се убиени за време на изборната кампања во Мексико, од кои 32 беа кандидати за некоја функција, а притоа биле регистрирани вкупно 476 напади врз политичари. Само еден ден откако нарко картелот на затворениот Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, го уби началникот на државната полиција во Синалоа, група вооружени напаѓачи го киднапираа и кандидатот на Зелената партија, Омар Планкарте Хернандез. На Хернандез, кандидатот за градоначалник на Урупан, членовите на нарко картелот пред девет години му киднапираа две деца. Пред изборите закажани за 6 јуни, политичката сцена во Мексико едноставно се распаѓа под притисок на нарко картелот Синалоа, чии членови се одговорни за 476 напади врз политичари, од кои 79 беа фатални. Мексиканските медиуми наведуваат дека насилството е зголемено за дури 64 проценти во споредба со претходните избори, што резултираше со повлекување на дваесетина кандидати. Киднапирани се дури 25 кандидати, од кои едниот е убиен, додека се уште не е позната судбината на кандидатот за градоначалник на Мезакуитик, град во државата Халиско. Мексико на 6 јуни треба да избере 500 членови на Долниот дом на парламентот, 15 гувернери и неколку стотици градоначалници. Мексиканските медиуми наведуваат и дека во последно време во земјата се забележани по речиси 100 убиства дневно, а лани биле убиени вкупно 34.600 лица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/masakr-vo-meksiko-vo-tekot-na-predizbornata-kampanja-ubieni-nad-80-politichari/feed/ 0
Трамп го смени шефот на својата предизборна кампања https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/#respond Thu, 16 Jul 2020 06:11:54 +0000 https://kurir.mk/?p=376815

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да го смени шефот на својата предизборна кампања,Бред Паскал, назначувајќи го Вилијам Степин на неговото место, соопшти самиот синоќа на Твитер. „Со задоволство објавувам дека Вилијам Степин е унапреден во менаџер на кампањата на Трамп. Бред Паскал, кој веќе некое време е со мене и ја води нашата одлична стратегија за дигитални податоци, ќе продолжи да ја извршува истата улога, но ќе биде висок советник во кампањата “, напиша Трамп. Трамп додаде дека се надева на „голема и многу важна втора победа“ на изборите, бидејќи „неговиот рејтинг рапидно расте и економијата се подобрува“. Според последните податоци на порталот за политички науки „Real Clear Politics“, поранешниот потпретседател на САД, демократот Џозеф Бајден, води во анкетите пред актуелниот шеф на државата во просек со 8,8 отсто популарност кај гласачите. Неодамна, овој индикатор, што се темели на тековните анкети на јавното мислење од различни организации, остана стабилен во опсег од девет отсто во корист на демократот Бајден. Покрај тоа, Бајден води во „државите што се двоумеа“, каде што нивото на популарност на демократските и републиканските кандидати е традиционално приближно еднакво. На почетокот на април поранешниот потпретседател имаше предност во просек од 3,4 отсто. Многу експерти веруваат дека мерките преземени од администрацијата во Вашингтон за борба против пандемијата и ширењето немири во земјата, имаат негативно влијание врз рејтингот на републиканецот Трамп.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-shefot-na-svojata-predizborna-kampanja/feed/ 0
Мисајловски: Благодарност до сите граѓани кои овие изборни денови не следеа насекаде, благодарам од срце на нашата најсилна Изборна единица 2! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-blagodarnost-do-site-gragjani-koi-ovie-izborni-denovi-ne-sledea-nasekade-blagodaram-od-srce-na-nashata-najsilna-izborna-edinica-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-blagodarnost-do-site-gragjani-koi-ovie-izborni-denovi-ne-sledea-nasekade-blagodaram-od-srce-na-nashata-najsilna-izborna-edinica-2/#respond Sun, 12 Jul 2020 21:17:49 +0000 https://kurir.mk/?p=374910

Дојде крајот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Поминавме преубави денови, исполнети со многу средби, дружби и разговори за #ОбноваНаМакедонија, пишува на својата Фејсбук страница носителот на листат на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ2 Владо Мисајловски. Имав прилика да се сретнам со луѓе од најразлични националности и религии, и сите со иста цел и желба. Македонија да биде горда и исправена земја! Се заблагодарувам на сите кандидати за пратеници во Изборната единица 2, на сите Општински Комитети, претседателите на Општинските Комитети, коалиционите партнери од коалицијата "За обнова на Македонија" и на сите граѓани кои овие изборни денови не следеа насекаде. Благодарам од срце на нашата најсилна Изборна единица 2! Горд сум на секој еден од вас, кој рамо до рамо со мене ја водеше оваа изборна кампања и беше цврст сојузник на ВМРО-ДПМНЕ и Република Македонија. Секој од вас има своја заслуга во #ОбноватаНаМакедонија која што следи по 15-ти јули. Но, најголемо БЛАГОДАРАМ до сите граѓани кои на 15-ти јули ќе ни ја дадат својата поддршка. Имавме најдобра, позитивна и сеопфатна изборна кампања и покажавме дека можеме да ја пренесеме убавата енергија насекаде, за да се сплотиме и да ја пратиме пораката за надеж и поубав живот. На 15-ти јули победува народот, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија! И С П Р А В И С Е М А К Е Д О Н И Ј О! О Б Н О В А ТА П О Б Е Д У В А!, пишува Мисајловски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-blagodarnost-do-site-gragjani-koi-ovie-izborni-denovi-ne-sledea-nasekade-blagodaram-od-srce-na-nashata-najsilna-izborna-edinica-2/feed/ 0