предизборни вработувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Mar 2021 18:53:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предизборни вработувања – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Предзиборни вработувања на големо, ЈП Комуналец Крива Паланка ќе троши 3 милиони денари за привремени вработувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predziborni-vrabotuvanja-na-golemo-jp-komunalec-kriva-palanka-kje-troshi-3-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predziborni-vrabotuvanja-na-golemo-jp-komunalec-kriva-palanka-kje-troshi-3-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/#respond Thu, 11 Mar 2021 18:53:39 +0000 https://kurir.mk/?p=480982

На официјалната страна на јавни набавки објавен е оглас од страна на ЈП комуналец Крива Паланка каде што е објавено дека оваа институција планира да троши 3 милиони денари за привремени вработувања. Така во делот на предмет на договорот стои Агенција за привремени вработувања додека во делот на проценета вредност стои сумата 3 милиони денари. Она што е симптоматично според критичарите е дека има се поголем број на вработувања како се наближуваат локалните избори. Познавачите велат дека иако владата ветувала кратење на непотребните вработувања и намалување на администрацијата забележани се се поголем број на вработувања во општините и во државните институции што се коси со изјавите на претставниците на власта Инаку власта пред да дојде на власт критикуваше дека има огромен број на вработувања но според експертите во измнинатите 3 години вработувањата во државните институции не престануваат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/predziborni-vrabotuvanja-na-golemo-jp-komunalec-kriva-palanka-kje-troshi-3-milioni-denari-za-privremeni-vrabotuvanja/feed/ 0
Повторно вработувања пред избори: Дури 280 лица се бараат на оглас за во Пошта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vrabotuvanja-pred-izbori-duri-280-lica-se-baraat-na-oglas-za-vo-poshta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vrabotuvanja-pred-izbori-duri-280-lica-se-baraat-na-oglas-za-vo-poshta/#respond Fri, 14 Feb 2020 10:08:16 +0000 https://kurir.mk/?p=303864

Вработувањата пред избори не престануваат да се нижат. Конкурсите не стивнуваат во предизборниот период и покрај апелите од антикорупционерите дека предизборните вработувања се изборна корупција. Оглас за 280 работни места на неопределено работно време објавија и Македонски пошти, на неполни два месеци пред одржувањето на изборите. Јавниот оглас е отворен, главно за поштари, на територијата на целата држава. Антикорупционерите како што ветија, внимателно ќе го следат однесувањето на сите чинители во општеството во предизборието и доколку оценат дека има најмал сомнеж за корупција ќе реагираат по сопствена иницијатива и по допрен глас од јавноста. -Во периодот по утврдување на датумот за предвремени избори, а посебно во месец јануари, сме сведоци на сè помасовни објавувања на огласи за вработувања, што не е ограничено со законот, ниту со изборниот, ниту со нашиот закон, меѓутоа остава простор за сомневање дека се врши влијание врз гласачкото тело, дотолку повеќе што сами знаете дека некои конкурси не можат да си ја добијат својата завршница до изборите и на тој начин гласачкото тело, односно тие учесници во конкурсите се ставаат во некоја незавидна ситуација, во очекување. И тоа не е добро, изјави неодамна Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување корупција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/povtorno-vrabotuvanja-pred-izbori-duri-280-lica-se-baraat-na-oglas-za-vo-poshta/feed/ 0
Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Предизборните вработувања ги проголтаа проектите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-predizbornite-vrabotuvanja-gi-progoltaa-proektite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-predizbornite-vrabotuvanja-gi-progoltaa-proektite/#respond Sat, 11 Jan 2020 11:31:12 +0000 https://kurir.mk/?p=288257

Во вистински момент јавноста ги дозна новите детали за скандалозното аздисување и расфрлање со нашите пари, реагираат од комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. -Поминаа три години, а власта се уште е целосна спротивност од она за што ќе се бореше. Па така, во пренатрупаната администрација, за која пред ден или два пристигна потврда од Светска банка дека е бескапацитетна, некадарна, необучена, неискусна...одеднаш се појави мистериозна потреба за нови 3.000 општински административци кои граѓаните ќе ги чинат над 8 милиони денари годишно, од комисија за локална самоуправа. Голема е веројатноста дека времето и истрагите ќе го потврдат основаниот сомнеж дека кај најголем дел од нив единствена ставка во биографијата е дека се „син/ќерка од...“, додаваат од таму. -Од овие полтрони на власта не можеме да очекуваме нови проекти, креативност, иновативсност, продуктивност...тие нема ништо да ни дадат, а ќе ни земат сè, затоа што ќе мора да ги носиме на наши плеќи и да ги храниме од наш џеб!, потенцират од комисијата -Власта не може чесно, законски и умешно да управува со ресурсите кои и се доверени сè додека со буџетски пари ги полни џеповите од своите послушници и сè додека во бизнисите ги вовлекува своите браќа, венчани и невенчани сопруги, блиски и далечни роднини...и преку нив им го одзема бесплатниот оброк на учениците, бесплатните учебници, бесплатните екскурзии, субвенциите за мали семејни претпријатија, парите за земјоделците, за ранливте групи, за селата, за инфраструктурата...и така социјално и економски ги уништува сите останати граѓани, додаваат од комисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ. Веруваме во моќта на народот и знаеме дека доаѓа време кога од фиоките, на светлото на денот ќе излезат сите пријави за злоупотреби, предизборен поткуп, непотизам, корупција и криминал. Тогаш ќе видиме колку се тешки политичките планини од поткупени гласачи и каде ќе бидат денешните властодршци. -А каде би биле, ако не на чело на колоната од оние кои пред законот ќе се соочат со последиците од своето аздисување!? Доаѓа денот кога конечно ќе мора да се положи сметка! 12ти април е денот кога власта заедно со целата нејзина неспособна свита, ќе добие црвен картон!, порачуваат од истат комисија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisija-za-lokalna-samouprava-na-vmro-dpmne-predizbornite-vrabotuvanja-gi-progoltaa-proektite/feed/ 0