предизвици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Dec 2021 09:48:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предизвици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Познат астролог тврди: 2022 година ќе биде полна со предизвици за три хороскопски знаци https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/poznat-astrolog-tvrdi-2022-godina-kje-bide-polna-so-predizvici-za-tri-horoskopski-znaci/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/poznat-astrolog-tvrdi-2022-godina-kje-bide-polna-so-predizvici-za-tri-horoskopski-znaci/#respond Fri, 10 Dec 2021 09:48:34 +0000 https://kurir.mk/?p=606525

Познатиот руски астролог Павел Глоба ги објави своите предвидувања за годината што доаѓа и што ги очекува хороскопските знаци во 2022 година. Според него, три знаци во Зодијакот ќе се соочат со бројни предизвици. Добрата вест е дека тоа ќе ги зајакне сите и ќе ги научи на важни животни лекции. Стрелец Обратете внимание на личниот живот, семејството и на вашиот професионален раст и развој. Пред да инвестирате во некој бизнис, добро размислете и направете детален план. Ѕвездите нема да ви бидат наклонети кога станува збор за финансии, па постои можност да загубите голема сума поради лоша одлука. Во текот на 2022 година, обидете се да поминувате повеќе време во природа и да правите работи што ве исполнуваат. Важно е да сфатите дека не е секој момент погоден за носење важни одлуки и дека понекогаш треба да му се препуштите на животот и да уживате. Рак Во 2022 година ќе има моменти кога ќе посакате да „излезете“ од сопствената кожа. Ќе наидете на многу напнати и стресни ситуации, но обидете се да ги надминете, а притоа да останете смирени. Ова е само тест на судбината, затоа внимавајте на потезите што ги правите. Не би било лошо да почнете да вежбате медитација за полесно да ги надминете сите грижи и неволји. И покрај сите препреки кои ќе се најдат на вашиот пат, сепак на крајот на годината ќе бидете психички посилни. Јарец Исто како и Стрелецот, така и вашата година нема да биде претерано добра кога станува збор за финансиската состојба. Ќе трошите повеќе отколку што заработувате, а големи се шансите да останете без поголема сума пари поради лоша одлука. Сепак, на почетокот на пролетта ќе имате можност да започнете сопствен бизнис кој ќе биде профитабилен. Внимателно следете сè што се случува околу вас за да не ја пропуштите вистинската можност да успеете во животот, пишува Atma.hr.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/poznat-astrolog-tvrdi-2022-godina-kje-bide-polna-so-predizvici-za-tri-horoskopski-znaci/feed/ 0
Откриено: Што е ПРОТИВОТРОВ за пандемискиот стрес? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/#respond Thu, 18 Feb 2021 13:36:26 +0000 https://kurir.mk/?p=470555

Квалитетната релаксација е поважна од порано со оглед на пандемијата и предизвиците што таа ги носи. Еден начин е трчањето, но и кој било друг вид на вежба. „Напнатоста што ја чувствуваме треба да се ослободи“, вели Инго Фобосе, професор на Универзитетот за спорт во Келн. Неговиот совет е буквално да избегате од стресот. Вежбањето ослободува ендорфин и ги намалува хормоните на стресот. Покрај тоа, дури и умерено вежбање резултира со зголемено чувство на среќа и задоволство, покажале студиите. Но, ако сакате да го ублажите стресот на овој начин, внимавајте да не претерате. Ако претерате со вежбање кога веќе сте нервозни, може да предизвикате спротивен ефект и да го зголемите нивото на кортизол, хормонот на стрес. Во идеални ситуации, ќе вежбате надвор, на свеж воздух и дневна светлина, што е исто така добро за вас. Спортот ослободува хормони како серотонин и допамин кои помагаат во концентрацијата, го подобруваат расположението и го зголемуваат сопственото чувство на благосостојба, вели спортскиот научник Јохана Руп. Многу е важно да изберете спорт во кој уживате. Ако вежбањето не е забавно за вас, тоа нема да помогне ниту во ослободувањето од стресот, туку само ќе стане друго малтретирање.Ако преферирате возење велосипед од трчање, седнете на велосипед, а можете да играте и пинг-понг во парк или само да прошетате.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/otkrieno-shto-e-protivotrov-za-pandemiskiot-stres/feed/ 0
Силјановска Давкова: Болна држава не може да се справи со предизвиците, но обновена политика, со демократско граѓанска програма може https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-bolna-drzava-ne-moze-da-se-spravi-so-predizvicite-no-obnovena-politika-so-demokratsko-gragjanska-programa-moze/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-bolna-drzava-ne-moze-da-se-spravi-so-predizvicite-no-obnovena-politika-so-demokratsko-gragjanska-programa-moze/#respond Sun, 05 Jul 2020 13:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=369316

Честопати ме слушате дека ќе ги претставувам граѓаните и ќе гласам по сопствено уверување, на оваа линија еве денеска присуствувате на отворањето на Граѓанскиот штаб на кандидатите за Изборната единица 1, Граѓански дом, истакна денеска кандидатот за пратеник и носител на листата на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Гордана Силјановска Дсвкова. Гледате овде многу материјали, јас велам дека ова не е партиска читанка, туку програмата е демократска читанка, во која ќе се соочите со тези, со ветувања, со проекти, со активности што немаат никаков партиски белег, туку имаат демократско обележје. Јас имам длабоко разбирање за чувството кое е растечко на антиполитика или апатијата, заради незадоволството од она што треба да биде политика. Меѓутоа уште еднаш повторувам ние кои не сме партиски членови, но кои препознаваме во програмата демократски предизвици, ние кои сме убедени дека мора да се стави крај на оваа политика. Ги повикуваме сите да се соочат или да се заштитат Ковид-19 меѓутоа да помислат на здравјето на државата. Зашто болна држава не може да се справи со Ковид-19 и јас ве повикувам после 15-ти јули овде во овој простор новиот почеток, новата политика, обновената политика да ја прославиме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/siljanovska-davkova-bolna-drzava-ne-moze-da-se-spravi-so-predizvicite-no-obnovena-politika-so-demokratsko-gragjanska-programa-moze/feed/ 0
За Европската унија 2018, беше година на предизвици https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/#respond Sat, 29 Dec 2018 14:05:56 +0000 https://kurir.mk/?p=146473

Заглавена помеѓу Брегзит, изолационизмот на Доналд Трамп, демократските назадувања во Полска, Унгарија и Романија и политичките кризи околу миграцијата, Европската Унија оваа година помина низ длабоки кризи кои најверојатно нема да стивнат ниту во наредната година. Несомнено, на политичката сцена на ЕУ во 2018 доминираше процесот за Брегзит, повлекувањето на Обединетото Кралство од ЕУ закажано за 29 март 2019, но кое сѐ уште се наоѓа во опасност да предизвика економски и политички турбуленции. По макотрпни преговори, во ноември годинава, Лондон од една страна и другите 27 престолнини предводени од преговарачот Мишел Барние од друга, успеаја да постигнат таканаречен “Договор за повлекување“ и политичка декларација за иднината на односите помеѓу двете страни, но сагата е далеку од завршена. Премиерката Тереза Меј во последен момент го откажа гласањето за постигнатиот договор во британскиот парламент, соочена со речиси извесен пораз. И покрај предупредувањата од страна на ЕУ дека “подобар договор не може да се испреговара“, британските политички партии остануваат длабоко поделени околу начинот и исходот на кој треба да се случи Брегзитот. Додека отпорот на проевропскиот табор се зголемува, оној на евроскептиците, вклучително и во партијата на Меј, не стивнува. Еден од главните гордиеви јазоли во овој процес е ирската граница: според сите инволиврани страни, на ирскиот остров кој е составен од Република Ирска (независна држава- членка на ЕУ) и Северна Ирска (дел од Обединетото Кралство кое ја напушта ЕУ), мора по секоја цена да се избегне појавување на тврда граница. Причините се политички поради години граѓанска војна на островот, но и економски. Имено, членството во ЕУ подразбира припадност кон единствениот заеднички пазар и царинската унија, односно почитување на одреден број пазарни правила и стандарди благодарение на кои опстојува слободата на движење во Унијата. Бидејќи не смее да се појави тврда граница на ирскиот остров, нужно е да се изнајде решение за слободниот проток на стоки помеѓу Даблин и Белфаст. За сега решението е привремено и се нарекува “бекстоп“, еден вид заштитна клаузула според која Северна Ирска ќе продолжи да се усогласува со регулаторните стандарди на ЕУ до крајот на транзицискиот период, декември 2020. Што значи дека прозиводите ќе треба да поминат низ инспекции кога влегуваат преку Северна Ирска. Ирските унионисти, од кои зависи владата на Тереза Меј, предупредија дека не го поддржуваат ова решение поради тоа што сметаат дека тоа ги одвојува од остатокот од Обединетото Кралство. Гласањето во британскиот парламент е закажано во текот на јануари и сите опции се на маса: од предвремени избори до нов референдум или тнр “Брегзит без договор“, најхаотичното сценарио во кое Обединетото Кралство ја напушта ЕУ без претходно испреговорани правила на игра и решение за границите. Останува дека Брегзит и покрај сиот “хаос“ кој може да го предизвика е единствената политичка тема за која постои консензус помеѓу членките на Европската Унија, што ги усложнува работите за Лондон, но го теши Брисел дека сепак единството во ЕУ сѐ уште е можно. Оваа година ја одбележа и подемот на популизмот и политичките тензии околу миграцијата. Иако статистички бројот на мигранти е драстично намален во однос на 2015, миграцијата и натаму ја става на тест Европската Унија. Ако досега отпорот доаѓаше пред сѐ од источноевропските земји, промената на власт во Италија ги засили редовите на антимиграциските сили во ЕУ. Матео Салвини, контроверзниот министер за внатрешни работи од екстремната десница, Северна Лига, го спречи хуманитарниот брод “Аквариус“, кој спасува мигранти во Медитеранот, да се вкотвува на италијанското крајбрежје предизвикувајќи сериозна политичка криза во текот на летото во ЕУ. Конечно на бродот му беше одземена лиценцата, а пристигнувањата во Италија се сѐ поретки. Во јуни, Салвини помогна и да се блокира предложената реформа на системот на азил на ЕУ, која требаше да овозможи порамноправна распределба на “мигрантскиот товар“. Таборот на поддржувачите на затворените граници на ЕУ и на засилената контрола врз мигрантските текови расте во ЕУ, а поделбата помеѓу земјите членки се продлабочува. Тензиите кулминираа со потпишувањето на Глобалниот пакт за миграции на Обединетите Нации во декември, кога и самата земја претседавач со ЕУ, Австрија, одлучи да не го поддржи овој и онака правно необврзувачки документ. Дипломатите во ЕУ не ја кријат својата разочараност од овој австриски потег, посебно на неколку месеци пред парламентарните избори на ЕУ, каде антиевропските партии се очекува да остварат значаен напредок. Италија и создаде уште една главоболка на ЕУ неколку месеци подоцна кога владата во Рим го презентираше својот годишен нацрт-буџет за 2019. Планираниот дефицит од 2,4 отсто БДП во најзадолжената земја на еврозоната по Грција ја наведе Европската Комисија за прв пат во својата историја да одбие буџет на земја членка и да и се закани на италијанската влада со санкции. По неколку недели префрлувања и остра реторика, владата сепак прифати да го намали планираниот дефицит на 2,04 отсто без притоа да се откаже од сите зацртани реформи. 2018 ја одбележаа и тензиите помеѓу ЕУ и нејзиниот најстар сојузник – Соединетите Американски Држави. Првото влошување на односите дојде по одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да се повлече од нуклеарниот договор со Иран и да воведе повторно санкции врз европските компании кои тргуваат со оваа земја. Иако ЕУ се обидува да воведе механизми за заштита на своите компании, реалноста е дека најголемите брендови веќе го напуштаат Иран во обид да се заштитат од последици. Трговските односи помеѓу ЕУ и САД дополнително се влошија кога Трамп одлучи да воведе поголеми царини врз увозот на челик и алуминиум од ЕУ. Одлука која ќе ја погоди индиректно и Македонија, бидејќи ЕУ ги стеснува квотите на увоз од трети земји за да се заштити од негативните последици на американските царини и воведе реципрочни мерки врз американски производи. Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, непланирано отпатува во Вашингтон во текот на летото за да се сретне со Трамп и да се обиде да изнајде решение. ЕУ се заложи да увезува повеќе американски производи, вклучително и течен природен гас, но спорот сѐ уште не е решен, и преговорите продолжуваат. На сето тоа се надоврза судирот помеѓу Трамп и европските сојузници во НАТО, на Самитот на Алијансата во јули во Брисел. Американскиот претседател на состанокот на лидерите дојде со една единствена точка на својата агенда: да добие зголемување на придонесите на другите земји членки за одбраната. Според повеќе дипломатски извори, Трамп отишол до таму што се заканил дека САД ќе се повлече од НАТО доколку не се зголеми стапката на два отсто во 2019. Поради некомпромисноста на Трамп, агендата на Самитот мораше да се менува во последен момент и да се свика итен состанок на таа тема. Сојузниците останаа на заложбите за зголемување на буџетите за одбрана до 2024, а Трамп замина во Хелсинки на средба со Владимир Путин. Неколку месеци подоцна, францускиот претседател Емануел Макрон повторно го разлути Трамп со изјави за креирање европска армија, иако ретко кој смета дека оваа идеја е изводлива во догледно време. НАТО од своја страна повтори дека европска војска, доколку се формира, не треба да и биде конкурент на Алијансата. Оваа година за ЕУ значеше и соочување со феноменот на “лажните вести“ по скандалот со британската фирма Кембриџ Аналитика и Фејсбук, кога корисниците открија дека милиони нивни лични податоци биле злоупотребени во политички цели. На 25 мај на сила стапи новата регулатива на ЕУ за заштита на личните податоци која, како што се надева ЕУ, ќе стане глобален модел. Наредната 2019 ќе биде изборна и со тоа ЕУ знае дека обидите да се таргетираат гласачите со дезинформации и лажни вести ќе се зголемат, но реално ЕУ нема голем капацитет ниту надлежност за да се справи со феноменот. Најголемиот дел од задачата им припаѓа на земјите членки и на медиумската фела, со значајни разлики од земја до земја.(MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/za-evropskata-unija-2018-beshe-godina-na-predizvici/feed/ 0