предлог-закони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 05 May 2023 18:14:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предлог-закони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владата ги усвои предлог законските измени со цел ефикасна реализација на коридорите 8 и 10 д https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/#respond Fri, 05 May 2023 18:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=831094

Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги утврди Предлог-измените на неколку закони, коишто се однесуваат на овозможување ефикасна и квалитетна реализација на коридорите 8 и 10 д, како градби од стратешки интерес. Предлог-измените, како што информира владината прес-служба, ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија. Утврден е текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп– Битола) по скратена постапка. - Со предлозите за измена и дополнување, според посоченото од Министерството за финансии, се овозможува поедноставување на прометот и ослободување од данок на додадена вредност и акциза на енергенти за прометот на добра и услуги којшто е извршен кон Инвеститорот од страна на Стратешкиот партнер, како и прометот кон инвеститор за цели на проектот од овој закон, соопшти владината прес-служба. Разгледан е и утврден и текстот на Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за експропријација. Со предложените решенија се овозможува поефикасна примена на Законот за експропријација за реализација на градби коишто се од стратешки интерес за државата. Владата, како што е посочено, ја промовира регионалната соработка со ставање главен акцент и меѓународната димензија на сите видови транспорт, преку развој и модернизација на транспортната инфраструктура, заедно со проширување на Основната и сеопфатната мрежа ТЕН-Т. Посветена е на подобрување на транспортната инфраструктура и има преземено активности, пред сè во насока на изградба на делови што недостасуваат и санација на постојната транспортна мрежа, дел од основната мрежа на европските транспортни коридори. - Односно, транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија, што е стратешка определба, усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018-2030, стои во соопштението. Владата го разгледала и утврдила и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка. Со предложениот текст се овозможува нов тип на урбанистички проект за градби од стратешки интерес и се уредува изработката, постапката на донесување и спроведување на тој урбанистички проект. Разгледан и утврден е и текстот на Предлог на Закон за изменување и дополнување на Закон за градење. Со измените се утврдуваат посебен вид на градби, градби од стратешки интерес и тоа: државни патишта како градби чијашто изградба е предвидена со Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола), како и на железнички пруги и магистрални гасоводи, енергетски градби како и други инфраструктурни градби - утврдени како градби од јавен интерес. Изградбата на градбите од стратешки интерес е предвидено да се врши врз основа на урбанистички проект за градби од стратешки интерес, одобрен согласно Законот за урбанистичко планирање. Владата го утврдила и текстот на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка. - При примената на законските одредби коишто се однесуваат на прекувремена работа, како што е објаснето од Министерството за труд и социјална политика, укажана е потребата од донесување одредба со којашто ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа неделно и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија, има потреба тие да може да се спроведуваат и во недела, се подвлекува во владиното соопштение. Работниците, како што се наведува во владиното соопштение, се заштитени со Законот за работни односи и секој прекувремен час ќе им биде исплатен 35 проценти согласно Законот и Колективниот договор. Работниците имаат право на дневен и неделен одмор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-gi-usvoi-predlog-zakonskite-izmeni-so-tsel-efikasna-realizatsija-na-koridorite-8-i-10-d/feed/ 0
Пратениците расправаа за повеќе предлог-закони, седницата ќе продолжи утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-povekje-predlog-zakoni-sednicata-kje-prodolzi-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-povekje-predlog-zakoni-sednicata-kje-prodolzi-utre/#respond Tue, 01 Nov 2022 18:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=754068

Пратениците на денешната 88. седница расправаа за повеќе предлог закони, меѓу кои и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка. Пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ за време на општиот претрес по однос на овој предлог закон посочи дека ова законско решение е пример како се злоупотребува европското знаменце. -В понеделник беше закажана комисиска расправа и тогаш стигна законското решение при што се очекуваше од пратениците и од опозицијата да се прочита материјал од 400 страници како да се соочиме со енергетска криза и да имаме свој став. Не знам зошто и од која причина овој предлог закон доби европско знаменце, рече Стојаноски. Според Стојаноски, со овој закон шверцерски се протнуваат членови со кои се дозволува пренос на сопственост и пренос на лиценци на најлесен можен начин. -Со ова законско решение се прави злоупотреба на европското знаменце. Утре кој било член од Владата ќе може по завршувањето на својот мандат уште првиот ден да направи пренос на сопственоста и лиценцата, во моменти додека ја извршуваат оваа функција да формираат претпријатија, да си доделат грантови, државна помош колку што сакаат, рече Стојаноски. Тој потсети дека како опозиција поднеле амандман што треба комплетно да ја расчисти аферата „Броило“, но напомена дека со овој закон од кога ќе биде изгласан, истата ќе биде комплетно легализирана. -Тоа значи дека сегашниот премиер Ковачевски кога станал заменик министер за финансии го повлекол својот удел од фирмата „Пиксел Груп“ и тврдеше дека ги повлекол и ликвидните средства. Тоа беше лага, затоа што ако погледнете во правниот регистар, ќе увидите дека тој само го повлекол својот удел во сопствеништвото, не ги повлекол и ликвидните средства, додаде Стојаноски. Според пратеничката Силвана Ангелеска од ВМРО-ДПМНЕ, спорно во овој закон е тоа што во голем обем се прошируваат надлежностите на Регулаторната комисија за енергетика. -До сега беше Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Сега ќе биде Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Се прошируваа ингеренциите, дури и сајбер безбедноста се пропишува на Регулаторната комисија за енергетика. Ова значи дека уште 50 вработени нема да се доволни, бидејќи ќе се браат специјализирани професионалци кои ќе мора да знаат да ги извршуваат овие ингеренции, додаде Ангелеска. Пратеникот Стојан Миланов од СПМ во своето обраќање рече да се донесе овој предлог закон по скратена постапка ќе биде доказ за несериозното однесување кон оваа област од страна на предлагачите. Според Миланов, проблем е што се предлага да се прават значителни измени во законот без да се повикаме на стручни и научни сонзанија и да постои една демократска расправа меѓу засегнатите субјекти во оваа област. Коле Черакчиев од СДСМ во својата реплика посочи дека европското знаменце не е злоупотребено бидејќи сме дел од југоисточниот регион и треба заеднички да се регулира и електричната енергија. Претникот Панчо Минов од ГРОМ рече дека со овој предлог закон се воведува нова надлежност на Регулаторната комисија за енергетика, а тоа е делот на регулирање на надоместокот за управување со отпад. -Втора работа како новина во овој закон е дигање во регулативна смисла на програмот за субвеницонирање на енергетската помош до ранливи категори, тоа со овој закон се планира да биде на ниво на уредба со точно утврдување на мерки кои ќе бидат преземени годишно од страна на Владата, но и од операторите на енергетксата дејност. За поздравување е воведување наместо сегашниот акциски план за енергија и обновливи извори, сега се воведува план за енергија и клима, рече Минов. Собранието расправаше и за Предлог на закон за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка. Пратеничката Марија Георгиевска од СДСМ во своја реплика рече дека со законот се утврдуваат услови на издавање на краткорочни позајмици или отстапувања од задолжителните нафтени резерви при постоење на кризна состојба во снабдување со топлинска и електрична енергија. Тоа значи, како што рече, задолжителните резерви на нафтени деривати да може да се користат во кризна состојба, во снабдување со топлинска енергија во градот Скопје и снабдување со електрична енергија на територија на целата држава. Отстапените нафтени деривати од овој закон треба да бидат во количини кои во текот на една календарска година нема да надминуваат 50 проценти од вкупно складираните количини на задолжителните резерви, на кој било нафтен дериват одделно. Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека Владата не прави доволно во насока на обезбедување евтини енергенси за да може да имаме нормално производство и на струја и на електрична енергија. За време на општата расправа за Предлог на законот за изменување на законот за јавните претпријатија, пратеникот Здравко Трајанов од ВМРО-ДПМНЕ рече дека со овој закон ќе треба јавно да се објавуваат извештаите за се што е сработено од страна на овие претпријатија за да бидат запознаени граѓаните. Сепак, тој укажа на тоа дека дека е потребно да постојат дополнителни членови на законот, односно законот да биде регулиран и во казнените одредби, за раководните лица на јавните претпријатија да сносат одговорност доколку не го испочитуваат законот. На денешната седница се расправаше и за Предлог на закон за изменување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка. Пратеничката Жаклина Лазаревска од СДСМ рече дека со ова законско решение се зголемува платата на давателите на услуги во детските градинки, која ќе се исплатува ретроактивно од март 2022 година. -Овој закон е голем исчекор и е системско решавање на проблемите онака како што зборувавме во однос на плати кои треба да ги добиваат државни службеници и службеници во јавни претпријатија. Со ваков пристап правиме праведно исплатување на плати на вработени, и со ваков систем нема да имаме нерамноправност, додаде Лазаревска. Во својата реплика пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Ангелинка Петкова рече дека ќе дадат поддршка на ова законско решение, но укажа на тоа дека со овој предлог закон се врши зголемување на плати на сите даватели на услуги освен за ниво Д4, и со ова се врши дискриминација. Во однос на Предлог на закон за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, пратеничката Ангелинка Петкова рече оти е новина во начинот на бодирање, односно вклучување на минимална плата во основната компонентна, но како што рече, во оваа категорија вработени има само усогласување а не зголемување на плата за 15 проценти. -Зошто се прават селективни предлог закони, за некои вработени има покачување 15 проценти а за некои нема. Владата нема капацитет да направи вистински промени за подобро, носи премногу промашени одлуки, како и оваа. Растот на платите во суштина не може да се почуствува бидејќи економијата во државава ни стагнира, додаде Петкова. Во однос на Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за социјалната заштита, по скратена постапка, пратеничката Ангелинка Петкова рече дека со овие измени се предвидува родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст. -Правото на траен надоместок го остварува родител кој се грижел за детето до негова 26 годишна возраст, без истото да користи услуга на вон семејна социјална заштита, кој е невработен и не користи право на пензија. Се предвидива право на траен надоместок кој претходно го користеле родителите по наполнување на 62 години живот за жена, односно 64 години живот за маж да се намали на две години порано, односно 62 години на живот за жена да биде 60 години, а 64 години на живот за маж да биде 62 години, појасни Петкова. Таа рече дека согласно барањата на родителите на децата со попреченост, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ поднеле амандмани за подобрување на ова законско решение. -Тие амандмани се однесуваа на право на траен надоместок да има и родител кој имал дете со попреченост а кое починало, висината на трајниот надоместок да изнесува колку минималната пензија во државата, и трајниот надоместок да го остварат родитлеите со наполнување на 57 години старост за жена и 59 години за маж. За жал, од владејачкото мнозинство не беше прифатен ниту еден од нашите амандмани, рече Петкова. Таа напомена дека ќе ги поддржат овие законски измени затоа што се однесуваат на ранлива категорија на граѓани кои последниве години не беа опфатени со ниту една мерка како бенефит од Владата. Продолжението на 88-та седница е закажано за утре во 12 часот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenicite-raspravaa-za-povekje-predlog-zakoni-sednicata-kje-prodolzi-utre/feed/ 0