предмет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 10:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png предмет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Формиран предмет против судијката која не изрекла забрана за приоѓање на монструмот од Градачац https://arhiva.kurir.mk/svet/region/formiran-predmet-protiv-sudijkata-koja-ne-izrekla-zabrana-za-priogane-na-monstrumot-od-gradachats/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/formiran-predmet-protiv-sudijkata-koja-ne-izrekla-zabrana-za-priogane-na-monstrumot-od-gradachats/#respond Mon, 14 Aug 2023 10:00:42 +0000 https://kurir.mk/?p=866474

Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина покрена предмет против судијката Лејла Нумановиќ од Градачац, која одби да изрече забрана за приоѓање на убиената Низама Хеќимовиќ, по предлог на полициската управа Градачац, објави порталот „Аваз“. „Во врска со вашето барање, би сакале да ве информираме дека Канцеларијата на дисциплинскиот обвинител на Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина формираше случај по службена должност врз основа на написи објавени во медиумите за дејствијата на судија на Општинскиот суд во Градачац. Канцеларијата преку истрага ќе ги утврди релевантните факти за случајот, за да ги испита наводите за повреда на службената должност на судијата во одлучувањето“. Тројниот убиец Нермин Сулејмановиќ пред неколку дена брутално ја ликвидираше својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ, уби уште две лица, рани тројца, а потоа се самоуби. Само четири дена пред убиството на судија на Општинскиот суд во Градачац, Лејла Нумановиќ донесе одлука со која го отфрли предлогот на полициската управа Градачац да му се изрече мерка забрана на Нермин Сулејмановиќ за вознемирување, следење и приближување кон жртвата, пишува „Аваз“. Судот одлучувал за тоа откако Низама го пријавила партнерот од кој побегнала, за насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/formiran-predmet-protiv-sudijkata-koja-ne-izrekla-zabrana-za-priogane-na-monstrumot-od-gradachats/feed/ 0
МОН: Етика во религиите останува изборен предмет и во учебната 2023/2024 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/#respond Tue, 18 Apr 2023 15:41:57 +0000 https://kurir.mk/?p=825072

Предметот Етика во религиите останува изборен предмет во наставниот план за деветгодишното основно образование, за учебната 2023/2024 година, соопштија од Министерството за образование и наука. Согласно Концепцијата за основно образование, што етапно се воведува, и во учебната 2023/2024 година освен задолжителни предмети има и два изборни предмети - втор странски јазик и слободни изборни предмети. - Бирото за развој на образованието позитивно одговори на барањето на Министерството за образование и наука, овој предмет да остане во системот на основно образование и да биде избор за учениците и родителите кои сметат дека оваа тема е соодветна за периодот од животот на децата кога тие се градат како личности и стекнуваат морални вредности, се наведува во соопштението. Концепцијата за основно образование предвидува широка понуда на изборни предмети што произлегуваат од искажаните интереси на учениците и се насочени кон развивање на нивните потенцијали и зголемување на задоволството на учениците од престојот во училиште. Покрај предметот Етика во религиите, посочуваат од Министерството за образование и наука, учениците можат да изучуваат програмирање, сликарство, театар, танци и народни ора, да изберат спортски активности, мултикултурни работилници, образование за животни вештини, градинарство и хортикултура и други.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mon-etika-vo-religiite-ostanuva-izboren-predmet-i-vo-uchebnata-2023-2024/feed/ 0
Шахот ќе биде изборен предмет во основните училишта од септември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/#respond Thu, 11 Aug 2022 09:40:21 +0000 https://kurir.mk/?p=716981

Подобрување на концентрацијата, меморијата, математичките вештини, читањето, логичкиот начин на размислување, креативноста и критичкото размислување. Ова се само дел од придобивките за едно дете со изучувањето на шахот, кој од септември ќе биде на листата изборни предмети во основните училишта за деца од прво и второ одделение. Имавме состанок во Министерството за образование и наука и ни рекоа дека во претстојната училишна година шахот ќе може да се најде на листата на изборни предмети за децата од прво и од второ одделение. Доколку се формира група од 20-ина деца кои ќе покажат интерес, ќе се почне во тоа училиште – вели Александра Гакидова, секретар во управниот одбор на Шаховска федерација. Со помош на македонски професионални шахисти кои се сертифицирани од Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) ќе се обучуваат наставниците кои ќе ги држат шаховските предавања во основните училишта. Би се изучувале основите на шахот, како начинот на движење на фигурите, какви потези постојат и слично. Наставникот мора да биде вработен, бидејќи предметот ќе се оценува, иако описно. Тие ќе бидат обучувани од наши шахисти со меѓународни сертификати. Во Полска почнале со луѓе што немале допир со шахот и за три викенди ги обучиле. Дури сега ни претстои работата. Треба да ги убедиме училиштата дека треба да го промовираат шахот, како и децата дека тоа е интересно да се учи. Од родителите имаме позитивен фидбек – додава Гакидова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shahot-kje-bide-izboren-predmet-vo-osnovnite-uchilishta-od-septemvri/feed/ 0
Заврши протестот за осудените за убиството на Никола Саздовски: Бараат прeквалификација на предметот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/#respond Fri, 09 Apr 2021 15:04:41 +0000 https://kurir.mk/?p=494943

Мирно заврши протестот организиран од роднините на осудените за случајот „Саздовски”. Роднините со разни пароли и вртени со грб кон комплексот судови побараа преквалификација на кривичното дело од “свирепо убиство” во “насилство со смртни последици”. – Осудените не сакаа да му го одземат животот. Тие никогаш не мислеле за убиство и уште помалку за свирепо убиство. Има разни докази, но јасно е дека не сакаат да ги земат предвид. Свирепо убиство беше случајот на Алмир, но велат дека беше собраќајка со смртни последици, изјави Бесар Бела, брат на осудениот Бесир Бела. Тој додаде дека оваа одлука нема да ја прифатат. Барањето за превкафиликација на кривичното дело демонстрантите му ја упатија на Врховниот суд на Република Македонија. Изминатиот период Апелацискиот суд Скопје, ја објави одлуката за случајот ,,Саздо”, со кој на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, се намали казната затвор од 19 на 16 години затвор (поединечно).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zavrshi-protestot-za-osudenite-za-ubistvoto-na-nikola-sazdovski-baraat-prekvalifikacija-na-predmetot/feed/ 0
Сенатот на УКИМ бара историјата да остане посебен предмет, а реформите да започнат како пилот проект https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatot-na-ukim-bara-istorijata-da-ostane-poseben-predmet-a-reformite-da-zapochnat-kako-pilot-proekt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatot-na-ukim-bara-istorijata-da-ostane-poseben-predmet-a-reformite-da-zapochnat-kako-pilot-proekt/#respond Wed, 20 Jan 2021 14:22:47 +0000 https://kurir.mk/?p=457575

Сенатот на УКИМ на 15 јануари одржа вонредна седница поради најавениот Концепт на МОН за основно образование и донесе повеќе заклучоци во кои меѓу другото препорачува да не се избрзува со негово имплементирање, туку потребно е прво да се воведе како пилот проект, но со јасен план со промени кои ќе се надоврзат на постојните и традиционалните воспитно-образовни модели и програми, без нивно негирање и девалвирање; Сенататот на УКИМ смета дека понудениот пристап кон „интегрирање“ претставува еклектичен обид сродните науки да се стават во еден „пакет“ на т.н. наставни предмети. Физика, хемија и биологија треба да останат поединечни предмети за да се добијат солидни основи од овие предмети за натамошното школување. Во однос на историјата Сенатот смета дека со новиот концепт се губи како посебен предмет, а бидејќи е од исклучителна општествена важност, треба да остане како самостоен предмет. Препорачува да нема намалување на часовите по музичко и ликовно образование за децата до шесто одделение, музичко и ликовно да останат самостојни предмети. Воедно препораката е дека новиот Концепт треба да се воведе откако секој сегмент од реформата ќе биде усогласен меѓу сите компетентни субјекти вклучени во процесите на основното образование Во продолжение во целост Заклучоците од Сенатот на УКИМ I. Реформите, промените, како и осмислувањето на концептот на воспитно-образовниот систем се цивилизациски и културолошки дострел на науката и општеството, со цели и задачи кои тоа општество ги поставува пред своето сопствено образование. Реформата на воспитанието и образованието е длабоко стратешко прашање и процес на перманентно преиспитување и валоризација на воспитно-образовната политика. Следствено, избрзаните и недоволно обмислени одлуки и решенија донесени од МОН, без јавна и ефективна дебата, можат да предизвикаат сериозна штета со далекусежни последици. На вонредната седница, сенаторите упатија бројни и сериозни забелешки на Нацрт-концепцијата за основно образование. Промените во сферата на образованието треба да се креираат и спроведуваат во согласност со карактеристиките на контекстот, односно условите во кои се реализираат воспитно-образовната работа, конкретните образовни потреби и реалните можности за нивно остварување. Оттука, Сенатот – на новиот концепт за основно воспитание и образование гледа како на првична идеја која настојува да го усоврши и подигне квалитетот на нашето воспитание и образование, но за имплементирањето на овие генерални идеи потребно е многу повеќе време, повеќе човечки ресурси и општествен капитал, како и надоградба на основните идеи во концепцијата, но и јасен план кој ќе нѐ доведе до посакуваната цел; – смета дека треба да се даде кус приказ на историскиот развиток на системот на основното воспитание и образование, како сеопфатен процес од 1944 година, и да се посочи врската на предложените промени со дологорочниот развој на системот; – смета дека треба да се направат промени на Нацрт-концепцијата за основно воспитание и образование така што таа формално и содржински ќе се надоврзе на постојните и традиционалните воспитно-образовни модели и програми, без нивно негирање и девалвирање; – смета дека треба да се даде кус преглед на меѓународните мерења на постигањата на нашите ученици (ПИСА, ТИМС) и анализа со заклучоци и предлози за унапредување на воспитно-образовниот систем врз основа на тие сознанија; – го поддржува пристапот на започнување на промени на наставните планови и програми од прво до шесто одделение, во согласност со меѓународните стандарди на поделба по степените МСКОБ-1 и МСКОБ-2; – се согласува дека инклузивноста, родовата сензитивност/рамноправност и интеркултурноста претставуваат вистинска насока за почетоците на градење на критички, свесни, мислечки и творечки млади личности и се единствениот пат од формативниот и развојниот период на детето кога треба да се почне со учење на тие вредности, но лапидарноста на текстот и заклучоците не соодветствуваат на важноста, особено не во деловите кои се некритички препишани и невешто преведени од референтните користени документи и системи, а одредени изрази се невешто преведени и не соодветствуваат на нашиот јазик (личен и социјален развој –индивидуален и општествен развој, формативно и СУМАТИВНО оценување??!! итн.); ·- дава целосна поддршка за основите на кои се базира предложениот концепт (фокус кон знаења/компетенции, холистички пристап, инклузивност, заштита на правата на детето, интерактивност, флексибилност итн.); – афирмира потреба за коренити реформи во основното воспитание и образование. II. Нацрт-концепцијата предлага спојување на предмети во кои неприродно се интегрираат теми од општествените науки, хуманистичките науки, природните науки и уметностите, особено во погорните одделенија од третиот воспитно-образовен период, без притоа да се води сметка за спецификите на науките, нивната методологија, како и содржините за нивната реализација. Оттука, Сенатот смета дека: – понудениот пристап кон „интегрирање“ претставува еклектичен обид сродните науки да се стават во еден „пакет“ на т.н. наставни предмети. Со синтетичкиот приод, кој наводно нуди симбиоза на одреден вид научни содржини, се изоставува ексклузивната можност на училиштето преку дидактичките преработки на соодветните науки (наставните предмети) да ги воведе учениците во светот на науките; – потребно е да се потенцира значењето на природните науки во системот, по примерот на земјите што имаат највисоки постигања на учениците, односно да се разделат природните науки во поединечните предмети – Физика, Хемија и Биологија. Од голема важност е да се добијат солидни основи од овие предмети за натамошното школување во средното, а особено во високото образование, на полето на техничко-технолошките и природните науки; – новата Концепција за основното деветгодишно образование треба соодветно да ги следи трите воспитно-образовни развојни периоди и соодветно на нив да ги имплементира реформските решенија (Закон за основното образование, член 8, став 1); – иако со оваа Концепција се создаваат т.н. модули на предмети кои се однесуваат за децата до шесто одделение, сепак треба да се има предвид дека тие хронолошки одат до деветто одделение, така што во погорните одделенија се губи изучувањето на историјата како посебен предмет, кој е од исклучителна општествена важност и треба да остане како самостоен предмет; – треба да се зголеми бројот на часови кај групата предмети опфатени со терминот општествени науки до шесто одделение; – националните стандарди, кои се поврзани со осумте подрачја, се многу битен дел од Концепцијата, но тие понатаму не се соодветно и доволно објаснети за да биде јасно како се градат компетенциите. Интеграцијата на научните дисциплини во првите два периода, до шестото одделение, е најрадикалната промена понудена во концептот. Интегрирањето на знаењата, нивното комплементарно и пошироко контекстуално претставување и учење е единствениот услов за учење на мултидисциплинарниот/интердисциплинарниот дискурс и примена на знаењето, за разлика од партикуларизираните неповрзани знаења кои не нудат холистички приод. Она што кај нашите ученици, дури и кај студентите, е изразено и препознаено е неспособноста за мултидисциплинарно/интердисциплинарно разбирање и работење при студирањето и тимска работа во практиката. Сложеноста на конституирање на МОДУЛИ кои ги интегрираат знаењата, пред сѐ, претпоставува поинакви компетенции на наставниот кадар за ваков вид на приод и интерактивна настава; – не треба да се дозволи намалување на часовите по музичко и ликовно образование за децата до шесто одделение. Потребен е соодветен сразмер во однос на бројот на часовите по овие предмети, наспроти останатите предмети. Понудениот еден час седмично е неприфатлив; – двата предмета од областа на уметностите – Музичко образование и Ликовно образование – треба да бидат самостојни, заради нивната комплетно различна природа и заради различните вештини кои се совладуваат. Со модуларниот начин што се предлага, кај учениците ќе се изгубат континуитетот и квалитетот во совладувањето како на вештините, така и на комплетната наставна материја; – интегрираниот пристап треба да се остварува на ниво на предметните содржини, за што кај наставниците по Музичко образование веќе постојат бројни позитивни искуства за интеграција, не само со уметничките предмети, но и со предметите од областа на јазиците, техничките науки, историја и др. Моделот на интегрирани предмети е посоодветен за предучилишно образование и одделенска настава, а понатаму треба да се изучуваат обликувани научни и уметнички дисциплини со свои предмети на проучување, терминологија и методологија; – со цел квалитетно совладување на разновидните наставни содржини и вештини, но и со оглед на тоа дека токму часовите по Музичко образование претставуваат ретка можност за слобода, релаксација и изразување на креативноста на учениците, бројот на часовите треба да изнесува 2 часа неделно во сите одделенија – особено во споредба со предложениот преголем број часови по Математика (дури 5 часа наспроти сегашните 4 уште во прво одделение и во целата одделенска настава); – за зголемување на квалитетот на наставата по Музичко образование и правилното насочување на музичкиот развој на учениците, предметните наставници треба да бидат вклучени во наставата, почнувајќи од прво одделение заедно со одделенските наставници; – функционирањето на училишниот хор и училишниот оркестар треба да биде обврска на секое училиште и да добива целосна и сестрана поддршка од училишната администрација, општините и другите фактори, а часовите по хор и оркестар треба да бидат во фондот на часови на наставникот заради тежината и обемот на изведување на таа настава; – за предметот Музичко образование како задолжителен, потребно е да се изготвуваат учебници, започнувајќи најмалку од вториот образовен период, со структурирано водење во различните наставни теми и содржини, особено со можностите кои ги нуди дигиталниот формат; – треба да се имплементира програма која ќе ја третира драмската и филмската уметност и медиумската писменост, стратегиска цел во политиките на ЕУ, како суштина за иден развој на креативните индустрии и анулирање на сите евентуални медиумски манипулации. III. Согласно со новата Концепција, наставниот кадар ќе се соочи со сериозни предизвици кои ќе бараат дополнителни обуки и насоки, континуиран професионален развој, како и оптоварување на нивната ангажираност надвор од наставниот процес. Оттука, Сенатот смета дека: – на сите новини во предложениот концепт треба да претходат квалитетни обуки на наставниот кадар, одржани од компентентни и стручни лица со минимум 10-годишно наставно работно искуство во воспитно-образовниот процес; – наставниот кадар, кој треба во практика да ги спроведе сите новини предвидени со Концепцијата за основно образование, треба да биде обезбеден со најелементарните услови за работа (компјутерска опрема, интернет и сите материјали и ресурси предвидени по соодветниот предмет); – наставниците треба да имаат еднаква можност да напредуваат во кариерата и да бидат соодветно мотивирани и наградени. Изборот во звање – наставник-ментор на само еден наставник годишно во едно основно училиште е демотивирачки, односно треба секој наставник што ќе ги исполни критериумите да биде избран и да го добие звањето; – најнапред е потребно да се реализира опремувањето на училиштата со музички кабинети, музички инструменти, технички средства, ИКТ и сл., за квалитетна реализација на наставата по музичко образование и другите музички активности; – истовремено треба да се опремат училиштата за изведување на кабинетска настава, како и да се создадат материјално-технички услови за реализација на изборните предмети и воннаставните активности; – принципот на почитување на стручноста на наставникот треба да се применува и за воннаставните активности, чии содржини треба да се реализираат на високо професионално ниво; – за воннаставните активности од областа на танцот треба да се вклучи соодветен кадар дипломиран на студиската програма за балетска педагогија (класичен балет и современ танц) на ФМУ – Скопје. IV. Покрај конкретните претходно изнесени ставови и заклучоци, од страна на сенаторите, претставници на факултетите, научните институти и придружните членки и студентите, се усвоија и следниве генерални предлози и сугестии: – преиспитување на брзината за имплементација и отворање широка дебата на институционална основа во која ќе бидат вклучени сите релевантни институции, сѐ со цел доработка на понудената Нацрт-концепција; – предвидување реална и оптимална временска динамика за спроведување на квалитетна реформа во основното воспитание и образование, со оглед на комплексноста на сите процеси за нејзина натамошна имплементација; – потреба за детализирање на Концепцијата, нејзина операционализација со конкретни решенија, изготвена во соработка со релевантни институции (вклучително и единиците на УКИМ); – поттикнување на единиците на УКИМ за давање на конкретни коментари и предлози директно до МОН, кон соодветни аспекти/детали на концептот (во смисла на нивен домен на експертиза, а како дел од тековната јавна дебата). На пр.: додавање на наставни целини од областите на театарската и филмската уметност и медиумската култура; користење на адекватни драмски техники, односно техники на глума во наставниот процес; поелаборирани начини на стимулирање на творештвото на учениците во сферата на драмските уметности; · обезбедување широк општествен консензус, кој ќе ги вклучи сите влијателни општествени фактори, со што ќе се гарантира одржливоста на Нацрт-концепцијата за основно образование; · со Концепцијата се третира основното образование како еден од потсистемите на воспитно-образовниот систем во целина, но без приказ на импликациите врз останатите воспитно-образовни потсистеми; · промени на Нацрт-концепцијата за основно образование врз основа на мултидисциплинарна експертиза од страна на сите науки и дисциплини чии предмети во основното образование се доведуваат во прашање или се редефинираат; · ставање на поголем акцент на реализација на воспитната компонента на училиштето во Нацрт-концепцијата за основно образование и обезбедување соработка и поддршка од страна на родителите; · потребно е конкретно дефинирање на компетенциите на учениците што треба да ги постигнат, а кои во Концепцијата за основно образование во моментов не се дефинирани; · промените какви што се предлагаат, претпоставуваат претходен долготраен истражувачки период, кој тука изостанува; · предлогот не содржи финансиска конструкција на предвидените реформи, ниту се дадени на увид анализите и резултатите од претходните истражувања и анкети кои го оправдуваат предложениот модел на образовна реформа во државата. Исто така, новиот концепт не предвидува ниту тестирање на моделот преку пилот-програма, како значајна фаза во имплементација на реформи во воспитанието и образованието; · Концепцијата треба да започне да се применува како ПИЛОТ-ПРОЕКТ, а не целосно и одеднаш, во неколку избрани училишта со наставници кои интензивно ќе се обучуваат за ваков вид настава. Во првата фаза мора да се лимитираат флексибилноста и слободната елективност на предметите, за да може концептот понатаму да се надоградува; · имплементацијата на овој концепт од септември 2021 година не треба да започне во училиштата пред да се извршат негови позитивни промени. Годинава, која се одвива во пандемични услови, треба да се искористи за доработка на Концепцијата и консултација со релевантни институции за почеток и подготовка на наставниот кадар на сите нивоа. Треба да се започне со промени во воспитно-образовниот процес со оние што ја изведуваат наставата. Нивните обуки треба да бидат насочени кон промените на наставните програми кои, всушност, се и основниот проблем на досегашното воспитание и образование; · имплементацијата на новиот концепт за основно образование би можела да започне дури откако секој сегмент од реформата ќе биде усогласен меѓу сите компетентни субјекти вклучени во процесите на основното образование; · остварувањето на целите во развојот на воспитно-образовниот систем треба да биде компатибилно со правците на развојот на образованието на глобално ниво, но сепак успехот зависи од општествено-културниот, економскиот и образовниот контекст на нашата држава и треба да одговори на нашите потреби, како и да биде во согласност со нашите можности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/senatot-na-ukim-bara-istorijata-da-ostane-poseben-predmet-a-reformite-da-zapochnat-kako-pilot-proekt/feed/ 0
Струшкото ОЈО оформи предмет за запаленото бугарско знаме на карневалот во Вевчани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkoto-ojo-oformi-predmet-za-zapalenoto-bugarsko-zname-na-karnevalot-vo-vevchani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkoto-ojo-oformi-predmet-za-zapalenoto-bugarsko-zname-na-karnevalot-vo-vevchani/#respond Fri, 15 Jan 2021 14:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=455827

Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет по допрен глас во врска со написите во одредени медиуми дека за време на одржувањето на Вевчанскиот карневал било запалено знаме на Република Бугарија. Како што соопшти ЈОРМ, предметот е оформен со цел да се испита постоење на кривично дело „повреда на угледот на странска држава“ од член 181 од Кривичниот законик. – Притоа, надлежен јавен обвинител издаде наредби до СВР Струга со цел утврдување на идентитетот на сторителот, како и идентификација на други присутни на настанот. Во исто време, по наредба на јавен обвинител ќе бидат обезбедени евентуалните снимки од камери на кои е регистриран инцидентот, а ќе бидат преземени и други дејствија за расчистување на кривично – правниот настан, се наведува во соопштението.​​ По палењето на бугарското знаме на карневалот во Вевчани, Софија упати вербален демарш, за што информираше бугарската министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева. Осуда за чинот изразија и шефот на државата Стево Пендаровски и нашето МНР, а МВР информира дека работи на целосно расчистување на случајот со палењето на бугарското знаме во Вевчани што се случи вчера на последниот ден од карневалот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/strushkoto-ojo-oformi-predmet-za-zapalenoto-bugarsko-zname-na-karnevalot-vo-vevchani/feed/ 0
Велешкото обвинителство отвори предмет по повикот за масовна посета на храмовите за верскиот празник Задушница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkoto-obvinitelstvo-otvori-predmet-po-povikot-za-masovna-poseta-na-hramovite-za-verskiot-praznik-zadushnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkoto-obvinitelstvo-otvori-predmet-po-povikot-za-masovna-poseta-na-hramovite-za-verskiot-praznik-zadushnica/#respond Thu, 04 Jun 2020 17:55:47 +0000 https://kurir.mk/?p=353943

Основното јавно обвинителство Велес  отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и Повардарската епархија, со кое ги повикува верниците на масовно одење во храмовите за време на верскиот празник Духовденска задушница, в петок и во сабота, во тек на целиот ден, додека во сила е забраната за групирање на територијата на целата држава, забраната за движење на населението во одредени временски периоди и забраната за пристап до гробишта. Со цел утврдување на факти во предметот и евентуална кривична одговорност, соопшти денеска Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, велешкото Обвинителство даде насоки на СВР Велес за обезбедување податоци во однос на стореното дело и испитување на околностите дали содржи обележја на кривично дело, како и во поглед на почитувањето на мерките што се определени од страна на Владата на Република Македонија.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshkoto-obvinitelstvo-otvori-predmet-po-povikot-za-masovna-poseta-na-hramovite-za-verskiot-praznik-zadushnica/feed/ 0
Русковска потврди има предмет за Ден Дончев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ruskovska-potvrdi-ima-predmet-za-den-donchev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ruskovska-potvrdi-ima-predmet-za-den-donchev/#respond Fri, 15 May 2020 15:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=346334

Случајот со поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување стана предмет за работа и на Обвинителството за организиран криминал и корупција. -Да, се води истрага за лицето Ден Дончев и немам информации дали тој е во земјава или не, изјави јавната обвинителка Вилма Русковска. ВМРО-ДПМНЕ бара итна разрешница на случајот на Дончев. -Дончев лани во период од само 6 месеци примил 3.120.006 денари, односно над 50.000 евра од страна на австралиската „Мегантик“, кои се исплатени од страна на фирма со исто име од струмичко Муртино, чие седиште верувале или не е во деловниот центар „Глобал“. Парите кои Дончев ги примил за време додека бил директор на ФЗОМ, се земени во спротивност на чл. 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси. Дончев де факто и де јуре го прекршил законот, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ. Ден Дончев пред десетина дена поднесе оставка, а функцијата, што ја извршуваше од август 2017 година, ја напушти поради приватни семејни причини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ruskovska-potvrdi-ima-predmet-za-den-donchev/feed/ 0
Уставниот суд оформил предмет за вработените во СЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-oformil-predmet-za-vrabotenite-vo-sjo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-oformil-predmet-za-vrabotenite-vo-sjo/#respond Wed, 22 Apr 2020 13:58:57 +0000 https://kurir.mk/?p=335639

По информации објавени од некои медиуми, Уставниот суд информира дека нема оформено предмети за оценување на уставноста и законитоста на одлуката на Владата за доделување парични средства на одредени високообразовни институции од земјава ниту досега е доставена иницијатива за оценување на нејзината уставност и законитост. – По однос на Уредбата со законска сила која се однесува на вработените во СЈО, информираме дека е оформен предмет по претходно поднесена иницијатива од политичка партија. До денес, по овој предмет не е закажана седница на која би се разгледувал истиот. Истовремено нагласуваме дека за Уставниот суд е неприфатливо однапред да се шпекулира со исходот на било кој предмет, соопшти Уставниот суд. Судот апелира до медиумите дека може да ги постават своите прашања до портпаролот на Судот или преку електронски пат на мејлот кој што е објавен на сајтот, со цел да се добијат веродостојни и точни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ustavniot-sud-oformil-predmet-za-vrabotenite-vo-sjo/feed/ 0
Англија воведува предмет нов предмет во училиштата – совесност! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-voveduva-predmet-nov-predmet-vo-uchilishtata-sovesnost/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-voveduva-predmet-nov-predmet-vo-uchilishtata-sovesnost/#respond Wed, 06 Feb 2019 06:33:58 +0000 https://kurir.mk/?p=160667

Учениците во Англија веќе учат математика, наука и историја, но стотици училишта се подготвуваат да ја прошират традиционалната наставна програма со нов предмет - совесност. Во 370 англиски училишта ќе почне да се практикува совесност за подобрување на менталното здравје на младите. Тие ќе работат со експерти за ментално здравје за да научат техники за релаксирање, вежби за дишење и други методи што ќе им помогнат да ги регулираат своите емоции. Целта на програмата е да се проучи кои пристапи најдобро функционираат за младите луѓе во светот подложен на брзи промени. - Како општество, ние сме многу поотворени за нашето ментално здравје отколку порано, но современиот свет носи нови притисоци за децата, изјави Дамјан Хиндс, британски секретар за образование. - Децата ќе почнат постепено да се запознаваат со прашањата за менталното здравје, благосостојбата и среќата уште од почетокот на основното образование, додаде тој. Иницијативата доаѓа по неколку месеци откако анкетата порачана од Националната здравствена служба покажа дека едно од осум деца во Англија на возраст меѓу 5 и 19 години страда од најмалку едно ментално нарушување. Истражувањето, објавено во ноември, покажа и зголемено ментално нарушување кај децата на возраст од 5 до 15 години, што се зголемило на 11,2 отсто во 2017 година од 9,7 отсто во 1999 година. Најчести се нарушувања анксиозност и депресија кај 1 од 12 деца, најмногу погодувајќи ги девојчињата. - Децата денес се борат успешно да се вклопат во сложениот современ свет - се спротивставуваат на работи како што се интензивен притисок на училиште, малтретирање или проблеми дома, додека се бомбардирани од социјалните медиуми, вели Имрах Хусеин, директор за политиките и кампањи на „Акција за децата“, британска добротворна организација. - Ќе се обидеме да ја намалиме стигмата против проблемите со менталното здравје, со тоа што училишната средина ќе стане писмена за менталното здравје, изјави д-р Џесика Дејтон, вонреден професор по детско ментално здравје и благосостојба на Универзитетскиот колеџ во Лондон, која е лидер на овој проект на владата. Таа додаде дека програмата вклучува неколку тактики, како и обука на наставниците и учење за релаксација. За време на групните дискусии ќе бидат поканети и професионалци од ова поле. - Потребно е подобро да ги подготвиме за подоцна во животот, а не само да направиме да се чувствуваат добро краткорочно, вели таа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anglija-voveduva-predmet-nov-predmet-vo-uchilishtata-sovesnost/feed/ 0